Форумџика на годината

Давање на пристап до интернет на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 13 јануари 2025 во 11:21.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Темава не е за колку гледале на мобилен цртани или нешто. Ме интересира кога им купивте паметен телефон, кога им дадовте пристап до интернет, што прво допуштивте? Колку слобода имаат кога станува збор за користење на телефон и апликации?
    Моево сметам дека е мало уште, има телефон за јавување, ама нема интернет, не гледа на мојот на телефон, она што гледа е на тв. Е сега, гледам дека во школо повеќето веќе имаат и интернет, така што јас и да не дадам, пак гледаат таму. Што искрено, ама баш ме нервира. Посебно кога ќе речат, ама сите имаат, како да го двојам моево, бла бла.
    Па, направивте ли муабет што е интернет, што е безбедно, што не, што смеат да прават?
    Од каде почнавте?
     
    На 1209, senjorita-v, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    31.861
    Пол:
    Женски
    Јас му дадов паметен телефон со интернет летово. Сега е четврто одделение и сите други во одделение добија телефони, а голем дел имаа уште во трето (околу пола одделение).
    Сметав дека е мал, ама за да оди на фудбалски камп експлицитно ни побараа да има телефон со интернет (ќе правеле некоја стратегија на УЕФА апликација). Ден пред поаѓање трчавме во Телеком да земеме број и се сетиравме. И така морав инаку немаше да му дадам. Е штом веќе еднаш го доби немаше смисла да му го земаме.
    Е сега уште кога го зедовме теефонот му направивме детски профил и инсталиравме Family Link (Андроид телефони користиме сите). Преку таа апликација имаш контрола на тоа што е инсталирано (мора да ти побара дозвола да инсталира нешто) и се сетираат лимити за секоја апликација (кога се достигнува лимитот се гаси апликацијата). Прво почна со Вибер со децаат од одделение да комуницира и инсталиравме две игри што заедно ги играат. Во моментов Роблокс (што беше една од игрите односно платформата ) не му е дозволено да ја корисит бидејќи почнаа да играат многу насилни игри. Обично се договараме која игра смее да ја игра според возраста, која не смее (односно не е добра). Често преговараме околу тоа што смее да гледа на Youtube и кога на Вибер ќе добие видео ако видам дека не е добро одма разговараме зошто не е добро (на пример има деца што пуштаат ТикТок видеа или видеа со навреди за луѓе или против школо).
     
    На Cosmic Girl, Seli20, Ava.84 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    И ова е дел од проблемот. кога од школо се бара нешто да се направи за што е потребно интернет. И после, ама не им давајте телефони на децата, вакви, онакви.
    На јутјуб има све и свашта, секој клик води до нешто друго, толку мали, а се полнат со глупости. Да е до мене би постоел закон за забрана на користење интернет до одредена возраст. Или трето одделение имале whatssup група, ко зошто? Порано што и да беше во школо остануваше таму, сега доаѓаат дома и дома ги следи истото, едноставно немаат никаде мир. Глупости било, се зафркавале само, ама така се почнува.
    Па се чудат родители детето од кај такво однесување, а им дале пристап на децата до јутјуб, до све и свашта и спијат на тоа уво дека некаков мониторинг им правеле. А уствари е еве ти, само не ме замарај. (не зборам ова за тебе лично, за она што го гледам.)
    Ова е една од работите што не може човек да замижи и да биде она секој знае за своето дете, зашто ова има влијание и на другите деца.
    Мене ми е рано, сметам дека е мала, од друга страна се другите со телефоните залепени за раце, тук и таму се наоѓа по некој што исто уште смета дека не им е потребно. Ама, не ми е сеедно кога гледам дека детето се осеќа изоставено. И на крај ни натаму ни наваму.
     
