"Гром од ведро небо"

Дискусија во 'Разделби' започната од pinklady, 7 јули 2010.

  1. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    22
    Vecerva se se smeni, na mojata vrska od 2 godini i go vidov dnoto...covekot so koj sum veke dve godini mi kaza deka mu e zdosadeno i deka vrskata go nema onoj zar kako na pocetokot, deka custvata mu se oladeni sprema mene... togash mi se skrsi srceto solzite bea samo minimalen del od tagata sto mozev da ja iskazam vo momentot... ne zaprev da placam.. prasuvav zosto zostoo kade zgresiv... a toj NIGDE NE ZGRESI ... EDNOSTAVNO TOA E... tolku bev skrsena pocnav da mu zboram deka poveke nemozam nemozam da izdrzam ... nema da mozam da prodolzam bez nego ... ke si go odzemam zivotot.. itn.. togash se smiri se stabilizira pocna da me guska .... lezevme vo pregratki nekoe vreme ...a potoa i zavrsivme vo krevet... posle toa beshe smenet ispolnet so mene ne prestana da mi kazuva deka me saka... Neznam veke sto da mislam ...nasata vrska se do den denes beshe SOVRSENA.. i odednash ko grom od vedro nebo se sluci ovaa promena... ne sum cvrst karakter i veruvam deka ako prekinam so nego ne bi mozela ponataka..mozebi treba da pobaram psiholoska pomosh ili slicno .. no nekako ke mora da go prebrodam i toa ako dojde.. svesna sum za toa... ke mi znaci vasheto mislenje mnogu.. vi blagodaram ! ;(
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Истото ми се случи и мене. Имам 3ипол годишна врска и кога одевме некаде 2ипол години ми кажа дека би било добро да направиме една пауза за да си ги среди мислите и чувствата. До тогаш ми кажуваше дека ме сака, а сега одеднаш не бил сигурен. Можеби беше под влијание на другарите, кои не дека не ме сакаат, само што тие сите се сингл, а дечко ми некогаш се одвојуваше од друштвото заради мене. Се утепав од плачење, како може некој кој 2ипол години ми кажувал дека ме сака, сега одеднаш да не биде сигурен?! Ама јас сум инаетлива, па не попуштив и не го барав, не го молев. Сакал пауза - еве ти пауза. Не се ни гледавме, а кога ќе се видевме само разменувавме погледи. Не комунициравме воопшто. Не поминаа ни 4 дена, а веќе се појави кај мене пред врата и почна да ми кажува колку многу ме сака. Дека не знаел што правел кога ми рекол дека сака да се разделиме, тинтири минтири.

    Внеси малку свежина во врската ако мислиш дека затаила. Почнете да одите на нови места каде претходно не сте излегувале, правете нови работи, па ако треба не се гледајте неколку дена за да почнете да си недостасувате еден на друг. Тоа запали во мојата врска ;)
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.464
    Ова што тебе ти се случило им се случува на сите во врска, посебно на оние кои ептен се заљубени во своите дечковци.Прва работа, нема потреба да си ги одземаш животот затоа што некој си дечко те напушта! Ако така сега размислуваш, шти ќе биде со тебе кога ќе настапат „вистинските проблеми“? На крајот од краиштата па зашто некому кејфот да му го правиш? Ќе се самоубиваш, за кого, зошто? За он да продолжи во животот а твоите родители да живеат во тага?!!!!! Тоа да си го извадиш од глава, бидејќи највреден е твојот живот.
    Друго: ако побарал прекин, тогаш прекини и ти.Зошто на крај сте отишле во креве? Каков е вашиот однос сега? Да ти се враќа кога ќе посака? НЕ.Ако некого сакаш, треба да го пуштиш кога ќе го побара тоа од тебе, колку и да биде тоа болно, од колку со сила да го задржуваш за себе, бидејќи со сила убавина не бива! Па што ако те оставил?!?!?! Нека го нека иде, слободен е, и не го прибирај назад, бидејќи со тек на време ќе сретнеш подобра прилика верувај.Подобро дај си шанса за подобро нешто ()иако сега гарант мислиш дека друг подобар никогаш нема да најдеш) отколку чекајќи го него и молејќи го да ги пропуштиш сите прилики во животот. Нека те моли тој тебе, а не ти него.А може и сретнал некоја летна авантура сега, па се мисли што да прави но моѓно е навистина да му е еднолична врската и едноставно да се тргне.
     
