Со дечкото одевме 2 ипол години и јас мислев дека се е во ред, се додека еден ден тој не ми кажа во лице дека му е досадно со мене и не сака да биде повеќе со мене. На мене не ми се веруваше што слушам во тој момент. Продолживме да контактираме, но тој почна да се гледа со една девојка од друг град. Кога изгледа виде дека со неа не е исто како со мене ја остави и дојде пак кај мене. Додека тој беше со неа јас бев сама. Не знам како да постапам ПОМОШ
Сама си го даде одговорот, и мислам дека од тоа е доволно да заклучиш дека немаш што повеќе да бараш со него. но тој почна да се гледа со една девојка од друг град. Кога изгледа виде дека со неа не е исто како со мене ја остави и дојде пак кај мене. И да девојки... Зошто се однесувате како да не вредите и како да се наоѓате закачени на закачалка?
Те повредил, те оставил... Што повеќе ти треба за да го заборавиш? Немој да си го газиш достоинството, самиот покажал дека не му е гајле, зошто да ти биде тебе? И не, не му се враќај затоа што не заслужува.
A замисли да беше девојката од ист град, и сега ништо чудно тој да си беше среќен и заљубен со неа, и да те избришеше од животот, а ти да тагуваше по него. Така што, нема веќе што да бара кај тебе, кратко и јасно. Врти нов лист, среќно!
Јас би му се вратила ама во ново светло ке барам повеќе да ме цени и почитува. Ако ти го сакаш и тој те сака оваа грешка нека му биде како школо.
И уште прашуваш дали да му се вратиш? ја воопшто и не би прашувала сама би го знаела одговорот НЕ, после сето понижување болка и ароганција да отворам стари рани .. како прочитана книга си го знаеш крајот ..
како што кажаа другите феминистки .. имај достоинство.. тој не заслужил да го пуштиш ти во твојот живот пак..ако го пуштиш пак крај себе сега тој ке си мисли дека може кога сака да си иде и да ти се враќа и така е поголема можноста за пак да те напушти и да отиде со друга девојка. покажи му што е како е.. дека ти си се цениш себеси и дека не си девојка што може да ја оставаат и пак да и се враќаат кога него ке му текне. позз
Мора да се согласам со останатите. Покажи достоинство, гордост. Штом го направил тоа, не те заслужува. Штом го направил тоа, ќе го направи пак. Тоа ти е веќе исчитана книга, на која го знаеш крајот. Заврши го тоа поглавје од твојот живот. Не е тој единствен.
Искрено мислам да му се вратам затоа што се гледа дека тој не може да живее без мене и дека се кае поради направената грешка.Тој си призна дека му здосадило што 24/7 сме биле заедно, но дека сеуште ме сака. Но мене ме боли што тој за време на паузата беше со друга. Затоа не знам што да правам
Сепак јас мислам да почекаш малку, покажи му малце достоинство, гордост,како што рекоја другите феминки,ако еднаш го напрајл то нешто, можи и уште еднаш да го напрај,сигурно не сакаш нонстоп да се карате за ситници и одредени глупости,и кога сака тој да ти се враќа,а ти сепак да попушташ, а ако е веќе упорен за да му се вратиш и вети дека нема да прај глупости, сепак немој да подклекниш, оти не е се секогаш за вервање..знајш какви се машките, пауза нонстоп му треба! ..Одлуката сепак си е твоја,..Позз
Нема везе ова со гордост. Самопочит е во прашање, а девојкава очигледно има недостиг од истата (инаку воопшто не би прашувала за совет). Ако не се почитуваш ти самата, сигурно нема да те почитуваат другите. Ако ти е убаво да си чергиче, тогаш смири му се на дечко ти, па за нареден пат кога ќе рече дека си му здосадила полесно ќе го прифатиш тоа. Зошто ви требаат мажи во живот по секоја цена, мене никогаш нема да ми биде јасно.
