1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грета Тунберг – климатска активистка или изманипулирано дете?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 25 септември 2019.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски


    Деновиве главна тема на социјалните медиуми е Грета Тунберг, 16-годишна Швеѓанка чиј активизам почнал пред некаде една година и од самостоен протест и револт преминува во глобално движење - училишен штрајк познат и како Fridays for future. Па еве една нова тема во која можете да дискутирате за ова :)

    Нејзиниот емотивен говор на Самитот за климатски промени го разбранува јавното мислење низ цел свет. Таа добива многу восхит и пофалби како симбол за надежната младина свесна за потребата од промени и заштита на природата, но од друга страна и многу скептицизам, загриженост дека како малолетник со Аспергеров синдром е искористена за политичка пропаганда, сè до зајадливи и невкусни шеги за нејзината возраст, изглед и сензибилитет во говорењето.

    Според мене, како што имам спомнато, 90% од негативната критика низ широките народни маси е само слика на мааните на општеството - несвесноста за овие прашања, несфаќањето сериозно на младите, па и мизогинијата меѓу луѓето не баш запознаени со наука и блиски на десничарските/конзервативни ставови (Медуза има објавено одлична статија за ова).
    Влијателноста на нејзините родители (имено, мајка ѝ е позната оперска пејачка која учествувала и на Евровизија) и тоа што е бела и *привилегирана* (иако самата искрено нагласува дека „е една од среќните“) не го прават помал факт нејзиниот став.
    Земајќи ги во предвид дури и поцивилизираните критики и загриженост за нејзината улога како „пион“ во нечија пропаганда - сметам дека глобалното затоплување, потребата од преземање мерки и дека треба да ги слушаме научниците (како што буквално има изјавено таа) - сето тоа се факти и ова е тема од витално значење за која сите треба да се заинтересираме и да нè погодува. Ова во суштина не е чиста политика за која може некој да се „злоупотреби“.
     
    На CameliaMiller, boomsleng, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Го гледам видеото со девојчето и сметам дека постарите се уште тапи и поглупи што се дешава со светот младите имаат поголема свест, на некои им е ова смешно ама за жал вистина е глобалното затоплување може да земе милиони животи а луѓето за тоа не се свесни. Уште сме конзервативни за да размислуваме за вакви длабоки теми како глобално затоплување, сексуална едукација, против насилство и слично. 70 посто од постарите луѓе незнаат што е глобално затоплување а не пак да зборат за него и да сакаат да го решат,
     
    На Feminka22, Ivanna23., mariz и 10 други им се допаѓа ова.
  3. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против да се подигне свеста кај луѓето за овие работи.
    Сериозен проблем е, како што е пренаселеноста и загадувањето.
    Во врска со видеото ми изгледаше како смислен текст во последен момент.
    Секако дека има право да го искаже својот гнев во името на нас останатите кои не сме на позиција тоа да го направиме.
    Единствена замерка ми е што нејзиниот говор не нудеше никаква солуција или превземање на некоја мерка од страна на нас луѓето и сл.
    Бидејќи протестите и гневот на народот не се доволно гласни за да допрат до ушите на оние кои удобно си уживаат во фотелјите, а уништувањето на светот им е само една комична театарска претстава.
     
    На Ivanna23. и Skylar им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.005
    Допаѓања:
    86.708
    Пол:
    Женски
    Дали девојчето кое всушност и ништо не знае за климатските промени ниту е образована во тоа поле туку кажува пароли е продукт на типична гебелсова мас медија манипулација со емоции?
    Пр организаторите ги припремаат нејзините настапи ,незнам зошто малава треба да се обраќа по парламенти и самити .
    Не ги споменува Кина и Америка за главни загадувачи,туку Германија и Шведска.
    потсетува на малата иранка на која и доделија нобелова награда .
    Зошто беше потребно да патува на конференцијата,https://edition.cnn.com/2019/07/29/europe/greta-thunberg-sailboat-scli-intl/index.html,доколку не беше пр продукт ке се обратеше преку скајп ,а не на јахта и патување вредно 15 мил гбр.