  4. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    22
    No sega posle se, on toa ne go saka, i koa mu rekov najdobro e da napraime mala pauza malku denovive da vidime sto kako ke se slucuva, on vika nejkam pauza sakam da bidam so tebe... stvarno nemozam da go svatam... mozebi se plasi da ne me povredi da ne napravam nekoja glupost ili sl. pa zatoa si vika do koa ide neka ide ... neznam kako da se ponasam posle se ova, dali da bidam ladna i da go ignoriram.. no taka nema da ja podobram nasata vrska......no premnogu mi e tesko da go ostavam :(
     
  5. kacita

    kacita Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    SVRTI MU GRB, IZLEGUVAJ SO DRUGARKI NAPRAVI GO LJUBOMOREN, IGNORIRAJ GO MALKU NA TELEFON,,,,,,, ahahahahaha DA VIDIS KAKO KE TI SE ZALEPIIIIII PAKKKK e togas ke imas GROM OD VEDRO NEBO :D
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    16.642
    Пол:
    Женски
    Ах овие мажи. Само по некоја будалаштина може да им текне. Денес те сакам, утре не сум сигурен, ту си ми забавна - ту си ми досадна, сега сака пауза, по 5 минути секс...
    Ќе ми извиниш ако малку те искритикувам. Не чини тоа што му се закануваш дека ќе се самоубиеш кога ќе те напушти. Лично дечко ми ми има кажувано за неговата бивша како секојпат кога прекинувале, таа вечерта демек се онесвестувала, вени сечела, се тровела... Тој да, и се враќал , ама со тоа уште повеќе му станала одбивна и ја отсакал. Така да немој да го задушуваш дечко ти, кога ќе ти каже сакам пауза, можеш само да го прашаш зошто, каде си згрешила, а не одма не можам да живеам без тебе ќе се убијам. Така по лошо ќе си направиш верувај ми. А конкретно за предлогот, остави го, и тие незнаат што сакаат може му се сонило нешто :D .
     
  7. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    487
    Кажи ми, дали ти би била со некој што не го сакаш ако ти се заканува дека ќе се самоубие?
    Се согласувам дека колку и да ти е тешко, треба да си ја кренеш главата и да го направиш малце љубоморен. Стави го на игнор, ти имаш и други важни работи во животот, не е тој единствениот кој ти значи.
     
  8. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    15.951
    Ова е мојот клуб :)
    Исто, одевме една година, врска од соништата... И што се случи? Отиде две недели на семинар надвор од државава, и се врати сменет, оладен, чуден.
    Плачев, не знаеш колку ми беше тешко. Си викав, дека нешто јас сум згрешила, сум претерала некаде, но не. Едноставно, кај нас ситуацијата беше следнава: Јас него го чекав, со љубов, да продолжиме да ни биде убаво, а тој се одбра себеси, околностите го направиле поладен и не можел да се соочи со стоте обврски плус јас да го притискам... :^)
    Дури еве, и по два месеци речиси, не можам да сфатам што се случи, но можно е (многу веројатно) да се презаситил од љубов. Ќе си речеш, е како? Епа така, човекот е ненаситно, асиметрично, себично суштество, и кога дознава дека е сакано, станува сурово и одвратно.
    Ме остави, откако цело време го напнував да ми објасни како, зошто се случило сето тоа, но на крајот сфатив дека апсолутно не му е грижа, нема како да се објасни тоа, оладил, емоциите ги снемало, и останав јас сама со љубовта во себе.
    Но, еве, сега имам некои можни додворувачи (ме нервира тоа, морам да признаам, повеќе е напор, одошто релаксација), и гледам да се олабавам од мислите за било каков спој повторно.