    На dunika, Seli20, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    31.861
    Пол:
    Женски
    @RainBow мене искрено Youtube и такви слични многу ме плашат. Нема контрола што гледаат. Затоа на телефон скоро и да не гледа YouTube. Гледаме на телевизор цртани на YouTube заедно. Ама и нивните групи на Вибер се полни со глупави клипчиња. Тоа ми е најтешко за објаснување/менаџирање. Среќа па мојов уште ги покажува па можам да реагирам. Ама се гледа дека има и деца без контрола. Имаме дете во одделение кое од второ одделение е Youtuber и мајката е горда на тоа. Мене коса ми се крева.
     
    На Cosmic Girl, Seli20 и RainBow им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.026
    Пол:
    Женски
    YouTube Kids е подобар избор. Има филтрирана содржина и родителска контрола. Може да се блокираат видеа или канали. Нема дел за коментари, што ги спречува несоодветните интеракции и има различни категории за деца на возраст од 4 години, 5-8 години и 9-12 години мислам беше.

    Смартфон дадов на 9 годишна возраст, поврзан со нашите телефони преку фемили линк. Времето им е ограничено на 2 саати во денот, после кои, самиот телефон се блокира. И освен опција родител, број за итни случаи и да одговарат на повик, друго не функционира. Значи станува скроз основен телефон. :D Социјалните мрежи и јутјуб им ги имам комплетно блокирано. Самата апликација користи алгоритам за филтрирани содржини кога се гугла. Блокирани се несоодветни веб страници.

    Кога почнаа во школо, имаа smartwatch kids. Со џпс, повик за родител, повик за итни случаи. Со нет почнав постепено, прво со мојот телефон, но само преку самсунг кидс. Целосно безбедна апликација за деца, исто со ограничено време.

    Мое мислење е дека пристап до интернет треба да имаат тогаш кога родителот ќе процени дека се доволно зрели да ги разберат барем основните ризици од истиот. И повторно треба да биде со мониторинг од родител и ограничено време. Треба постојано да се зборува и објаснува. Моиве се сега поголеми, па се уште имаме вакви разговори.
    Е ова ми е комплетно посебен феномен. Притисокот од општеството, училиштето и врсниците. Дел од поголемиот проблем со кој многу родители се соочуваат, меѓу кои и јас. А ова со школите што бараат задачи или проекти за кои е потребен интернет, а после, пази, истите тие го нагласуваат негативното влијание на користење телефони и интернет. Мислам, втф. И еве сега од февруари им бараат таблети во школо, пошто ќе работат на нив. Добро, бар не се гужваат у ранци, ко тетратките. :D
     
    На Seli20, 1209, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    21.734
    Пол:
    Женски
    Телефон нема и нема да има во скоро зошто има смарт часовник.
    Има таблет со игри и кидс јутуб, со дневно ограничување.
    Игрици и се што симнува стига на mail, па треба дозвола.
    Надвор од дома, на одмори, викенди и слично таблет не носиме.
    Многу мразам кога ќе видам надвор дете со телефон у рака, на плажа, во парк
    Уште поужасно е дете за рака го држи мајкава тоа зјапа у телефон.

    И многу е глупо тоа сите имаат.
    Имаме проблем само со едно дете така, ако се запне сега да гледа мора да е одма, ако јас пример на мојата не и дозволувам, и после зошто нејзе ќе и дадат, моето плаче и се лути, зошто јас стојам на моето, а и нели нема телефон, мој не добива.
     
    На Cosmic Girl, Mumoftwo30 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  7. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    За кое оделение дете зборуваш точно,не ми е баш јасно?Една година плус или минус прави разлика.Она другите имаат јас не дозволувам на мое дете,не е проблем само со интернет и технологија.Тоа е вечно прашање и колку е некој има став и верува дека е исправно.Посебно приметувам мегу девојчиња дека се делат и сакаат да имаат исти работи ,прибор,ташни розеви и друго.Смарт телефони не оглупеа и деца и возрасни ,планирам да поминам на класичен телефон.Јас ако бидам примерот тогаш не е забрана ,туку навика.Не ги осудувам родители што даваат телефони ,нивен избор во моментот.Увидов дека е многу штетно,бев на другата страна.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    3то или 4то одделение... И не прави некоја разлика една година кога се помали, што знам. Телефоните прават посебна поделба зашто тогаш не си уклучен во она што се случува, а дали некоја имала некаква ташна и не е до толку проблем. Гледале некое видео, го споделиле, се смеат, и сега неколку исклучоци не знаат што се смеат другиве, овие другиве ги гледаат ко заостанати, на пример... Тоа е проблемот.
     
