Македонска ракометна репрезентација ИЛЈАДА БЕСПЛАТНИ ВЛЕЗНИЦИ ЗА МЕЧОТ СО ПОЛСКА Илјада бесплатни влезници и бесплатен железнички превоз за ракометниот натпревар Македонија-Полска што утревечер се игра во Белград, ќе додели македонската влада. Како што се наведува во соопштението од Владата, изборот на лицата ќе се направи вечерва преку лотарија што со почеток во 22 часот ќе се одржи во живо на првата програма на Македонската телевизија. „Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на АД Макстил. Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација“, стои во соопштението. Извор: fakulteti.mk
Македонска ракометна репрезентација И јас ова го прочитав и уште размислувам како е пријавувањето. Или нема такво?? Ако некоја знае нека ме просветли...
Македонска ракометна репрезентација 1000 најсреќни навивачи ќе добијат влезница и бесплатен превоз до Белград. -Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на АД Макстил. Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација, стои во соопштението од Владата Вечерва во 22 часот на Македонската телевизија во живо ќе биде соопштен начинот за аплицирање и ќе бидат наградени најсреќните. http://kurir.mk/makedonija/vesti/58000-Vladata-obezbedi-1000-vleznici-za-Belgrad Со среќа
Македонска ракометна репрезентација http://www.ovaemakedonija.mk/ Eве Вајт од тука се аплицира Тук јас имам друго прашање..дали малолетни лица може да аплицираат ?
Македонска ракометна репрезентација Леле утре сум од ручек на училиште...Нема да можам да го гледам ракометов Ај вие ќе ми кажите шо ќе бидни
Македонска ракометна репрезентација Smily, јас сум малолетна и аплицирав. Пробај си ја среќата, што биде нека биде...
Македонска ракометна репрезентација ^Абе луѓе што ви е на вас да ве прашам...како 1. ако сте малолетни не можете да ја напуштите државата без изјава согласност од родителите, а таа изјава треба да се земе, пополни, и да се однесе во МВР. Тоа е процедура бе, каде? + лична треба да се има, и да имате лична а немате 18, гледаат датум на граница не се будали, не пуштаат малолетници без изјава нигде! Со пасош ако мислите дека би поминале, не може, мора да си 18+. Најмногу заради законот што секоја земја го почитува, никој не прима малолетници без изјава. А утакмицата е утре во 4 и 15, нема време кога да се обави целата процедура. И да ве изберат, џабе е, баш зборев и со моите ги прашав за ова и ми рекоа нормално, да, така е... ако ве изберат криво ќе ви биде само. Штета, еве и јас би аплицирала ама се уште немам 18, за малку... баш ми е жал. Таков е законот.
Македонска ракометна репрезентација Супер!Тоа и го мислев. Памтам кога се аплицираше за кошарка имаше кажено +18.Па малце чудно ми стана,дека на старанава ништо не се бараше. Ништо,не аплицирам у случај да ме изберат па остај шо ќе се изедам од нервоза ами и ќе пропадне место за некој друг. Е ќе си пукнам !
Македонска ракометна репрезентација Штета ептен, ама така е, ако памтите секогаш за екскурзии во странство од школото ни даваат изјава, родителите потпишуваат и ги враќаме. Е, потоа школото ги носи во МВР
Македонска ракометна репрезентација Со 16+ плус, државата може да се напушти и без изјави и слични глупости, но за ова да прифатат да носат малолетни не верувам.
Македонска ракометна репрезентација Мали сме на карта, големи во душа! Абе и 20 000 карти да им дадат, пак салата ќе ечи од нас 5 000, господ е голем, мора да дојде и нашето време! http://www.youtube.com/watch?v=NZAnU9JfwEk
Македонска ракометна репрезентација Малолетник може да излезе од државата само со изјава од двајцата родители дадена на нотар.
Пред неколку минути ја направив најголемата глупост. На една страна од фб пишуваше дека владата организира бесплатен превоз за Белград за утрешниот натпревар и притоа треба да се пријавиш пишувајќи име, презиме, и-меил, телефонски број и број на лична карта. Се пријавив и се сетив дека направив најголема глупост, го дадов бројот од личната карта. Што да правам сега? Можам ли нешто да преземам?
Направив глупост Да, но така ли се дава број од лична карта? Што ако е некоја лага и да се искористи за нешто друго? Маца, воопшто не разгледав, избезумена сум.
Направив глупост Не верувам дека е лага инаку не би кажале на вестите,да беше лага до сега ке реагираа,шо знам.
Направив глупост Па тоа го организира владата на РМ мислам дека не би требало да дојде до злоупотребување на броевите на личните податоци. И јас се пријавив пред некое време .
Направив глупост Во Србија се патува само со лична карта, не треба пасош Знам, другарка ми беше за нова година и се што им требаше беше лична карта за влез