    Никако, и никогаш не смееш да му покажеш слабост.
    Јас со самото мое молење и плачење, му дадов сила за да продолжи да ме повредува.
    Сега е месец дена некаде надвор, и се надевам нема никогаш да го видам.
    Сакам да верувам во чуда, но животот е тежок и не е секогаш розев, така што немој да мислиш на негативните нешта, иако звучат банално и нема шанси да ти помогнат совети, но верувај - колку побрзо го тргнеш од себе, толку е поголема шансата да се заштитиш себеси, а дајбоже, да може да биде така како што сакаме секогаш - тој да се врати.

    Од сопствено искуство, знам дека нема да се врати, но тоа значи дека не бил вистинскиот.
    Верувам во љубов и во човек кој ќе ме цени и покрај сите промени околу него.
    Затоа велат - љубовта треба да се гради и чува взаемно. Ако едниот попуштил, оладил, треба да дозволи другиот да му помогне. Ако едниот чувствува ете, здосаденост, нешто дека не штима, треба тоа да се поправи и да се вложи доволно за да успее.
    Меѓутоа, не сме сите силни, храбри и никогаш не се сакаме истовремено со ист интензитет.

    Сфатив: Мажите никогаш, ама никогаш не знаат да го ценат она што Жените го прават за нив. Ретки се случаевите кога тоа ми се потврдило. Зборувам за секоја релација, не само љубовна.
    Остави го на игнор. Врати си се себеси, не дозволувај да размислуваш дека без него си ништо.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.540
    Зошто бе девојки толку трагично ги сфаќате разделбите? :( Жал ми е кога ќе видам... Стварно и несакам да сум во кожата на некој што му се случува тоа. Јас пак, многу брзо се заљубувам, сакам премногу, но по раскинување најмногу ми треба една недела за да дојдам при себе. После тоа веќе како ништо да не се случило. За таа недела се опседнувам со тоа каде и колку ми згрешил, каква ни била врската и зошто дојде крај. Веднаш сфаќам каде е грешката и толку е, нема повеќе што да се мисли, така требало да биде. Тоа е само една цигла во ѕидот. Иста, како и сите други. Ќе помине време, ќе се срамиш од самата себе од самата помисла некогаш да си го одземеш животот. Пошто знам по мене. И јас истото сакав да го сторам, но животот е најдрагоценото нешто кое ни е подарено, да го живееме на свој начин и не вреди за никој да си го одземеш... :* Ти праќам најпозитивни мисли ;)
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Секоја чест за постов Шилеа! :clap:
     
  11. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    39
    Паметно кажано...се сложувам
     
  12. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    22
    Jas realno sum svesna deka nikogash ne treba da mu kazam deka ke si go odzemam zuvotot bez nego ne vredi itn.. no vo momentot custvuvav pregolema bolka... nesto sto vaka so zborovi nemozam da go opisam, gadenje macnina , pritisok.... nemozam nemozam da se navrakam.. boli toa cuvstvo...nemozam da se kontroliram i nemozam da gi potisnuvam cuvstvata pred nego... ednostavno toa e posilno od mene.. znam deka mozebi napraviv greska, no sto mozam :(
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    :doh: ова може да го разбере некој кој го доживеал ..емоционално се почуствував скршена и немоќна да си ја поправам грешката која ме чинеше многу ...крај на најубавата врска во животот сега баш кога се спремавме да зачекориме во брачните води
    не го ни изневерив , но му бев лута лутината си го направи своето и заради еден безобразен флерт ќе го изгубев човекот кој ми е се , страшното е што безуспешно многу се трудев да му објаснам колку се каам едниствено што ми остана да плачам силно ..душата ме болеше и неможев да поверувам дека тоа мене ми се случува сега и тука со него ,а тој се претвори во некој што не го познавам ладен и тврдоглав цврсто одлучен да Стави крај оцајна бев што не мисли ми поминаа низ глава зарем се ова да заврши заради толкава глупост ..а тој зарем тој нема трошка сожалување и човечност во него . Почнав да го гушкам силнo и ме отфрли можеби тоа ме заболе најмогу ..се што ми рече ..
    и сега ете на таа работа како да и нема крај , плановите за заедничката иднина дефинитивно променија
    тој ќе има иднина ...но мене ќе ме нема во неа |-)
     
