1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали бирате партнер според професиjа?

Дискусија во 'Врски' започната од vitomir, 27 ноември 2011.

  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Пример се запознавате со некој тип,и го прашувате што работи? И тој одговара продавач или нешто друго,без разлика поентата ми е ако вас не ви се допаѓа што тој работи,го гледате со потценување?
     
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Дали бирате дечковци по професиза!?

    А што е тогаш со оние невработените? Не смеат да имаат девојки. :?:
    Јас мислам дека ниту професијата, ниту работата, ниту платата не се клучни за да се допадне некој.
     
    На SigmaMan, Tara7, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Дали бирате дечковци по професиза!?

    Мое мислење е дека ДЕЛ ... значи ДЕЛ од девојќите , поточно 98% би се фатиле со некој што работи како адвокат , него со некој што чисти ѓубре на улица
     
    На crazylady и Monchence им се допаѓа ова.
  4. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Дали бирате дечковци по професиза!?

    Не!
    Ако навистина сум заљубена, не гледам. Нормално дека сакам дечко ми да има убава професија ама тоа никогаш не било фактор за тоа дали јас ке излезам со некој.
    Важно да си ме сака, па тој од ѓубреџија до судија, што сака нека си работи.


    Едит: Јипман, јас мислам дека малку си утнал со бројката :) Сметам дека има повеќе девојки на кои и не им е важна професијата.

    Подобро да чисти ѓубре по улици отколку тој самиот да е ѓубре ;)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Дали бирате дечковци по професиза!?

    Пре би тргнала со чистач, отколку со адвокат.

    Не знам, до сега не сум имала можност да бирам професии, све се надежни студенти. Нема смисла сега да дискриминирам факултети :)


    Инаку секако дека е важна професијата, доколку е за озбилно.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Дали бирате дечковци по професиза!?

    Значи јас сум во тие 2% очигледно, зашто сите мажи правници што ги познавам се pain in the ass, и се дел од кастингот на Boston Legal, имаат закачено постер од Алан Шор над креветот, и го бакнуваат за добра ноќ.
    :D

    Не, не го бирам дечкото по професија.
    Никогаш и не сум бирала.
    Се додека се наоѓаме на иста бранова должина со муабетот и постои хемија и разбирање помеѓу нас, другото ми е ирелевантно.

    И ако ја има таа несреќа да биде невработен, а е сосем кул и ок дечко, не треба да има девојка?
    Еве и јас сум моментално невработена - и сега?

    Да се обесиме ако не.
    |(
     
    На glosipgirl, Neytiri, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Дали бирате дечковци по професиза!?

    Да не се лажеме,не сакам со ѓубретар да бидам.
    Не дека ги омаловажувам ѓубретарите, не е срамно дур е поштено.но покрај себе сакам амбициозна личност.
    А ѓубретар не е.
    Инаку, дур сум млада не ми е фрка дали ќе ми се допадне келнер,шанкер,таксист или шо знам јас(се дур поседува привлечност за мене), па дур не дојде моментот да се живее заедно.
    Љубов,љубов..ама од љубов деца не се гледаат dude. И тогаш професијата не е битна, но потребен е хонорар.
    Во секој случај сакам уметник покрај себе (е, богами профитабилна работа кај нас) :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Дали бирате дечковци по професиза!?

    Beached, и јас се согласувам со тебе, дека од љубов не се живее.
    Парички си требаат, да не се лажеме.
    Ама еве, типичен пример, нашата пријателка е факултетски образована особа, т.е. доктор на науки, многу пријатна, фина, воспитана, успешна во работата... а мажот и' е бизнисмен, кој има само средно, а заработува 10 пати повеќе од неа.
    Зборот ми е - немаше да има разлика и да има факултет и докторат како неа, кога си е грубијан,не се разбира апсолутно од ништо, од никаков нормален муабет, внесен само во бројки и пари и кафани и певаљки, едноставно не е интелектуалец, и се два различни светови луѓево.
    А ете ќе си речеш - па има пари, топ прилика е.

    Епа не е.
    Не за џабе се бара некој складен спроти себе.
    Ментално складен би се појаснила.
    Ете затоа и ти си бараш уметник, јас си барам некој по мој вкус... ако се погоди келнер, епа сега... да сме живи и здрави.
    Не може да имаш се'.
     
    На Neytiri, crazylady, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Дали бирате дечковци по професиjа!?

    Сигурна си?

    Мене ми е важно САМО да не е мрзлив и да не е со основно. А доколку сум слободна и ми се допаѓаат двајца, едниот од нив е чистач другиот адвокат, се разбира дека адвокатот ќе го одберам, мислам, да не се лажеме.
     
