Форумџика на годината

Дали Македонија е добра за живеење ако имате финансиска сигурност?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 3 март 2025 во 14:38.

?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку финансиски сте обезбедени?

  1. Да

    37 глас(а)
    39,4%
  2. Не

    39 глас(а)
    41,5%
  3. Можеби

    18 глас(а)
    19,1%
  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Иако многу добро ситуирани луѓе ја напуштаат Македонија поради различни причини, сепак главниот мотив на Македонците кои се решени да се преселат во некоја друга држава е финанскиот дел.

    Најчесто нашите одат во странство на печалба, а мотивот за никогаш да не се вратат се, покрај подобрите примања во другите земји, се и среденоста на истите.

    Но, се повеќе може да видиме луѓе, странци, кои не се задоволни од животот во нивните земји и сакаат да емигрираат во Македонија и околината. Скоро сите од нив се финансиски обезбедени и работат за странски компании. Некои од нив се активни на интернетот и ја искажуваат јавно љубовта кон Македонија. Што, ретко се случува со нас кои живееме тука. Ние најчесто имаме негативно јавно мислење за нашата земја.

    Статистиката кај нас говори дека секој трет жител сака да ја напушти Македонија.

    Па, од тука се наметнува прашањето дали животот во Македонија е добар ако сте финансиски ситуирани, или пак би заминале поради други причини?
     
    На daylight, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Еве ја моменталната анкета како Македонците размислуваат:

    Секој трет граѓанин размислува да ја напушти Македонија.

    [​IMG]

    Секој трет граѓанин или 35,2% од населението размислува за иселување од Македонија, покажува најновото истражување на јавното мислење спроведено од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за емисијата „Детектор“.
     
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.268
    Допаѓања:
    40.203
    Пол:
    Машки
    Еве што велат странците кои решиле да дојдат да живеат овде:

    Финн, Германец кој живее во Скопје: „Евтин авионски лет ме доведе во Македонија - се заљубив во земјата и се преселив тука“

    Татко ми работи како доктор во ординација во близина на Базел и го посетиле неколку Македонци. Кога им кажал дека син му се преселил во Македонија, биле воодушевени и го поканиле кај нивните семејства во Македонија, плус ја препорачале неговата ординација на други македонски иселеници, ете затоа ги обожавам Македонците!“, вели Финн Ваттчов (23)

    За мене Македонија е најубавата земја во која сум бил и има совршена комбинација од сè.

    Сум бил на многу места, живеев во Литванија и претходно во Варшава неколку месеци, исто така имам живеено и во Њујорк два месеци и имам патувано многу.

    И од сите тие места, само во Македонија веднаш се почувствував како дома.

    Луѓето се многу топли и гостопримливи, храната е неверојатна, вљубен сум во природата и планините. Едноставно, миксот од сè ја прави совршена за мене.

    Многу од моите пријатели и роднини ми го поставија истото прашање: „Зошто Македонија?“ и јас секогаш го велам истото: „Треба да дојдете за да доживеете сами“. Тешко е да се опише со зборови, тоа е само чувството на припадност овде и чувството како да сум дома.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    3.360
    Пол:
    Женски
    Јас имам заминато од Македонија од повеќе причини и фактори. Невработеност, корумпираност, загаден воздух, нефункционални институции, лош квалитет на живот. Ете така јас а и многумина што заминале (а и тие што се се уште таму) размислуваат. Македонец во Македонија и странец во Македонија е различно искуство. Можеби странците од високо развиени земји кои решиле да се таму имаат веќе добри финансии, добри шанси поради говорење на одреден јазик, добро платена работа па лесно се адаптираат. Го разбирам и нивното уживање во добрата страна на МК, планини, природа, храна. Но дури и добрата страна не си ја цениме, и насекаде е расфрлано ѓубре, по паркови, планини. Жално и срамно. Еве јас и од перспектива на родител ќе кажам: не би сакала да сум во МК затоа што сметам дека би си го казнила сопственото дете со целиот тој нефункционален систем. Маж ми (кој е странец) исто така ги цени природата и планините, уживавме и да посетуваме многу други гратчиња, ја обожава нашата храна, и научи доста од нашиот јазик. Имаше добро платена работа баш поради неговиот мајчин јазик, за кратко време се вработи. Живеевме во МК две години заедно и здравствената состојба му се влоши. Има астма, а со воздух како во МК воопшто не си направи услуга што остана таму толкав временски период. За мене здравјето е секогаш на прво место па поради фактор здравје и сите други негативни фактори се преселивме од Мк. Не е совршено никаде но сметам дека повеќето што сме заминале не сме во потрага по совршенство туку во потрага по нормален живот, нормални услови, чист воздух.
     
