Како вие се грижите за вашите миленичиња кои ги чувате. Дали нивната хигиена ви е многу важна или не и обрнувате многу внимание? Со што ги храните и која им е омилена храна? Дали имаат некоја посебна навика на пример кога треба да ја извршуваат нуждата или нешто друго ? Колку време им посетувате, односно тука можете да ја пишувате вашата целосна грижа која им ја посветувате и да споделувате искуства и совети мила верувај знам како ти е. Ова мојава не прекинува да замара и да лудува да те прашам дали ја бањаш мачката? Јас ја бањав летоска само што ја земав али сеа ми е страв да ја бањам да не ме нападне пошто е голема . Кажи ми совет како да ја избањам и со што
Женска не знам дали си слушнала, но има едно општо правило за мачките : "мачките не треба да се бањаат!" Тие и така се единствените животни што сами се бањаат, а меѓу другото знам дека со бањање мачките можат лесно да добијат воспаление на бели дробови. Исто така веројатно знаеш дека мачките не сакаат вода, што уште толку ти ја отежнува работата. Подобо не ја бањај, и така тие не мирисаат, освен што може да мириса нивната урина, но и за тоа има решение со новиве песоци што ги измислија задниве години. Не збоарам на памет, имав мачка што ја чував 6 години .
мојава мачка по некое чудо сака вода сакам да ја бањам пошто ја чувам и надвор и внатре и ако ја избањам сигурно дека 2 дена нема да ја пуштам да иде надвор за да не настине.и уште нешто сакав да ве прашам колку е корисна вакцината за мачки некои ми рекоа дека не е мн ефикасна
Се согласувам со Китен. Мачкава моја јас во живот не сум ја капела, ниту пак планирам. Најчисти животни се мачките, дури можам да кажам дека и од нас луѓето се почисти. На пр. мојава ако ја земам да ја галам после тоа се трга настрана и се чисти како да сум ја изгнасила. Боже сачувај! А за капењето немој да ја капиш. Цел живот чувам мачки и никогаш не сум ги капела, НИКОГАШ! А за вакцината да ти кажам и нз баш. Никогаш не сум ги вакцинрала мачките, но и да пробаш не верувам дека ќе им шкоди.
Цел живот сум со мачки. Откако знам за себе, знам и дека сум сакала и сум имала маче. Јас ги бањам моите мачки, секако ретко, ама кога има потреба ги бањам. Тие се чистат сами ама не толку колку што ќе бидат чисти после бањање. Сепак одат насекаде, газат по се и сешто, па ако го пушташ дома не би било лошо повремено да го бањаш. Што се однесува до стравот да не те нападне, мислам дека тоа никогаш нема да се случи со домашно маче Барем јас не го разбирам тој страв. Сум ги бањала и двете одеднаш, може да се случи да те изгребе во обид да избега, ама конкретно да те нападне тебе - тоа ми се нема случено, немам ни слушнато такво нешто. Старава мачка ми е исклучително паметно маче, кога ќе ја погалам и ќе и кажам дека се е во ред, и против нејзина волја само стои и многу тажно (и смешно) мјаука Знаеш дека после треба да биде на топло. Јас мислам дека бањањето им годи повеќе од што се прават...да видиш само како спијат после тоаа! :mrgreen:
Како сестра ми е Си ја сакам најмногу на свет . Пупи се вика ама јас пупула си ја викам Има 7 години .Кога беше мала од маса ги снемуваше моливите , гумите , пенкалата ама ако , барем на ред не научи мене и брат ми . Не натера да собираме , да не оставаме ништо расфрлано . Сега не гризе такви работи , ама ја фаќаат некои моменти и знае ивици од кутии да гризе така поретко . Многу ми е жал што ја шетам секоја преступна година , ама еве овде ветувам дека почесто ќе ја шетам . Јаде буквално се ,т.е. порано повеќе , порано чоколадо кога јадев , јас дур изџвакам една коцка она ќе голтне 3 .Па така си делевме чоколади или она повеќе јадеше .Како што е постара ни досаѓа ни гризе работи ни ништо. Кога шетаме по улица , не се врти по кучиња , као госпоѓица е .Сите трчаат по неа а она не приметува никој . Ама ако не приметува кучиња , приметува мачки . По нив трча , па и шамари си пие богами Знаеше како помала да брка муви , еднаш не виде дека е оса , па си ја лапна , и така потечена муцката и беше . Кај што има тажно фациче , уште потечено муце и требаше .. Имаше и напади некои , па моравме апчиња за смирување да и даваме .Кога ќе го испиеше . не знаеше да го погоди креветот да се качи , и се лупаше од маси , ко пијано коковче беше . Златна моја , најмила ми е . И сите мои тајни ги знае .Дури и тие мрачните
srcuska bas e slatka pa i na krevet se istoporila leleeeeeeee/...... dusica pa kako se spravuvas so vlaknistava svaka ti cast ja nemam zivci za toa
Како мала ме нервираше зашто многу гризеше , па знаев и јас за шепи или за уши да ја гризам Значи не се справувам многу тешко . Во пролет и есен ги мења , па цел стан ни е со нејзини чворови и жбунчиња од влакна . Ама човек на се се навикнува , јас не знам како би ми било без влакна насекаде или без неа не дај боже. Иначе има навика многу да лиже по нозе по раце , сметаше на почеток , сите и даваат ама јас не .. Дали нечиво куче има ваква глупа навика ?
