Гребатори!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 14 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам изреволтирана од една моја другарка која постојано ме „гребе“ цигари. Пушачка е и таа, ама освен желба за пушење ништо друго нема. Цигари ретко купува, па за таа сметка се гребе од сите по ред. Секој ден, постојано.Па добро ма, мене не ми врнат парите од небо! Немојте да помислите дека сум скржава. Последниот денар ќе го дадам за некого, но ова е веќе правење будала!

    Како врв на се, една друга другарка ми раскажа, како додека била на гости кај неа, оваа и побарала цигара, за со кафето :D Потоа си ја присвоила кутијата и си земала без да прашува, за да потоа кога таа излегла од собата другарка ми случајно да види како таа под перничето крие полна кутија цигари! :@ :o

    До каде се може да дојде човековиот безобразлук, себичност!

    Ова е веќе претеризам. Гледам секому да угодам, си притрајувам, и редно време беше да се чукнам во глава дека ме прави будала при здрав мозок!

    Како вие се справувате со гребаторите доколку постојат во вашиот живот?
     
    На mona.s и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.461
    Многу ми е позната таа ситуација, и потполно те сваќам и разбирам.Тука не се работи за скржавост туку едноставно за принцип.Мислам дека е најдобро во лице да и кажеш дека доколку сака да пуши нека почне да си купува цигари од свој џеб и дека не е проблем да и дадеш цигара кога таа ќе снема, но не е исто тоа со цело време некој да пуши туѓи цигари.Таквите личности фактички пушат само кога друг купува цигари, а кога се сами и немаат од кого да се гребат, тогаш воопшто не палат цигара, бидејќи не сакаат да купат.Кажи и во лице, јас истото го имам сторено со моја другарка и со колешките на работа (верувај гребатори има секаде за се и сешто)
     
  3. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    373
    Исто Истоо ама баш ми се дешава ова, не знам што да правам. Мн се дрски луѓето, си зимаат за право ептен. Кај мене е случај плус таа и работи а ја не, секој ден купувам по 2 пакли не дај боже да снемам а дотичнава госпоѓица си има у ташна пакла и пак се гребе од мене. Не сум и видела само еднаш него неколку пати и имам најдено така пакла скриена некаде ама не знам што да правам. И мене ме ме нервира :@ уфф и имам кажано онака од страна не баш апла ама ете и е гајле, не ми прави на мене само на сите ама ептеееееееееен се нервирам па немам бе пари одвишок за цигари ама ете тоа е.... :devil:
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Јас не ги берам парите од дрво па да бидам банка или што знам јас. Имало такви многу случки . Бев со другарка во град после школо и викам ајде да јадеме нешто .. и таква окезена ми вика може може ако частиш ти |( Еднаш истата , имаше мастики во себе и ми вика дај ми од тие убавите коцкички . И и дадов зашто не знаев дека има , а после видов дека дава на другар . Ден пред тоа јас и побарав и ми рече дека нема .. Така јас будала си испаѓав пред неа и уште пред неколку. Ама се си има граница , она ја премина .. Треба некогаш да се каже доста е , нема веќе , да се подвлече црта. Ја подвлеков 8)
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.461
    Темава ептен ме испровоцира и ме потсети на некои луѓе во мојата околина што го правеа истот (сега веќе не бидејќи отворено им кажав). Но замислете само какви гребатори имав јас на работа еден период.Значи исто како и овие вашите пријателки што ги опишувате, со таа разлика што они се гребеа само од мене бидејќи јас пушев CARTIER тоа време.Моите колешки земаа поголема плата од мене тогаш, и тоа дупло, сите беа пушачи а само јас купував цигари.И не се гребеа од секого туку само од моите цигари, а ако им се понуди RODEO или VARDAR не сакаа.Така јас решив дека не можам повеќе, им кажав отворено а тие продолжија да земаат од моите цигари кога ке ги видеа оставени на биро и еден ден јас моите скапи цигари ги ставив во кутија од RODEO цигари, и им кажав дека сум решила да ги сменам цигарите. :o Верувајте....веќе никогаш повеќе не дојдоа да ме гребат, а јас продолжив да си пушам скапи мераклиски цигари... :lol:
     