    На Sielo❤️, Malesia, Cosmic Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    11.038
    @Billy Idol браво за темата (y)

    За жал мој одговор ДА.

    Главниот фактор за да се иселам е моментот ко ќе осетам дека институциите слабо работат или ич не работат.

    Моја лична маана е кога сакам се да функционира. Значи јас очекувам ко ќе чукнам на било која врата да можам да завршам работа, да не ми го трошат времето.

    Општо да земаме ко ќе пишам мејл за некакво прашање или објаснување очекувам одговор во рок од 3 до 5 дена максимум, а не после 1 месец.

    Ко ќе идам на ТЕРМИН на доктор очекувам да ми се испочитува терминот а не да седам и да чекам уште додатни 2 саати.

    За жал, еве се навраќам на МОЈАТА лична ситуација. После многу години живеење во Германија, тука институциите почнаа да не работат и да се заебаваат и да ми го трошат времето.

    А бидејќи НА НЕРВА ми оди ако нешто НЕ ФУКЦИОНИРА , си бара човек држава каде што институциите функционираат.

    Си има примери, некои се селат за подобра идина за нивни деца.

    Некои се селат за можност за менување на работни места, да не мораш 40 години се во иста фирма да работиш, туку си менуваш.

    Други се селат оти им е дојдено преку глава од ПОЛИТИКА и за се да ти требаат врски.

    Јас конкретно се селам оти не сакам да ми го трошат времето и да се заебаваат несериозни, мрзеливи , заспани лица.

    Се знае, одиш на работа и си ја работиш работата, очекувам СЕ да функционира , од контакт поддршка на обична продавница па се до големите институции.
     
    На Mumoftwo30, tambelina, Kolache na mama и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Ќе ја напуштам наскоро, заради примитивност поганост на секој еден жител поединечно (и тие што читаат) секој е поган и примитивен на свој начин... Во пропадната изолирана примитивна средина која не знае за дно ги жалам тие што ќе се родат тука да ја повторат во бескраен круг голготата
     
    На Trexane, Sielo❤️, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.226
    Допаѓања:
    13.012
    Само отровот што го дишеме е огромна штета и нема назад. И да се иселам сега, којзнае колку сум се загрозила по здравје со дишење отров, а сметката допрва ќе стигне. Финансиската стабилност во Македонија, може да биде моментална и не знаеш што по 5,10 години. Порано цело маало, сите домаќинки купува кршен ориз во маркет, оти беше поевтин, сега таков немам видено во продавници и тоа што малку сме пркнале финансиски, не е дека сме многу богати или па долгорочно стабилни. Мојот газда често вели „нема иднина државава“, и ако тој се исели и уште двајца - тројца, каде јас би работела? Бабиве купуваме кафе и колачи, ги чувале за гости кога ќе дојдат, значи стабилност никогаш не ни имало, туку имале, немале, само штеделе, да не фати некоја војна, да не снемаат пари итн.

    Странците што ја фалат Македонија имаат друга татковина, овдека си прават некој ќеиф на душата или па не ги виделе недостатоците. Можностите во државата се минимални, не максимални. Има страшно пакосен народ. Правам ретроспектива, се размислувам, анализирам, сфаќам дека најмногу штета ми направија и ме уназадија тие на кои им помагав. Пред некој ден се обратив службено во Словенија, во нивно министерство, дописот го пратија истиот ден, овдека нашиве институции ги чекаш долгоооо. Има страшни насилни и невоспитани деца по школите, оди разбери се да те видам. Едно детенце пред некој ден во школо им мавтало со ножици накај очи на другите, таткото глуперда, мајката се премажи, не ја интересира за нив и таквите ќе ти унаказат дете и таа штета не се плаќа со никакви пари.
     
