Се случувало одвреме навреме некој без причина да ме избрише од ФБ. Но, темата ја отворам затоа што пред две недели ми се јави еден лик да бара совети и помош од мене, од браншата во која работам. Му кажам што, како мислам. Имаше некои проблеми со некои партиски луѓе. Ми вели не кажувај на никој, сите сум ги избришал од ФБ, не заслужуваат, вакви, такви, ме оставија на цедило. Се договоривме да се чуеме по кракто време, значи неколку дена за да допрецизираме ако нешто треба. И го снема, си викам што стана човекот, го нема. Проверувам, а тој и мене ме избришал. Сакав да го блокирам, и да ме бара после да не може да ме најде, ама ајде си викам, да не бидам ситна душа. Утре да го сретнам не знам дали здраво да му кажам воопшто. Ве лутат ли вакви работи и што би направиле?
Многу ми е гајле ако ме избрише некој. Се додека тоа не е вистински блиска личност, сеедно ми е, но блиските сигурно дека нема туку така да ме избришат. Има еден случај кој некако ме разочара, не ме изнервира. Имав пријател на кој му помагав во семејните проблеми, лошиот однос со татко му, му пружив рака кога сакаше да замине од дома, стан му барав... а тој еден ден ме избриша. Од тоа научив дека има луѓе кои едноставно не знаат да ценат.
Искрено, гајле ми е. Шансите дека ќе сетам дека ме избришал некој се минимални. И обично "сеќавам" дека ме избришал некој откако ќе ме додади со некој изговор од типот "абе не знајш ти, нов ми е профилот", "новата повремена другарка те неќеше", "трн в око му беше на женска ми". И покрај вакви изговори дури глупо ми паѓа зошто јас бришам наоколу без одредена причина, кога сметам дека со некој не би имала понатамошен контакт. Сакам на фб да ги имам најблиските и тие од факултет. Да завршам факултет и ќе го задржам само месенџер. Тие неколку пати во кои ќе забележам дека некој ме избришал - гајле ми е. Ако е ситуацијата како во првото мислење, кога личноста би ме додала пак - не би помогнала, ама би прифатила понудата. Кога ќе сметам дека неќам натамошен контакт со таа личност ќе избришам. Луѓе не блокирам и не преферирам да блокирам зошто тоа е многу финална опција, а иднината е многу неизвесна.
Не ми е многу близок, но, се обрати за помош и без лоша намера се понудив ако треба да помогнам со она што го знам. Не ми е тешко. Човекот плус рече „јас тебе те почитувам, ти се обратив, а овие гледаш сите сум го избришал, може си видела“. И за 1 недела чекам да ми пише или да се јави и да каже што направил, а тој ме избришал. Ууауаууу, како да верувам дека тие луѓе ти згрешиле па си ги бришел, може ги бришел на ист принцип како и мене. И да, следен пат може ќе пише „еееј извини, не сакав, знаеш сите ги бришев па и тебе“. Ме разочаруваат такви празни луѓе, без манири, без доблести, без култура, само со мани. Просто следен пат ако здраво му кажам на улица, можеби глава ќе сврти на страна. Јас не знам што е со луѓево, ако од некои свои лични проблеми се чувствуваат лошо, не мора да навредуваат било кој со збор или постапка. Исто еден колега со кој бев во ок односи, еден ден ме избришал. Други го навредуваа, му се дереа и уште му се пријатели, ама јас не сум. Му викам здраво кога ќе го сретнам, но тоа е тоа, разочарана сум. Во моите очи тие луѓе не се повеќе исти.
Ќе плачам ако ме избришат... Баш ми е гајле, тие изгубиле, не јас А згора на се, не живеам на фејсбук за да гледам толку трагично на тоа
Ме имаат избришано,ама бришев и јас. Понекогаш дури нема посебна причина,едноставно ме додал некој без врска што ни здраво не ти вика на улица и што ќе ми е? Го бришам. Или некои без врска постови,политички,хејтови и сл. И тоа бришам. Ништо страшно.
И јас избришав еден бивши кој ми нудеше да се смириме. Му реков кратко, јасно, културно дека не сакам, но тој ме навреди. Епа за навреда бришам, ама за ич ништо не бришам луѓе. Овој гореспоменатиот дали заслужува блок или не?
Не се замарам. Не ни знам дали некој ме брише. Во пријатели ги имам само најблиските. Некои со кои сум само на здраво не ги ни прифаќам. Што ќе ми се.
Бришам само ако немам намера да контактирам со личноста или ако ептен ми досаѓа со пораки. Ги знаете оние ликови хаха здр кукле шо праиш оти не пишеш Тука понекогаш за жал и блок мора Не сум погодена ако некој ме избришал. Се случува и со месеци да не забележам. Дури жал ми е кога ќе видам дека некој сака да ме провоцира со бришење од фб или објава со посвета. Детски ептен.
Јас листата си ја намалив многу на пријатели. Имам роднини кои ни ги гледам, ни ме гледаат и кога ќе се мкд со нив не комуницираме ама дип мајка вика по мене нив да ги чувам. Кога ќе отворам профилот и листам надолу сакам најважните и најблиските луѓе да ги гледам и евентуално тие од факултет, неколку. Друго се што беше "вишок" избришав и ако во иднина ми се налутат не ја гледам причината, само за лајкови без подлабока комуникација - не чувам.
Немам многу пријатели на фб, ама и многу ги избришав... Што ќе ми се некои кои два пати здраво сум им рекла... Или пак оние со селфи секој ден. Искрено, имам избришано и поединци секој ден за ВМРО шо го тупеа, али она очајнички, за плата! Или пак една што секој ден постираше нешто на пола саат, и дента кога ја избришав имаше 17, да СЕДУМАНЕСЕТ поста за 10 саати! Мене ако некој ме избрише, не ми е гајле, едино ако не е некоја особа со која комунцирам секој ден и сме во добри односи. Ма да ми се има десено да ме прашуваат луѓе два пати што сум ги видела, зашто сум ги избришала и што ми згрешиле... И тогаш знам дека сум донела вистинска одлука...
Леле ич. Не ни знам дали некој ме избришал од фб. Очигледно нема ни да дознаам оти ич не се замарам. Иначе и мене ми е цел фб политика. Отварам и гледам дека цела почетна ми е со вести за политика и меѓусебни препукувања. Сеедно. И онака не го употребувам многу.
Едно време на фб имав секакви. Со некои ни здраво немав, некои па не знам од каде баш кај мене во пријатели. Па си седнав и по ред се избришав. Избришав една роднина зошто преку глава ми дојде од праќање вируси. Па и мене некој да ме избрише гајле ми е. Нема ни да забележам.
Порано на фб имав секакви будали . Од филозофи до научници , оние кои често се избацуваа со статуси и мудрости , непознати кои ме адднале преку група/пејач која сум ја лајкнала и сл . Ми прекисна еден ден , и го деактивирав фб . Направив нов . Таму имав луѓе од училиште , луѓе од село , по некоја фаца од град , дечкото кој не превезуваше од училиште до центар и слични фаци кои ги познавав онака од лик . Денес на фб имам само фамилија , блиски пријатели и комшии . Други не сакам и не ми требаат .