1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Границите на етиката кај човечките експерименти

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 13 февруари 2019.

?

Дали вие мислите дека е етички да се вршат научни експерименти врз луѓе?

  1. Да

    31,1%
  2. Не

    60,0%
  3. Не знам

    4,4%
  4. Немам мислење за ова прашање

    4,4%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Додека не е тајна дека човекот во минатото вршел разни научни експерименти врз живи човечки суштества, се поставува прашањето во колкава мера истите биле дозволени тогаш, но и во денешно време, но и до каде може да одат границите на етиката поврзани со истите.

    Повеќето луѓе би го дефинирале човечкото експериментирање како недозволено, неморално, нехумано и неетички. Од друга страна, како спротивност на ова, верувам дека луѓето имаат полиберални ставови кога станува збор за научно експериментирање врз животни.

    Сепак, неетичкото експериментирање врз луѓе, се поистоветува со кршење на правилата и принципите кои ги пропишува медицинската етика. Таквите изведувања се вршат, најчесто без согласноста на пациентот, применувајќи псевдонаучни рамки со кои тестираните луѓе биле подложени на страдање, психичка и физичка болка, се под изговорот дека тоа се врши за научно истражувачки цели.

    Сигурна сум дека, несомнено, и ден-денес се спроведуваат човечки експерименти, но истите се регулирани со декларации и договори, преку кои се воспоставуваат границите на етиката. Но и покрај тоа, за многу луѓе е незамисливо човекот да врши научни експерименти врз сопствениот вид.

    • Дали вие воопшто го оправдувате научното експериментирање врз луѓе од аспект на етиката?
    [​IMG]
     
    На Ketchup, Anabelle.Amorette, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Не поддржувам експерименти врз живи луѓе, скоро па и без исклучок. Освен тела на починати кои се согласиле да ги донираат за научни цели (како што се зборуваше во другата тема), сфаќам само и на луѓе со специфични физички или психички болести за кои единствено решение би биле некои нови и неиспитани методи - да се проба да им се помогне на тој начин.
    Сѐ друго ми е неетички, дури и како казна за претешки криминалци ми е многу дискутабилно и језиво, не би била во никој случај дел од тоа.
    Признавам дека различно гледам на ова и ми е пострашно отколку експериментирањето на животни (иако и за нив не ми е сеедно и ми е жал), како и повеќето луѓе мислам, можеби во иднина со уште поголемо развивање на свеста ќе се промени тоа во глобала.
     
    На Ketchup, PaLaVa, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Најчесто кога некој ќе чуе експериментирање врз луѓе тоа го асоцира на нешто грозоморно што се случувало во историјата и можеби сеуште се случува некаде, но не секогаш значи дека експериментирањето е нешто вклучува болка. Според мене етичко е ако некој се согласи на тоа, доколку се прави под присила тоа би ги прекршило човечките права и слободи.

    Нормално е како луѓе да гледаме на експериментирањето со луѓе како нешто пострашно од она врз животни бидејќи животните исто така ги гледаме како храна, а канибалимот ни е одбивен (со добра причина).
     
    На theowndemon, PaLaVa, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial ти благодарам што го сподели твоето мислење во темава :)

    Вистината е дека ставовите за ова прашање се доста контрадикторни, дури и во одредени случаи кога би се мислело дека експериментирањето врз луѓе би било оправдано на одреден начин (како на пример, одреден поединец самиот доброволно се согласува да биде објект на научно истражување и експериментирање).

    Сметам дека доколку евентуално треба да се оправда човечкото експериментирање од аспектот на етиката, би рекла дека треба добро да ги идентификуваме посакуваните резултати и придобивките од истите, секако, во интерес на целото човеково општество.

    Со други зборови, треба да пронајдеме одговор на прашањата: Дали експериментот ќе помогне за некоја нова медицинска терапија (доколку човекот боледува од ретка болест), дали со тоа ќе се подобри образовниот или здравствениот систем, какво влијание ќе има експериментот врз општеството, дали ќе може да спаси човечки животи во иднина, дали ќе го збогати знаењето во одредена област, итн.
     
