Не знам дали сум единствен кој си го поставува прашањево со кое и ја насловив темава, но мислам дека не сум. Дали Македонците се навистина сиромашни? Мотивот за темава ми е што неретко слушаме и читаме како сите немаат, пишуваме и кажуваме дека немаме, едвај преживуваме, кризи, инфлации, па нема за леб, за струја, греење... а фактичката ситуација кога ќе излезете надвор од дома изгледа поинаку. Не зборувам за Инстаграм, Тик Ток, Икс, Фејсбук, Фемина... зборувам за real - life, или е само лична перспектива, не знам, но јас надвор реално не гледам сиромаштија, гледам надпросечно пристојно живеење. Гледам обновен возен парк по сите градови, со не така наивни коли, напротив. Гледам скапи телефони и други електронски геџети. Гледам луксузни шопинзи често. Сведочиме дека повеќе од пола Македонија (Провинција) купи станови во Скопје (Грција еве не ја споменувам, иако добар дел купија и станови во Солун/ Пиерија/ Халкидики). Патувањата не ми изгледаат како луксуз, туку честа појава, летни и зимски одмори, викенд гетавејс... Кафичи и ресторани фул полни секогаш, кафиња два - три пати на ден, оброци надвор редовно. Приватни доктори, градинки, училишта еве нема да рачунам, потреби се кои државата не ги обезбедила соодветно, како што треба. Да не се разбереме погрешно, мило ми е што гледам ваква ситуација, но се чудам зошто постојано се претставуваме како жртви и никогаш не ни е доволно?
Тие што се лакоми се вечно незадоволни. Само кукаат дека немаат пари, а секој ден се некаде излезени. Како може народов да нема пари, кога кафичите и трговските центри се полни? Гледам луѓе облечени во скапа гардероба, а истите тие се жалат дека едвај преживуваат. Не би рекла дека нема сиромаштија, ама нема до толку како што се претставува.
Факт е дека има сиромашен народ во државава, ама голем дел е и само финансиски неодговорен, кој сака да се протне под чадорот на немаштија.
Тотално се сложувам. Исто така има дел и коишто само кукаат а не им се работи и така, си патиме од тоа што луѓето ги мрзи да работат и полесно им е да бараат пари и да кукаат.
Go delam istoto mislenje so tebe @Ahoy i mnogu cesto na ovaa tema imam diskutirano so bliski. Koga ke se izleze vo grad nema vpecatok na siromastija, site skockani, ubavi patiki, brendirani ocila, tasni, prepolni prodavnici, marketi, kafani, i ova ne e samo vo Skopje, maz mi e od drug grad pa koga odime vo poseta na tatko mu istata slika ja nacekuvam. Da se javis kaj bilo koj kozmeticar, frizer ke cekas za termini i toa dosta, za toa treba para. Da otvoris fb ili insta za vreme na praznici gledas samo storinja od granici i aerodromi. Retki se tie sto nemaat ic ili ziveat so mala plata, zatoa moze i taka si sedi narodov doma ne se buni za nisto, zasto grototo ima pari.
Е сиромашен. Тоа што купуваат скапи телефони и облека е само израз на искомплексиран сиромашен човек кој има потреба да се докажува. Дома ќе јаде макарони со вегета, но битно ќе купи ајфон од 600 еур или патики од 8000 ден. 90 посто од купените автомобили се половни. Само погледнете во какво услови просечен скопјанец живее - 50-60 м2 стан за четворочлена фамилија. Во развиена држава нема семејство да живее во испод 90-100 квадрати стан, додуша подобро во куќа од минимум 150м2. Народот во РСМ е типично сиромашно ископлексирано население. Нешто слично на црнците во гетата во САД. Не платил кирија 3 месеца, живее од социјална помош ама на вратот има 400 грама златен ланец ставено и носи најкис од 800 долари.
Ако под брендирана облека се подразбираат оние фејк луи и гучи тогаш да, ретко и тоа многу ретко некој што носи дизајнерско тоа е од 1000 евра и нагоре. Многу луѓе се преправаат дека имаат некој си луксузен живот оти кај нас го има тој менталитет "Нека пукнат душманите" додека оди да подигне кредит од банка што после ќе ги остави само леб и паштета да јадат. Факт е дека и нагоре нема да ти бидат доволно 3000 евра плата ако се расфрлаш. Куќа крш, покривот тече, ама битно бмв-то паркирано да се гледа
Затоа што народов е многу алчен. Има сиромашни кои не можат да дојдат на ред да заработат доволно поради алчните средни и богати класи. Тие со брендовите и луксузите делумно се средна класа која дига кредити за да се чатали како и богатата. Богатата е богата претежно поради успешното крадење од државата и народот за време на Југославија. Мал дел имаат заработено со сопствен труд.
Pa ne zboram za od 1000 eu onie epten luksuz brendovi, ama zboram primer za tasna guess od 150 eu, ili jakna replay koja osoba so mali primanja ne moze da si ja dozvoli. Se primetuva koga e fake, i ne mislam na takvi. Jas pak ke kazam toa e moj vpecatok i kaj mene vo maalo samo dve tri kuki ne se sredeni, drugite se site ubavi.
Или дома во фрижидерот само маргарин и салама, а надвор се руча во скапи ресторани. Мора да се докажуваат кој има повеќе. Имам една позната. Секој викенд е некаде излезена. И квалитетно облечена. Кога ќе дојде крај на месец секогаш се жали дека нема пари да ги плати сметките. Ете.. Има и такви кои имаат сметки неплатени, ама битно да се дел од елитата.