    На Cosmic Girl, JoyJoy и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  9. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Имаат школска група деца од 4 оделение,си пуштаат работа на час,домашни,роденденски покани.Ова е новата генерација,ако го исклучиш скроз ке нема друштво за дружење,,и нема да биде во тек..Го имам инсталирано истот вибер на компјутер за да бидам во тек со кого се допишува ,и што работат на училиште.Габор МАТЕ има убава книга за оваа тема ДРЖЕТЕ СЕ ДО СВОИТЕ ДЕЦА.Контрола мора да има во интернет простор,смарт часовник има ,свој компјутер исто.И кажувам дека ГОГЛЕ не кажува баш се вистина ,кога ке најдеме печатна грешка или неточен факт во енциклопедија или книга.
     
    На Cosmic Girl, mariz и JoyJoy им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    31.861
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna како има родителска контрола на Youtube? НАа YoutubeKids знам дека има ама таму има поголеми глупости од обучниот Youtube зашто малку има National Geographic содржини на пример а многу од тие дечиштата што прават глупости од размазеност.

    @RainBow следење на исти содржини со другите е битно за да се чувствува вклучено. Ама затоа разговор за се е битно. И плус учење дека телефонот служи и за други нешта освен игрици и видеа.
     
    На Cosmic Girl и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.026
    Пол:
    Женски
    Знам за кои збориш леле, ниту јас не ги сакам тие ич. Глупости живи се тоа.

    Иначе не мислев на јутјуб, туку на јутјуб кидс. Мислам дека така и се изразив. За обичниот искрено појма немам, никогаш не сум ни проверила, ама не го ни користат.

    Еве да се самоцитирам, да нема недоразбирања.
    Значи да повторам уште еднаш, јутјуб кидс. :D

    Има да одбереш по категории и останати опции. Ама не можам да ставам слики, се гледа меил и името на малиот, а ме мрзи да правам блур.

    Во опции, има еден клик за профили на деца и таму се подесува. Што е најбољи, нема реклами на секои 10 секунди, поточно, досега немам видено реклами воопшто.

    Сега не знам, син ми гледа нетфликс, прајм или дизни, исто детски профил. На јутјуб кидс обично песнички сака.

    Али има и интересни цртанчиња, што тука обично идат на тв. Оние на Того или Кика и некои едукативни емисии има. Мислам овде, ако нема лиценца, не ни иде на јутјуб. Изборот ни е секако ограничен, за разлика од оној во Мк.

    Едитирам: да не бидам погрешно разбрана, јутјуб кидс е подобар избор од јутјуб. Ама не и најдобар избор.
     
    Последна измена: 14 јануари 2025 во 22:27
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.247
    Допаѓања:
    76.275
    Пол:
    Женски
    Кај мене поголемиот има телефон (мој стар, скоро наследен), на 9г. Малата има таблет. Имаат двајцата интернет само дома. Youtube немаат, само youtube kids и двајцата. Им следам се што користат и колку користат преку Family Link и имаат ограничено време во денот. Кој не го знае ова, апликација е со која буквално се им контролирате, дури и GPS има за да се следи каде е детето. Моиве мали само не искачаат и не шетааат..
     
    На Cosmic Girl и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.247
    Допаѓања:
    76.275
    Пол:
    Женски
    @RainBow како гледаат во школо? Тоа мора да се разговара со наставничките... Телефоните им ги зимаат кога ќе дојдат и стојат во кутија, им ги даваат кога си одат...
     
