1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Давање таблет/мобилен

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 8 септември 2021.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Не знаев како да ја крстам темава а и не најдов таква.

    Мајки дали и од која возраст им дозволувате на децата таблети/мобилни за забава? Под поимот забава мислам на "игрици" или едукативни апликации за соодветна возраст на пример. Мојот има 4 ипол години и е презагреан за игри на мобилен (јас и татко му немаме на нашите мобилни игри) освен Јутуб кидс. Но проблемот настанува кога ќе излеземе надвор и гледа од други деца па потоа е драма како он немал а сака да игра игри како другите деца. И сега прашањето е да се биде строг доследен родител или да попуштам бидејќи живееме во такво време.
     
  2. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    4.626
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека се што е умерено е добро. Сепак на многу мало дете до 2г не гледам зошто би се давало за забава. Веќе кога ќе разбира друго е. Сепак во такво време растат и не би да биде да се осеќа како одделен или дека му е забрането нешто. Да се има одреден период временски колку би се користело тоа и толку.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Моето е 5 год.Ајдњ му дадовме игрици од едукативен карактер,незнам бројки,букви,форми.Ама децата се доста интелигентни па научи како сам да си симне од плејстор и почна да си симнува се.Еднаш симнал некоја игра каде што некој човек му ја исекол главата на некое куче.Се уби од плачење.Пресеков и реков игри нема.Кај нас најголемиот проблем беше што ќе договоривме на пр дозволено ти е половина час,и после тоа беа драми за уште.Сега му се скроз забранети и помирен си е со тоа.Ние му купивме Нинтендо па знае да си поигра супер Марио.Ама и тоа е со договор кога смее и колку смее.Јас сум за да не се дозволува игри на моб.Јас сум со две дома па неможев постојано да му вршам контрола што игра во моментот.
     
    На Snowflake97, minneymouse82 и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.079
    Допаѓања:
    20.835
    Пол:
    Женски
    2 год и 9 месеци јас му давам да игра едукативни игри на телефон, си има негов тел :D сега се научи и сам си ги пушта, еднаш денот игра се на се пола саат и обично е навечер. Сам го остава, засега нема проблем. Ако му го земам не прај драми.
    И не сметам дека е страшно оти учи од нив :)
     
    На minneymouse82 и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Многу сум против, не знам можеби моите најзаостанати ќе се. СиН ми е скоро 5 години и дури оваа година имаше дозвола на таблет по пола саат еднаш неделно да „штрака“ демек игра. Он не ни знае, му спуштив некои едукативни као, и толку. Не ни бара од што не му е секојдневие телефон/таблет. Помалото дете, 2 годнини, воопшто не игра ниту гледа на телефон. Цртани - песнички гледаат единствено на телевизор. Големиот знае да каже некогаш дека во градинка другарите разговарале за игрици кои ги играат, во моментот малку ќе покенка и му поминува. Мислам дека не е неопходно во овој период со оглед дека од тоа им нема бегање, па барем сега нека играат вистински детски игри. Искрено кога ќе видам и пред зграда деца излегле да играат, а они седнати на телефони не разговараат едни со други - не ми се допаѓа. Ама ај да не зборам многу, знам дека истото можеби ме чека со ваков начин на живеење и технологија.
     
    Последна измена: 10 септември 2021
    На dunika, Oneo, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  6. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Од 2.5 години и купивме на прицезата таблет. Го користи скоро секој ден максимум 1 час. Игра едукативни игри и гледа цртани на Youtube Kids.
     
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    34.241
    Пол:
    Женски
    Кои таблети се за деца? Ако може име слика линк?

    Ние дома имаме само нашите два телефони и телевизор кој седи исклучен цело време.

    Исто и на моево 4год едно другарче 5год му кажуваше дека играло игри на телефон кај татко му ама моето не разбра што му збори и тогаш малку се подзамислив ама сепак подобро без.

    Се мислев да купиме некој таблет за деца, играчка.

    Најмногу кај екраните ме плаши тоа што како хипнотизирани се децата, кога ќе видам надвор во количка или во автобус или во најтрагичното во парк за деца.

    Пред некое време моево позади зграда со другите дечиња и видов беа собрани во купче ама не знаев дека гледале нешто на телефон се додека не ми кажа кога дојде дома. Јас не пуштам дома екрани и го пуштив да си игра со децата за и таму на телефон да наиде…

    Мене ми е тешко да види брод на телевизија на пример пред да го види во книга или во живо и да ме праша што е тоа.