    На WarriorMind, Alisa22, honest girl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Со повеќето со кои сум разменувала мислења на оваа тема, дојдов до заклучок дека имаат мислење и ставови кога станува збор за луѓе, дека е нехумано, а кога се експериментира врз животните, па и не се потресуваат многу. Ова ми доаѓа како дупли стандарди, ако сме етички и морално настроени треба да бидеме кон двете групи, бидејќи и едната и другата се живи суштества. А животните особено немаат никаков глас, ни тие не се согласиле да им се вршат експериментирања.

    Така и со луѓето, односно оние кои не се согласиле и на еден начин се измамени или се претвориле во модерни робови и не можат да избегаат од канџите на оние кои ги вршат експериментите. Тоа е нешто сосема лудо и како некоја јавна тајна. Се знае, но оние кои вложуваат големи пари во ова, вложуваат пари и да не бидат попречени во нивните намери.

    За оние што се согласиле, ние останатите и немаме голема улога во тоа. На еден ексцентричен начин си оствариле некоја своја желба, намера или пак да го наречам право да одлучат што со нив.

    Што се однесува до тешките злосторници и криминалци, да се земат како материјал врз кој би се вршеле експериментирање, не знам што да кажам. Не сум ни за да им се обезбеди доживотно хотелски престој во затворите, да се на раат, кога веќе уништиле бројни животи. Од тој некој технички аспект, фигуративно гледано, ако се експериментира за добра цел на човештвото, барем би имале позитивен придонес, кога поинаку само оттпомогнале.

    Исто, во делот на Мрачниот Интернет, за зборуваната медицинска страница на група лекари кои на еден начин признале дека киднапирале бездомници, односно луѓе кои никој не ги бара и врз нив вршеле медицински експерименти, ни тоа не го оправдувам и е кривично дело, бидејќи е повторно без согласност од луѓето и сето на сила.

    Сметам дека човештвото може многу повеќе и на многу напредни начини да открива и создава концепти за доброто на истото, отколку вака. Нема ништо добро во идејата неколку жртви за подобро утро.
     
    На Ketchup, PaLaVa, Miss666 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine ти благодарам на твојот одговор во темата :)

    Се согласувам со твоето мислење, како што во минатото, особено за време на Втората Светска Војна, било многу популарно да се експериментира врз луѓето, најчесто заробениците од непријателската страна. Но и сите тие документарни филмови како на пример, за Project MKUltra придонеле да мнозинството од луѓе да го гледаат човечкото експериментирање во лошо, односно во негативно светло.

    Луѓето кои најчесто не поддржуваат експериментирање врз луѓе, веројатно поради морални и хумани принципи, не размислуваат толку често за социјалните придобивки кои овие експерименти може да ги имаат, или пак, сметаат дека е многу мала веројатноста таквите експерименти воопшто да имаат некакви бенефиции и дека историјата би се повторувала повторно - да се искористи науката како изговор за кршење на човековте права и границите на етиката.

    Меѓутоа, фактот што луѓето не се согласуваат околу веројатноста дека придобивките ќе се појават не треба да биде пречка за проценката на придобивките. Иако би било неетичко да се користат човечки субјекти во истражувања кои не можат да произведат никакви бенефиции (индивидуални или социјални), човечките субјекти можат да се користат кога бенефициите имаат реална (т.е. повеќе од само шпекулативна) шанса за појава.
     
