1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Група за поддршка на лица што дткаат(пелтечат)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Galwaygirl, 28 септември 2020.

  1. Galwaygirl

    Galwaygirl Нов член

    Се зачлени на:
    28 септември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Сакаме да се собереме повеќе луѓе со таа говорна мана и да го правиме тоа што го прават веќе по цел свет со support groups. Ни здружение, ни група за поддршка...ништо нема, а тоа многу помага. На балканот пример Србија ,Бугарија,Грција и многу други веќе имаат, но во МК сеуште не се оформило. Ако има некој заинтересиран или познава некој што би бил заинтересиран, пишете ми.
     
  2. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Јас го немам овој проблем. Имав блиска другарка што не можеше да се контролира кога ќе се исплашеше. А онака супер зборуваше со сите, само со професори, на шалтери, пред непознати кога имаше трема некоја почнуваше да пелтечи и од нервоза никако не успеваше да каже тоа што сака. Сега свекорот кога се брза да каже нешто пелтечи и јас знам дека му е нервозно па трпеливо чекам да се доискаже. Мојот сопруг исто така пелтечи, но не било така отсекогаш. Во градинка од траума целосно го изгубил говорот, и потоа му се вратил, но сега пак се случува да пелтечи кога е нервозен, кога има трема и кога е исплашен..

    И јас сметам дека треба поддршка за оваа работа. За жал не познавам никого, но можеш да контактираш со некоја невладина организација да се организира некоја работилница, да бидат вклучени средношколци и сите заинтересирани слободно да одат. Ние така организиравме работилници за деца од провинции кои беа дискриминирани додека бевме во средно образование.