    Си замислував дека на 4 ќе гледаме заедно филмови за деца ама гледам дека се уште не е тоа тоа.
     
    Последна измена: 11 септември 2021
    На kikin и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека не треба да им се дава на децата мобилни, таблети, особено на деца од 2 години, детето е премногу мало и е во развој. Прво од психолошки аспек, премногу влијае на психолошкиот развој на детето затоа се почесто ќе гледаме деца што ни развиваат аутизам. Учете ги вие децата да зборуваат, да размислуваат а не со таблети, мобилни. Од друга страна поради зрачењето. Ќе им го уништите видот на малите уште од најрана возраст. Дали знаете колку се штетни тие зраци за окото. Вие сте родители, сепак вие си знаете, но одложувајте колку што можете детето да не почнува уште во најрана возраст ги користи.
     
    На AngelOfArh, kikin, pianogirl и 5 други им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    На кој начин е поврзан аутизамот со користење на таблет?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    На тој начин што изложувањето на детето на екрани особено на деца под 3 годишна возраст доведува до промена во невроните и намалување на нервните трансмитери во мозокот што доведува до аберантно однесување кај детето, намалување на когнитивните способности и во развојот на говорот. Има доста студии со цел да се открие поврзаноста на користењето на овие уреди со развивање на аутизам кај децата при што се потврдува нивната поврзаност.
     
    На kikin, mariz, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Братучед ми од многу мал го научија со телефон па дури таблет му купија, и видот му се расипа носи наочари. Јас не сум мајка, но за мое дете ќе гледам што покасно да го запознаам со тие работи. Единствено би можело тв од далеку.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Нели аутизмот е нешто вродено,и лек нема.Може да се работи на подобрување на состојбата,ама скроз да го снема не е возможно.Со прекумерна употреба на елек апарати може да дојде до одреден застој во развојот кај детето,меѓутоа со работа со детето тоа повторно може да ги стигне своите врсници,а кај детето со аутизам едноставно тоа не е возможно.Или можеби грешам?
     
    На elimkd и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Не се знае која е точната причина за појава на аутизам кај децата. Можно е да има улога и генетиката, но влијанието на надворешните фактори е клучно за појава на аутизам. Се смета дека влијание има и инфекција во текот на бременоста како што е рубеола, употреба на дроги и сл што дирекно делувале на развојот на мозокот. Има многу претпоставки, многу студии. Да не бидеме оф топик има соодветна тема за аутизам :).
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    @Guns N` Roses Убаво си објаснила. Ама поправи се. Псевдо аутизам, виртуелен, предизвикан од надворешни фактори и влијанија. Скоро иста симптоматика, различен фактор. Аутизмот е иначе хромозомски проблем. Нема цврсти докази за аутизам и технологија. Генетски е.
     
    На Oneo, Stressed Out, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    34.241
    Пол:
    Женски
    Како мислиш од далеку? :D
     
  16. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    На одредено растојание.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Па да не е блиску многу до телевизорот
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Имам само некој бејсик познавања, може и не сум најкомпетентна како што имам учено немора да е стрикно генетски, може да се развие и како резултат на влјание на други фактори во текот на бременост за време на развој на нервниот систем на плодот. А поврзаноста со технологијата е врз основа на студии, се смета дека има поврзаност врз основа на тие студии, а се повеќе педијатри говорат за тоа. Секако нема цврсти докази затоа што е многу тешко да се докаже. Поправете ме ако грешам, тоа е мое скромно знаење во врска со оваа област.
     
    Последна измена: 12 септември 2021
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    Јас ко пазарна инспекција:tmi: :D ... нели имаше ваква тема, мислам од @referentka отворена:?:
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    Ама кога сум веќе тука, да се согласам со колешката од погоре:D
    И да ви го препорачам документарецот childhood 2.0.

    Колку е можно подоцна, колку е можно поретко.
    Во нашиот случај е малку фрустрирачки што и двајцата родители работиме на компјутери и од дома, па малку тешко е да се објасниме зошто може, зошто не може, ама бојуваме некако:sweat:
    Телевизорот на поголема детска возраст и не мислам дека е толку опасен, ама се што е интерактивно и интернет базирано е дизајнирано да креира зависност...и разни други демони... уште ја студирам темава...
     
    На kikin, Ava.84 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.