1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали барате партнер по општо наметнати или сопствени критериуми

Дискусија во 'Врски' започната од julie77, 13 август 2015.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Животно прашање, вечно бара одговори ... Кога барате партнер дали се водите по општи критериуми, важно ви е да е излезен од еден универзален калап или пак од некој поинаков, надвор од просекот?
    Дали барате да поседува статус, просечен карактер или пак барате поинаква енергија ( посебно моќна ), карактер и делување кои не секој може да ги разбере? Човек без, со помалку или повеќе капацитет?
    Дали едноставно барате партнер во просекот или надвор од него?
     
    На angelche16, vitamina и Valerin им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Секогаш многу повеќе сум ги сакал оние луѓе кои се надвор од шаблонот. Мислам... браво за креативноста од типот брада и пунџичка или Celinè маичка. (highfive)

    По истиот принцип сум ги бирал и девојките во минатото, а и животниот партнер. Можеби во минатото не сум бил баш со ексцентрици левел ќерка му на Далѝ, но тие секогаш по нешто отскокнувале од досадните девојки.

    Девојката која ја одбрав да биде покрај мене засекогаш е исто така исклучителна и се разликува од сите останати, пред сè заради љубовта која ја има во себе за мене, а тоа во денешно време и свет кој е полн со омраза и промискуитетност и тоа како е ексцентрично однесување. :lol:

    На крајот, 75% од луѓето бараат партнер кој е во просекот, бидејќи и сами се просекот. Секогаш мислат дека пронашле некаков дијамант со кој сакаат да се омажат, но реално е тоа обично извалкано камче. Сепак, за нив тоа е вистински скапоцен камен, бидејќи добро маскираната лага која не може да се пробие е рамна на вистината.
     
    На Bozica1980, sadgirl21, angelche16 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Изборот на партнер е животно прашање за кое сами треба да го најдеме одговорот.
    Стереотипите се вграден модел кој не секогаш може да го прифатиме и да функционираме според него, особено кога животот треба да го поминеме со личност што ќе биде компатибилна на нашите барања и потреби. Во потрага по другата половина која патем е избрана, се водев според личните интереси и сфаќања. Не ме засегаат ничии сугестии од причина што мојот сенс секогаш бил насочен во кругот на просечноста надвор од некаков стандардизиран калап кој многу лесно се прифаќа од општеството.
    Сите критериуми тешко се исполнуваат во целината, па затоа и треба да се прави компромис и да се балансира онаму каде што има видни разлики. Ништо не може да биде идеално. Па, затоа неопходно е да знаеме да бидеме толерантни и во ситуации кога тоа потешко се постигнува.
    Партнерот што го избрав е еден меѓу малкуте што останаа кои се уште ги негуваат и почитуваат животните вредности, а тоа е веќе емдемска особина која за мене е среќа да се пронајде во нечиј животно-ментален склоп.
    Секој заслужува да го пронајде тоа што го бара затоа што секој е среќен на свој начин.
     
    На kjukli, angelche16, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Така е Капетане. Затоа што себе се сфаќаш како примерок надвор од просекот, нормално си бараш и си наоѓаш многу сличен партнер. Затоа што само така знаеш дека ќе функционираш комплетно.
    Надвор од стереотипот за статус, за карактер, за однесување ... Посебноста е комплетната енергија која ја поседува потенцијалниот. Менталниот капацитет кој знае да гледа и подалеку од маргините, да увиди, да сфати и без да му се укаже или наметне некој став, да има суштина во се она што ќе го изнесе во комуникацијата. Љубовта која нели ќе ја дава, да биде слободна, а не поседувачка, затоа што емоцијата е слободна. Само така вистински опстојува.
    Да има такво разбирање, такво поклопување во ставовите што дури ќе делува нереално. А енергијата секогаш да биде смирувачка помеѓу партнерите. Интимата и адреналинот секогаш профитабилен. :wasntme: Да функционирате на некој поинаков, повисок левел од стандардниот.
     
