1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Давање џепарлак на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 28 август 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ние почнавме да и даваме по 150 ден неделно. И објаснивме како функционира џепарлакот, дека може или да си ги собира, ако сака нешто поголемо да си купи, или да си купи нешто поситно со парите што ги има.
    Сакав да почнеме со ова за да ја види вредноста на парите и да се научи да одлучува што сака, колку сака и дали сака за нешто да собере пари, па да треба да почека додека собере.

    Што мислите за ова? Дали практикувате вакво нешто?

    Еве и една статија ако сака некој да прочита поопширно.
     
    На mamaJana, Beatriche bella, x.Daisy.x и 23 други им се допаѓа ова.
  2. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Интересна и информативна статија. Не сме почнале со џепарлак уште, 7 години има, ама имаме поставено неделен лимит за тоа колку пари може да потроши за нејзини желби. Таа не располага со пари, но си пресметува колку има потрошено и знае уште колку и останале за трошење до крајот на неделата. Кога ќе се случи бабите или некој друг да ја почастат со 100-200 денари, си ги собира во нејзин новчаник и не сака да ги троши, ги чува.
     
    На Beatriche bella, elimkd, kiki_riki и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.112
    Пол:
    Женски
    Истото го практикуваме,неделен џепарлак.
    Од лично искуство ова е најдобар начин детето да научи да управува со парите и мислам дека остава навика за планирање со пари и кога си возрасен.
     
    На Biljarkata, Lianna Anna, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    72.645
    Пол:
    Женски
    Моето поголемко има 6 год и не сум ни размислувала да му давам џепарлак толку мал. Затоа што не ни научил поголема сума на броеви да пресмета, а не би го ни учела сега. Се во свое време. Толкави цифри учат тек 3то одделение, па би размислила можеби од тогаш да му давам. А до тогаш не гледам потреба зошто да му давам, освен ако не побара некогаш нешто ситно за сладолед да си купи со другарче, смоки, сокче и сл... Твоето дете колкаво беше?
     
    На anggell, jacqueline.s, SofiMar_ и 6 други им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    72.645
    Пол:
    Женски
    Од која возраст?
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.112
    Пол:
    Женски
    Од 8 год.отприлика .
     
    На Tajnaotrovna, WildMk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.798
    Пол:
    Женски
    Немам деца, ама ќе зборам од психолошки аспект. Скроз поддржувам неделен џепарлак и можноста да ги чува парите детето ако сака нешто поголемо. Самото имање неделен џепарлак носи до имање поголема контрола над парите и планирање шо е важна вештина покасно во животот. Берење на пари за нешто поголемо вежба самоконтрола и гради самодисциплина. Неодамна обработвав тема за самодисциплина и имаше истражување за парична награда кај деца за извршена задача СЕГА. Ако одма подигни награда добива 1$. Ако си ја подигни наградата по 1 недела, добива 2$. Заклучокот беше дека децата со поголема самоконтрола и самодисциплина имаа поголем академски успех. Така да ова повежбување од мали можи да е подлабоко од само менаџирање финансии. :D
     
    На Beatriche bella, Brinetka, Cosmic Girl и 16 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Уууу, паметно ова. (y)

    Додуша, не ни бара пари за џепарлак.
    Се самофинансира со парите што ги собира од бабите (роденден/Нова година/оцени/ќеф)
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто поентата да смета и да учи математика, поентата е да научи како парите функционираат, да одлучи сама што ќе прави со нив и да заштеди или ќе ги даде на некоја глупост, па после ќе нема.
    На пример, сака да купи некоја поскапа играчка, и објаснувам дека ќе треба да заштеди од џепарлакот две недели ако сака да си ја купи.

    Убаво пишува погоре и во статијата, нема некои правила кога да се почне или со колку, зависи и од самото дете. Пишува дека е убаво да се почне доколку детето разбира дека се потребни пари за да се купат работи, важно е и да се штеди, а не веднаш сè да се потроши и ако ги потрошат сите пари веднаш, ќе немаат воопшто до следниот џепарлак.

