1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во брак и вечна љубов?

Дискусија во 'Брак' започната од Mr. Right, 1 јули 2018.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Сте размислувале ли на оваа тема?
    Зошто (не) сте се одлучиле на брак?
    Што претставува бракот за вас?
    Мислите ли дека до крајот на животот ќе бидете заедно со вашиот партнер и вљубени?

    Јас не верувам во брак и немам некоја желба за тој чекор. Мислам дека сè е убаво додека трае, а потоа секој си заминува по својот пат. Не мислам дека постои вечна љубов, т.е. дека доживотно ќе бидам вљубен во истата личнот. Мислам дека со текот на годините љубовта се губи помеѓу партнерите, монотонијата во бракот си го прави своето.
    Што мислите вие?
     
    На Herrera, Love...music, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Верувам во брак, иако морам да признаам дека не ми беше приоритет да се мажам. Не верувам во вечна љубов. Можеби понатака ќе сакам некој друг.
     
    На Girly90, crazylady, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум верувала ни во брак, ниту пак во ("вечна") љубов... |(

    Според мене, она што останатите луѓе го нарекуваат,,љубов,, е само хемиска реакција на хормони (адреналин, тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин) која се случува во мозокот, принудувајќи ги животнските видови, вклучувајќи го и човековиот вид, да се размножуваат за да останат живи на оваа планета и да го забават процесот на еволуцијата.
    Така, ова го разбирам единствено како систем на природата кој, можеби нема релевантно значење за животните, но бидејќи homo sapiens самиот се прогласил за најинтелигентното суштество на оваа планета, секако не би сакал во скоро време некој друг вид да ги ископува и проучува неговите коски кога може да постигнува уште многу достигнувања и развој.

    Освен тоа, не ми е јасен поимот "вечна" љубов... Тоа не е материја па да не може ни да биде создадена, ниту пак уништена.
    Моја претпоставка е дека луѓето и даваат карактеристика на "љубовта" како вечна за да бидат сигурни дека некој ќе им дојде на погребот...

    Што се однесува пак, до бракот како стара институција во општеството, сметам дека дури и најромантичните луѓе во еден момент од својот живот би се запрашале за веројатноста, односно дали бракот е воопшто легитимен и вистински а не некоја голема заблуда во која живеат се со цел за да не останат сами на нивната смртна постела.
    Бидејќи во реалниот живот, сите умираат на тој начин - сами, не постои такво нешто како "ко-умирање"

    Претпоставувам дека луѓето се до толкав степен заплашени од фактот дека не се бесмртни и дека ќе умрат еден ден без никакви последици од тоа, што се подготвени целиот живот да го поминат живеејќи во лаги...
     
    На Napqueenmari, Love...music, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.621
    Прво, бракот не го гледам како нешто во кое треба да се верува, туку како законски регулирана заедница меѓу двајца партнери, можеби би рекла наметната од општеството

    Вечна љубов кон партнер? Мислам дека не постои, бидејќи љубовта се менува и може да згасне
    Меѓутоа, вечна љубов општо, кон која и да е личност, постои
     
    На capuchino, duffi, Love...music и 8 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Интересно прашање.
    Бракот е само еден вид на социјално и правно уредување на заедницата... Прво, поради тоа што сме социјални битија, па бракот ни 'овозможува' да не бидеме сами, второ, поради системско организирање за контрола на заедниците. Сега.. не мора и да си официјално во брак за да не си сам... ама и само да живееш со некој после неколку години (не памтам точно колку), се рачуна како цивилен брак, поради имотно-правни прашања.

    Што се однесува до љубовта, постои и доживотна љубов, но не таква каква што замислуваат повеќето. Љубовта се менува во зависност од тоа колку долго сте заедно со партнерот, од тоа колку сте интимно поврзани (не сексуална интима, туку ... емотивна, социјална), случувањата во околината, секојдневниот живот итн.
    Тоа што го има на почеток на повеќето врски, не трае вечно. Таа почетна љубов... со пеперутките де, трае до кај 3 години, и е поврзана со хормонска реакција, после тоа треба да се потпира на доверба, разбирање, блискост итн. Огномети нема, освен ако и двајцата не си ги одржувате.
     
    На flawless_, Herrera, Oneo и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Верувам и во брак и во вечна љубов.

