1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да останам со него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од mila20, 24 јуни 2010.

  1. mila20

    mila20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Имам 20 од. и врска од година и половина.
    На почетокот од врската никој не беше толку загрижен еден за друг излегувавме заедно но и посебно... многу ни беше убаво првите 5 месеци , се се случи еден ден кога додека бевме заедно ме побара на телефон еден тип кој сакал да ме запознае кој случајно ме видел на фб, кај другарката и таа му дала број. :$ Тогаш дечко ми полуде си замина никако не можев да го убедам дека навистина немам ништо со тој непознат тип... Но помина тоа се смиривме наводно ми поверува но не и во неговата глава ја изедов и првата шлаканица секогаш кога ќе се скараме ми наговара дека ја сум го изневерила, со другарки излегувам многу ретко но и да одам мора да побарам негова дозвола... А ако сум излезена телефонот ми цвони по 30 пати ... ако сум дома морам да му звонам од фиксен за да поверува дека сум дома :( . Тој не ми верува го избришав и мојот фб. само за да му удоволам. Знам дека ме сака и јас него ...но неможам да издрзам повеќе сакам слобода но тој не ми ја дава вели дека секогаш ќе бидеме заедно :inlove: ... Но има и уште еден проблем тој е многу сиромашен јас му давав и пари крадев од дома и уште се сто немправев ... ако мојте дознаат од каква фамилија потекнува никогаш нема да го прифатат :( . Не знам што да правам го сакам премногу но се ми е измешано и не знам што да направам тажна сум не знам како да го решам овај проблем а не знам ни на кој начин да се разделам од него ....................?????????????
     
  2. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Со првата шлаканица требало да ставиш крај на се... ти му помагаш и финансиски а тој се дрзнува да ти удара шлаканица. Совет од мене- остави го додека е со време, од неговата реакција ми стои како да има синдром на ниска вредност, а со тоа не се излегува на крај... Бегај од таму додека можеш
     
  3. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    Леле шлаканица и ти уште си со него???? Имај достоинство, свое "јас" што се вели. Таков не ти го треба. По се што си направила за него, тој така ти враќа??? Мој совет е да размислиш убаво, не е малку времето што сте го поминале заедно, но и не е убаво да трпиш такви работи.
    Се надевам ќе бидеш ОК.
    Позз ;)
     
  4. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Мислам дека не и удрил шлаканица реално, туку во мислите или јас така разбрав :^) . Ама мила20 и јас мислам дека треба да го оставиш. Сепак треба да свати дека и ти треба да поминуваш некое време со пријателките, а ане цело време да бидеш само со него. Јас ти се чудам како не ти "пукнал"филмот досега.сепак да ти звони толку многу пати во денот. сепак е претерано. па и колку и да го сакаш, ако е таков па направете малку пауза.
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Се подразбира дека некогаш треба да дадеме жртви за љубовта, да се лишиме од нешто додека сме во врска и тоа е нормално. И јас не се гледам толку често со другарките, ама излегуваме заедно, се гледаме барем еднаш неделно, одиме на кафе и слично. И дечко ми се гледа со другари, играат баскет или оние смотани компјутерски игри, ама на никого не му е потребна дозвола за такво нешто. Му се јавувам и му кажувам: Идам на кафе со другарките. А не - Дали може да излезам со нив? И уште финанскиски да го поткрепуваш?! Како гледаш иднина во една таква врска? Те разбирам, го сакаш, но некогаш само љубовта не е доволна. Една врска се гради од љубов, но и од внимание, доверба, подршка. Ако ги нема тие работи, нема иднина за врската. Твое е решението дали ќе раскинеш, но од мое искуство ти кажувам дека колку подолго чекаш да ги расчистиш работите, толку повеќе се комплицираат и потешко ќе биде да најдеш решение.
     