  14. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    72.907
    Пол:
    Женски
    Ме плаши кога ќе дојде овој момент. Се уште е мала но имав прилика минатата година да видам дека сите се со телефони од 5 години и нагоре. Среќа имам дома човек што сепак ќе може да го контролира тоа и да се направи филтер на тоа што смее и што не смее да се гледа. Youtube kids исто можеш да одбереш ти кои канали може да гледаат и тоа е тоа. Family link исто така за контрола што и колку време седи на нет.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    31.861
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna знам за YoutubeKids, ама таа апликација особено ме нервира зашто нема едукативни содржини. Едно време Биби и Боби ги немаше на YoutubeKids, ама тие Руските или УКраински или какви и да е беа деца размазени вриеше. Така што неме тоа kids ми се виде како полош избор, особено за содржини на македонски јазик. Затоа се договорив со детето дека на обичен youtube ќе гледа содржини ама за се ќе прашува. Сега за сега се придржува до тоа. Никогаш не гледа youtube само во соба. Секогаш е со нас присутни до него па и да налета на нешто одма се реагира. Кога е сам гледа или телевизија или содржини на Max (има многу детски работи со превод плус).

    @mariz не гледаат додека се во школо. Ама гледаат и препраќаат видеа додека се дома а потоа во школо ги коментираат. Ако детето нема Вибер тогаш нема да знае што се споделувало, нема да може да се вклучи во разговорите.

    @macka91 5 години е многу рано за сопствен телефон. Ние тука за 8/9/10 години се чудиме дали се мали или не.


    Е едно позитивно од сопствен телефон со интернет е што можеш да следиш каде е детето амок оди некаде само. Пример денес сам одеше одредено растојание до кај моите. И кога стигна пред зграда добив нотификација на Family Link дека стигнал. Секако се слушнав ја со баба и дедо потоа ама не можев одма да им се јавам туку само видов нотификација.
     
    На Lianna Anna и mariz им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Пред да влезат, после, некогаш не оставаат телефоните, деца се, кога се сака и ќе се најде начин. Или кога оди негде да си играат, а детето има интернет, затоа и веќе не ја пуштам таму, кога гледам дека детето нема контрола. Доаѓа еднаш и ми вика на снапчат се сликале. Снапчат човече. Ако сакаат тука кај нас може да дојдат, нема телефони и тука си играат, таму веќе не оди.

    Јутјуб кидс ме нервира од причина што се видеа, гледаше онакви со децана што прават глупости, и само скрола, ќе изгледа две минути три и ај ново, и после проблем со внимание.И нема ни тоа засега, цел цртан на тв, повели гледај, филмови гледаме, знаеме заедно да гледаме некои видеа, со животни слатки посебно, зборувам за интернетот што е и како е уште од почеток.
    Ама, да и дадам whatssup да има, да биде во група уште од сега, или на вибер, или едно и инстаграм има, само роднините биле де, ништо не било страшно.

    Не знам, стварно мислам дека е прерано, ако дадеш кога се толку мали што ќе им дадеш кога ќе имаат 11? Тогаш веќе све ќе им биде достапно кога си почнал од седум или осум години со другиве работи.
    Исто така, сметам дека кога веќе си дал да инсталира апликација за комуникација тогаш даваш и одредена доверба дека ќе знае што да прави, а не до толку да се навлегува во приватност и нон стоп да им се читаат разгвори. Затоа не го сфаќам ова со групиве уште од мали.
     
