1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги шкртате книгите?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од biggirlsdontcry, 7 април 2012.

  1. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Кратко и јасно,дали ги шкртате книгите и што мислите околу ова прашање?
    Јас моите учебници си ги шкртам,ама знам и да шкртнам некоја книга земена од библиотека,на последната страна кај што е бела си пишувам нешто,си оставам белег од 2 збора и едно смајли.И не го сметам тоа за оштетување на книгата :wasntme: ,а и некои стварно добри реченици ги подвлекувам и мило ми е кога ќе видам дека и некој друг така прави,па јас додека читам и наидам на подвлечени реченици целото внимание ми е насочено кн нив,ако ми е нејасна реченицата се обидувам да ја протумачам,зошто инаку можеби во читање само така би ја поминала. А вие ? :)
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ниту сум шкртала, нити ќе шкртнам. Крајно безврска според мене та тој нечиј труд не е доволно озбилно сфатен.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Зависи какви книги.

    Ако се позајмени од пријателка или библиотека никако не си дозволувам ни точка да шкртнам по нив, тоа е непочитување.
    А доколку се мои книги, кои сум си ги купила со мој џепарац, во нив си подвлекувам убави реченици, си запишувам од страна некоја белешка за мислата, и после пак кога ќе земам да си ја читам си се смешкам и си викам види бре колку си била паметна :D

    А учебниците и скриптите ми се приказна за себе, се што треба да се знае е обележано со розеви, зелени, плави маркери, од страна потенцирани со молив битни работи, дефиниции, тоа си е еден вид на мал хаос, ама мој најубав хаос, и ептен ми е лесно така да учам, и кога за некој предмет не сум си направила така, да подвлечам и да го запишам важното од страна, после тоа ми претставува најтешката работа.
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Училишните книги ги шкртам, ама најчесто со молив за да можам на крај година да ги избришам. А книгите што ми се слободна литература, ги подвлекувам само некои убави реченици и тоа исклучиво со молив. Книгите од библиотека воопшто не ги шкртам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.644
    Пол:
    Женски
    Чувај ме Боже од таков вандализам!
     
    На MermaidKiky, Caitlin, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Никогаш.
    Во право е Анат, вандализам. Обожавам книги, мирисот и чистотата, црни букви на бела хартија. Нема шанси да го уништам тоа.
    И учебници, скрипти од кои учам, исто така не шкртам. После тоа не ми се привлечни за учење. А пак ако книгата ми е оригинал, со убави листови и дебели корици, и вреди мало богатство, ја чувам како очите во главата.
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Книги земени од библитека или дома што си ги имам во домашната - ни под точка разно, никогаш не ми текнало ни со молив да ги шкртам. Не знам што потреба се има, во такво богатство какво што е книгата да си го напишам името или цвеќенца во природа да цртам. :^)
    А во скриптите од средно и сега на факс едино `шкртање` ако може така да се каже е подвлекувањето дека така учам, или пак подобјаснување на некој поим од страна на некој празен простор, друг вид на шкртање не сум имала. А во средно, ако бил некој ептен досаден предмет каков што имав, пишував песни боже ме сачувај. Ама ете, досадата од предметот ми побудил креативни моменти во мозочево, и тоа се смета за уметност де. :lol:
     
  8. Elenaaaaaaaa

    Elenaaaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    31
    мнооогу, многу, мнооооооооооогу ги шкртам книгите...таков ми е системот на учење, пенкала, па маркери, па од страна запишување битни нешта, па лепење на листиња... :)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Дома имаме неколку книги на татко ми кои како мала сум ги докачила, па сум шкртнала нешто во нив. За среќа веднаш ме забележале, па ми ги земале од раце.
    Книги не шкртам, книги не фрлам. Книгата никогаш не губи од вредност.
    Безразлика дали е моја или туѓа, мене не ми се допаѓа ни таквото потцртување на реченици. Во моите книги обично ставам ливчиња, или стари поштенски марки онаму каде има некоја реченица што ми оставила впечаток.
    Учебниците и скриптите се веќе друга приказна. И да не сакам, морам да подвлекувам и да обележувам, затоа што инаку ќе се изгубам во целиот материјал. Затоа преферирам да си купувам фотокопирани учебници. Не заради финансии, туку затоа што ми е жал да ги шкртам оригиналите.
     