    На Sielo❤️, Mumoftwo30, tambelina и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Bitolchanecot

    Bitolchanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Од денешна перспектива, живеејќи во шведска веќе 11-12 години, жал или тага ме фаќа за роднини, сите години одделени поминати, и ваљда спомените, град, школо, малата каде си пораснал….иначе, no regrets whatsoever. Би ми требало едно 30 минути да напишам сеопфатен текст на тоа дали е добра или не мк за живот…
     
    На Mumoftwo30, tessie и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Луѓето во Македонија се решаваат да си одат преку ноќ во моментот кога ќе се осетат понижено во сопствената држава, од сопствените пријатели/роднини/колеги/колешки/слободно стави по твој избор.

    Кога квалитетите кои се нудат тука, не ти ги цени никој и дури и да ти ги увидат ќе направат сѐ за да те израмнат до земја (што значи дека пари не ти вршат работа). Човек што е решен ќе оди и со еден ранец, секогаш и секаде. И светот е доволно голем за секого да се пронајде некаде.

    Сите по странство што сте, немојте да паднете во замката на носталгија. Потсетете се кога ве газеле, кога сте биле сами без никој да ви подаде рака. Глава горе и само напред.
     
    На Herrera, Trexane, Mumoftwo30 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.722
    Допаѓања:
    23.935
    Пол:
    Женски
    Читав скоро во кантата за слична тема како оваа, напраена од некој си Бобо мислам дека беше. :rofl:
    Е он ќе беше најгласен тука и најпозитивен. :rofl:
    Охрид е нашиот бисер ! :rofl:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Таnjamm...јас имам само сестра браќа немам татко ми нема браќа јас сум 33 години и нема да оставам потомство за да ја дадам штафетата на мизеријата пропастта проклетството на некој после мене а кога можам да го запрам... Немам ниту еден ден работен стаж не сакам ни да имам ниту ќе имам... Гарантирам со животот дека цел живот ќе го поминам без да работам за примитивно демонизирано општество и за нивните болести и комплекси имам 33 години... И сите околу мене што работеа и ме викаа неработник на еден или друг начин пропаднаа здравствено физички во кредити се и немаат никаква заштеда во 15 години работен стаж колите од 2000 € не ги сметам за коли еден коњ е поскап.... Иначе за воздухот тоа никој не го интересира дури и стимулира уште повеќе да е загаден воздухот... Не рециклираат фрлаат ѓубре на секаде не им е важно колата дали им испушта отровни гасови и дали ќе отруе некого немаат совест.....освен да бидат робови од јутра до сутра друго не ги интересира како програмирани ако и преречеш нешто дека не сакаш таков живот те прават нездрав и црна овца а тие физички нездрави се здрави од истата таа работа ама така морало... и така
     
    Последна измена: 3 март 2025 во 19:05
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.226
    Допаѓања:
    13.012
    Јас можам да напишам книга за тоа со какви препреки сум се соочувала овдека. Сум работела со Македонци, и мал број на Турци, Бошњаци, Албанци, по некој Торбеш, Влав, Србин, Хрват. Најлоши како карактер ти се Македонците, циле миле, а гледа да те закопа, да ти наштети, да излаже, да дојде до нешто што не го заслужува преку ред, а на муслиманот, еднаш ќе ми направиш добро, петпати ќе врати со добро. Ај што на дело ќе ги фатиш како те местат, ај што од нив ќе те боли глава, на крај ќе ти пише „Тање, ај те молам ако се вработиш таму и таму, дај зборни за мене“. Конкретно, жена пред пензија, во лице измислуваше муабети за мене од типот „ајде, ајде, ееејј, знам, те наместиле, ама ај да не зборувам“, а што да зборува? Никој не ме наместил, ама таа баба љубомори на некое младо дете, еејј, после ми пишува „Тање, абе дај внука ми е без работа, среди кај тебе да се вработи“. Нула, тотална нула. Младост, висок праг на толеранција, сега би ги исфрлила низ прозорец. Дури и оваа состојба е одлична, ако земаш во озбир дека народов нема свест за ништо.