    На Lianna Anna, senjorita-v и JoyJoy им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.948
    Допаѓања:
    31.861
    Пол:
    Женски
    @RainBow кажв дадов дека морав, ама затоа сме со контрола. Не ги читам сите пораки на Вибер. а,а ако има видеа пратено во групата ги гледаме заедно. Не како контрола да му дојде на детето туку ајде да видиме дали некој пратил нешто интересно. И гледаме заедно. Ако е стварно лошо тоа што е пратено разговараме. И веќе сам научи да кажува дека некој пратил „лошо“ видео.
    Му покажувам и како се пребарува на Google, му имам покажано и како функционира AI (креиравме слика со помош на Dall-E во Bing). Му укажувам дека не може да верува на се што ќе прочита на интернет, дека Wikipedia исто така не е релијабилен извор на информации и слично. Не знам се фативме на орото и мора да го играме.
    Мојов среќа не е навлечен на reels, shorts И такви чудесии. Уште гледа диносауруси и такви работи. Имаше период кога почна да гледа како се играат игрици зашто едно од децата на нашите другари тоа правеше па тука исто реагиравме дека не може тоа да се гледа. Мора постојан надзор. Нема бегање од тоа. Инаку и мене ми е преферабилно филм да изгледаме заедно и тоа и правиме многу често за викенд или сега за распуст. Ама во одделението има деца што во 4-то одделение немаат концентрација да изгледаат филм (знам од родендени што се славата во кино неколку пати мајките ми го имаат фалено дека е еден од ретките што цел филм го гледа без да прави глупости).
    Имавме и инцидент на Вибер со такви глупости напишани што мене срам е фати од напишаното. Ама и да го немало Виберот тие гнасотии пак би биле кажани. Само веројатно на одмор или слично и тогаш можеби и потешко ќе се откриеше. Вака полесно се алармираше родителите да „си ги приберат децата“.
     
    На Cosmic Girl, RainBow и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.681
    Допаѓања:
    168.123
    Пол:
    Женски
    Темата за телефон и интернет пристап на деца ме натера да се сетам на моето онлајн искуство. Првиот телефон го имав на 10 години, и од тогаш имам интернет дома. Сега имам 28. Цело полнолетно дете сум на интернет и во мое искуство е "highway to brainrot".

    Сум имала убај искуства, само тука сум од ко имав 12-3 години. Пред ова Гламстик и еден форум за Ангели серијата. Паралелно со тука бев на tumblr, hi5, kik и листата оди до недоглед. Шо се имало, јас сум имала.

    И иако сум била дел од многу луѓе, социјално ми поможи многу, ја преживеав и дискусија интернет ерата од 2015/6 и сигурна сум дека драстично различен чоек ќе бев без интернет - мислам дека една од најголемите грешки на моите беше шо јас имав неконтролиран и неограничен пристап на интернет.

    Можев да побарам се шо ме интересира, а сигурна сум дека до сега знајте дека многу работи ме интересираат. Curiosity killed the cat. Можев да ја побарам и најмалата и најморбидната ситница шо ме интересирала и да западнам во одреден rabbit hole. Се сеќавам бев тинејџерка ко открив теории на заговор, глупо дете, па voila дојде и страшна анксиозност на сцена зошто детски мозок не можеше да се справи со промените во околината шо ги имав приватно, со уште дебел слој нефилтрирани интернет информации. Физички болки од та анксиозност имам до ден денешен. Од друга страна веќе со години истото го читам за забава. Вредеше? Шознам. Можам и друго да читам за забава, еве не мора то. Памтам експлицитно дека еднаш се соживеав со нешто шо го читав и не можев да се стабилизирам поќе од неколку недели. И ова беше шема низ која се движев.

    Можев да зборам неограничено со кој сакам, не бев запознаена со stranger danger и мислев дека е то лимитирано само во живо. И онака има инстанци од ко бев дете на кои се сеќавам шо прат крвта да ми мрзни од сегашен аспект. Колку бев во опасност, ама не бев свесна. Ни малку. Мислам дека доволно е да се кажи ова: една година со класот кик ја користевме сите како социјална платформа за меѓусебна комуникација. Е сега here's the catch: можеше да ти пиши кој било и најчесто пишењето беше дикпик од маж, притоа во опис на профил пишеше дека сме малолетни сите (цел клас). И ију крип и блок не ми ги бриши менталните слики. Као, оти колективно користевме кик? Чија идеја беше?

    Или Tumblr. Толку многу даваше креативна слобода. Толку многу даваше можност за индивидуализам. И толку bittersweet ми е платформата зошто двете работи за кои е најпознат Tumblr, покрај ова позитивното шо кажав, се: 1) ED (eating disorder) културата и про-ана (про анорексија) содржина и 2) глорифицирање на психички потешкотии и охрабрување за самоповредување. Замисли да си дете, во раст, со сите промени шо ги носи пубертетот и да си изложен на ова содржина.