    На WarriorMind, candy.cane и BoneMachine им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Од етички аспект, не го поддржувам. Ни со луѓе, ни со животни. Ни под услов да потпишале согласност, ниту како казна за криминалци :puke: Можеби денес и најголем дел од експериментите се побезболни, сепак не се знае во кој правец ќе се развие експериментот. Посебно ми е жал за експериментите кои се вршеле, а можеби и се уште се вршат, врз луѓето со ментална попреченост. Имам читано за ужасните експерименти кои САД си ги вршел врз сопствената армија, со друга, со халуциони средства. Луѓе трајно оштетување е тоа. Едно од поужасните експериментирања е секако она на Менгеле.Од друга страна, токму тие негови експерименти придонеле за големи откритија во медицината. Да се уништуваат туѓи животи за научни цели, неоправдано е. Не можам ни да го замислам ужасот на оние луѓе кои поминале низ ова. Од колку експерименти излегле луѓето психички лабилни, никој не знае. А кој знае и денес дали не се експериментира со нас, како човекова популација, од страна на фармацевтската индстрија, со развивање на смртоносни вируси, со лекови кои повеќе наштетуваат отколку што помагаат :x
    Поддржувам експерименти само со тела, на оние кои се согласиле да го донираат телото во научни цели. И можеби на оние болни од смртоносни болести, за кои има некој нов лек, кој на било каков начин би им помогнал. Алтернатива на ова може да биде експериментирањето врз роботи кои се пандан на човекот. Или може на органи кои се создаваат во лабараторија. Се друго е надвор од етиката и е тешко прекршување на неприкосновеното право на живот и достоинство.
     
    На candy.cane, Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе. Но претпоставувам дека главната причина зошто дел од луѓето не се противат толку на животински експерименти е поради фактот што драстично се разликува нивото на развиеноста на свеста кај човекот и кај животните.

    Човекот веќе одамна не поседува животинска свест и основни потреби (преживување, прехранување, размножување) како животните за да живее едноставно и со безначајна егзистенција.

    И претходно сум се изјаснила во темата "Лабораториски животни за научни цели" дека го оправдувам
    искористувањето на животните за научни експерименти, но истото се смета за погрешно според фактот дека и животните, генерално, чувствуваат болка и имаат т.н. животинска свест, претставува нехумана манифестација на човековата природа.

    Самата појава и смисла на животинското спознание е состојбата во која се наоѓа самосвеста кај животното, или да се биде свесен за надворешен објект или нешто во себе. Тоа е манифестирано главно преку сетилата кај животното, најчесто видот, слухот и мирисот.

    Неодамна прочитав еден научен труд - Социјални придобивки од истражувањето на човечките субјекти;

    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3920587/

    Ми се допаѓа што авторот се обидел да пронајде нешто позитивно во човечките експерименти, односно да докаже дека истите не звучат толку лошо колку што мнозинството мислат дека се.

    Можеби човештвото имало негативни примери во минатото, но тие најчесто биле извршувани за време на војните, каде дури и во тоа време, биле незаконски и недозволени.

    @SeaMermaid го ценам твоето мислење на темава :)

    Од генерален аспект, јас поддржувам и донирање на телото за научни цели, и експериментирање врз животни, како и експериментирање врз човечки суштества. Би рекла дека ова го сфаќам како "неопходно зло" односно дека понекогаш човештвото нема друга алтернатива.

    Сепак, тоа не значи дека треба да се прекршуваат човековите права и слободи, како и границите на етиката, човечноста и моралот. Или барем во тоа го убедуваат општеството.

    Постои еден кодекс кога станува збор за експериментирање врз човечки субјекти, познат под називот "The Nuremberg Code" и истиот се состои од 10 принципи.

    https://www.fhi360.org/sites/all/libraries/webpages/fhi-retc2/Resources/nuremburg_code.pdf

    Тоа што ми падна особено впечатливо, е што не се поддржуваат одредени активности од страната на луѓето, дури и кога истите се наведени како дозволени во кодексот, како на пример, согласноста на човечкиот субјект, неподложеноста на физичка или психичка болка, причината на експериментот да биде за доброто на целото човештво, итн.
     
    На honest girl, RosettaStone, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.710
    Допаѓања:
    42.930
    Пол:
    Женски
    Не.
    Само што прочитав ЕКСПЕРИМЕНТ ми се згади.Прва помисла ми е нешто лошо, подмукло.
    Не сум за експерменти врз животни не па врз луѓе.
    Ако е нешто за проверување психа може.Ништо физички,никакви операции, вбризгувања и тестирања лекови/препарати.
    Пример ако е нешто од типот
    -Колку капацитет има еден човечки мозок
    -колку информации може да собере во човечкиот мозок
    Тогаш одобрувам ама пак не целосно.Некако не хумано ми е
     
    На SeaMermaid, AnnabelLee и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Feminka22 ти благодарам за твојот одговор :)

    Реалноста е дека човекот, освен физичката, може да искуси и психолошка болка и страдање, што не ја прави истата помалку лоша. Поради тоа, дури и во областа на психологијата и психијатријата биле спроведувани разни експерименти врз човечки субјекти кои се сметале за неетички.