    На Miss-dior и Juicy им се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Дали бирате дечковци по професиjа!?

    Јасно тоа.
    Здравје боже нека е и келнер,нека е и шанкер..ама нека е амбициозен. Нема збор дека има адвокати,доктори,политичари шо завршиле и по два факултети, па се диви,идиоти. Незнаат ни муабет да направат ни ништо. Факултетот не го прави човекот писмен..посебно не денес,кога сите ко луди завршуваат,дипломираат..срање!
    Јасно дека џабе дипломата,ако немаш ум.
    Значи се додека е амбициозен,писмен,културен,разбран човек е океј :)
     
    На crazylady, srcekrsacka, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  11. billyy

    billyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    15
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Јас партнерот го одбрав уште во средно :D тогаш професијата не ми паѓаше на памет... ама гледано од денешен агол секако дека би ми било важно... многу
     
  12. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Подобро ѓубретар, отколку некој мрзлив кој не се труди ни работа да најде затоа што тој се смета за "ГОЛЕМЕЦ" и не прифаќа секаква работа.. Во нашава земја немаме можност сите да бидеме доктори, адвокати, економисти и слично, мора некој да е и келнер, шанкер, чистач итн.. се додека е работата чесна не e битно што работи :)
    Дечко ми е дипломиран правник но како и повеќето во нашава земја неможеше да најде работа што ја сака.. сега работи со татко му во фирма за градежништво, навистина му е тешка работата но не се срами од тоа што го работи, а јас уште помалку . :)
     
    На Abeja, srcekrsacka, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Кога вчера слушнав од еден мој другар ( а чим ми е другар не сум го очекувала тоа од него) дека кога би бирал женска би одбрал некоја богата, образована, дотерана и вработена во некоја фирма, бев ваква :o . Инаку има 23 години, ако ве интересира. Алоооооу типче дали се слушаш ти? Па овде јас и Русинката кога му рипнавме... Се палиш на моќ или бараш некоја шо ќе те издржува? Ако сакаш пари и моќ, заврши го тај факултет веќе еднаш, потруди се да најдеш работа и најди си жена шо ја сакаш бре човек. И да е келнерка, градинарка, шивачка.... ако е океј особа и ако ја љубиш -терај си.

    Моите немаат некоја јака работа и јака пара ама и ден денес ќе ги видеш гушнати и како прават ручек во кујна. Тато нема нема - а помине од кај мама ќе ја бакне на образите. Куќата ни е полна со хармонија и љубов, а пари имаме колку шо ни е потребно, добро е, до сега не сме имале некои проблеми, ниту пак сме се карале за нешто или јас и сестра ми да и ствараме тензија.

    Пример, дечко ми работеше нешто со татко му али привремено. Потоа кога немаше работа дремеше по дома и тоа малце го депримираше. Јас бев загрижена за него ама оти тој не се осеќаше убаво, а плус не знаеше шо да превземе. А има доволно години, да ви кажам. На крај реши да се запише на втор факултет. Негова одлука, јас го подржувам.
    А па како шо денес скоро сите дипломи се купени или пак така ги фрлаат и како шо фрчат врски - не значи дека тој адвокат е многу паметен. А јас љубам интелигентни, така да...
     
    На Neytiri, Annath, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Од партнерот барам само да сака да направи нешто со себе. За професија не се ни осудувам да прашам, ако ми каже - добро, ако не - никому ништо. Ама квалитетите си се гледаат, без разлика што му е професијата, особини како амбициозност и интелигенција не поминуваат занемарени.

    Трнлив е патот до успехот, ретко кој се раѓа со сребрено лажиче во уста. Наше е да се трудиме да успееме, ама никој нема право да биде дискриминиран ако не може да најде добро платена работа.
     
    На RedWine, eli25, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Ха а знаете шо е најинтересно? Кога некоја ќе ми се прави еманципирана, современа и независна жена, со феминистички поглед на светот и као јас можам да бидам газдарица, а сепак бира маж со добро платена професија - за секој случај, нели? :D Мрш ма!
     