  6. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    122
    Уфф колку се пронаоѓам во групава :D И мене често ми се случува да налетам на гребатори, кои наводно не пушат, само палат одвреме навреме, кога ќе најдат од кого да се згребат, нормално :lol: Или не пуши или купи си своја кутија цигари. :@
     
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    492
    Мислам дека сите пушачи се имаат соочено со по некој таков.
    Додека одев на предавања си пушам по 2-3, на пауза, кога ќе дојдев дома паклата полупразна, аааа не бива вака :@ ,мене некој будала да ме прави, колку пари имаат тие-толку имам и јас.
    Почнав со мене да си носам една празна пакла и таму си префрлав по 3 цигари. Дај една цигара.....немааааам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Исти е случајот и кај мене. Работам во кафич, на шанк, и „другарка ми“ често доаѓа „да ме види“. Седнува и не порачува ништо, чека да ја частам пошто „ јас нели работам таму и можам да частевам колку сакам“. Неколкупати ми има речено „ Што ќе частиш“ демек на шала, а уствари цела вистина. И така ќе дојде ќе си се напие кафенце на моја сметка, ќе си се напуши цигари и ќе си отиде... |( Туку не се тие будали ние сме што дозволуваме :@
    Работи и таа, не дека е некоја за жалење, ама до толку безобразлук :o
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.899
    Допаѓања:
    75.651
    Пол:
    Женски
    Гребатори има за се, не само за цигарите. Ама лошо е што некој е така навикнат да се гребе од други, а да не сака самиот да се потроши за нешто. Јас имав колешка на факултет што секогаш од мене се гребеше за материјали за учење. Ретко имавме книги, повеќето беа копии или скрипти, па ги купувавме во копирница блиску до факултетот. И никогаш не ги купуваше тие скрипти и копии, а беа поефтини од книги. Секогаш ги бараше од мене кога требаше да учи за испит или колоквиум, сеедно. Ама јас не правев проблем на почетокот, но после сфатив - ако случајно немав купено скрипта и ја побарав од неа, ми велеше дека не планира да го полага испитот тогаш, па немало потреба да ги купува. Ама штом јас ќе положев нешто, ете ти ја неа одма на телефон да и ја дадам скриптата. Ај скриптата ќе и ја дадам, ама кога купувавме книги од професорите, плус од стручните предмети што ни беа, тие книги не и ги давав кога сфатив каква е. И не само што ги земаше од мене книгите, туку им ги даваше и на други како да се нејзини. Сега откако завршивме факултет никаде ја нема да се јави, да праша барем како сум. Е тоа го мразам кај луѓето - такви опортунисти што чекаат се на готово.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    496
    Секој пушач во својата околина има по некој/а гребатор/ка. Јас имам другар кој е пушач и тоа страствен, меѓутоа никогаш нема цигари. И така тој си се гребе од другари и другарки, на секое излегување, кафе, пауза...што и да е и тоа не само по една туку колку што му се пуши. Е па еден ден мене ми дојде преку глава кога ми побара цигара и јас наместо цигара извадив 100 денари и му реков да оди да си купи, јас цигари веќе не давам. Почна да ми се правда, нешто како да се подналути и од тогаш ми нема побарано цигара, ама па затоа сеуште си се гребе кај другите :fubar:
     