аман бре па не е последното машко на светот па што и да ти прави ти пак да му се враќаш! Велиш му било тешко, неможел без тебе, а тебе не ти беше тешко додека го гледаше со друга? не ти беше тешко кога така ти рече си му здосадила? сега ти направил така друг пат пак ке ти направи
Залудно е да му се враќаш, ако веќе еднаш му било досадно ќе му биде пак се додека не најде некоја друга. Не викам дека проблемот е во тебе.. Па боже не е единственото машко ќе си најдеш некој друг, што повеќе ќе те почитува и сака од него
Ке ти кажам дека до извесен период и јас имав ист проблем ко твојот,и тој сега сака да ми се врати но јас нема да му простам...Зошто?Затоа што јас имам гордост,самопочит,достоинство.Знам каков ке биде крајот и не сакам да ја повторам истата грешка.И благодарение на советите овде јас не ја сторив таа грешка.Затоа послушај ги.Не сакам да влијаам врз твојата одлука но размисли дали навистина сакаш да му се вратиш?Или ке го сториш тоа колку да не бидеш сама?Кај ти е гордоста?достоинството?Ги изгуби?Зошто ке ја правиш таа грешка кога веке сите го знаеме крајот?Размисли како ти беше кога си знаела дека бил со друга.Кога ти рекол дека му е досадно со тебе?Ти велел дека не може зошто му било досадно со тебе а сега не можел без тебе?Не може тоа така како му текне нему и да ти се врака кога ке посака тој.Не,смени ја играта.Врати му се кога ти ке сакаш, ако навистина го сакаш тоа.И мислиш сега ке биде се во ред и ке ти симнува звезди?Ах,наивност.Не знам,ти како сакаш ама тоа е наше мислење.
Наташа,јас лично,не ги оправдувам тие паузи,не ја гледам позитивната страна во нив,и чим некој ке ми рече на пауза сме,се чудам,зошто за мене тоа е малтен раскинување,а по раскинување,не ни размислувам на врска повторно со истиот. Во конкретниов твој случај,причината на дечково,дека му било монотоно ми е ок,сватливо,тоа е тоа,иако можел да ти посочи или јасно да ти каже дека чуствува промена мегу вас,и дека не му е ко порано,да се потрудите да смените или да ставите крај,а тоа неговото пауза за он да се луфтира со други, ми е несватливо и без пардон.Можеби,му здосадиле,се издувал,а сепак тебе те сака и сака да е пак со тебе,но мора да знае дека кога си со некој и го сакаш,тоа е безрезервно и постојано,а не на смени. Лично јас не би му се вратила,само поради тоа што наместо да се потруди да ја надминеме кризата,он отишол со друга,што за мене е недостаток на почит,а ти како си мислиш.Ти посакувам срека.
Дали да му се вратам ? Незнам веќе што ми се случува последниве месеци.. Ај шо се скарав, се скарав со типецов. Премногу го сакам, значи премногу.. Се обидов да го заборавам и тоа добро ми идеше (или сепак се лажам) добри три месеци се додека тој повторно не ми се јави и не ме побара.. Ова се случуваше секој ден, се додека не дојде кај мене дома пред врата.. Не искочив (иако копнеев од желба за повторно да бидам со него).. Се изненадувам пак..повторно се труди за мене.. ми се јавува, ме бара насекаде.. Беше заминат летово во Италија на гости, секој ден додека беше таму го поминувавме на skype со зафркавања и слично.. Ниеден од нас двајца не се обиде да ја започне таа тема за нас.. Се врати и некако после толку "маки" се видовме.. После 8 месеци повторно седнавме еден до друг, се гушнавме.. Посакав тој момент вечно да трае.. За жал, вечерта ништо посебно не се случи, иако се гледаше многу јасно дека и тој сака повторно да биде со мене.. Откако помина таа вечер, негови другари од клас ме аднаа на Фејзбук, негов најдобар другар ми кажа дека тој се однесувал чудно..го немал видено таков до сега.. Што би ми дале како совет.. ?
Дали да му се вратам ? A зошто сте се скарале?! Што било тооолку страшно што ти не можеш да му простиш? Според се ова што го напиша ми се чини дека дечково стварно се труди да те придобие, и тоа веќе бааги време. Што те спречува да бидеш пак со него не ми е јасно Гордост ли е што ли е
Дали да му се вратам ? Pa razgovaraj so nego za da znaes na sto si..doznaj gi negovite cuvstva..ako i toj e zainteresiran togas prodolzi da se trudis..no zainteresiran da bide podobro a ne da iscezne pak na 2-3 mes. Ako se dvoumis za toa sto cuvstvuva toj podobro prekini go na vreme..dodeka tvoite cuvstva ne stanale mn pojaki..pozdrav i se nadevam deka ke bidete srekjni i zaedno
Дали да му се вратам ? Сега ќе се правам чика цајкан ама морам пак да прашам, што проблем имаат другарките твои со него? Кажи ја девојче цела приказна, вака делче по делче до утре ќе се објаснуваме