Дали би се вратиле на старата љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од hiena.epa.sto, 22 октомври 2010.

  1. hiena.epa.sto

    hiena.epa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Дали некоаш ви се има слушено да се видите со некое бифшо момче/девојка после долго врем и повторно да почуствувате нешто за него/неа? Дали би почнале од почеток со него/неа или не би ризикувале? (серазбира ако и он/на сака)
    :)
     
  2. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Да, ми се има случено да се видам со бившиот и во тој момент да ми се вратат сите чувства зашто го сакам ... Искрено да кажам, би му се вратила ако ми докаже дека навистина ме сака и му значам, и на некој начин би можеле да ги преминеме грешките од минатото, но се разбира со заеднички сили да се трудиме втората шанса да ја искористиме на начин на кој меѓусебно ќе се трудиме да ни биде подобро и поубаво. Зашто една врска не може да опстане ако таа почит, разбирање и искреност не е обострана. Но, секако враќањето на старата љубов е и ризик, и зависи најмногу од личностите и каква била ситуацијата меѓу нив, причината за раскинувањето и сл. Ако постоеле некои „големи дупки“ во врската и ако тие работи не можат да се опростат и да се премине преку нив, тогаш смирувањето е за џабе и се би се одвивало како и порано. Значи за таква одлука треба убаво да се размисли па да се направи вистинскиот чекор, за да на крај не постои разочарување и каење.
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    43.277
    Пол:
    Женски
    Баш периодов минувам низ нешто од почеток, немаше голема пауза меѓутоа сите беа против ( и негови и мои другари и другарки) се смиривме, без никој да знае и искрено функционира како никогаш до сега... супер е, нема мешање од страна, нема вадење муабети, ама не знам до кога ќе биде вака
    ризикувам многу, знам дека се изложив на ризик да ми биде најтешко, а еднаш веќе го пројдов тоа, ама мислам дека вреди, и пробувам, и додека го сакам волку многу ќе пробувам
     
    На glosipgirl и babe им се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.849
    никогаш не обновувајте ја старата љубов затоа што тоа е исто како да читате една книга по втор пат а однапред да го знаете крајот... ;)
     
    На hermosa, Lile_05, srcekrsacka и 13 други им се допаѓа ова.
  5. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    ми се има случено то и имам пробано да се смирам, ама работата е шо не е то то, едно очекваш, а друго добиваш.мислам дека најубо е минатото да е зад мене и да си продолжам напред, а од бифшите љубови да опстани само еден убав спомен.Ако требало да бидиме заедно ќе сме биле до ден денес, значи имало нешто шо не ни дозволило да опстани нашата врска, и то НЕШТО било посилно од нашата ЉУБОВ.
     
    На Dark artist, kike19, Liebe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    851
    да ми се случило, и од оваа перспектива сега - не требаше да си губам време....
     
    На okcenzi и kike19 им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.550
    Допаѓања:
    132.599
    Пол:
    Женски
    Па не сум до толку очајна, има други риби во морето, фала Богу. И најсилните чувства да вријат во мене за него - не би му се вратила. Има причина зошто е стара љубов, бивша или како веќе да ја наречам. Скршената вазна не се лепи.
    Впрочем, како и за се во животот, и тука би ја применила девизата - НЕ ГЛЕДАЈ НАЗАД - она што е минато таму ќе си остане, поважно ми е она што ми се случува сега, денес. А тоа што било - водата го однела 8)
     
    На Lile_05, eloves, s.u.n.s.h.i.n.e и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.899
    Пол:
    Женски
    Во принцип не сум за враќање на стари врски, иако тоа ми се случи кога имав 15-16 години. Се смирив со бившиот, и одевме околу година и пол и немаше врска со првиот пат, чудно. Али тогаш бев малечка со поинакви сфаќања за животот. Сега, не би се вратила на бивши. Мислам дека нема да биде тоа тоа.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.501
    Ми се случило да се смирам со бивши дечковци...
    По втор пат... И трет пат.
    Абе шпанска серија.
    Скршеното не се лепи.
    А и да се залепи, пукнатините ќе се гледаат цел живот.
    А и мама и тато ме учеа моите искористени играчки да ги давам на понесреќни дечиња од мене. :D
    Што било, поминало.
    Да било салам, ќе траело.
    НЕ, НЕ БИ СЕ ВРАТИЛА НА НИТУ ЕДНА СТАРА ЉУБОВ.
     