    На Jenniffer, vitamina, Ginger^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе зборуваме за она нешто , најубаво на свет. Поврзано со љубовта, со односите, поврзано со нашата душа во вид на партнер. Онаа душа за која толку многу мечтаеме.
    Ајде да почниме од она што не учеа постарите. Нас не учеа дека постои една и единствена особа , со која ќе бидеме среќни до крајот на животот. Ако е тоа така, целата оваа приказна би била многу лесна и едноставна. Но сродна душа е онаа која ќе не насочи кон себе, која ќе ни помогне да ги скинеме непотребните слоеви од нас, која ќе не остави понекогаш онака сами со себе да се соочиме. Тоа се две души кои се спознаваат. Мислењето дека душата за нас , е онаа со која ќе се чувствуваме заљубени мислам дека е погрешно. Душа во вид на партнер е онаа која ни помага да пораснеме, да се спознаеме и да нурнеме во нашата длабочина.
    Ако не сте растеле во ист смер, ако не сме се спознале како души тогаш тоа може да постане агонија, мачење.. Тоа постанува наметнување на заеднички живот.Сакам ова да го појаснам затоа што се повеќе луѓе мислат дека ,сега, во ова време ние многу бараме , има многу разводи додека во минатото тоа не било така. Сега велат дека луѓето се помалку толерантни. Луѓе не е така, ние сега знаеме многу повеќе од порано.Сега знаеме дека , денес сме со особа каква сме и ние всушност. Велат , ние сме 5 луѓе кои се околу нас. Нормално како вибрираме , такви луѓе привлекуваме. Привблекуваме онаква личност на која што сме вибрација. За да имаме партнер каков што сакаме треба да сме и ние такви. Нели, добар партнер е одраз на самите ние
    Јас мислам дека сите бараме партнер според нас самите. Воопшто не треба да се срамиме или да стравуваме дали ќе пронајдеме партнер каков што посакуваме. Онаа поинаква енергија што ја бараме кај парнерот , можеме да ја сретнеме само ако и ние сме таков партнер.
    Би сакала да имам таква душа покрај мене, партнер кој е веќе спознаен, и веќе ја живее својата сврха. Душа која е свртена кон себе и кон своето исполнување, кон својата среќа.Партнер кој не се држи грчевито за нас, кој одлучил да не фати за рака, сме се спознале и сме одлучиле заедно да патуваме и учиме. ​
     
    На kjukli, eliesaab, Anonymous-Mr.Known и 2 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Еве јас за себе да си кажам
    Имав некој си ,,омилен,, тип на мажи кои си ги имав створено во фантазијата...
    НО, кога се деси љубов, човекот ниту еден критериум не исполнуваше.
    Па и сите наредни мои љубови, ретко кој барем две точка од критериумите исполнуваше
    На крај, кога созреав дојдов до заклучок дека цело време трагам по маж кој е сличен на карактер на татко ми.
    Ете незнам зошто, ама така испадна.
    Дали бев соживеана со нивниот совршен брак или тој ми станал икона и пример како маж треба да се однесува дома, сеуште незнам.
    Сопругот ете е копија на татко ми, само во друга амбалажа.
    Можеби затоа и имаме слога.
     
    На Glasna, eloves, kjukli и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Секако, посебно кога гледаме нашиот татко како се однесува со нас. Утре мојот сопруг исто да ме третира мене како мајка ми што е третирана од страна на татко ми. Како и односот со децата ,нормално. Мислиш дека ова има врска? Еве кажи според тебе... :)
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Кога ми летаѓе паметот ме интереираа моторџии
    После тоа во тинејџерството ме интересираа градски мангупи
    После тоа убави дечки и дотерани
    После тоа да се на факултет и да се пристојни
    На крај некако сублимирав и судбината ме стави во раце на бивши мангуп, учен, школуван и мајка му ете успеала да го воспита добро.
    Не велам дека е совршен...ни јас не сум.., ама се совпаѓаме.
    А татко ми од секогаш ми бил идол за ЧОВЕК НА МЕСТО.
     