    Бракот е заедница, односно нешто како "официјализирање" на заедничката љубов пред државата и црквата, што не значи дека е гаранција дека љубовта ќе трае вечно или дека мора тоа да се направи. Колку луѓе има што живеат заедно а немаат и не сакаат да склучат брак, но тоа не значи дека помалку се сакаат од оние во брак. Лично јас сакам да стапам во брак.

    Во вечна љубов верувам. Цврсто верувам дека чувствата за вистинската личност никогаш не исчезнуваат, туку само се поизменуваат одвреме навреме но секогаш се тука.
    Кога ќе видам стари луѓе како се гледаат со љубов во очите не можам да се посомневам дека љубовта не е вечна. Се што се негува и чува може да трае додека траеме и ние.

    Ете, јас сум од оние личности што веруваат во happily ever after, па кој како сака нека каже.:)
     
    На Erika.greeneyes, LadyD, Imperatorka5 и 37 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.041
    Пол:
    Женски
    Верувам во љубов, а бракот е крунисување на љубовта. Бракот не е само инститиција или договор, бракот е заедница благословена од Бог. Потпишувањето во матично не го гледам како толку важно колку венчавката во црква.
    Да, верувам дека постои љубов без рок на траење. Уверена сум во тоа, љубовта секој ден може да биде како да е нова, да го има истиот жар. Кој не верува во тоа, не знае за љубов.
    Во брак не сум сеуште, но сигурно дека ќе бидам.
     
    На IRBBB, Imperatorka5, Starlič и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    И јас верувам дека постои љубов, но не љубов во облик на „пеперутки во стомакот“ и останати излитени фрази некои, извадени од некој љубовен YA-роман на Џули Џејмс.
    Љубовта е многу повеќе од тоа.

    Бракот е обична заедница, впрочем - најнормална врска како и секоја друга помеѓу двајца партнери/избраници и сум против негово идеализирање како круна на љубовта, но не значи дека не верувам во него.
    Бракот не секогаш е производ на љубовта и нормално - не е задолжително љубовта да резултира со брак.

    А луѓето треба да веруваат во што сакаат, или едноставно да веруваат во тоа што ги прави среќни, можеби. Па макар било тоа и дека љубовта е хемиска реакција, а бракот „папирологија“.

    Што се однесува до мене, верувам и во двете, но ниту ги идеализирам, ниту пак гаам нихилистички мисли во однос на нив.
    За мене, нивната смисла е поинаква од таа која е наметната (било од општеството или ете, од црквата, итн.), но сепак мислам дека и на двете нешта гледам повеќе од емотивен аспект, па нивната вредност за мене е таа која произлегува од тука. И тоа за мене е непроценливо - не ми треба никој, освен самата јас, за да ги верификува нештата кои ги носам во срцето.

    Мене реално ништо не би ми значел благослов или било каков потпис со кој се регулира заедницава, но ако некој смета дека тоа е клучната работа која го крепи, создава, па и признава бракот како брак - тогаш go ahead.
    За мене, како што кажав, бракот е многу повеќе од тоа.

    Во животов ништо не ме плаши повеќе од погрешен избор - дали ќе успеам да ја најдам вистинската личност за мене која ќе стои покрај мене во секое време и со која ќе си бидеме поддршка и „ветер во грб“ за цел живот.
    Таквиот човек не е воопшто тешко да го љубиш и да останеш до него целиот твој живот.

    Но, тоа е веќе сосема друг муабет, па не би било фер да опфатам една сосема друга тема која е далеку од оваа која е поставена.
     
    На Yowannty, duffi, calliope и 32 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Верувам во бракот како институција дека може да биде функционална, а верувам и во трајна љубов кон една личност која може да опстане кај многу луѓе - без разлика во кое време живееме.
    Не верувам во ексклузивната поврзаност меѓу овие две работи - во идеализирањето на бракот (посебно од црковен аспект) како единствена гаранција за доживотна љубов.
     
    На Yowannty, LadyC, crazylady и 18 други им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Верувам во функционалноста на бракот и опстојувањето на љубовта меѓу партнерите, иако имам еден неуспешен брак.
     
    На Yowannty, LadyC, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. samovila.red.

    samovila.red. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Знаеш што, читајќи те на темите во сдк .. не помислував на вакви твои одговори, на твоите сопствени прашања... Мислев ликот со тебе те променил, но небило така... Сепак личен избор, секој може да ти даде совет, но како ти ќе живееш, бираш сам...
     