    Девојчево освен аспер има и депресија и окп,ваква злоупотреба на дете со три дијагнози е видена само во тоталитарни режими,треба да оди во училиште и да се лечи наместо да држи предавања на самити,нека ја остават да биде дете наместо објект на агенда.
    А всушност ништо не спасува.

    Се надевам дека оваа мисија во која е вклучена нема да остави на неа трајни последици,а по настапите би рекла нејзините треба да бидат загрижени,и детево треба да се заштити,наместо тоа нејзината мајка тврди дека Грета може со око да види CO2.
    Мислам дека Грета е избрана да биде лицето за борба против климатските промени,за жал.
     
    Последна измена: 25 септември 2019
    На Istata od vcera, Abeja, MissAlena и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кoлку и дa се трудиме, ние плaнетaтa не мoжеме дa јa уништиме. Сaми -дa, aмa зa неa мислaм ич не требa дa се секирaме. Ќе си се регенерирa. Штo не преживеaлa тaa пa сегa ние сo плaстични кеси и слaмки ќе јa исплaшиме. Хa хa. Гретa who? Се изoлирaв скрoс.
     
    На Abeja, Роберт 7, Keanu_R.Wick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Какво бе дете ја направивте 5 години девојката има 16 години некој со 16 години измислува нови изуми во медицината, физиката итн. Има висок коефициент на интелигенција сигурно
     
    На Elen4e_sonce, WildMk, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Во секој од нас треба да лежи Грета.
    Сите јадеме од иста почва, дишеме од ист воздух, живееме под исто небо. Последиците не бираат, туку удараат насекаде подеднакво, ги осеќаме сите, а пак кога ќе се деси некоја еко катастрофа повеќето креваат раменици и со прстот покажуваат нагоре, барајќи некое возвишено објаснување, пошто пре егоцентрични се за да покажат со прстот кон себе, кон тој пред него, кон тој до него.
    Штета што место на тапет да е темата која Грета ја претстави, таргет е самата она, нејзината појава и животен тек. Какви бљувотини прочитав, злобни коментари полни со шовинистички идиотизми, досетки за нејзината ментална состојба, исмејување и потценување. Мора многу да боли што едно адолесцентно девојче има повеќе во главата отколку нивните илјадници да ги собереш заедно, што едно девојче држи говор пред сала полна со богати мажи на власт и милиони на сметката и ниту еднаш гласот не и трепери во недоумица. Тешко им е да ја видат големата слика, дека некој има поголем проблем на дневен ред од тоа каде ќе го брцне денес или во која кафана ќе се пијанчи. Незамисливо.
     
    На Istata od vcera, CameliaMiller, WildMk и 23 други им се допаѓа ова.
  8. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Ми доаѓа на моменти името и ликот од Грета да ги ставам на рамо како прва тетоважа. Каква свест и каква упорност има, немам зборови.
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Со нејзиното изјаснување ја прикажува вистинската слика на светот јас незнам депресија имала ваков таков синдром не зборува за како летаат слонови и змии туку за реален проблем.
     
    На WildMk и gjoker4e им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Сосем нејасно ми е зошто на секоја човечка акција се гледа толку црно или бело.
    Постојат и сиви нијанси.
    Убедена сум во тоа дека една од причините поради кои девојчето се наоѓа на самит со „големи риби“ е за да докаже дека луѓето кои го поседуваат ваквиот синдром всушност немаат попреченост во рационалното размислување. Да докаже дека може да стои исправено, рамо до рамо со секое едно битие на планетава па макар да е тоа и Трамп кој очигледно пронаоѓајќи се во нешто од тоа што таа го изговори, и немајќи ништо паметно да каже as always, искористи сарказам.
    Исто така и' верувам на секоја една емоција која и' се исцрта на лицето за време на говорот.
    Сосем природно делува една сосем природна, едноставна и свесна личност да сака да го заштити она што остана од планетава и нејзините ресурси.
     