    Човештвото најчесто плаќа висока цена за прогрес и разбирање, како и вистината дека не може да добие одговори на одредени прашања без жртва. Додека некои од познатите психолошки експерименти ги оставиле човечките субјекти привремено вознемирени, секако дека имало и учесници кои останале со доживотни психолошки нарушувања.

    Како што сум кажала и порано, луѓето ретко ги прифаќаат човечките експерименти поради самиот третман и негативните последици (што не е случајот кај секој експеримент), но согласно насловот на темата, се поставува едно многу важно прашање:

    "Што се смета за етички прифатливо кога станува збор за науката?"


    Во склоп на ова, кој ја утврдува таа граница на етиката? Колку далеку треба да се оди за да се смета истото за премногу далеку, дури и кога тоа би значело подобро разбирање на човечкиот мозок и однесување?

    Одговорот на овие прашања целосно зависат од тоа што луѓето го сметаат како морална или етичка граница, но таа граница не е стандардизирана кај сите.

    Но претпоставувам дека максималната граница би била онаа која ниту еден разумен човек не би ја престапил. Останува до самите луѓе да откријат која е таа граница поточно...
     
    На SeaMermaid, WarriorMind, BoneMachine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ќе речев не, ама погледнав дел од гнасните националистички и нечовечки коментари на конто на вечерашнава трагедија и го менувам мојот одговор во Да. Добро секако од таквите никогаш не произлегло ниту ќе излезе, бар за нешто аир да се види од таквата сорта.
     
    На honest girl, Briar Rose, John Snow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.050
    Пол:
    Женски
    Ако експериментот не го загрозува здравјето на оној врз кој се врши, ниту на било каков начин му нанесува болка, и е направено со согласност нема причина зошто би било не етичко.
    Експериментот не мора да подразбира сецкање на ,,живо'' и испитување, или убивање за научни цели, или рушење на морални принципи. Далеку е отидена технологијата. Можда сет експеримент да се изведе со вградување на едно микрочипче и вградувањето да е се што би претрпел примерокот.
     
    На SeaMermaid, Alishan30, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Го оправдувам научното експериментирање врз луѓе доколку се врши за општествено добро, за придобивки на човештвото и доколку е пред се со свесна согласност на учесниците во тие експерименти и доколку тие експерименти подлежат на строга морална и етичка контрола.
    Сметам дека во денешно време кога има огромен напредок во областа на науката и се обрнува големо внимание на почитување на интегритетот на учесниците во експериментите и се внимава се да се одвива според однапред утврдени правила дека тешко е да се случуваат злоупотреби на луѓето во овие експерименти или барем тешко е да се случуваат такви злоупотреби на луѓето во експериментиве како оние од размер на експериментите од Втората Светска војна.
    А за тоа што се смета дека е етички прифатливо кога станува збор за науката сметам дека си во право дека таа морално или етичка граница не е стандардизирана кај сите па затоа овие експерименти не се одвиваат под контрола на само еден научник туку учествуваат мултидисциплинарни тимови од научници и низа други соработници и во донесувањето одлуки поврзани со експериментирањето и воедно во одредувањето на таа граница учествуваат сите и со своето искуство и професионалност и сите тие заеднички одлучуваат која е таа граница која не би ја надминале.
     
    На SeaMermaid и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе. Всушност, и јас за одредени проекти сум правела експерименти со луѓе, но тие главно биле од психолошки карактер, на пример да утврдат перцепција според топли и ладни бои, илузии кои од говор се претвораат во пеење, и слично.

    Имам и други идеи за експериментирање врз човечки субјекти кои, соодветно, планирам да ги спроведам во иднина, но секако дека не се од аморален или неетички карактер.

