1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали воспитувањето е повлијателно од гените?

Дискусија во 'Дете' започната од smb asr, 19 ноември 2019.

  1. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Здраво мајки и татковци
    По некои блиски случки, ме копка тоа прашање - дали воспитувањето е повлијателно од гените?
    Не сум мајка (секако дека сакам да имам деца), но ме плаши тоа што потекнувам од дисфункционално семејство, каде што лошите гени (карактерни особини, насилство) се повеќе од наследни, буквално како од една личност да ги имаме помладата и постарата верзија. Поради тоа некогаш си мислам дека подобро би било да немам деца воопшто, неголи деца кои би биле копија на мојата фамилија. Се прашувам дали ќе можам како родител да го воспитам моето дете правилно или сепак гените и можеби некогаш сликите што ќе ги гледа сепак ќе го направат спротивното?
    Ако има ваква тема слободно нека оди во канта, ако не се надевам дека ќе развиеме некоја дискусија со што ќе можам и јас да си расчистам со мислите.
     
    На Independent Girl, missmama, Cinnamon Bun и 4 други им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    27.188
    Пол:
    Женски
    За случаи на насилство, дисфункционални семејства и слично гените ич не се одговорни. Тоа е нешто што се учи по модел, односно децата гледаат како се однесуваат возрасните и тоа за нив станува нормалчно однесување. Едноставно не гледаат други примери и тоа за нив станува едниствен модел на однесување што го знаат.
    Така што возрасните треба да донесат паметни одлуки при воспитување на децата и да внимаваат на своето однесување пред се и начините ан однесување што им ги „сервираат“ на децата.
    Со самата свесност за проблемот ти си поблиску до решението твоите деца да бидат одгледани со поинаков модел на однесување.
     
    На snegulkata, Independent Girl, Sejfullai и 9 други им се допаѓа ова.
  3. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Јас свесна сум, и сигурно ќе се трудам да ги воспитам добро, но имам страв. Мислам дека ако се и малку време со некој од моите, можеби ќе се стремат да бидат како нив. И секогаш сум во мислење дали ќе можам да успеам да воспитам дете нормално, без никакво влианије од моите.
     
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    21.028
    Пол:
    Женски
    Растејќи секако ќе наидеш на нешто што не треба да види и научи.
    Колку и да викаш, не сакам така да го воспитувам, ќе има некој што ќе ти рече ех дете е...
    За насилство не верувам дека е во гените.
    Мислам дека тоа е единствено психолошки проблем.
    Еве ќе ти дадам совет односно ќе ти кажам како јас постапувам кога луѓето околу моето дете, прават и му допуштаат нешто што не ми се допаѓа.
    Пример, внатре ја пуштаат со кондури.
    Ја викам ќерка ми, ја прашувам зошто мама со кондури влезе, знаеш дека така не треба.
    И за се останато, во моментот ја поправам на смирен начин, ама и тој другиот да слушне.
    Ќе се снајдеш... баш затоа што се плашиш, верувај многу добро ќе се снајдеш како правилно да го растеш и воспиташ.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Гените имаат удел.
    Ама не знаеш какви гени ќе ти наследи поколението.
    Тоа прво.

    Второ, со исти генетски предиспозиции, две личности растени во различни услови, различно ќе се развијат карактерно.
    Во превод, одгледувањето игра огромна улога.
     
    На snegulkata, Independent Girl, Tanjamm и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Може и "најпозитивни гени" да наследи и да дадеш се од себе за да го воспиташ како што треба, но да западне во лошо друштво и средина и се да падне во вода. Гените повеќе се однесуваат на наследни болести и слично. Насилното и девијантно однесување најчесто е од претрпена траума во детството или гледање и учење по пример на родителите.
     
    На Independent Girl, Cinnamon Bun, najjacha и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.719
    Со исти генетски предиспозиции, и две личности растени во исти услови, се развиваат во различни карактери. Пример, јас и брат ми- небо и земја. А ист модел на воспитување, ист генетски материјал.

