1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали во бирањето партнер преовладува емоцијата или материјалниот интерес?

Дискусија во 'Врски' започната од Idedemja, 31 јули 2020.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Деновиве актуелни се темите тинејџерки во врска со многу повозрасни мажи и дали би биле во врска со маж што нема кола, не сака да вози што ме тера да размислувам дали во бирањето на партнерот преовладува емоцијата или материјалистичкиот интерес. Што мислите вие во врска со оваа тема?
    Ајде да дискутираме не само за тинејџерките, ајде да се осврнеме и на онаа група помлади и мажи врсници кои влегуваат во врска со жена која кариерно се реализирала и е во своите 30ти или рани 40ти, снабдена со живеалиште, превозно средство и ваквите мажи само чекаат прилика да се напикаат под кожа на таква жена. А тие или се невработени и по цел ден играат игрици по дома или киснат по кафичи/кладилници со друштво или работат на ниско платени работни места.
    Кога гледам вакви појави почнувам да размислувам дека и оние врски кои најчесто се склучуваат по селата од тинејџерски години и потоа прераснуваат во брак имаат донекаде почиста база во поглед на емоции отколку овие други врсти на врски. Конкретно пример ми е за по селата уште од млади се групираат девојче од таа куќа ќе се здружи со момче од соседна куќа, улица и по долга врска нормално се оди во брак. Иако ми се толку одбивни овие примери сепак делува дека се поискрени во емоциите од овој друг вид врски на тинејџерки со повозрасни мажи и млади мажи или врсници со кариерно реализирани жени.
     
    На Nightwish11, Laufinam и tina2018 им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Кај кого како. На некои им е побитно да се материјално обезбедени партнерите. На мене тоа не ми е пресудно.

    Партнерот треба да има стан/куќа, кола, парички, да е на добра функција. И така девојките си се обезбедени. Не ретки се случаите и со мажите. Мислам дека тука голема улога играат и родителите. Ги воспитуваат ќерките да бараат добро ситуиран маж за да не се мачат во животот.
     
    На Billy Idol и Stark им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Логична последица е на глобалниот системот во кој што живееме.
     
    На Nightwish11, LadyLollypop, ku4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    Зошто од една страна се мажите лошите секогаш, а од друга страна полно жени со кариери итн. Шо феминизам ви е овој бе во глава, да се мочам во телевизииве ви го испраа мозоков. Толку ви се навлажнува вагината ко че го цапате машкиот пол или?

    Зошто не наведе еден пример каде некоја си го бара спасот на некое лигле богаташко што одвај чека да се случи инцидентна бременост и да си е осигурана цел живот со пари??
     
    На Nightwish11, Vitaly и Abeja им се допаѓа ова.
  5. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Емоцијата, односно колку јас сум среќна со него, колку ме сака, чува, поддржува итн. Јас викам да сум со вистинскиот, па и во стара куќа со една соба и леб со сирење за ручек ќе сум среќна. Како она роди ме мајко со к'смет и фрли ме на улица. Е сега ако се зборува за тие мажи што не превземаат ништо да си ја најдат вистинската, тоа е сосем друго според мене. Нормално дека би избрала некој снаодлив и храбар, што пак е емоцијално.
     
    На Nightwish11, Laufinam и Idedemja им се допаѓа ова.
  6. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Напротив најмногу такви примери се во светов... Особено оние женски со партнери што можат да им се дури и дедо, а камоли татко. Ќе умре за брзо, па богатството за мене. Зарем парите :cash: се љубов и среќа?
     