    На CameliaMiller, WildMk, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.935
    Допаѓања:
    53.113
    Пол:
    Машки
    Џабе, и 100 Грети да се појават човекот нема да се промени. Си ја оправдуваме улогата на најголеми штетници на Планетата, полека се уништуваме самите себеси што е најголемата трагедија. Се сечат шуми, се загадува природата и лаганини си чекориме кон крајот.
     
    На CameliaMiller, shz, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    161.106
    Пол:
    Женски
    Многу родители, а особено родители на деца со посебни потреби, не се спремни на тој чекор. Не велам дека се лоши родители, едноставно велам дека прават нешто добронамерно, ама то доаѓа со низа несакани ефекти. Ако едно дете со синдромов, ме наслушни мене како зборам со некој дека планетата не треби, а вервајте јас го зборам ова, е доволно да се изреволтира ова дете. Поентата ми е, не мислам дека Грита е groomed за ова, туку дека е изреволтирана од претходно, ама само после то, најверојатно родителите, ја искористија ситуацијата. И како резултат, можи да се кажи како случајно искористување дека можеби постои.

    Штом ова го тргнав од патот, мислам дека ако сите бевме малку поќе како Грита, немаше да ја доведиме нашата иднина, и иднината на нашите поколенија во прашање. Веќе е редно постарите генерации да не ја уништуваат иднината, не им припаѓа веќе нив. И не, како поединци не можиме да напрајме промена. Сите заедно можиме. Можиме со то шо ќе избериме политичари кои ќе се грижат за околината. Политичари кои ќе наметнат правила кои годат на планетата. Не само зошто годат на планетата, туку годат така шо планетата нема да сака да не истреби колку и да заслужваме. На крај на ден се е политика и треба да ја искористиме максимално.

    И сите треба да сме многу анксиозни и испаничени. Само иднината е во прашање, ништо важно.

    Па уште "трамповци" серкаа на твитер како била разгалено детиште. Како зборала глупости и ширела пропаганда. Како немало гајле и климатските промени биле само мит. Ама дур умрат ваквите, ќе биди прекасно за оние на кои им значи.
     
    На CameliaMiller, WildMk, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.005
    Допаѓања:
    86.708
    Пол:
    Женски
    Стварно сметате дека никој не стои зад Грета?!
    Многу наивно,многу.
    Краткорочна претстава за народ ,кршење на детско право и диригенти во позадина .
    Има многу и образовани и свесни научници и активисти за таа проблематика,а баш неа и е даден пристап на самити и конференции...
    Кој ја користи и зошто?!
     
    На dunika, MissAlena, thequeen95 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.935
    Допаѓања:
    53.113
    Пол:
    Машки
    Де де, милиони деца у светов се експлоатирани и користени па никој не се буни. Поентата и' е на место у секој случај.
     
    На Regina.Phalange, Feminka22 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.005
    Допаѓања:
    86.708
    Пол:
    Женски
    Не се работи за поентата,каузата и целта.
    туку фактот дека болно девојче се користи,со 3 дијагнози,
    како објект во кампања.
    Ingmar Rentzhog е Пр гуру за нејзините емотивни настапи,на кои светот падна.
    Девојчево под итно треба да се заштити,за жалење е,не за подршка луѓе,не е ова начин,со ваква манипулација .
     
    На daylight и Cka им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.935
    Допаѓања:
    53.113
    Пол:
    Машки
    На кој начин искористена? Па не ја однеле да работи на нива на +50, да одржи еден добро подготвен говор требаше. Ако е тоа нужно за да се подигне свеста I am ok with that.
     
    На Feminka22, WildMk и Disconnected им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.005
    Допаѓања:
    86.708
    Пол:
    Женски
    Кој нормален би користел малолетно аутистично лице за подигање свест,застрашување со катастрофални размери ,предвидување иднини на сите можни медиуми?!
    На децата им е место во школо ,а не да се злоупотребуваат во политички еко кампањи.
     
