1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Групни попусти

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WomanInRed, 15 октомври 2012.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Пред некое време, настана експлозија од сајтови за групно купување. За многу кратко време освен сајтови се отворија и Фб апликации за групно купување ..
    Не знам за вас но едвај чекам да најдам нешто на попуст..


    Колку ги користите ваквите сајтови за групни попусти?
    Кој од нив најмногу ви се допаѓа?
    И што би сакале да има?

    еве некои од нив

    http://voskopje.com/
    http://mk.kolektiva.net/skopje/
    http://www.bagatela.mk/ агрегатор на групни попусти
    http://www.sakampopust.mk/
    http://www.wow.mk/

    Ставајте добри понуди, предлози.. колку сте задоволни? Дали сте задоволни? :)
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Grouper си го заборавила :D

    Имам земено купони неколку пати, еднаш за солена соба што беше одлична зделка и еднаш за ручек во Густо. Јас бев баш задоволна, затоа што за солената соба (што ми беше навистина потребно) добив попуст од 60% мислам а услугата си беше најрегуларна. Прво мислев да не сакаат да не зезнат нешто ама не.

    Во Густо имаше понуда вечера за двајца за 600 денари и тие пари воопшто не ги жалам. За 600 денари со другарка ми се прејадовме, а вообичаено мислам дека чини над 1200 денари.

    Ако начекаш работи што стварно ти требаат/ги сакаш тогаш групниве попусти се одлична работа. Јас не сум љубител на масажи ама за тие што се цело време има некои понуди кои се со навистина пристапни цени.

    А заборавив, имам земено уште едни купони за коктели во еден кафич на Иво Лола Рибар. Е ова беше чист промашај, ама околу 50 денари беше коктелот (читај сокчето). Сепак мислам дека ова беше грешка на кафичот и нивна скржавост. А баш се сеќавам дека огромен број на купони се продадоа.
     
  3. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    купувам обично преку колектива и најчесто понудите за спа центри и одмори.
    еве сега викендов за 5200 ден за двајца ке одиме во банско алл инцлузиве и користење на цела велнес програма и спа.
     
  4. AnaSto

    AnaSto Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Има доста нови што значи и поголем избор

    келепур,
    салестарз,
    веб клиника
    Сите попусти-според мене е еден од најдобрите
     
  5. iv.lady

    iv.lady Нов член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0

    Фала за предлогот :)
    sitepopusti.com-стварно добар сајт
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Кога одите да искористите некој купон,на пример за храна, дали во старт кажувате дека сте со купон или на крај? На некои места оинаков третман и услуга добивте кога знаат дека сте со купон за попуст.
     
  7. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Секогаш кажувам дека сум со купон и веднаш го давам - за да знаат што да зготват, нели пишува на самиот купон. А и сметката кога ќе ти ја донесат, пишува на неа дека е со попуст.

    Што се однесува до третманот, тоа зависи од стандардот на ресторанот/кафиќот, каде и да е попустот. Имам и позитивни искуства, а и негативни - кога на слика е едно, а во тањир дупло помалку (на пр.во Бирократ).
    Како позитивни и на кои секогаш со задоволство им се враќам се ресторан Национал и ресторан Аванти (во ГТЦ). Во Национал храната е превкусна, никогаш не ме разочарале :)

    Он топик - најчесто купувам од lapaj.mk зашто се плаќа на лице место, дома само го принташ купонот, а и од kupinapopust.mk затоа што даваат и поени со секое купување :)
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Оние што се сериозни и што сакаат пак да им дојдеш нема да те прават будала. (За Аванти секоја чест). Ама има неколку места каде што повеќе нема да стапнам :D
     
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не користам групни попусти, не ми се замара си купони и такви ствари, а кога се работи за услуги, не знам дали се добива истиот квалитет.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.