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.461
    ЛЕЛЕ КОЛКУ МИ Е ПОЗНАТ МУАБЕТОВ...... :fubar: А замислете ја оваа ситуација.Двете колешки од факс имавме мобилни постпејд...тоа време.Она не си го троши нејзиниот, ми го бара мојот да свртела негде, пошто мајка и ќе ја карала за големата сметка...А КАО ДЕМЕК МЕНЕ НЕМА ПРОБЛЕМ...
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Не си играм со такви деца :shake: Полошо нешто од гребатор нема. Бегам од таквите и од скржавите луѓе.
    Не ми е проблем да дадам или да поделам нешто со некој кој знам дека нема. Ама за тие за кои со сигурност знам дека можат да си дозволат, а се гребат, молат, сакаат на гага, и гледаат да уштедат на секое денарче на твоја сметка, е тие сакам да ги задавам! :devil:
    Отсекогаш сум го мразела тоа - дај ми една цигара, дај ми еден гриз, дај ми.... Ниту барам , ниту сакам да ми бараат. :^)
    Мене најчесто ми се случува за време на одмор. Како за белја секогаш тргнувам со некои скржави кои сакаат сите пари да си ги вратат дома. Кога си веќе на одмор, па потроши нешто, не биди циган. Сум се довела до ситуација каде си порачувам нешто убаво, а поскапо, коктел, или некоја убава овошна салата. И слушаш - а може да земам малку? Леле ама е убаво. Не, мене не ми се јаде , не сакам (само сакам да го земам твоето). Излегува дека ти си скржав и лошиот во ситуацијава - Трендафилка да јаде, на другарчињата да не даде. :D
    Еднаш ме доведоа до солзи, и од тогаш сум рекла одење на одмор со тие луѓе - никогаш.
    Со такси до плажа, и секогаш јас седам напред, момите се срамат да седат до возачот. А кој седи напред - тој и плаќа.
    Јас после ќе ти дадам, и јас после, немам ситно, и така една недела го плаќав таксито, се додека снемав пари ама буквално за леб. Морав да ѕвонам дома да ми пратат за да преживеам до крај на одморот.
    Скржавите и гребаторите ми одат рака под рака, најлоши луѓе на светот. Ајде скржав за други и да сфатам, ама кога се скржават за свој сопствен ќејф, е тие ми се утепување. Најлоши.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Морав целиот твој пост да го цитирам бидејќи толку вистинито го опиша и препознав многу другарки во него. Посебно една: скржава, маани за другите па и за себеси ! Лани на одморот, леб и паштети јадеше цело време, еден леб по три дена го јадеше таков стврднат! Сок не пиеше туку вода! За такси или комбе до плажа пари не и се даваа, па не караше и нас да одиме пешки по жешкото! Тоа е едно чудо колку е скржава. Да не се сакало на сопствената душичка ќефот да се направи. Толку ме нервираше цел одмор што попрво би го нарекла „умор“.
     
  14. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Јас не сум пушач,но многу мразам вакви ситуации.Други купуваат а ќе се најде некој паметен да му ги пуши цигарите.Има таков случај за едни другарки едната спонзорира другата си користи.Не цигари не јадење не пење ма се!Таа истата на секој одмор излезена и бара цигара од секој еден а јас поради тоа што по природа не ќутам и и реков ма каква пушачка си ти кога немаш цигари и постојано бараш од другите?Ма дај ........
     