    Ние за пари и збориме одамна, знае дека нешто е скапо и едноставно не можеме да го купиме, никогаш не писка за нешто кога ќе и кажеме дека е скапо, едноставно тоа е, штедиме и за нов автомобил, па го разбира и тој концепт, многу повеќе има во ова отколку само броеви и математика. Прочитај ја статијата, многу е убаво објаснето, целиот концепт.
     
    На Beatriche bella, KittyAgnes, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  10. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Јас немам деца но ќе го кажам моето искуство со парите од мала возраст. Кога тргнав прво одделение ми даваа по 30 ден. секој ден за на школо, како растев се качуваше таа сума за +10 ден. Можеби смешно звучат 30 ден. но кога бев основец за 30 ден. имав и за баничка, сокче и чоколатце. Често пати не јадев благо и си ги тргав тие 5/10 денари на страна. На викенд кога се собиравме другарите од маало ни даваа по 10-20 ден. за по еден чипс, вода си пиевме директно од чешма од нечиј двор. Тие пари што ќе ми останеа ги собирав во касичка, исто и брат ми, и кога ќе дојдеше роденден на мајка ми или татко ми тајно вадевме пари од нашите касички и им купувавме поклони (долна маица, кујнски нож, рамка за слика :rofl:) битно ептен се радувавме пошо со наши пари сме купиле :D. Парите коишто ги штедевме од секојдневниот оброк и парите од празниците и нашите родендени ни ги ставија на штедна книшка. Уште од мали се научивме колку е важно да имаш заштедено и сега сите финансии коишто ги имам на располагање ми се испланирани целосно. Внимавам колку трошам и секогаш ставам нешто на страна.
     
    На Beatriche bella, Brinetka, SV1911 и 19 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    72.645
    Пол:
    Женски
    Сепак би почекала да порасне и да научи уште некои работи. Ќе научи за банкноти, монети во прво, па може од второ би му давала џепарлак за да совладува (зошто и тогаш се повторува за монети и банкноти). Нема поента помали, ништо нема да сфатат. Мора колку толку да ја знае вредноста, колку собрале, колку потрошиле, колку им останале. Во статијава се 5 и 7 долари, што не е исто со нашите 150 денари.. Тоа си е мое мислење сепак. Јас така би направила..
     
    На kukla21, mal.ecka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Мојава реши ќе ги штедела парите за ролерки. Иако не знам колку ќе може да ги вози, ама ете, нејзини пари. :D Додека заштеди таман ќе може да ги вози. :lol: Секој со своето, нормално, јас гледам дека ја сфаќа поентата, а тоа ми е важно.
     
    На mal.ecka, theowndemon, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    72.645
    Пол:
    Женски
    Ќе и треба доста време за ролерки :D Инаку мојов знае дека за поголеми работи треба повеќе пари... Бевме во Охрид и помина златна јахта додека бевме на плажа и вика: ууууу за ваква јахта мора да си многу rich, да имаш многу пари :D
     
    На Oneo, mal.ecka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Леле ете сум! :rofl:
    И јас како дете секоја можна заштеда ја тргав на страна за ролерки:inlove:

    И јас немам деца ама ќе зборувам за свое лично искуство.
    Во основно ми даваа по 50ден колку да имам за ужинка. Сметам дека ми беа повеќе од доволни за во тоа време ем да си купам да јадам ем понекогаш да тргнам дури 10-20 ден на страна (тогаш беа ептен големи пари :rofl:) .
    Мислам дека е океј да се дава на дете поголема сума за џепарлак само ако сте го научиле да штеди, во спротивно сметам дека се ствараат полоши навики. Ние што ни даваа по 50 ден , штедевме повеќе него тие што им даваа по 200 ден (ваљда знаевме повеќе да ги цениме парите) :?: Се расфрлуваа со непотребни работи и беа “фаци“.
    Како и се друго во животот, така и ова. Менаџирањето со пари е навика која се создава уште од најрана возраст.
     
