Грижа на совест

Дискусија во 'Психологија' започната од deedee0, 23 јануари 2013.

  1. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Дали во моментов чувствувате грижа на совест и зошто?
    ако е дупла-канта
     
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Не, и гледам подалеку да стојам од работи кои ќе ми донесат грижа на совест.
     
  3. HollyCombs

    HollyCombs Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Грижа на совест може да имам кога ќе навредам некој или ќе се однесувам лошо спрема некој кој што тоа не го заслужува. Исто така чувствувам грижа кога си ги прегазувам моите принципи, сметам дека не е во ред и нешто лошо сум направила.
     
  4. Agatha

    Agatha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    852
    Имам многу пати грижа на совест , најмногу кога ќе згрешам некому, но еве денес имам кон самата себе грижа на совест, понекогаш си правам работи кои лично мене си ме повредуваат :(
     
  5. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    223
    Имам огρомна гρижа на совест и многу ми отежнува, многу се κаам, но готово, нема вρаќање! Се чувствувам κаκо себична личност. Дедо ми беше на смρтна постела (јас незнаев, мислев деκа ќе поживее уште вρеме, беше болен од ρаκ 6 стадиум). Мајκа ми ме виκаше да појдам со неа даго посетиме (ме виκала зошто знаела деκа е за последен пат) но јас и ρеκов деκа неможам да дојдам, деκа сум умоρна. Во моментов се ρасплаκав феминκи ;( ;( не ми се веρува, κаκо можев толκу себично да постапам, мислев деκа не сум таκва личност, но ете себична сум била. 2 дена подоцна почина, не појдов за последен пат да го видам, не појдов ;(! Мајκа ми ми збоρеше κаκо сум можела да го напρавам тоа. Подоцна паκ ме тешеше и ми велеше деκа не сум била виновна, не сум знаела κога ќе почине. Но јас чувствувам огρомна гρижа на совест. Зошто не појдов да го видам за последен пат. Κажете ми феминκи нели е беше себично од моја стρана!?
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Оф мило и јас сум со грижа на совест како тебе. И јас не кренав тел тогаш кога требаше, а да кренев сега можеби ке беше жива тука со мене ама... Тешко е многу. Незнам зошто мислиш дека ако ги прашаш другиве ке ти олесни? Нема. И јас прашував и ми велеа не си ти виновна, од судбина не се бега, ама секогаш е тука она “што ако“. Незнам дали некогаш ке ни се олесни, ама знам дека долго ке не мачи. Тоа е тоа.
    Сепак во твојов случај е некако послесно, пошто дедоти сте знаеле дека ке умре, само не сте го знаеле времето. А и да си била кај него и да не си била тој ке умрел секако. Кај мене е сосем друго. Смртта дојде ненадејно. Тешко е кога саканите не ни кажуваат збогум. Тешко е кога знаеш дека многу работи останале недокажани. Тешко е што не сме се прегрнале за последен пат. Тешко е многу.
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    30.019
    Пол:
    Женски
    Се трудам да ги резонирам работите навреме за да не се доведам во ситуација која психички ќе ме измачува.
     
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    22.004
    Јас секогаш се трудам пред на направам или не направам нешто да размислам за истото, дали подоцна ќе се каам или нема. Но сепак животот е многу непредвидлив и за некои работи некогаш едноставно немаш време да мислиш. Вака не ми текнува некоја поголема работа за што имам грижа на совест ама сигурно има некои ситници.
     
  9. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    111
    А бре луѓе во клас во основно имав едно чупе кое беше доста сиромашно, седеше до мене во иста клупа и некако кон крајот на првото полугодие последниот ден кога требаше да останеме на распуст нејзиното моливче во мојата чанта. Леле, кој знае дали имало да си купи нов, но наместо да и го вратам на почетокот на новото полугодие јас го загубив. Како можам да бидам до толкууу смотана. Кога ќе ја видам до ден денес имам грижа на совест.
     
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Јас грижа на совест имам скоро секогаш и за скоро се. И за работите за кои не сум виновна или немам допирна точка со нив имам грижа на совест. Да му кажам на некој „не“ имам грижа на совест.
     
  11. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    И јас имам скоро секогаш грижа на совест и за многу работи и за кои не сум виновна.Често имам грижа на совест поради довербата и кога ке ми изневерат и разочараат мислам дека ја сум крива што сум поделила нешто кое не е ни тајно ни срамно се некој а тие ке ме направат будала,ненормална и забегана..сепак не само поради ова и инаку имам многу често.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Забегана работа е овоа.. Многу пати ако се издерамм ми е криво..на моите им викам ( и отпосле размислувам ) темелно..ако кутрето се удари или ми падне од раце споулавувам од мака и грижа..Ако сум можела да помогнам а сум одбила од нервоза во тој момент...
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.887
    Пол:
    Женски
    Се случило да имам грижа на совест, најчесто кога сум приморана да излажам за да се спасам себеси или кога ќе им згрешам нешто на моите родители. Еднаш се изедов жива заради тоа што го уплашив внучето со мојот бес (не кон него но го покажав пред него) а тоа така мало беспомошно мислеше нему ќе му наштетам. Па кога го зедов, цртани му пуштив, чоколади му ветив дека ќе му купам, што не. Овој период не сум имала грижа на совест.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    2.326
    Пол:
    Женски
    Често знам да реагирам бурно во некоја дешавка. Да згрешам и после да ме јаде совеста..