Име можеби, презиме ноу веееј На крај краева, не дека некој го интересира моето име и презиме,ова е форум. Баш поради тоа што се претставуваме со одреден псевдоним имаме повеќе сила да бидеме искрени.
немам храброст да го кажам името, бидејќи нема да можам да ги користам привилегиите кои ги нуди анонимноста на форумов... доколку го кажам името некој што ме познава кога ќе ми ги разлиста мислењава одма ќе познае која сум, плус имам име кое ретко е застапено во Македонија
Може иницијали Ајде бе девојки кој би ризикувал сепак форумов има 20 000 членови ама што има да ризикувам ... Овие што кажаа за храброста .
Па кажи го и тукаа .. форумов као шо кажавте има поише од 20 илјада члена.. не сте вие единствени со вашето име нема потреба од иницијали кажето го ИМЕТО!
Ауч се подобри и подобри теми се отвараат Бтв У контекст на темава форумов е анонимен и баш заради тоа имаме корисничко име Да не треба и матичен број, улица,број... Цццц...КЛУЧ Има ваква тема, разгледај малце forumski-igri/kako-se-vika-forumdjikata-nad-vas-t3967/ Што ли следно ќе биде!?
Thelittle17 ако некоја сакала да си го каже името ќе го ставела за корисничко име. Втора работа, иако има членки кои си го кажале името и откриле идентитетот, некои од нив го чуваат за себе. Ти ако ги препознаеш по пост, облеката постирана во темите за модни критики и ред други работи е веќе сосем друго нешто, чиста случајност, среќа во несреќа или како и да е. Личен избор е дали ќе си го кажат името или не. Форумов ако сака нема има и милион корисници, ама тоа не е причина да каже некоја јас се викам Слаѓана и што ако? Пак нема да ме дознаете. Пролистај наоколу, види кои работи се кажани по темите, некои се навлезени во длабоката приватност. Лошо ќе е тие истите да излезат на виделина, а тоа полесно ќе се случи доколку името е познато. Не дај боже пак презиме. Тоа со матичниот број верувам беше сарказам, кој ти не го разбра. Се согласувам за клуч на темава, изреволтирана сум што едни исти работи одново и наново ги има.