    Генерално се согласувам со твоето мислење.

    Природата на научните експерименти врз човечки субјекти може да биде од различен карактер, а тоа секако содејствува со самите намери и границите на етиката која ја поседуваат научниците и истражувачите.

    Понекогаш, истражувачките тимови ја делат истата намера за одреден човечки експеримент, па поради тоа доаѓа до совпаѓање на нивните етички граници. Со тоа, тие веќе се одлучиле која етичка граница ќе решат да ја преминат, без разлика колку е таа висока.

    Поради тоа, во овој случај, треба на сила да настапат декларациите и кодексите кои пропишуваат одредени правила за спроведувањето на човечките експерименти. Така, етиката не е контролирана од човековиот морал, туку од пишан акт кој стапил во сила, доколку е облигаторен.
     
    На SeaMermaid и BoneMachine им се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Доколку не се нанесува болка и личносѕа врз којашто се експериментира се согласува со експериментот, немам ништо против.

    Лекарства на пример, не можат да почнат да се продаваат ако не се провери дали во некој случај би имало нуспојави.
    Кај нас има центар кадешто се оди на студии за лекарства, луѓето сами се пријавуваат и ги има во голем број затоа што се платени убаво, ама благодарение на тоа утре нечиј живот ќе биде подобрен.
     
    На SeaMermaid, RosettaStone, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, како што во мојата држава, во секој стејт има редовни огласи за доброволни учесници за медицинско тестирање. Познати се под називот "Paid Clinical Trials" и истиот укажува дека доброволците се платени. Најчесто се поврзани со здравството, лекови, дроги и слично.

    Сепак, во согласност со насловот на темата, фактот што луѓето самите се пријавуваат да учествуваат во истражувањето, е првиот услов за спроведување на етички експеримент врз човечки субјекти.

    Но ефектите од експериментот, односно истражувањето, се сосема различна тема. Со други зборови, не треба учесникот да биде подложен на физичка или психичка болка.
     
    На SeaMermaid, RosettaStone, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го видиш насловот, одма ти одат мисли на сурово мачење луѓе, ама вистината е дека експерименти на луѓе некогаш се единствен начин да се дознае нешто. И не мислам на затворање Евреи во гасна комора, туку на пример до која фреквенција можат да слушаат старите луѓе. И тоа е експеримент врз човечки субјекти. Е сега има експерименти кои носат психолошки или физички последици, но ако некој е согласен да го поднесе ризикот, тогаш тоа е етички чисто. Исто така, постои мислам организација за контрола на етичкиот дел од експериментот која мора да даде дозвола за одвивање на експериментот, пред тој да се врши.

    Неодамна гледав епизода од Mindfield, едукативна емисија за човечкиот мозок. Таму водителот го симулираше Троли експериментот.
    (Ако воз им се приближува на 5 работници на шините, а во соседната патека има само еден работник, дали би му ја променил патеката на возот за да убиеш само 1 човек наместо 5?)
    Бидејќи не може да им каже за што всушност се работи, пред да ги избере учесниците, им дава тестови за склоност кон психолошки нарушувања и развивање ПТСД. Ги одбра оние што имаат најниска склоност. На крајот на експериментот веднаш на голем екран се појавува текст што известува дека е само симулација и дека никој не е повреден.

    Зборот ми е, има начини да се контролира етичката страна на експерименти со луѓе. И тоа силно го поддржувам, дури можеби и повеќе отколку експерименти со животни, бидејќи за разлика од нив, луѓето знаат во што се впуштаат.