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    ..I know :(
     
  15. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    22

    Tocno deka ova moze da go razbere samo onoj sto go doziveal...
     
  16. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    22
    Zasto tolku mora da boli razdelbata... eeh da imashe edna magicna pilula pa da mozesh sve da zaboravish :D nie zenskite sme premnogu emotivni...
     
  17. smartass

    smartass Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7

    Ова ми се случи и на мене :( :( :( заради глупав,безначаен флерт и заради лјубомората од страна на другаркте излегоа муабети дека сум го изневерила дечкото...2 месеци ми беа пекол-неколку дена и раскинување.. Се најдов во ситуација одеднаш да сум со крајно леден човек,тврдоглав и суров кој воопшто не му е гајле за мене (не дека не му беше ама пуста гордост) .Ми изнакажа работи од кои 2 дена умрев од плачење а најлошото беше што знаев дека имав делумно кривица поради тој глупав флерт.Фала богу Ми прости иако уште мисли дека сум го изневерила иако никако не можев да докажам дека не сум.It's the world against me!! :D е смешно е ама и жално :D
     
  18. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    22

    Tesko e samo ednash ako ja izgubish doverbata kaj onoj sto go sakash.. posle dzabe ti e da se dokazuvash kolku i da e potrebno, sekogash ke se somneva i nemozesh da objasnish ni pa ke bidesh svatena...
     
  19. smartass

    smartass Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Најлошо и најглупаво е што нема начин да се докаже,а со тоа и тешко се врака довербата.. But I'm trying :)
    Кога има лутина нема сваќање, иако секој нормален човек има симпатии кон други луге а само еден што навистина се сака
     
  20. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Мојата сторија (можеби нешто ќе ти помогне):
    Бев со дечко 2 години и кусур. Во текот на тие 2 години два пати ми се случи он да ми раскине. Од чиста мира!!! Нешто во моментот ќе му светнеше и крај. Вториот пат ситуацијата беше да ми се јави излези одма и оп раскинуваме. Со претходно напишаното ме потсети дека и јас исто реагирав. Во моментот подобро некој да ме убиеше отколку ова другово. Со моето плачење, жалење и кукање првиот пат се смиривме после еден ден а вториот после еден саат. Кога сега се присеќам единствено си викам: колку сум била глупа?! После тие дешавки врската си продолжи. Крајниот момент го избрав јас! За лично чудо од нигде јас бев таа што го означи вистинскиот крај (поради 1001 небитна причина). И ден денес се среќавам со бившиот и само ми е јасно дека он е во тотална збунка. Јас која не можев да си го замислам животот без него а тој тоа го знаеше сега не го рецкара ни 2%. Баш викендов бевме излезени заедно (тука подразбирам секој со својот `нов` партнер) и знам дека како и многу пати претходно он беше изненаден од мене!
    Целиот муабет ми е дека се е минливо!!! И секоја болка, радост, скршено срце, се, се, се ќе пројде. На крајот ќе сфатиш дека никој не е вреден за таква мисла, реакција и сл. Ама секој додека не осети на своја кожа нема ни да знае.
    Знам дека еден ден и ти како и јас ќе си се чудиш сама на себе ама тоа е :)