    Тој што дошол од Германија тука да ги троши парите, да јаде по ресторани, да ужива, не оди да работи во македонски фирми, не зависи од оваа економија на шркги и нему му е убаво.
     
    На tambelina и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  13. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Одамна главен мотив за преселба не е финансиски, во последно време се почесто заминуваат интелектуалци, високо квалификувана работна сила, а зошто?
    Па од каде да почнам, подзавртете се по улициве да видите колку се преполни со мали кученца или постари, очајни и утепани од самотија, глад, безизлезност... Во очите им се гледа тагата и апатијата кон која ги дотуркал овој многу ''емпатичен'' народ кога ги исфрлил надвор од нивниот дом, особено новородените во контејнер.
    Видете како ги тепаат со демек стапче до смрт, па како навечер се лудува по улициве со мотори и коли до усмртување на највообичаени пешаци. Пијани, без возачки, под наркотици се ставило во вожња и тера без осет и свест до повредување или усмртување на народов.
    По маркетите видете ја сета некултура, буткања, беда, немаштија и финансиска и духовна опустошеност па ќе зборуваме од кои причини најмногу се напушта државава.
     
    На tessie, Cosmic Girl, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Конфорт зоната е зафркната работа пријателе, татко ти нема да биде жив уште 50 години за сметките да ти ги плаќа и да те храни, размисли си малку и искористи си го моменталниот благодет за да немаш плачки за некоја година.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Тања сите националности се ист расипан менталитет како една нација да се... Нон стоп се негативни и секогаш се збори какви лоши работи ќе се случат и нон стоп се под константен стрес во очекување на лоши работи.... Добри работи нема да се случат само лошо се случува цел живот е криза... Нема никаква мотивација и морал... А муабетите и духот во душата им е демотивирачка и деморализирање затоа скоро сите се пропалици бидејќи од мали нозе е програмиран со демотивација и деморализација дека нон стоп е криза се е скапо се лошо ќе се случи...
     
  16. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Средено е тоа проблемот е друг... Психички
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    7.244
    Пол:
    Машки
    Државата нема ред, безредие, нефункционален систем и институции, нема правда, законите не се спроведуваат, цвета мито и корупција, системот е катострофален и затоа луѓето заминуваат. Финансиите одреден период беа како мотив да се иселат но со оглед на моменталната ситуација на глобално ниво особено во Европа и во развиените земји не е совршено веќе како што се прикажуваше.
    За леб тука нема никој да умре, него луѓето бегаат затоа што ова држава е без ред, нефункционална. Единствено што нуди оваа држава е слободата, но па затоа е и ваква каква што е државата.
     
    На Mumoftwo30, Cosmic Girl, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.226
    Допаѓања:
    13.012
    И имајте на ум дека и најсиромашниот западњак овде ќе не купи сосе партали, оти сме сиромашни. Во смисла, може имал некоја ниско платена работа таму, не може таму да ужива, ќе купи стан овде, ќе си работи онлајн и ќе има доволно пари за живот и шетање.

    Тоа што кажуваат дека Македонија е убава, повеќе е од култура и простојност и за разлика од иселен Македонец во Германија што лаже и глуми аристократија и господар на таа земја, овие се присебни и даваат мислење само ако ги прашаш. Имало на Тв, на пример на Зевзекманија имаше еден Американец мелез некој што дошол преку Мировен корпус овдека како волонтер и се оженил со Ромка или Албанка, не знам точно што е жената по националност, но Македонка не е, и кажа дека ние не си ја чуваме државата, дека ќе ја изгубиме, дека има отпад и во Охрид, и во Кочани чистел во школото каде работел како волонтер, па му велеле „што чистиш, пак ќе биде валкано“. Се чудеше како тоа не треба да се чисти, ќе било валкано. Македонец да е на негово место, би рекол „абе стоки едни, гнасни сте и валкани“.

    Марк де Јонг, по мајка Македонец, по татко Белгиец го прашаа на емисија што пречи овде, кажа луѓето имале ЕГО, сакале по балкански, на удат на маса и по нивно да е. Македонец за тие со ЕГО би рекол „прости сте бре, жените не ви се слугинки“.