    На ana-banana и femina90 им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.058
    Допаѓања:
    155.087
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Искрена да бидам,колку сака нека има интелигенција кога не знае правилно да ја употреби. Не ги бирам по професија,но ми значи амбициозноста и понесеноста да направи нешто од животот и своите способности. Прашувам за професија,прашувам за идни планови,зошто е нормален муабет,својствен за луѓе кои за прв пат се запознаваат и да,многу ми кажува за човекот. Значи тука не станува збор за степен на образование,туку професија...
    Нека биде и најдобрата личност на светот,но долку е пасивен кој не се развива и му е сасвим ок да работи работа која е безперспективна,за мене е проблем и точка. Сакам активни луѓе кои се носени од страст кон она што го работат. И да разговараме за обични нешта,кажете ми дали има нешто посекси од човек кој работи нешто со особена страст и ви го кажува тоа,ја гледате таа искра во очите?! Според мене нема. Не да ја сака професијата повеќе од себе,мене,семејството,но сепак,да му е важна.
    Не може да ме привлече човек кој не знае што со себе,колку сака нека е паметен и добар. Нека биде и оџачар,ако се гледа себе си како најдобар у градот за година дена и има план до истото,јас сум ок со тоа. Бар среќа ќе ми носи од повеќе аспекти и нема да можам да се пуштам од "копче"! :D

    Знам дека има дами кои бираат исклучиво адвокати,бизнисмени,Леони,доктори,врагови...јас не,ама не бирам и ко што кажавте продавач у супер маркет,се дур не сонува да биде за почеток шеф на смена,па на даље.Никој не почнат од позиција,да се разбереме.

    Го доживувам ко дел од личноста и точка.Не може да ме привлече неамбициозен серко кој бара пари од родителите и се нада на лото и бинго,кој е фин и добар дур замисли чудо,му се падне на лото и рече на Хаваите мадам и ми рече чао. Па има и вакви глуперди.
    Ај да не се навраќам на темата со витезите што ве замарав! :D
     
    На RedWine, Sunchild, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Никогаш не сум го бирала партнерот спрема професијата. Доволно е да има амбиција да направи нешто повеќе во животот, да не биде на грбот на мама и тато цел живот. Професијата сама по себе воопшто не го предодредува човекот (а со тоа и евентуалниот понатамошен заеднички живот) дали би бил добар или не. Секако дека никому нема да му се слоши ако партнерот има професија која е доста солидно платена, но најважна е довербата, разбирањето, слогата. Добро платената професија сама по себе не е доволна, доколку некој нема амбиција нема да биде успешен во професијата, и ќе биде само пропаднат доктор/адвокат/ватевр......и тогаш добрата професија апсолутно ништо не му вреди :|
     
  18. Monchence

    Monchence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    15
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Важно да не седи дома и да чека дека некој ќе го понуди со работа ..
    Колку успеал до сега,толку.Но,никогаш не е доцна да се потруде за нешто повеќе(секако тоа си е индивидуално),али зборот у главно ми е: ДА СЕ РАБОТИ НЕШТО .
     
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Прва другарка - долго беше во врска, а потои и се омажи за келнер и тоа по некои кебапчилници во чаршија. Но детево вредно и чесно, успеа во животот, смени неколку работи и сега имаат убав и пристоен живот.

    Втора другарка - цел живот дечко и, а после и сопруг, беше некоја крупна ѕверка, по фирми, директор. Но последната фирмата се распадна и остана без работа. И толку. Си остана дома, демек понижење му било да работи нешто друго освен директор, ме разбирате. Женава живци кинеше, со две големи деца, доаѓаа да трпат за леб. Жената се разболе, и приказната е премногу тажна да продолжувам...

    Значи муабетот ми е дека битно е да е вреден и чесен. Мојот сопруг има добра работа, но јас сум сигурна дека утре недајбоже да остане без работа, ќе оди на село, ќе копа и било што ќе работи за да ни овозможи нормален живот.
     
    На RedWine, Annath, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Дали бирате партнер според професиjа!?

    Искрата што се буди во било кој човек кога е амбициозен, кога ги кажува своите планови, кога верува во себе и сака да успее е нешто што ме воодушевува кај секоја личност, така да и кај партнерот.

    Мене другарките ми се смеат колку си го фалам дечко ми, колку се труди, колку е полн со идеи за работа...
    Башка јас го запознав и се заљубив во него кога немаше вода у очи, народски кажано, и кога гледам како од ништо пробува да направи нешто, стварно му се восхитувам.
    Не дека е некој успешен, ама работи две работи, само поради остварување на неговите идеи...
    Му се восхитувам, сум му го кажала тоа. Позаљубена сум во него со секоја негова нова идеа... А за неговите успеси се радувам скоро колку него...

    Да, не е битна професијата... Битно е колку верува во самиот себе и колку е амбициозен, и како размислува за понатака, а не да чека на мама и тато да му направат се` во животот.
     
    На srcekrsacka и Lola-M им се допаѓа ова.