    @smb asr , насилството и карактерот не се генетски дадени. Секој како родител може се труди да го воспитуваш детето правилно, но не постои формула, како да се моделира човечко суштество, па макар тоа било и дете. Можеби детето ќе биде тврдоглаво, можеби плашливо, можеби динамично- на тоа не може многу да се влијае. Ама дали детето ќе биде насилник или емпатична личност, мислам дека првенствено зависи од воспитувањето и средината во која расте, како семејството така и општественото опкружување.
     
    На sofi2107 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.707
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Гените си имаат свое влијание, но во правилна средина и со добро воспитување нема да дојдат до израз (лошите страни).
    Пример јас сум цела карактерно на татко ми, и џабе што ме учеле да преќутувам и се, и јас како него знам да избувнам мада што он е постар и нормално дека мноогу повеќе контрола има од мене.
    Еве баш мајка ми ми збори со денови ,,оди на информатички науки таму е иднината” ама јас уште од мала сум се запнала на ревизија да одам.
    Цела сум на него и некогаш за некои работи кога се согласувам одма викам ,,да” без да размислам.
    Ме учеа пример дека не треба да пушам дека е штетно па и тоа од него може да се каже дека префатив пошто го гледав дека пуши и си запалив и јас ,,да видам како е”
     
    На VoodooGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    27.188
    Пол:
    Женски
    Џабе е зборење. Децата учат од она што го гледаат. Значи ако родителот прави нешто ти тоа ќе го правиш без разлика што ќе ти викаат не ме гледај мене. Затоа се потребни дела не зборови.
     
    На Nausicaa, candy.cane и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Во гените може да има предиспозиции безброј, но дали тие ќе се развијат е прашање кое останува на нас самите и околината. Кога би имала дете, а детето не би имало за пример пред себе си насилен човек, и да му е во гените, тоа никогаш нема да се развие како него.
     
    На Feminka22 и candy.cane им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.547
    Допаѓања:
    115.512
    Пол:
    Женски
    Јас и моите браќа сме потполно исто воспитани,но карактерно сме 50% различни.
    Со мене во средно учеа близнаци со потполно исти карактери,а единствената разлика меѓу нив е што едното е машко,а другото женско.
    Мој братучед и братучетка се исто воспитани,но се небо и земја.
    Некогаш е повеќе до гените,некогаш е повеќе до воспитувањето.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Ќе парафразирам една кратка приказна..
    Биле двајца браќа близнаци, иимале татко насилник и алкохоличар. Растеле, се школовале, и секој по својот пат си создал свое семејство. По некое време се сретнале. Едниот успешен деловен човек а другиот пропаднат пијаница и коцкар. Првиот прашал - зошто постана ваков, а вториот рекол - затоа што го гледав татко ми. А ти? И првиот одговорил - затоа што го гледав татко ми.
     
    На Nightwish11, snegulkata, SummerGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  13. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Вака е исто и со мене и со брат ми. Тој е како татко ми, само што не е пијаница тешка, инаку ги наследил скоро сите лоши особини и од татко ми и од мајка ми. А па јас од друга страна само физичкиот изглед го имам наследено, карактерно сум црната овца во цела фамилија, воопшто на никој не наликувам, ни на подалечен род.
     
    На Golden и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Браќа/сестри, немаат исти гени бе.
    Освен ако не се идентични близнаци.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    Имам братучедки близначки, исто воспитување, исти гени, карактерите небо и земја. И на крај испаѓа, не можеш да знаеш што ќе излезе од детето додека не видиш..
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    4.368
    Пол:
    Женски
    Темпераментот кај секое дете е различен, токму затоа од исти родители, примери и воспитување може да излезат карактерно целосно различни личности.

    Додека се мали гледаат пример од најблиските, но подоцна кога стануваат дел од некоја група (другарчиња од градинка, школо, хоби..) до некоја мера го копираат однесувањето на другите единки. Околината надвор од домашна атмосфера и те како влијае на градењето карактер.

    Затоа не се фокусирајте само на тоа каков пример Вие им оставате, погледнете малку со кои и какви луѓе се дружат Вашите деца.
     
    На Mrs. Lovett и sofi2107 им се допаѓа ова.