    Еден конзул на една азиска земја, женет овде со Македонка или Влаинка, не сум сигурна, стар инаку, на нас ни раскажуваше и се чудеше како тоа мажите овдека пиеле, како негов пријател се јавувал додека бил во ресторан на жена му и велел „кога ќе дојдам дома има да те растурам“, а едвај одел до дома и како младите се буткале да влезат во автобус, кршеле. Фрапиран беше како жените ова го трпат. Кај нив имало почит, мир, тишина, не трескале по куќа, не се дере никој. Ако е дрзок и директен во македонски стил би рекол „Диви сте бре, пијандури сте, а жените ви се мутави и трпат“.

    И тие што доаѓаат по основ на брак, работеле на брод, па дошле овде, самите по медиуми кажуваат дека живееле со свекор и свекрва, во заедница. Значи доаѓаат од сиромашни места, навикнати на мака, ама кога Филипинка ќе ти каже „скапа ви е насмевката во хотелите“, сака да каже „дрски сте бе, само пари да земете“. Кога Бразилка мажена во Кавадарци ќе ти каже, абе мирно е, ама страшно се лутите ако вашето дете се мажи, жени со веќе разведено лице, ние сме либерални, сака да каже „им се мешате на децата бе, не им давате да имаат право на избор, токсични сте“.
     
    На mira.mira, daylight, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.695
    Допаѓања:
    22.955
    Пол:
    Женски
    На белиов свет за мене нема поубаво место од моето родно Скопје.
    Но, како велат, дојдоа дивите ги истераа питомите.
    Најмногу би сакала економски сигурен, спокоен и живот во којшто можам да имам доверба во институциите.
    Луѓето ги прејдов, веќе не ги ни мислам, да му умре козата на комшијата принцип.
    Тој Фин од Германија сигурно му е убаво си печали овде снимајќи видеа додека инжинери и доктори работат работи нессодветни за струките за да преживеат во неговата земја.

    И искрено јас немам никакво разбирање ни позитивен либерализам кон луѓе коишто на гомила се селат кај нас додека нашите блиски вода низ грло не им поминува, не пак залак. Ним им е супер, оти нашата девиза е сѐ да си, Македонец да не си.
    И така. Темава душава ми ја кине дајте друго дете.

    Како трикратен повратник во обид можам да го потврдам ова. Можеби човек треба едноставно да се откаже. Ние викаме дома, дома и можеби желбата ни се исполнува ... но, на друго место. Не знае човек Господ каде решил да му гради куќа. Само за убаво да е, по заслуга да е, да вреди за напорот, па сега. Ќе пострадаме, па ќе продолжиме со секојдневните предизвици. А имав некое чувство уште од трета средно дека нема да останам во Мк.
     
    Последна измена: 4 март 2025 во 11:49
    На Herrera, mira.mira, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема и многу актуелна. Многу работи во нашава држава не се во ред, но никогаш не гледаме позитивно на нив. Сите мислат само нашата држава тоне, но не е така. Велика Британија според мене има полош здравствен систем од нашиот. За да направиш едно ехо ќе помине многу време додека да добиеш резултат, да не зборувам за болни од рак. Докторите воопшто не им се стручни, кај нас имаме навистина добри доктори особено сите што се постара генерација. Да постои мито, но со тоа мито те гледа како приватен доктор. Подобро така да дадеш пари ако имаш мака отколку по приватните болници. Жалосно е што ние го створивме митото и да не побара докторот, судијата и други пари ние сами му даваме и ете еден, друг, трет се направи цела држава. За се што се случува сме сами виновни прво јазикот си го уништивме на телевизија доминира скопски дијалект наместо македонски стандарден јазик. Гордост на сите родители им е децата да знаат англиски јазик до таа мера што не знаат зборови на македонски јазик. Имаме прекрасни места, но не знаеме да ги чуваме, не знаеме да ги промовираме. Ако сакаме нешто да се промени тоа треба да биде од младите ,, не сине неучи ќе те запишеме Тетово ќе земеме диплома со пари". Од сето ова тоне нашата земја.
     
    На mira.mira, daylight, tessie и 2 други им се допаѓа ова.