Дали користите Cobiss? Дали библиотеката во вашиот град воопшто користи Cobiss? Jaс користам и библиотеката работи со Cobiss. Практично е. Инаку, минатиот пат зајмив обработена книга, и кога проверив на Cobiss, воопшто не постоеше во базата на податоци, тоест како да ја нема во ниту една библиотека во земјава и се зачудив. Инаку, во малите градови дел од библиотеките веројатно работат уште на картонче. Валандово има најдобра библиотека, таква ни скопјани немаат.
Што е ова? Прв пат го гледам. Има дигитални книги или само да ја резервираш книгата? Многу е лошо направено, куп правописни грешки има, што не би требало.
Користам за да проверам дали ја има книгата. Инаку како систем не им функционира баш. Ми направија акаунт пред година и нешто и после 2 дена акаунтот ми падна. Кога ги прашав зошто не ми работи, ми рекоја дека не ми требало тоа. Онака да провериш дали ја има книгата може, ама па не дава дали е достапна во моментот. Студирам во странство и таму апликацијата ја користам без проблем. Си резервирам книги, си продолжувам рок... Во повеќе различни библиотеки ова. На шалтер добивам и ливче кои книги ги имам земено моментално и до кога им е рокот, но функционира и Cobiss перфектно.
Кога читав книги од библиотека го користев да проверам дали ја имаат донесено воопшто книгата во библиотеката, за достапност на книгата тогаш не се ажурираше, пример покажува дека се достапни 2 книги, а во библиотеката ми велеа нема. Супер би било да можеш да го продолжуваш рокот за враќање пример преку неа или за резервација на книга, ама јас кога ја користев не функционираше.
База на податоци за сите библиотеки во земјава. Jaс само проверувам дали одредена книга ја има или не. Така спремна одам на шалтер, знам што има, а што не. Инаку, дел од библиотеките во земјава, и тоа генерално во помалите места, се уште не ги ставаат сите книги во Cobiss. Веројатно ги мрзи, или не се доволно обучени за да го користат, па се се уште на картонче.
Користев кога бев зачленета во библиотека. Откако почна пандемијава, нели и библиотеките беа затворени едно време, па не се зачленив пак. Одличен сајт во секој случај. Си правев список кои книги сакам да ги читам и гледав на сајтот дали ги има. Така си планирав кога што ќе читам.
Покрај книги од домашната библиотека, читам и од локална. Апликацијата ја користам од почеток на пандемијата кога и беше системски имплементирана во институцијата. Функционира редовно, со можност за пребарување на наслов од книжевниот фонд, број на примероци, јазик на пишување, моментална достапност. Практична услуга за правење листа и избор на наслови и жанрови за читање според временската рамка.
Не сум ја користела апликацијава, но звучи интересно. Се надевам дека само дека не паѓа системот премногу често Инаку како замисла е добро.
Јас проверувам, многу често и секогаш било ок. Важно е само точно име и презиме на авторот, или дури и со само точно презиме можеш да пребаруваш. Практично е, ти дава податок дали во твојата библиотека ја има таа книга или не.