Овие Бекстејџ ме поттикнаа да ја отворам темава. Дали гратис влезницата е единствениот начин/опција човек да стапне на стадион, спортска сала, да посети оперска, театарска претстава, концерт, кино емитување? Или можеби не ни се приориет во нашето слободно време? Дали културата и спортот се скапи за конзумација, па се оди единствено ако се има гратиси? Дали се провлекувате често со гратиси? Ако не ви е понуден гратис, би одвоиле ли пари еднаш месечно да посетите опера/театар/спортски натпревар? Дали условите одговараат со цените? Претпоставувам дека најлогичен одговор е немањето или имањето премногу ограничен буџет за да си приуштиме едно такво задоволство.
Зависи за кои настани. Секако дека понудена гратис влезница не се одбива доколку ти се оди на настанот, но да ја бараш по секоја цена и одењето да го врзуваш со имање или немање гратис за мене е лудо. Не знам дали сте забележале, ама најчесто луѓето кои имаат доволно финансиски средства да си приуштат секакви билети, први се тепаат за гратиси. Колку е само жално тоа. Ваму се удираат во гради за некој омилен пејач или бенд, кој божествено го обожаваат, ама не им се даваат пари за карта за концерт. Ако се најде гратиси - арно, ако не - нема да одат. Која духовна мизерија е тоа. Јас за пејачи и групи што ги сакам сум штедела и сум си плаќала карта. Дури поубаво се чувствувам така, искрено, тоа е некој вид признание и награда за уметикот. Го сакам, го почитувам и го искажувам тоа со присуство и купен билет. За МОБ бидејќи одам многу често во текот на сезоната, а картите се прилично скапи комбинирам - нешто плаќам, а нешто и добивам гратиси. За се` друго генерално (кино, театар, концерти) си плаќам билет.
Зависи колкава е желбата да се посети определен настан без разлика дали станува за спорт,театар или кино. Сепак факт е дека за нашиот буџет картите за тие настани се прескапи особено за Мајските оперски вечери кои ги сметам за едни од полуксузните настани кај нас. Во главно театарските и кино картите не се многу скапи.Цената е до 250 ден па компензирам со тоа ако сум решила оваа недела да одам во кино или на театар да не одам на пијачка или во диско.Си давам приоритет на она што сакам повеке да направам односно да посетам. Спортските карти не знам колку чинат,јас последен пат бев во Борис Трајковски лани на утакмица Металург-Шамбери ,картата не беше нешто екстремно скапа околу 100-150ден. Најмногу пари имам давано на времето за карти за журки во Колосеум. Од 500 па нагоре. Но тогаш тоа ми беше убаво.Четврток,диско и добар дџ па парите не ги штедев. Нема богатство кое ке го замени чувството кога си одиш дома во 5 часот наутро после добра журка и рипање во први борбени редови. На концерти немам одено често бидејки или прескапа ми била картата или сум немала со кого да одам.Последен пат бев на Дуран Дуран лани на кале и доста скапичко ја платив картата ако добро ме држи памтењето 1500 ден беше. Може за бенд како нив е малку но за стандард како нашиот 1500 ден се многу и навистина е штета што баш финансиите се оние кои го ограничуваат обичниот смртник да не може да отиде да посети некој таков настан. Секоја недела одам во кино во Синеплекс и сметам дека многу претераа со сумата на влезниците.Убаво кино е ми се допага 3д-то но кога во недела не репнаа со дечко ми 600и кусур денари за 2 влезници богами 3 пати се препотивме. Али во секој случај претпочитам во кино да одам отколку дома да го гледам на компјутер филмот. Како и да е за наш страндард повекето од влезниците се прилично скапички,како и се друго во државава и баш ми е мака кога ке видам како се форсира тоа културно-уметничко надградување по телевизииве а ништо не превземаат за да го олеснат и да го напраат поприступачно до широките народни маси.
Јас,да.Обожавам театар,душа давам за театар. Ама еве сите мои блиски,кој и да поканам да оди,не сака да дава 200-300 денари за претстава или за филм,за жал. Не дека се немаат пари,ама такви сме,Македончиња. Мислам,некои,да стварно немаат пари да идат у театар,ама тие немаат ни интернет за да добијат гратиси,нели? А другите... Пушачите,сметаат ли колку пари месечно трошат на цигари? А со тие пари ќе однесат цела фамилија у театар,или тие 10 пати ќе одат,ако не и повеќе. Ама такви сме,тоа ни се чини многу,па и крај краева,кога можеме да поминеме така,зошто да даваме 200-300 денари? И ако неможеме веќе да поминеме така,зошто да даваме толку пари кога со тие пари ќе испиеме 2 пијачки во некое кафуле и ќе се насладуваме на сочните улични озборувања... Ееее,тоа е мојата чудесна земја,Македонија...
Јас давам многу пари за влезници..е сега често за во кино или спортски натпревари комбинираме повеќе другарки ...а за концерти како што знам го нема тоа комбинирањето многу често..е сега ако се на страна..е сега доколку се во мојот град не многу често и не плаќам...е сега многу чест проблем е тоа што картите се многу високи за нашиот стандард..и кога ќе размислиш така ее..некаде од плата од 6000 да дадеш за карта 1500 ...кога ќе размислиш многу еее... Тоа е најчестиот проблем ... Но,сепак зависи и желбата дали е голема или мала...