    Ај покасно научив како треба да се справувам и идентификувам ситуации ама па и пораснав. Можи зато сум толку заштитнички настроена кон деца. Пошто се осеќам како да немаше мене кој да ме заштити.

    И можам да седнам и конкретни ситуации да пишам цел ден пошто има многу. Ама дел од најстрашните сценарија ги кажав веќе. Јас се сакам себеси со се фалинките шо ги имам. И знам дека не би била ист чоек ако го немам ова целокупно искуство. Ама можда и не мора да го имам? Еве и да бидам поинаков чоек. Можи покасно да научам каков е светот и какви се луѓето и некоја морбидна реалност. Не мора на 10 години или на 12 или на 15. Нека беше покасно, по цена да сум ете и поинаква.

    И жал ми е дека колку и да се трудиме, 10 години е сега стандард за интернет на деца. Ај јас ко бев скроз на почеток беше исклучок. До крај на основно (13-4 години) стана стандард сите да имаме телефон со интернет, интернет дома веќе се подразбираше. Ама од друга страна сега колку толку поќе можи содржината да се ограничи и контролира. Цел тој интернет простор не им е дирек на дланка. Шо е добро. Зошто интернет просторот, во негова целост, не е безбедно место.
     
    На dunika, fana, strelec231992 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.550
    Пол:
    Женски
    Убава тема, интересна ми е за читање, без разлика што моите деца се големи.

    Стварно не е лесно да се одлучи како е најдобро и контролата е предизвик.

    Интересна случка ние кога растевме:
    Син ми беше мал - прво негде мислам беше. Немаше пристап до интернет на телефон, лап топ користеше ама покрај нас. Вратата од соба отворена или во дневната, па секогаш знаев што гледа.
    Еднаш гледаме затворена вратата од соба, што никогаш не се случува. Го ѕиркаме, демек ништо не прави.
    После тоа, проверивме во историја што гледал тој на јутуб и во препорачани видеа си нашол еротска шпанска серија. Немаше експлицитна голотија, ама по долна облека разголени жени и мажи во кревет си се бакнуваат, си се мазат.
    Знаел дека е срамно, си затворил врата дечкото да не го фатат. Ама не знаеше дека може да се види историјата.

    Сега се знаат. Ние не знаеме нешто како да најдеме, тие ни објаснуваат. Знаат и дупли профили и маркетнишки трикови, ги работат социјалните мрежи како профи.

    Поентата е да научат сами да се контролираат и да дојдат до тоа сами да се внимателни корисници на интернет. А најбитно е да научат да проверуваат информации, дали се фејк и со која причина се објавени. Тоа е најголемата опасност со која наредно се соочуваат.

    Синов не сака насилство на пример да гледа, многу го вознемируваат кога знае дека се реални. А во училишната вибер група понекогаш некои деца знаат да споделат такви видеа - на пр. од тепачка некоја која е вистинска (не од непосредна средина, ама сеедно).
    Сме разговарале за тоа зошто некои деца имаат потреба прво да ги гледаат тие видеа, а уште потоа пак и да ги споделуваат со класот. Девојчињата истотака се згрозуваат од нив и им реагираат.
    Фраери ли се мислат, дека се силни, се докажуваат ли нешто пред другите што ли?
     
    На Snowflake_62, JoyJoy, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Па, не знам колку истото би било во лице кажано. Како што знаеме и самите, друго е кога си позади екран и можеш свашта да напишеш... И плус, одат дома и се уште се во контакт, читаат во група што се пишува. Сега се мали, не дека нешто ќе биде трагично, ама се менуваат за брзо работите, ќе почне исмевање и нема кај да се скриеш, одиш дома и те следи.
    Инаку, како пишувам самата себе се убедувам дека поокеј ми е засега да е искучена од глупостите што ги праќаат во групата, отколку да и дадам whatssup да користи.
    Постот на @theowndemon погоре кажува многу работи.
    Па кога ќе ми текне ние на мирц кога седевме и што глупости пишувавме и колку се стававме во опасност, имавме среќа на крајот што не дојде до некоја посериозна ситуација.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.