    Последна измена: 26 септември 2019
    На daylight, slobodka, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов Грета реков убав говор ама кој стои зад неа.Сигурно се истите оние кој стоеа зад Меркел и Тереза Меј кога беа деца.Зошто не ја стават Јана од III -5 клас, зошто нема финансиска подрша и нормално не може секој во самит да влезе , а не говори да држи .Па така нашите соседи кои се супер детективи, го нашле ова.
    http://www.novi-svjetski-poredak.co...rge-soros-a-i-ona-sama-ima-masonske-korijene/
    Па во говорот на детето веруваат само нејзините врсници:) Сепак не сметам дека е изманипулирана само е инвестирано во некој иден политичар:)
     
    На MysteriousQueen, Tajnaotrovna и KateKane им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.812
    Пол:
    Женски
    Ги посра девојчето, освен капа доле ништо друго не можам да речам.

    Посакував да не трошам зборови на овие кои ја критикуваат, али очекувано беше. Нормално е такви црепови да се фокусираат на се освен на пораката која оваа млада дама ја изнесе - која е, од кај е, колку години има, што носи, кои и се мајка и татко, кој број чевли носи, чекајте сеа ќе излезат и теории илуминат дека е (едит: излегло веќе дека е масон ене го погоре :D). Истите луѓе се оние кога силувана девојка ќе каже на глас што и се случило ќе ја прашаат што носела, што си правеа канцерогени шеги на #metoo оти на интернет пишувале, кога ќе акнат од земја издркотини од таксисти жени каков и бил моливот за усни, кога ќе го украдат некој зашто парите дома ги чувал итн итн... Од вакви луѓе на кои им е битно се освен пораката не очекувајте разбирање. Толку им сече.

    Па болничка била ле-ле. Прво 99% од тие што пишале дека била болна појма немаат што е тој синдром. И јас не знаев, вчера баш ме заинтересира, луѓето кои го имаат овој синдром имаат нормална интелегенција. Дури во 2013 го исклучиле од заболување. Значи девојчето е и те како компетентно да збори за темава. А освен awareness за климатските промени, дава и еден убав пример дека дечињата кои го имаат овој синдром не треба да ги кријаат у шупа, дека можат да имаат најнормален живот и дека можат да функционираат како секој друг човек. Швеѓани бре, тој е менталитетот, место да го затворат детево, си го третираат без никаква дискриминација. Затоа се најубава земја за живот, а ние сме шупакот на светот.

    Само напред девојче, ќе станеш од оние мадафака жени на кои толку многу им се восхитувам.:bow:
     
    На Feminka22, CameliaMiller, Elen4e_sonce и 14 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    161.106
    Пол:
    Женски
    То не го менва фактот дека е во право и дека треба да слушниме разум и да бидиме поќе како неа.

    Се виде колку се слушаат научници. Еве, види го Трамп. Гледа научни студии и вели дека се лага. Дете, обичен смртник, ненаучник на конференција е претставител на нас обичните смртници, млади луѓе на кои ни е земана иднината директно од раце.

    Грита можеби е groomed во некој момент за ова, ама не од сам почеток и во то сум сигурна. Зошто Грита можеби и сака да е тука. Зошто наслушнала дека човештвото е на ред за требење, се согласила и уплашила.
    Сакала да стани активит. Ова е многу веројатна и честа приказна.
    Е сега родителите нејзини можи да ја насочиле кон ова, несвесно. Оти многу често при воспитување на дете, а особено на дете со посебни потреби, се прат работи добронамерни кои идат со низа несакани ефекти.

    Ова е многу, многу добро кажано и стана очигледно дека остатокот од светот не е чекор напред колку шо мислевме зошто спремни се нејзин синдром да користат за да ја омаловажат место да видат колку е храбра. Едно дете мисли подобро од повеќе од пола постари. И веќе смешно ми е да ја викам дете, извини Грита. Млад човек е.
     
    На Feminka22, CameliaMiller, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.