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Да, да и да. Книгите од факултет ми се....боенки. Морам. обавезно покрај подвлекуваното знам да си нацртам цветче, сонце, срце, некои такви работи. неможам да учам и да ми сто мирна раката.обавезно шкртам. И книги, како што се литературни дела не, никогаш ги немам шкртнато. Се надевам дека нема да ми прејде во навика и нив да ги шкртам. Би ми било жал
     
  11. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Само учебниците. Додека ми е досадно на часови си шкрткам, си цртам глави, куќички, коцки, знаци итн.
    Ако на некој му се падне ваков учебник да знае дека е од мене. :D

    А книгите од библиотека или од другарка ги чувам највеќе што можам. Ништо ни повлекувам, ни шкртам сакам да бидат такви како што сум ги земала, и го очекувам истото од нив.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    лично мои учебници,мнооогу ретко.најчесто во тетратка сум шкртала.
    А за позајмени книги никако... :!: тоа сум чувала најдобро што можам.
     
  13. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Во никој случај не шкртам книги.
    Не можам да гледам така уништени, сенчани со молив, пенкало...
    Овде цветче, онде човече. Па некоја дата, па срциња до толку длабоко цртани што се дупнал листот.
    Во никој случај.
    Книгите ги сакам уредни и чисти, педантно зачувани. Ми дава убава слика за сопственикот.
    Добро, како што и повеќето напоменаа, скриптите ги подвлекувам со маркер, затоа што така учам.
    Исклучиво со жолт, не сакам да ги мешам боите.
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Да секако... :D
    Подвлекувам кога учам и на секоја книга мора да се потпишам.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Книги никако, без разлика дали се моја лична сопственост или позајмени не сакам да ги сквернавам. Доколку нешто ми оставило впечаток, го обележувам со загради со молив.
    А што се тиче учебници и скрипти, е за тоа сум тата мата, ако не е ишкртано тогаш не ми е научено. Имам навика да се внесам во теоријата и махинално да цртам-чкртам некакви недефинирани форми, најчесто геометриски фигури. После откако ќе завршам со некој одреден дел повторувам и средувам мисли во глава па тоа што мислам дека е најбитно го потенцирам дали со потцртување, боење и сл.
    Исто може да се прочитаат и мисли, зборови, работи кои ми го одземале вниманието во моментот, така успевам да се сконцентрирам максимално, па има пцовки, стихови од песни, нервозни реченици, изјави на љубов и сл. Штом отворам некоја скрипта одма знам во какво расположение сум била што сум чувствувала и сл. додека сум учела.

    Некогаш дури и ми е криво што ретко кој учебник ми е "чист" ми изгледа нечисто и грдо, ама тоа со шкртањето ми е навика уште од кога знам за себе, шкртам додека учам, додека зборам на телефон т.е. шкртам во 99% од случаите кога имам хартија и пенкало при рака.
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Со оглед на мојата компаратистичка навика да подвлекувам важни или интересни реченици, цитати, цели одломки од стручна литература, би рекла дека тоа не е шкртање, ами важен дел од мојата научност ем интелектуална поткрепа! :lol:

    Сите мои книги, што лично и персонално сум си ги купила, по дифолт ги потпишувам со некое кралско име, им ставам некаков цитат поврзан со содржината или пак насловот, ако не знам за што се работи. Дури и оние добиените на подарок, им давам некое свое значење, со додавање дијалог со самата посвета.
    Книгите не за џабе се вели се најдобри пријатели :lol: Можеш да ги истетовираш, да ги одбележиш, нема да се лутат! На скоро сите книги имам по некоја шкртка. На две три, особено имам цртано симболи, тетоважата моја, некои кратенки, бројчиња... Како дневник на едно читање.
    Што знам, го сакам тој контакт на моменталната инспирација со читањето во моментот.
     
  17. JaneAusten

    JaneAusten Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Зависи кои, ама тие на пример од библиотека сакам да ги вратам во иста состојба во која што сум ја зела, ма да подвлекување, збор-два не е и некоја оштета. А во учебниците, нон стоп го подвлекуват најважното за ко ќе повторувам да ми биде полесно :D
     
  18. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Женски
    Kнигите од библиотека не ги чкртам.Не сум како безобразните дечишта.Ама сум имала искуство со една книга на која пишуваше : "Сакаш кофе,сакаш ама немат!" "Тебе те боли грбот,ој купи си космодиск" итн. глупи работи. :D
    Значи јас го ценам туѓиот труд и затоа не ги шкртам.Ги враќам во библиотека баш такви какви што ги зедов.

    Моите книги ги чкртам,да. :) Кога учам со моливче си подвлекувам,цртам цветчиња,сонце,очи итн. :)
    Не е битно внатре,корицата важно да е солидна,колку да можеш да ја вратиш. 8)
     
  19. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Само во учебници чкртам, со молив. :lol:
     
  20. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    неее,кога бев мала да ама сега не :)

    кога бев мала само ги чкртав моите учебници,ама не лектирите и книгите од библиотека :)