Како што е редот,бидејќи јас ја отварам темата ,па да си кажам еве,ми сметаше кога родителите на некои деца ќе речеа оди кај тета Рама,пред да се роди Внук ми ,велев дека сакам да ме вика дада(ама од дома ме караа,каква дада кога си му тетка)ама кога го зедов во раце,веднаш самата си велев дојди кај тета,ах убавец на тета,сега внук ми ме вика ТЕТЕ ,и сум многу горда на тоа,па и не можам да се доначудам,почнав да си го применувам зборчето тета и со други деца,веќе не ми смета..а на вас? Во принцип би ми сметало некој да ми рече тета кој има 15 год,а јас имам 25ова го кажувам зошто има и такви( оправдувам збор-тетка,само во разлика од 20 години,а не 10 и помалку). П.с ова ми е прва тема,се надевам нема да оди во корпа Ајде тетки да ве видам
Помаливе деца од братучеди/ки во фамилијава ме викаат по име или дадо, ама едно циганче кога ми рече тетке дај ми пари да ти поживее швалерот на 17 години и тоа ми идеше да му ја свртам една балет да игра.
Па еве веќе по трет пат ќе станам тетка и ниедно од внучињата не ме вика тета. Или на име или дада. А не би ми сметало. Баш ми е слатко толку малечко детенце да ме вика тета.
Мене не ми смета. Имам 2 внучиња, на пат е уште едно, и многу сум радосна кога ме викаат тето. Мислам, не ме викаат тето сеуште, туку тете. Знаете оној јазик од 2-3 годишно колку е слатко кога така ќе ти рече, ќе ги изедам тогаш.
Обично кога некое мало дете(со кое не сум во роднинска врска) ќе ми рече тетка ,се чувствувам како постара жена искрено. Ама,сега за некој месец ќе се породи сестра ми и едвај го чекам денот кога малата принцеза ќе ме нарече тета.
Сега не, но ако се навратам 2 години назад ми пречеше. Човек тешко се навикнува на промени, па така тешко ми беше соочувањето со фактот дека времето си минува и тоа брзо. ,,Како се случи мене тетка да ме викаат?"- е ова се прашував. Сега ми е сосем нормално и кул да ме викаат ,,тете" . A најтазе случка: основци здружно, баш хорски ми испеаја ,, Добар ден тетке". Првиот пат ми беше чудно дека им се радував штом ги видов весели и растрчани со ранци на рамо - ме вратија назад во детството и така убаво ми потврдија дека сега тие се деца, а ние тетки. Сега постојано си поминувам низ училишниот двор, да се развеселам и да слушнам уште некое ,,ТЕТКО''
а може да пишуваме за тие малите дечиња што ги запознаваме, а не викаат „тетко“ наместо „дадо“ ? Мене не ми смета (непознатите возрасни уште не почнале да ме викат госпоѓо, фала богу) ама деца бре... не можеш да им се лутиш. Мене не ми е проблем, ама кога едно исто дете мене ме нарече тетко, а дечко ми - батко, аууу, срцето ме запече
Имам 6 внуци од први братучеди и само двајца од нив ми викаат тето, најмалите де Двајца од нив се веќе големи по 16-17 год. И глупо им е да ми викаат тето, тие најчесто со име ми се обраќаат. Другите зависи како се расположени И не се лутам, напротив слатки ми се кога ќе ми се стрчат во прегратки викајќи тетооо Сличен случај и јас како Магнолија Внук на дечко ми, му вика бате а мене тето
Хахаха, ех Рама да знаеш колку внуци од први братучеди имам, и колку се постари од мене ќе ти се сврти. Има една група од четворица први братучеди и нели они постари, најмалиот од нив е 5 години постар од мене, јас ним тетка, па они нагалено тетак ме викаат. Дечко ми им е тетин Останатите ме викнаат по име, а најмаливе со кои сум многу блиска ме викаат дада, или по име, чудно им е како можам да им бидам тетка.. А баш би сакала да ме викаат тето Ми звучи многу слатко и нежно.
Јас сум тетка ама 13 годишна может ли да поверувате и тоа не тетка од внуци од сестра не знам нешто роднинско и кпга ќе ме види тете леле аман бе на 13 години хахахах смешно ми е ама и глупо
Да и тоа многу, одма си се прашувам дали изгледам постаро од годините кои ги имам. Плус ако ми се обратат со дадичке се осеќам слатко.
Mene decata sekogas mi se obrakaat so nadimakot koj go imam.Imam I vnuci, no nikogas ne me vikale ni tetka ni dadicka.
Ми пречи и тоа многу. Внуциве не ми се обраќат со "тето",имам 18 години...и сеа некое детенце од 10 години да ми се обрати со тето нема смисла,многу ме лути искрено. Циганчињава по улица,теткеееееее дај 5 денари,господ две близначиња да ти дајт. Абе,абе деца...8 години сум постара од вас не сум тетка. Инаку многу ме изнервира последна ситуација на гости бев,и бидејќи носам наочари...Мајкава му вика на девојчево: ЕЈјј немој биди мирна,гледај ја теткава со наочариве колку е лоша ! Девојчево инаку има 6 години. Прво ме нервира од родителиве одма инстиктивно поради тоа што носам наочари ги учат нивните дечиња да ми се обраќаат со тето. Не ги обвинувам толку децата,колку што се криви родителите.Тие така ги научиле. Со "Тето" oправдувам да си обраќаат после 25 години,а сега не.
Па не дека баш ми пречи ама некако чудно ми е. А се повеке мои пријателки имаат нивни деца и нормално коа мајката е моја возраст јас за нив да бидам тетка. Ај до кај 4-5 годишни деца океј ми е да ми се обратат со тетка ама деца од 10 години не... Па немам ни 25 години толку големи деца да ми се обраќаат со тето. Обракање со тето признавам над 20 години разлика.
Јас не се лутам ако дечињата кои се помали од мене дваесетина години да ме викаат чичко. За помала разлика (со оние, кои не сум во роднинска врска) би ми сметало. Ама, се нервирам кога некои тетки и чичковци, се лутат ако ги наречам така. Па како да ги викам врсниците и постарите од моите родители? Господин и госпоѓа (госпоѓица) ми се повеќе за луѓе што се целосни странци во мојот живот. Кога сме кај роднинските односи, е тогаш нема сакам - неќам. Ќе си се викаме она што сме си. Единствено на една тетка (на мајка ми прва братучеда) не и` се обраќам со тетко + името, бидејќи е постара од мене цели 10 години, иако на мајка и` и` се обраќам со бабо + името (разлика триесетина години ).
Воопшто не се замарам со тоа кој како ме вика.Имам побитни грижи во животот од тоа.Дадо,тето..сеедно ми е.Дете си е дете не го кажува тоа сигурно за да ме навреди.
Не ми пречи но ми е малку чудно. Чудно затоа што до пред некоја година ми се обраќаа со дадо а сега се татка но тоа воопшто не ме плаши ниту ме тера да се чувствувам стара.
Мене воопшто не ми пречи туку напротив и јас станав млада тетка имам 20 години а веќе имам две внуки од сестра ми и едната е поголемка и секогаш ми се обраќа со тето и многу ми изгледа слатко и не ми пречи