hahahaah....i mojata lize no vo slucajov mene mi godi cela me naezuva ama i me faka dremka koga ke pocne po race da lize..ko pomala imav mace od sto mi bese ubavo lizenjeto na lice se istrlav so salamce samo da ne prekine no zatoa koga zbesna me grizna i toa silno muski i ottogas ne mi teknuva na takvi gluposti smesni situacii samo za na skriena kamera
ЛЕЛЕЕЕЕЕЕ немој благо никако, кучињата не смеат благо да јадат, од тоа ги губат сетилата, зарем ветеринарот не те предупредил... Точно е дека обожаваат благо но не е здраво за нив да јадат благо затоа внимавај!
Порано многу јадеше , како да не и дадам кога ме гледа така тажно ? Чим е жива , а е , еве ја до мене си спие ништо не и е . Како што старее се помалце јаде тоа што не треба , помалце си игра ама си ја сакам .Знам дека може да ослепи од благо ама ништо не и е Скарлет88 , твоево изгледа како да гледа нешто што си намислило дека ќе го добие , многу е слатко И какво е шаренко
Хехе фала Душица ...хехе да за моево книга можам да пишам ! Моментално се сунча надвор, легната е на стол и не мрда! Иначе и моево сака ептен благо ама не му давам во никој случај! Леле колку пати има крадено чоколадо и сладолед...цццццццц......како дрога да му е! Ќе се убие за пусто благо!!!...Башка и туршија јаде...месо, храна за кучиња неможе да смисли......само коски, фина храна и Лаки Гриц ( ова се некој вид на грицки
Имам ново милениче, папагалче па би сакала да ве прашам што друго јадат папагалчињата освен просо ... ?
А кој вид папагал? Тигрица? Тигриците освен просото како задолжително семе, можат да јадат овошје и зеленчук...Испробувај со различни работи, види што ќе му се свиѓа и така ќе научиш што да му даваш. Пробај со марула, пиперка, зелка, спанаќ, праска, јаболко, крушка, слива, цреша...ова се потенцијалните работи што може да му се допаднат, пред се овошје што е со кора. Само да ти напоменам да не му ги даваш свежо миени, туку суви, бидејќи птиците може да добијат пролив. Лепче можеш да му дадеш но гледај да е поретко, и нека биде посуво, не од тазе леб, и само малку ќе штрбнеш значи мало топче бидејќи имаат осетлив желудник и тестото може да им се залепи. И не заборавај да му купиш креда или сипина коска. Би ти препорачала и од специјалниот песок да му купиш кој ќе го ставиш во посебна поилка, па он сам ќе си зима колку му е потребно...тоа го јадат за полесно варење на храната.
Болно домашно милениче да не има помеѓу вас некој кој студира на ветерина или завршил? морам да чекам дури до утре за на ветеринар,зошто нема никој кој можам да најдам во ова време има мачнина повраќа многу тешко,ја одбива храната и до скоро имаше температура која за среќа спадна
Папагалите ми се затепале и не знам од каде ама си пуштиле крв и сега наместо плави ми се некако црвеникави и црни . Па сакам да ги бањам ама ми е страв да не ги разболам. Знае ли некој нешто за бањањето? После со фен да ги сушам ли? Чекам да пишете
За тепањето не се секирај бидејќи и моите знаат често да се зачукаат,ама ништо страшно, а ако сеуште имаат крв почекај малце па избањај ги со млака вода (пазни да не е многу топла ни ладна) и после тоа остај ги 2-3 минути ќе мавтаат со пердувите за да се исушат, и главата не им ја миј (пределот кај очите и клунот).А сега бидејќи е лето нема потреба од фен
Се истепале на Илинден кога не бевме дома. Може им било досадно . А крвта е засушена а баш се мн црвени под клунчето сакав малце таму со вода да ги поминам ама бегаат. Пробав денеска и така ми избегаа во соба па едвај се намоливме да си седат во кафез . А сабајле ке ги бањам за да можам пак да си ги бацувам.
Ги избањав папагалите. Леле душички пиштеа и си викам никогаш нема да ве мачам повеќе . После не можеа да летаат се закачија на завеса и така стоеја. Па земав малце со фен па после леткаа. Жално беше а сакав само чисти да бидат. И после ги бркав еден саат низ соба за на крај да ги фатам за опаш и после убаво целите . И им се извинив за тоа. Се изплашија од ванглата со вода, беше црвена па земав проѕирна и беше подобро. Битно сега се чисти за да си ги бацувам