  15. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Леле се пронајдов и јас тука минатата година на одмор другарка ми како на преживување да беше цел одмор не и се јадеше со едни макарони го помина одморот :D ќе се запишувала на факултет неможела толку да се опушта да троши за еден ден повеќе што требаше да останиме се побуни дека немала пари за трошење хаос :lol: кога си тргнал на одмор тоа е поубаво да не си идел така нема воопшто да потрошиш пред таа година и друга исто така што беше со мене ќе штедела за облека да си купи и цел одмор пари за такси или за комбе не даде на таа жештина пешки одевме и леб и еурокрем јадеше секој ден и од тогаш реков повеќе со скржајци не ]:)
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.710
    Имам јас една другарка, која дур има пари сите ќе ги потроши на глупости во најкраток можен рок, а потоа нема 10 денари една кифла да си купи за доручек (ова на училиште додека одевме). И се гребеше од сите. И ај да е само за доручекот, греота е да не и дадеш. Ама после часови се собираме неколку другарки АЈ ЌЕ ОДИМЕ НА КАФЕ ВО СЕНДВИЧАРАТА НАСПРОТИ... Таа доаѓа со нас, си порачува кафе и тост и после од нас бара пари да сме и позајмеле. И нормално дека не ги враќа парите. И да и речеш, гајле си нема. Еднаш толку ме изнервира што и ги зедов последните 50 денари (што ми ги должеше) со некој си таму изговор. ]:) :devil:
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.899
    Допаѓања:
    75.651
    Пол:
    Женски
    Е тука целосно се пронајдов... ама знаеш како го решив проблемот? Вадам пари толку колку што изнесува мојот дел, и чекам и другите да извадат. И обично пали, зашто никој не сака да се срами пред таксистот :lol:

    И мене не ми било проблем да дадам, да помогнам кога некој нема, ама повеќето имаат и можат да си дозволат се што сакаат. Исто како мојата колешка на факултет, имаше пари повеќе од мене, јас некогаш од уста одвојував за да купам некоја книга за испитот од професорите, а таа што може пет да ги купи и око да не и трепне, од мене ја бара книгата :@
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.146
    Допаѓања:
    26.367
    Имав една другарка од другиот клас |( Напор невиден!!! Секој можен ден, и секој можен одмор бараше цигари. И упорно не и давав затоа што мразам некој да ме гребе пошо мене не ми се случило, секогаш имав во мене. Ако треба немаше ни да јадам ама битно цигари ќе си купам за да не се срамотам и да ме озборуваат. А таа замислете?! Секој ден бараше цигари, а на одморите јадеше од најубавите сендвичи и тостови |( Па и таква напор, упорно бара а гледа дека ја одбивам и ако и речам немам а сум со цигара во рака, ќе рече епа дај ми два дима |( И упорно се беси на рамо додека не ти досади. Еднаш една другарка и рече, де ма купуј си ако не цела кутија на парче продаваат :D Ама не бе, не се чукнуваше да рече да бе стварно претерувам и после тоа |(
     
  19. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Абе сегде има гребатори, ама посебно ме нервират ко ке глубат несто демек богати му дават од дома многу пари а всушност мајка му плат зема 8000 не знам точно а и татко му така некако и глуми не знам а на школо иди само со пари за автобус во случај да и избега бесплатниот шо и ке дојди одмор кристина ке оди ке си купи кока кола и грицки и таја одма ајј дај малку ... остај то ајде нема врска чудо големо .... се скарав со едно дете од класот и ми вика убо напрае ваков е таков и иди другио ден на школо ке си бегаме ми прај имаш пари да ми позајмиш за автобусот после и јас и прам имам и ми прај добро почекај ме малку и добро и велам и ја чекаме сеа со една другарка долу седиме 5-10 мин и тргавме рековме ке не стигни и гледаме од другата страна преку мостот оди таја со детето и зборват нешто и се сврте и ме виде и како не и беше срам па да ми викни ито од преку мост почекај ме немам пари за автобусот да ми го платиш ... не знам она без страм и ја чекав 5 минути како будала ама уште не беше дојдена да му докажи него се и си заминав ... :@
     
  20. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Има премногу гребатори насекаде. Посебно во мојот клас. Кога и да купев тост на голем одмор и сите дај гриз, дај фриз и ми здосади едно време и почнав да ставам луто во тостот. Се одвикнаа. Инаку за цигари и за било што имам две другарки со кои што се е мое-твое. Се делиме, ама другите недај Боже да видат дека имаш се ќе ти земат. Не е проблем еднаш да земеш, два пати, кога стварно немаш али постојано.... опкружена сум со такви. Не дека и јас кога немам не земам, али некои немаат граница. :@