  12. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Ова е мое мислење. Што знам можеби ќе се појави личност што ќе ми го смени размислувањето. Сега засега е вака. :)
     
    На samovila.red., LadyC, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Нека ти даде Господ една мома Македонка , да ти изнароди еден куп ангелчиња па ќе видиш колку возвишена работа е бракот!
    Бракот не е само љубов помеѓу маж и жена. Бракот е што ти можеш да направиш за неа и за нив( децата) и никогаш да не бараш да ти се врати. Бракот е се она што би го направил Ти за неа и нив за да СЕКОГАШ имаат насмеано лице!
     
    На Leat, Dust, CurlyBlossomGirl и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Верувам!!!! Се надевам на мојата себереализација и дека некогаш ќе имам брак и вечна Љубов со една жена и со многу деца, љубов и среќа!
     
    На Leat, GirlLove, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Бракот за мене е институција, не ми игра многу улога. Ако јас имам услов да живеам со партнерот и предбрачно или во кохабитација, апсолутно би зошто важен ми е моментот каде ние двата се сакаме и сакаме да живееме заедно и ни е убаво и успеваме во тоа, а како тоа живеење заедно ќе биди регулирано и не ми е толку важно. Сепак, би сакала да стапам во граѓански брак, за подалеку и немам размислено.

    Дали љубовта е вечна - не знам. Не сум стигнала до таму. Верувам и во заљубување, но умирање на љубов дали било поради постапки на партнер или отуѓување. Се надевам дека долго ќе ме греј мене љубовта. Најслатки парови ми се оние кои апсолутно се бореле за својата љубов, против општеството, комшиите, роднините, и успеале и сега се стари и се држат за рака кога одат како тинејџери и зрачат од љубов.
     
    На LadyC, Victorian, La.loca и 9 други им се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Бракот (на граѓанскиот мислам) е само еден вид склучување договор, партнерство за да ако дојде до раскинување на заедницата да се знае од кога треба да се делат стварите на пола. Тоа парче хартија не ми менува ама баш ништо. Со или без склучен брак партнерите можат да живеат и функционираат исто и во поглед на деца и се останато, доколку се има разбирање секако, ако се нема тогаш склучениот брак нема никако да им помогне. Можам цел живот да живеам со партнерот заедно без да имам потреба да склучувам брак бидејќи го гледам само како раскинлив договор.
    Во поглед на вечна љубов мислам дека не може да се генерализира дали постои или не. Некои луѓе се цел живот заљубени во партнерот, веруваат во вечна љубов и таков карактер се, други можат да се вљубат и одљубат за кратко, па да има стане пак досадно, па пак да се вљубат, според мене нема правило, а и вечната љубов зависи од тоа колку ке се вложува во неа.
     
    На LadyC, CameliaMiller, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  17. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Не верувам.
    Уште кога бев мн мала постојано викав никогаш нема да се омажам.Ама ете се омажив.
    Од секогаш се чудев и уште се чудам како функционираат двајца толку мн долго време.
    Да им скиснува.
    Им здосадува.
    Си викаат уште ова да помине ќе биде подобро.
    Уште ова да го надминеме.
    Аха.Да.
    И така времето си минува.
    Љубов спрема некого може да биде вечна.Тајна љубов.Скриена длабоко во срцето.Или љубов невозможна.
    Живееш со тоа.Ама немаш шанси за да покажеш или оствареш.
    Со тек на годините се се менува.И љубовта и луѓето.
     
    На Girly90, LadyC и La.loca им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    И јас исто мислев како и ти.
    'Како бе живеат цел живот со еден партнер и не им здосадува?'

    Практично, има моменти, не само да ти здосадува, туку сакаш да го џитниш низ прозорец и ич да не го жалиш! :) Ама има и моменти, кога ќе ти се промафта пред тебе, полузаспан и ќе се исчешка по главата мутаво, па ќе ти се стопи срцето.

    Со кој и да живееш ќе има проблеми. И со роднини и со цимери, па и сам со себе, не секогаш можеш да си погодиш.

    Сеуште ли си во брак?
     
    На marlonbrando69, Herrera, GirlLove и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    И јас сакав тоа да ја прашам, ама викам да не навлегувам во нечија интима. Ми делува како да е несреќна во бракот. :)
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  20. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    @Mr. Right @WildMk. Да се уште сум.
    И да несреќна сум.
    Или може да се каже не сум целосно среќна.
     
    На Mari*, CameliaMiller и Mr. Right им се допаѓа ова.