Дали ако бидеме заедно врската ќе ни опстане?

Дискусија во 'Канта' започната од limaaaa, 17 јуни 2010.

  1. limaaaa

    limaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    1
    So edno momce si piseme na fb i potoa na msn...Po nekoe veme pocnavme i da se gledame na kamera i se zblizivme..Toj e od skopje a jas od strumica i e 3god.pogolem od mene...Dogovoreni sme treba da dojde vo strumica..No ne znam dali da zapocnam vrska so nego..Custvuvam deka pocnuvam da se zalubuvam,no ne znam dali toa e zalubenost ili samo custva za odreden period..
    Deteto gledam deka e komunikativno se druzi...Ama posto ne sum takva licnost ne sakam za edna vecer da bidam so nego i posle da zaboravime na se...Mn e tesko taka ne znam sto da pravam...VE MOLAM DA MI KAZETE SOVET !!! POMOGNETE MI!! DODEKA NE SUM SE PREPUSTILA NA SRCETO DA ME VODI..... :(
     
  2. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Иако не го одобрувам тоа запознавањето на Фб, мсн, маил и остало.. Би ти го кажала следново:
    - годините да не те плашат, 3 години разлика е сосема нормално.
    - длечината не претставува проблем само кај оние парови кои се долго време заедно и ептен се сакаат.. Не знам, не сум ЗА врска на далечина.
    - сигурно не е љубов, туку онака пеперутки, симпатии - што е нормално, хормони се во прашање. Не верувам дека за кратко период би можела љубов да се роди. (Се извинувам однапред ако постои некој исклучок)
    - Биди отворена со него кажи му каква девојка си (ама уз муабет, немој да си нападна).. дека не почитуваш врски за една недела, биди итра..
    - што се однесува до срцето, користи го, но не заборавај на она во главата.. ;) :$
     
  3. Wind

    Wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    Би се сложила со коментарот над мене...
    Исто мислам дека не е љубов само секоја симпатија, затресканост што се родила кај тебе...
    Ако мислиш дека со дечкото искрено на било каков начин си одговараш, ако приметиш дека е сериозен, тогаш океј е тргнувајќи од фактот дека тебе не ти е само да си го направиш меракот за една вечер... Јас искрено да сум на твое место би почнала со некое мување па после да видиш реакција, немој да почнуваш веднаш врска...Ќе биде премногу нападно...Почекај малку , смири се ..
    Ако ви е прв пат да се видите имате уште многу низ кое треба да поминете за да дојде до некоја искрена симпатија... Види го во целост каков е према тебе, муабетот очи во очи верувај ми е МНОГУ по различен од оној преку камера или мсн или фејсбук. Тек откако ќе се случи вашата прва средба ти навистина во себе ќе си го оформиш првиот впечаток.. Ова до сега сите муабети биле само мали помагала околу сето тоа ;)
    Ако си девојка што лесно може да биде повредена играј малку повлечено не се упуштај веднаш..
    Но ако не си таква девојка тогаш пробај , види какви се шансите па макар и само да е една вечер, ништо неможеш да изгубиш.... ;) Извести не како си поминала многу ме интересира.
     
  4. limaaaa

    limaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    1
    blagodaram iskreno na vasite mislenja...I sekako ke ve izvestam.... ;)
     
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Немој премногу да избрзуваш и да се форсираш , зашто може ви иде муабетот преку интернет ама не можеш да бидеш сигурна дека ќе ти се допаѓа и во живо . Ако го тргнеме на страна физичкиот изглед , можеби нема да ти се допаѓа начинот на однесување или било што . Не можеш да размислуваш за врска кога можда нема да сакаш ни да се муваш . Оди полека , и јас порано кога ќе сум се допишувала со некој , сум паѓала во несвест од демек некоја љубов ама кога ќе се сретнев , ни љ од љубов немаше , ни свиѓање . :D
     
  6. limaaaa

    limaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    1
    :sweat: ;) samo da dojde ke vi kazam se kako i sto bese