  6. mila20

    mila20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Но и јас сакав да раскинам , му го имам тоа кажано многу пати дека ако не ми верува ќе се скараме... но тој само се насмевнува и вели „Сега ли ти текна на тоа “... или ќе ми речи „Си најде друг сега ќе ми се скаруваш “ уфффф веќе не знам коде да отидам, ни како да му се скарам се плашам дека ако му се скарам ќе ме убие ;(
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Сите кога се впуштаме во врска треба да сфатиме дека не очекува промена . Ама не да прашуваш за дозвола дали можеш да искочиш со другарки . Зашто да не ти дава кога си со другарки ? Ради недоверба ? Како може да ја нема основната работа. Нормално дека ќе ти брани кога не ти верува . Ако не ти верува тој , кој ќе ти верува? Дечко ти е , го сакаш , да го издржуваш финансиски ? Правилно ли е ? Не сте во брак . Не е доволна љубовта .Утре во продавница ќе одите , ќе речете се сакаме , дајте ни леб ? Не иде тоа така .. Размисли каква иднина имаш со него . И земи во предвид недовербата негова и сите особини дали позитивни , дали негативни . Размисли убаво . ;)
     
  8. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Ем му помагаш финансиски ем си го избришала фб то за него ем не искачаш често со другарки за него ем не ти верувам .. и он ти удрил шлаканица .
    Епа тоа е нешто ненормално ај што е сиромашен нема врска .. Нели некако ке најде работа ке почне нешто да работи па од тоа ке се издржува .. али ова више е претерано ств неам зборови .. :devil:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Јас читав до делот со првата шлаканица. Понатаму се е веќе кажано...
     
  10. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    74
    Се сложувам со виножитка, нема што повеќе да се каже понатаму.
     
  11. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    сигурно не сакаш да имаш таква врска под притисок и страв од него ако еднаш те удрил нема да мисли и за друг пат и сама знаеш дека најдобро за тебе е да го оставиш и да продолжиш понатаму , ете замисли се во иднина со него каков би ти бил животот-пекол.И нема што да му кажуваш ако не се смениш ќе раскинеме тој може да се смени ама за кратко време пак ќе биде истиот верувај затоа прекини и тоа што поскоро.
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Некој погоре кажа дека шлаканицата не била во буквална смисла . Не сфаќам јас , каква шлаканица ?! :^) Ако е во буквална смисла тогаш бегај од него под хитно .
     
  13. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    17
    Разбирам и љубов и сакање и све.Но неможам да го разберам делов со шлаканицава! И тоа е од љубов?! Не сакам да бидам сурова но типот ме тера да бидам таква.Откачи го одма а ако ти бара причина само ќе му кажеш доста ги трпев твоите тортури и доволно време ти дадов да се смениш но ти остана ист. Не ти треба таква врска.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Да го откачиш, под итно. Да го откачиш на секој можен начин и да не се свртиш назад, ни за секунда. Со шлаканицата или без неа, типот си е мрднат!

    Добро, запрашај се, на твои 20 години, ваков ли живот сакаш и си замислуваш?

    Со 30 пати проверки на ден, ѕвонење на фиксен, бришење на ФБ за да му удоволиш на Г-динот и крадење пари и предмети од дома, зашто бил сиромашен ??? :o :^)
    Не знам кој дел за тебе од ова е љубов, за мене апсолутно ништо.
    Дали да останеш со него? НЕ, НИКАКО. Млада си и заслужуваш 100 пати подобро.
    И :!: да си отвориш пак ФБ :D Абре кој си дава за право некому да наредува нешто, макар и за нешто така банално како ФБ. Родителите не ни забрануваат нешто, некојси мочко таму... :devil:
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Јас мислам дека има дечково комплекси на пониска вредност и иако сакаш да раскинеш со него, мое мислење е дека тоа не си направила од сожалување повеќе отколку од љубов. Па и тоа со шлаканицата. Тотално неприфатливо. Гледаш и самата сите што ти рековме...