    На Nightwish11, Stephen Amell, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    Токму така, но го прашувам креаторов на темава зошто смрди на некој феминизам што не е и баш соодветен. Затоа и ја прашав дали ја возбудува тоа.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Јас су феминистка која се бори за еднаквост ама сакам идниот ми маж да биде на висока функција да има стан куќа вила, мерцедес, беЕНве. :makeup:
    Емоциите ми се најбитни, не сум спонзоруша. :$
     
    На Nightwish11, LadyLollypop, Bratot и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    Можам да одговорам за себе, иако од минатиот век сум. Уште во основно/средно имаше девојчиња, што критериумот за дечко им беше да носел 501 и монтка (статусен симбол на едно време). Мене статусни симболи никогаш не ми биле битни, ниту сум бирала дали дечко ќе ми биде некој со куќа, кола, стан, други вредности ми биле побитни. Кога се запознавме со маж, тој од сопствен имот имаше југо на старо. Јас, ваљда имав лаптоп. И двајцата, дипломи. Ама што е твое ќе си дојде:). Ми вети задодуша куќа на море:lol:, и после 15 години заедно уште ја немаме, ама следна е на списокот. Во меѓувреме, заедно, од нула, имаме постигнато доволно.
    Она што ти го створил некој друг, џабе е, ако не умееш сам да створиш. Не трчајте по трговецот со риби, најдете си рибар- секогаш ќе имате за јадење, а може и златна рипка да ви улови.;)
     
    На Peanut Butter, tambelina, Lima24 и 31 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Почитувањето, љубовта и слогата се најбитни. Се останато се стекнува.
    Не можам да замислам да живеам со некого кој не сакам да го гледам само да имам фенси кола или такви работи.
    Само многу често тие што се во врска/ брак заради пари, не сфаќаат дека се тоа може и лесно да се изгуби. Животот е полн со изненадувања и пресврти.
    Но, јас не би можела да живеам и со некого кој не се труди нешто да стекне, кој чека се на готово на пример од неговите.

    Со добра основа и амбиција од двете страни може многу да се стекне.
     
    На liliput22, candy.cane, LadyLollypop и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ај тоа до негде и не ме интересира, ама кога ќе наидам на споредба тинејџери од село, врска во село, договарале брак во село, затуцани биле оделе одамна и оп брак и одма паѓа у вода претходно напишаното, не читам понатаму. Да правеа споредби сељачана у село со сељачана у град, да си рече човек ај да видам што ќе кажат. Ама со воведов таков каков што е, ми се губи поентата на идејата за тема, се мешаат многу работи кои не одговараат да бидат спомнати заедно.

    P. S. А и темава наликува на друга тема порано отворена-Зрели мажи во врска со тинејџерки, па не гледам пречка зошто не би се споиле. Не знам кој е модератор, нека размислат.
     
    На Frosty!, candy.cane, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Да си се почитуваме и сакаме а друго ќе си го овозможеме заедно.
    Кога го запознав дечко ми не знаев дали е богат, дали кола има, дали носи брендирана облека.
    Со тек на време си најде подобро платена работа од тогаш, си купи кола, куќа среди.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Вака за почеток премногу генерализирање и поделби во воведниот дел, тоа баш и не ми се допаѓа ако може да се смени подобро би било, да се знае суштината на темата, насловот е убаво поставен и не се однесува пример само на жени или мажи туку подеднакво,а и доволен е за да се долови суштината на темата.

    Во врска со темата, за жал денеска преовладува премногу материјалното при бирање на партнер. Се гледа прво каква кола вози, во каква куќа живее, дали живее луксузен живот (каква гардероба носи, да шета, дали оди по дискотеки и сл) И затоа повеќе ретки се навистина среќните парови.

    Сигурно ќе се сетите бар постарите имаше порано на интернет едно видео што беше баш популарно и ја отсликуваше оваа слика, дечко и девојка и двајцата беа многу среќни и заљубени, дечкото што за секој дејт трчаше и купуваше мастики од трафика, и една ден девојката запозна еден фраер со мерцедес, што на крај како партал ја исфрли од колата, и овие ситуации веќе неретко се дешаваат за жал.
     