Се согласувам со мислењата дека ќе јадат цел месец леб и маргарин, само за да се пофалат со iphone. Меѓутоа, да бидеме реални, има солидна бројка луѓе која солидно заработува и може да си овозможи ,,луксуз". Не зборам тука за политичари и криминалци. Короната, иако во глобала негативно влијаеше, придонесе во тоа многу странски фирми да отворат remote позиции и за истите да плаќаат надпросечно. За жал, живееме во систем во кој што ништо не функционира, а за кој сме и самите виновни што е таков, па следствено на тоа го имаме и овој менталитет на докажување кој има повеќе. Во исто време на социјалните мрежи ќе видиш и апел за помош и крик за корка леб, а на другата страна некој што уште на Марс што не отишол да се прошета. Ама на крај сѐ се сведува на негрижата на државата кон оние што немаат и ,,поттикнувањето" на оние што имаат да имаат уште повеќе (секако нелегално).
Па не би рекла дека повеќето се богати во мкд. Многу од тие што се гледа дека се луксузираат се заглавени со кредити и зад скриени врати јадат со месеци леб, паштета и ајвар. Кредити и за одмори се земаат сега. Исто и многу од тие што киснат по кафичи ќе тегнат едно еспресо со саати. Македонците повеќе сакаат да се фалат пред народот и да изгледаат богато отколку што се богати.
Народот е сиромашен и тоа неприфаќање (преку експонирање на нешто скапо), прилично многу ќе го чини на долг рок. Просечно македонско семејство живее од незаработени пари, поточно од пари кој близок ги заработува во/од странство (без разлика дали работи како келнер, како IT и сл.). Што значи, товарот паѓа на еден член. Што е функцијата на мобилниот? Да се слушнеш со тој што треба и апсолутно нема ништо да смени дали е поевтин или поскап. Да, ако веќе треба добра камера која е пресудна за работа. Секој луксуз чини, порано или подоцна.
И да и не. Тие што немаат не се ни трудат да имаат (менталитет, си гуркаат со пензиичките од старите, се борат како да дојдат до социјално, се борат како да дојдат до некоја донација, како да влезат преку ред и така решиле да си го живеат животот, тука обично децата им патат). Средна класа луѓе што заминале во странство, уште се борат да заминат или имаат некој џокер за во странство, паметни луѓенца кои гледаат дека иднина тука и нема. Луѓе со надпросечни плати (тука се тие луѓе што пратат трендови, родендени, прослави, дом, гледаат едни од други кај да потрошиме пари, кај да ги дадеме уствари парите, а што и да заштедиме) И оние најмоќните и тие веќе ги има во поголем број, каде што не им е гајле за ништо, кај нив ништо не е свето освен парата, они си се моќни и мафија можат што сакаат да си прават. Немаат додирна точка со оние најслабите, ама се богатат на грб на оние другите. *Вака јас ја гледам Македонија не е дека сме сиромашни туку сме мрзеливи, несредени, луѓе. Не можеме да излеземе од менталитетот од нашите предци
Не дека нема сиромашни, ама поентата ми беше за оние кои имаат скромни примања, а се луксузираат. Мора да се натпреваруваат. Во Мк ако се луксузирав ќе требаше да трпам за леб. Особата често не прашуваше како издржуваме финансиски. Е па ние не одевме често на викенди, по кафани. Не купувавме скоро секој ден облека. Едноставно, штедевме. Што сакаат нека прават, ама ме иритира кога ми се жалат дека немаат, а има такви кои навистина трпат. Мора да се купат скапи патики, облека од Манго, мора да се оди секој ден некаде на ручек. Ама доаѓа крај на месец и после се тресеш како да го платиш долгог за струја затоа што имаш опомена да те исклучат. Е на такви пари не им давам.
Буквално, ова заборавив да го спомнам. Многу зајмуваат од ваму, од таму, и на крај ко ќе им ги побараш назад ќе ти речат: Зарем до МОИТЕ пари ти е дојдено
Така е тоа. Побарав пари од мајка ми, од сестра ми, од тетка ми. И пази.... Будала сум била што не сум трошела. Ако немам пари да купам скап кармин, ќе купам поевтин. Често се прашувам... Дали тоа намерно го прават за да направат некого љубоморен?
Е сиромашен. Тоа што гледаш обновен возен парк и станови купени, не се со македонска плата купени, тоа се од луѓето што живеат го странство. Во Македонија ќе треба 25 години да работиш за да можеш еднособен стан да купиш.
Многу убава тема. Народот глуми богат живот. Важно е да бидат видени, ако се во кредити или се гребат од некој дома. Неодговорни и неработници колку сакаш. На долг рок тоа скапо ќе чини. Буквално невработени лица или социјалци дремат по кафеани. Ќе земе една дневница денес, ќе ја изеде, испие, ќе направи 100 фотки за социјални мрежи и од утре пак на маргарин.
Ама, видете. И тоа што се купува све на кредит, што ќе купат кола, телефон, ќе ги отплаќаат сто години, а јадат за што им останало пари, пак не ги прави богати. Пак се сиромашни зошто крпат, гледаат да се снајдат на било кој начин. Богат човек тоа не го прави. Што значи да, сиромашен е народот, без разлика како и да изгледа.