    На Maca***, Blue_Angel_13, hermosa и 12 други им се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.678
    :clap: :rock:
    Истото би го рекла и јас...
     
    На anufkaaa и Negreva им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.770
    Постои една реченица која важи во потполност со мене - Forget the people from your past, there's a reason why they didn't make it to your future. Бившите дечковци кај мене одат во емотивен заборав, едноставно таква сум. А раскинам со некој, откако ќе го преболам - разврзувам билокакви подлабоки емотивни врски од љубовен карактер со таа личност. Затоа и не можам да замислам да се вратам на некоја стара љубов, затоа што во мене се се губи после раскинување и повеќе таа личност не ме привлекува. Гледам напред. Она што останува зад мене, си останува таму, кој ќе се врти назад - и онака ми крцка вратот. Рикверц знаеме сите да возиме, ама полесно е да се гледа пред себе отколку зад себе ;)
     
    На LaraSolare, Tanjamm, Kala007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    До пред една година ќе се вратев само на една моја стара љубов , што мислам дека ми беше љубовта на животот, ама сега тој се ожени , што значи женети не ме интересираат, па веќе не се замарам со тоа како би било кога би раскинала со дечко ми и би се вратила на некој бивши :)
     
  13. BlacKandWhiteRose

    BlacKandWhiteRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Никогаш не би се вратила! Сум се враќала да... Но секогаш завршувало со ист крај. Нема потреба да се измачувам повеќе било и поминало... :D
     
  14. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    103
    Никогаш се немам,а не ни планирам .Кога веќе раскинала таа врска за секогаш нема зошто да се навраќаме назад.Било-поминало доаѓа ново :rofl:
    Сега сум заљубена до уши :$ и не размислувам за никој друг :inlove:
     
  15. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    150
    Нема шанси! :)
     
  16. fragolina

    fragolina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Не се родил таков досега
     
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    566
    Ми се има случено, и сеуште контактирам со тој што идев најдолго. Мислам дека помеѓу нас се уште има некоја искра, мала но каква таква ја има. Но, знам низ што сум поминала, и знам низ што повторно би минувала. Не сум спремна на таква жртва. Зошто, веќе си ги знаеме карактерите, кои очигледно во некои ситуации не си одговарале, па затоа дошло крај.
     
    На Lile_05 и anufkaaa им се допаѓа ова.
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    На старата љубов и да сакам не би можела да се вратам, бидејќи како тогаш, така и сега ми е забранет.
    Но на бивши... Хммм... Не знам, не сум ни имала некој кој така ми допрел всрце. Имав еден кој беше речиси совршен ама го пуштив да си оди :( Можеби така требало да биде, тој беше се што една девојка би посакувала... Не знам, ако би имала шанса, ако би биле слободни двајцата можеби би пробале.
     
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    5.047
    Пол:
    Женски
    Да ја био добар не би био бифши. Си има причина што останале во минатото.Не сум за реприза ;)
     
    На Бисерче95, Pucanka и Cataleya им се допаѓа ова.
  20. Skopsko-Pufle

    Skopsko-Pufle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    „ДА“, би и се вратила на старата љубов и покрај тоа што помина една година од кога сме скарани а одевме четири години јас сеуште го сакам и би му се вратила но многу ми е страв дека ќе имаме многу караници за некои работи кои ни се случуваа во оваа година додека бевме скарани. И јас имав дечко и тој имаше девојка и неколку врски за 1-2 вечери ама мислам дека тоа ќе ни биде причина за караници па и ќе има многу недоверба и од моја и од негова страна и поради тоа сеуште не сме се смириле а и двајцата сакаме и се сакаме. Не знам што да правам. Помош девојкиии :worried: ;(
     
    На Pucanka му/ѝ се допаѓа ова.