    На Nightwish11, Billy Idol, poi и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    @Stark баш на оваа тема коментираше еден комшија. Кажуваше дека син му не може да си најде девојка затоа што сите што ги запознавал барале да има пари и стан. Дечково не е сиромашен, ама немал среќа да има нешто свое.
     
  15. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Сите сакаат да бидат елита, но таков начин на живот не ни можеш да си го дозволиш во Македонија. Ретки се навистина богатите луѓе овде. Владее сиромаштија во оваа држава и на сите тоа ни е добро познато. Па и во странство тие шо се иселени не можат овој живот да си го дозволат. Да имаш убава кола или само брендирана облека да носиш не значи дека си богат. А како шо гледам оваа се гледа како некој си статус во општеството. Овие девојчиња шо фаќаат вакви дечковци се скроз за грев, а исто и од другата страна е така. Треба да купи некоја прејака кола за да фати девојка. Оваа е жално. Се губат вистинските вредности.
     
    Последна измена: 1 август 2020
    На PaLaVa, Nightwish11, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Да. :devil:

    На посериозна нота :D прво морам да кажам дека не, не е ова слична со темата за тинејџерки зошто тие се во развој и подложни на манипулација иако има материјалисти и таму кои можеби се манипулаторите. Како и да е, лично, важно ми е да "кликам" со партнерот. Ако не ми оди муабет со него или немам чувства не можам да бидам среќна и пари ми се џабе. Ако некои одат по материјално и партнерот е океј со тоа за низа причини ( има швалерки башка, има "крцкалче" до себе шотизнам) искрено ... Не можи помалку гајле да ми е. Едино би рекла дека не е морално океј лажирање на чувства и да се мами другата страна. Се друго како се организираат возрасни личности е меѓу нив. И зато ги гледам како засебни теми со другата јер тинејџерки не се возрасни личности и темата е од страна можен "груминг" од чичкото. Дали некој оди по пари, можи да ми е нејасно, како шо беше темата за дечко со кола. Не ми е јасно зошто немам исти желби. Ама, секој има свои желби и сме башка луѓе и секој ќе си најди некој сличен на себе.

    Почетното мислење, толку генерализирано, толку работи нафрлани, бар насловот јасен е па према него одговарам.

    И заклучокот би бил, сите сме различни. Кај некој преовладуваат чувствата, кај други материјалното. И то е то. Секој ќе си најди то шо бара.
     
    На candy.cane, Stephen Amell, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Љубовта е најбитна според мене. Не ми е битно партнерот да е богат,битно е да се има доволно за да си ги задоволиме основните потреби како храна,облека,сметки,па деца да исчуваш а за тоа реално требаат пари. Ако се има љубов и хармонија нема да има никаков проблем,полошо е да е пребогат а да не се сакате
     
    На cresa-jagoda, Nightwish11, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  18. INEEDLOVE

    INEEDLOVE Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Врв :)
     
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Насловот е добар, темата не чини, зошто од село не од град, која што ја влажнело, добро толку е тешко да се одговори само на ова дали гледате кој е и како се однесува кон вас ( за машки која е ) или колку има?
    Од една страна треба да гледаме емоции од друга страна ете ти ги поговорките кога сиромаштијата в куќи влегува љубовта преку прозорец излегува и такви разни народни мудрости.
    После тука се и примерите и реалноста со мажи кои фантазираат да се пикнат под кожа на ситуирана повозрасна жена, па и со тинејџерките кои одат до забременување да врзат или бидат врзани од повозрасен маж. Исто зборувам за групирањата и бирањата што ги има по селата и тие средини кои не знам како ги доживувате, ама се факт и ден денес постојат.
     
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Е, ама дали тој систем е поставен на здрави темели и вака како што е поставен колку ќе опстане и до каде ќе не доведе? Кои се последиците од ова? Ете погоре спомнаа момчето не може да најде девојка затоа што не исполнува критериуми кои ги наметнува овој систем во кој живееме. Последиците ги гледаме и доживуваме сите.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.