    На eliesaab и julie77 им се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Во различно време, различни нешта посакуваме. Време се носи. Битно е да се пронајдеме во нашата суштина.
     
    На eloves, ku4ence, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    До некаде психологијата игра улога. Дека женските особи бараат партнер сличен на својот татко и обратно машките на својата мајка. Но верувам како созреваме, си ствараме свој свет на критериуми бараме нешто и ван тоа. Би сакала стабилност и мудрост како што има мојот татко, но во другите карактерни црти не баш. Не сакам неамбицизони, не сакам пре осетливи, сакам по малку мангупи, по малку острина да извира од него. Сакам на некој начин да поседува исклучителна енергија.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ова ти е ко да имаш зацртано совршен фустан, излегуваш да го купиш и нема никаде баш таков ко што бараш, па ги игнорираш сите останати кои, иако се убави, не се тоа што си замислила. И на крај си одиш дома без да купиш ништо. За среќа, фустани може да се прават по нарачка. :D

    Јас мислам дека од многу теорија за тоа каков треба да биде партнерот нема фајде. Едноставно кога ќе го видиш човекот што ти одговара, нешто кликнува. Не мора да го вреднуваме по некои претходно воспоставени критериуми, зашто во тој случај никој нема да ни одговара. Кога ќе го најдеш твојот човек, сфаќаш дека тој е тоа што отсекогаш си го барала без да знаеш и без да формулираш листа на карактеристики што треба да ги поседува.
     
    На kjukli, MacenceEna, Bozica1980 и 27 други им се допаѓа ова.
  12. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Livingglam потполно се согласувам со тебе
    Се до точка е точно!:D
     
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Многу дилеми имаме околу ова, но какви и да имаме прашање до одговорот секако ќе дојдеме. Сами, низ искуства, низ спознавање . Само трепение.
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    И јас да се изјаснам на темава.
    Никогаш не сум гледала на тоа да мислам или пак да имам некоја посебна желба, замисла за тоа каков партнер да барам, сето тоа се случува спонтано.
    Ете не за џабе рекле треба да пробаш и да си ја бараш среќата.
    Еве сега сваќам бидејки на оваа тема никогаш не сум ни размислувала дека ипак со мојот партнер сме плус минус со исти карактери, вкус, гледишта итн.
    Многу ми беше битно да се пронајдам со човек што знае да ме насмее.
    Но не сум ни најмалку размислувала каков ке барам, едноставно тоа се случи спонтано и непланирано.
    Партнерот како прво треба да ти биде најдобар пријател.
    Ете јас по ова се водев, се зближивме и едноставно забележавме дека муабетот ни оди, знаеме да се нашалеме и да се насмееме на наша сметка, и ова многу ни значеше во нашата врска а сега и нешто повеќе од тоа.
    После одреден период на нашето дружење дојде и денот кога се заљубивме еден со друг благодарение на нашето пријателство.
    И пак ке кажам, мислам дека неможеме да кажаме јас ке се мажам со таков и таков тоа ни под разно.
    Ипак мислам дека љубовта се случува спонтано и носи со себе разни недостатоци и доблини во еден човек, сето тоа зачинето со слични карактерни особини планови и гледишта во животот.
     
    На CameliaMiller, QweenSM, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Вака, на страна љубов, емоции кои секако се појавуваат со тек на време. Зборуваме за тоа кој како според кои свои критериуми си бара партнер. Значи не е само дека баппп се случила хемија, заљубување, за после некое време сфатиме аха, не овој не е мој тип на човек со кој сакам да продолжам понатаму. Секако дека секој од нас има замислено шема по која си бара партнер. Јасно дека неможе да биде комплетно таков каков го посакуваме, ама барем дел од она што барате да го поседува. И не секој се задоволува со компромис. Компромисот во суштина не може да ве направи среќен. Да, потребен е но е и морален.
    Зборуваме за она делче од вашиот мозаик кое сигурно ќе го поплни совршено.
     