    На Beatriche bella, cresa-jagoda и mariz им се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Моето е 6 години. Џепарлак не сме почнале, но и мене низ глава ми се мота дали е време. Тој ги разбира парите и вредностите многу добро. Знае да пресмета точно колку треба да плати, колку кусур да му вратат. Сам влегува во продавница и ќе си купи што му треба.
    Сите пари што му ги даваат баби тетки ги штеди и тоа по кутии класифицирани по вредност. До скоро не даваше во банка да се стават неговите што успеал да ги заштеди. И ние додадовме пари па се купи принтер, горд до небо. Е сега татко му му објаснуваше за камата од банката, па овие сега во банка ќе ги ставале.
    И јас се мислам дали да почнам. Сега прваче ќе биде. Но идејата да носи пари во него некако не ми иде сеуште, затоа што за јадење од дома ќе си носи ко сите деца.
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Многу off topic ама многу е селска златната јахта :rofl:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    72.645
    Пол:
    Женски
    Чудесии да ти кажам.. се запрепастив, такво нешто немав видено :rofl: Па за поубаво да ја видиме многу блиску до брег помина (facepalm)
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    Јас имам керќа која ќе има 7 години за еден месец. Ги знае монетите и парите дека ги учеа на училиште и исто така учеа колку пари треба да си купи на пример едно чоколадо, па така знае некако да пресмета и кусур да врати.
    Летово почнав со оди купи леб и кусур за тебе.
    Е сега почна да бара по 10 ден за нешто да си купеле со другарките, па се зголеми на 20.( другите 10 од баба и).
    Детево знае како да си ги троши да може некогаш да оди со двете другарки ако само во моментот е едната со неа.
    Јас на почетокот мислев дека е многи лоша идеа да и давам пари , макар и 10че дека ќе ја навикнам секогаш да мора да има пари. И правам тест , и викам денес немам. Ми вика ок. Утредента иде и давам 20, другиот ден и викам немам. И ми рече јас си чувам од вчера нешто.
    Децата се учат на самоконтрола само вака, да се остави само да одлучи колку треба да троши.
    Џепарлакот сега е мал и затоа не мислам во скоро да се зголеми сумата, ама сепак мислам дека е добра идеа на крај.
     
    На Kitten, cresa-jagoda, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    34.233
    Пол:
    Женски
    Носење пари со нив само кога ќе има потреба мислев, на пример кога во школо мора да купат ужина или кога сите деца се договориле да си купат по нешто.

    Јас на ова наидов на една страна тука во Германија каде што пишува дека од мали нозе треба за децата да ја научат вредноста и да ги ценат парите. Пишуваше од 4 до 6 години да се дава отприлика од 50 центи до 1 евро неделно. Од 6 до 8 години од 1 до 2 евра.
    Ние се уште не даваме џепарлак баш ко џепарлак бидејќи облеката (баш ја преразгледав) и нема џебови, зимско време јакните само што имаат, да ги носи в раце не оди, да носи специјално ташна за тоа не, во градинка не се носат пари, затоа сфатив дека џепарлакот си стои дома се додека нема потреба да го носи со неа.
    Ние и даваме секогаш кога имаме железни пари и има две каси и ги става во нив и секогаш заедно ги носиме во банка, за ден на штедењето добиваме и подарок од банката.
     
    На Cka, felisitas и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Убава тема.
    Во 3-то одд., прв пат почнав да и давам неделен (понеделник-петок) џепарац, 100 ден. Одеше во целодневна и имаше платен оброк па 100-че беше доволно. Не се деси ниту еднаш во петок да нема пари.
    Од 6-то одд., добиваше по 500 ден. Секогаш беше одговорна и повторно не се случуваше петок да е без пари.
    Ја научи и лекцијата дека ако се случи некоја другарка да нема за ужинка пари, да и позајми или да го подели тоа што има со нејзе. Се позајмуваа, си враќаа.
    Во средно, прва и втора год. веќе немаше неделен џепарац туку добиваше пари по потреба. Ќе и дадев 1000 ден., па кога ќе немаше ќе дополнев.
    Последниве две години има своја картичка. Х пати ќе оди во Сити мол, пари има, и требаат фармерки, не купува. Значи, не е пошто зошто да купи. Ако и се свиѓа нешто ок, ако не, чисто за да купи, не купува.
    За разлика од мајка и, салдото и е секогаш + :whew:
    СДК дека е многу корисно од мали да знаат да управуваат со парите.
     
    На SV1911, Tajnaotrovna, CareTee и 4 други им се допаѓа ова.