    Ама интересно е како сите се согласни со тоа да се експериментира врз животни оправдувајќи го тоа со фактот што и' помага на науката, но кога се работи за луѓе, тогаш научниот прогрес и не е толку важен. :D
     
    На SeaMermaid, RosettaStone, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Нема граница на етика кај човечките експерименти, во фолдерот * ДРЖАВНИ / ВОЕНИ ТАЈНИ *
    Во текот на Хаосот, во текот на војните, ( прва , втора Светска војна ) се имаат извршено толку многу научни истражувања врз човечкиот род што нема потреба да се прават наредни 300 години. Тоа е факт.
    Прв што ми паѓа на памет е овој човек од времето на Хитлер.https://mk.wikipedia.org/wiki/Јозеф_Менгеле
    На пример, Психијатријата како медицинска гранка, сама по себе е создадна од експериментирање, потоа еволуирала во склоп со фармаколошките мафии кој го трујат светов со дроги кои не му се потребни на просечниот човек. Тоа е стрикно затворен систем за правење пари и уништување на родот.
    Има толку многу експерименти што обичниот човек не ги знае , или можеби ќе ги дознае*еме после 50 години.
    Најпозната метода во претходните векови кога се развивала психијатријата, тогашна психохирургија е трансорбитална лоботомија, секако е забранета , но секако можеби сеуште некаде се употребува како метода на некои пациенти некаде.. пред затворените државни врати пишува " забранет влез за невработени ".
    Во суштина , во секојдневието , секој од нас е дел од разни експерименти чиј НЗС е * социјална матрица *.
    Никој ништо не не' прашува, психо - социјален терор трпиме нон - стоп во loop, само ретко кој е свесен.
     
    Последна измена: 14 февруари 2019
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ја знам епизодава! Мислам дека се викаше "The Greater Good" :)

    Во врска со експериментот, се сака да се докаже кое решение е по-етички. Односно, дали да не се преземе ништо и со тоа да дозволиш пет лица да бидат прегазени од возот; или со промената на патеката да дозволиш само еден човек да биде прегазен од возот;

    Меѓутоа, знам дека еднаш читав еден научен труд кој го критикуваше токму овој експеримент, велејќи дека самото сценарио е многу екстремно и нереално, односно нема никаква врска со вистинските морални ситуации со кои луѓето се соочуваат.

    https://escholarship.org/uc/item/5j0215cr

    Овој став е многу сличен како double standards. Односно, како што и човекот и животните претставуваат живи суштества на планетава, само човекот има развиено свест, морал, когнации...

    Мислам дека токму тој факт му овозможува да го оправдува експериментирањето врз животни. Или, човекот повеќе не се перцепира како еквивалент на животните, туку на многу повисоко ниво од нив, и тоа од секој можен аспект.

    Претпоставувам дека е ова е како нова форма на survival of the fittest, само што овде предност имаат оние со развиена свест, и секако дека во ова сценарио, единствено човекот ќе доминира во однос на останатите животни.

    Но од друга страна, човекот и нема друга алтернатива како да открива нови информации и да го збогатува своето севкупно знаење. Со други зборови, станува збор за т.н. "нужно зло".
     
    На BoneMachine, Lella и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Колку и да делат иста намера истражувачките тимови ако тие експерименти се транспарентни нивното одвивање и работата на тимовите подлежи под мониторинг од надворешни тела така да некако не ми има смисла дека само научниците ги спроведуваат и контролираат експериментите.
    Баш и затоа спомнав мултидисциплинарни тимови а не само истражувачки тимови бидејќи во мултидисциплинарните тимови не се само научниците има и друг соработници кои не ги делат истите високи етички граници.
    Сепак тие експерименти не се прават ај денес ќе се договориме од утре ќе правиме тоа и тоа. За да се прифатат тие експерименти се прави детален нацрт план се бараат финансиски средства па се чека одобрување, финансии така да не се тие експерименти нешто случајно испланирано. Со се тоа се информирани многу тимови и многу различни надлежни органи. Мислам дека нема место за паника и узбуна бар во денешно време на технологија кога секоја злоупотреба се дознава и шири со ''брзина на светлината'' .
    Инаку ако мислиш на експерименти со луѓе кои не се баш транспарентни во тие случаи секако има место за паника и узбуна ама па и тие експерименти ретко јавно се признаваат, баш како што спомна некој дека намерно земале бездомници кои никој не би ги барал да спроведуваат можеби и неетички и нехумани испитувања со нив.
     
    На SeaMermaid и Briar Rose им се допаѓа ова.