    На crazylady, ku4ence и vitamina им се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Нема еден модел на човек. Има идеална особа за мене, идеална за друг и така... Така верувам дека е .Не дека треба да немаме некои свои правила како треба да изгледа, или што треба да има некој партнер. За тоа не дискутираме нели. Но што кога повеќе врски во животот ви завршуваат по одреден период , заради иста причина? Во мојот случај, сум имала неколку врски кои траеле некое време и завршиле исто... Па може да кажам дека и тука некаден со времето завршиле... Сум ги сметала за погрешни, сум осеќала лутење кон мене дека се нешто не ми се свиѓа.... Но не е така. Баш тие ми помогнаа да се спознаам.
    Не ги сметам за погрешни, не ги именувам веќе како такви.Нема погрешни луѓе, за тоа време биле правилни. Преку нив ќе дојдеме до она вистинското, така учиме и знаеме што сакаме а што не.
    Хемија може да има и до крај , ама не е доволна. Потребна е ама треба и друго . @julie77 Порано мислев дека треба да владее некој си врв на компромис, каде партнерот ако сака да гледа фудбал ...денес ќе гледаме, нели за утре кога мене ќе ми се оди негде да дојде со мене... Мислев дека тоа е во ред, ама тука има нешто што не се поклопува. Сега мислам дека треба ако во исто време на партнерот му се гледа фудбал а мене ми се излегува, тој да остане пред телевизор а јас да излезам. За таков ли вид на компромис зборуваш ? Ако мислеш за тоа, тогаш се согласувам со тебе во целост. Тоа отепува до немајкаде.
     
    На crazylady, vitamina и julie77 им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    @Ginger^ ... баш тоа. Да се има конструктивен компромис. Нормално ако тој има потреба моментално сега да прави едно, а ти друго, да се почитува слободата на изборот на двајцата. А не ако едниот партнер сака вака, сака тоа, мисли дека треба да биде ова, ти тоа секојпат да го прифаќаш иако знаеш дека не те исполнува. Ова веќе за мене не е компромис.
    И во еден однос да се има почитување на слободата, изборот и потребите. Секој да функционира како индивидуа за себе, а заедно како една целина.
     
    На crazylady и vitamina им се допаѓа ова.
  18. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Така е . Најголемиот проблем е во гледањата на другиот, ставовите и претставата за тоа акко една врска треба да изгледа и што всушност тоа значи. Секако за така да биде треба да имаме покрај себе извонредна особа. Како нас нели :D
     
    На crazylady, julie77 и vitamina им се допаѓа ова.
  19. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Интересно е колку луѓето сакаат да веруваат дека се единствени и надвор од шаблонот.

    Уште поинтересен е моментот каде што се убедуваат дека се сè, само не просечни и досадни личности кои тапкаат во место и монотонијата им е позната само како именка.



    Во принцип јас не барам, таквите работи едноставно се случуваат, спонтано. Да, може да го барам совршениот пар чевли, но чевлите се готов производ, ми се допаѓаат или не, ги купувам, ги носам и се приспособуваат на моето стапало. А може ли истото да го направам со човек?

    Не верувам во прилагодувања кога е во прашање животниот стил. Единствено може да се прилагодиме околу појадокот, дали ќе јадеме мармалад или корнфлекс.
    Не сакам животот да ми е ролеркостер, до мене да имам неодлучен маж, па постојано да се колебаме дали сме таму, ваму или онаму.

    Сакам маж кој ќе биде мајстор, во вистинска смисла на зборот. Не сакам за менување на сифонот или за бушење дупка со бор машина да викам мајстор. А да, татко ми е таков тип на човек и не прифаќам ништо помалку.
     
    На eloves, kjukli, zvecarka и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Оти така размислуваш, па нели е убаво за себе да си мислиме дека сме најдобри ? Ти нели мислиш така за себе ? Убаво е да гледаме како има луѓе што се и надсебе и да ги гледаме како поттик за уште подобри да станеме. Не мислам на самобендисаност , туку на ценење како посебна индивидуа. што мислиш ти ? Нели треба така ?