1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да посетам психолог?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од MalataNena, 28 јуни 2011.

  1. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Имам дечко и многу го сакам,но во не баш трезна состојба направив беља,не беше тоа најстрашното но сепак беше лошо од моја страна,ако му кажам сигурна сум дека ќе ме остави бидејќи е доста лабилна личност во тој поглед,а нема шанси да бидам без него,а сепак чувствувам грижа на совест...да се обратам на психолог? :sweat:
     
  2. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Мој совет ти е да му признаеш на дечко ти (ако навистина го сакаш и почитуваш не го лажи, а кога-тогаш ќе дознае што се случило, па подобро е од тебе, па можеби и ќе ти прости) а и дали ќе можеш ти пред него да се однесуваш како ништо да не се случило, како ништо да не си направила (веќе имаш грижа на совест а тоа нема да помогне со текот на времето туку ќе се зголеми). Според мене меѓу двајца што се сакаат не смее да има тајни и лаги, а пак, можеби дечко ти ќе цени што не го лажеш. Треба да ги сносиме последиците од своите дела.
    А психолог не може да ти каже што да правиш, тоа треба ти да го одлучиш на крај, тој може само да ти помогне да сознаеш што навистина сакаш - конечната одлука е на тебе
    п.с инаку јас сум психолог
     
  3. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    А да ни кажеш поконкретно за каква беља се работи за да ти помогнеме повеќе ??
     
  4. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Мислам дека психолог за ова не ти треба, а кога ќе се опијаниш зар не знаеш што правиш :?: да си го сакала дечкото сигурно не би го направила тоа, но веќе си направила и би било фер од твоја страна да му кажеш што си направила за да не го направи тоа некој друг и мислам ако ти му кажеш има повеќе шанси да ти опрости отколку тоа да го слушне од некој друг.
     
  5. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Се мував со типот,се качив со него во кола но сватив што може да ми се деси и сакав да си одам дома
     
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    На лагата и се кратки нозете...кога тогаш ќе дознае, подобро ќе да е да дознае од тебе.
     
  7. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Подобро ти да му кажеш пошто има секакви и за инат ќе му кажат( може и тој типот да му каже )колку да ви расипат!Сум била у иста ситуација и се мислев дали да му кажам на дечко ми,пошо многу ми беше тешко и се каев..али он од други дозна и многу потешко беше ...едвај се смиривме
    Затоа кажи му на дечко ти со време да не дознае од друг.
    Со среќаа
     
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е боље да му кажеш, после ќе ти биде потешко.. :/ Да не ги повторувам др. боље ти да му кажеш, него ли некој трет..

    (не е мое да се мешам, али не го сватив ова подвлеченово)
     
  9. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    во некоја од сериите слушнав нешто во стилот: да му се каже на партнерот дека си бил неверен е себично затоа што ќе го повреди него а ти ќе останеш со чиста совест.
    Психолог не ти треба! Ако сакаш да му кажеш кажи му и по цена да го изгубиш. Ако мислиш дека може да продолжиш со него без да му кажеш (затоа што навистина ќе го повредиш) не му кажувај. Ти најдобро си знаеш.
     
    На brunete му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Ако мислиш дека нема шанси да дознае ќути си. Ајде не се филмајте он лабилна личност она ќе му кажува дека го изневерила, поголема тортура и за двајцата нема! Тоа што не го знаеме не не повредува ;) Секако не било намерно и било само еднаш (се надевам и веќе никогаш)
    Ова од искуство зборам.
    А ако мислиш дека има шанси да дознае,кажи му ти, ама во ублажена верзија и истакни дека си била пијана.
    Среќно и во двата случаи.
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ти советувам да му признаеш на дечкото ти додека не дознае од некој друг па да ти направи триста сплетки.
    Не знаев дека ако си се наљокал и се муваш со друг тип требало да се посети психолог? |(
     
  12. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Сака да посети психолог бидејќи има проблем кој ја мачи и незнае што да прави и и е потребна помош а не затоа што се опијанила :)
    Иаку на нас не ни се чини дека е ништо озбилно сепак девојчето си има мака
    ма да според мене не треба да оди на психолог туку сама да си размисли која би и било најдобрата опција да премолчи и да се надева дека нема од друг да дознае или па да му признае и да се надева дека ќе и прости
    п.с а и да не ти прости па не е крај на светот, има други. Не си ни прва ни последна што си се нашла во ваква ситуација, така да твојот проблем има решение и не ти е потребна стручна помош
     
    На brunete му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Значи ако си го сакала...такво нешто немаше да напрајш... не можам да го сватам изговорот не бев трезна.. па девојко кога не крепиш шо пиеш.... очигледно си го сакала само на збор...најдобро е да му ја кажиш ти вистината....и нема потреба од психолог
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    абе ајде па и вие демек не сте се напиле демек не се случило да се мувате со некој во пијана состојба.. ако си сигурна дека нема шанси да дознае и ако не си кажала на друг не му кажувај..
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    А си отиде ли дома, или ја направи бељата? Не можам да разберам :?: Сакав ама не си отидов така? Психологот знаеш ли што ќе те совети? Да му кажеш на дечкоти, за да ти се прочисти грижата на совеста? Или подобро оди исповеди му се на попот и така ќе ти се опрости гревот ;)
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ти би требало самата да си знаеш колкави се шансите дечко ти да дознае. Ако има шанси да дознае, мислам дека не треба да криеш и треба да му признаеш. Подобро ќе биде тоа да го слушне од тебе отколку од било кој друг. Ти самата си знаеш. Мислам дека ако си го сакала навистина немало да дозволиш да дојде до ова. И мислам дека немаш потреба од психолог.
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    ко призна пола му се праште, значи боље е ти да му кажеш и од тебе да дознае, победно ќе биде од некој сосема трет да дознае.. и во иднина пред што и да напраиш размисли добро,не секогаш пијанството ги оправдува средствата!
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    собери сили и кажиму боље ти отколку да слушне од некој друг
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Никој неможе да биде подобар психолог од самите нас кога станува збор за нас, наши чувства и мислења. Се разбира дека секогаш при анализа на проблеми/бељи што сме ги направиле, тежнееме кон тоа да бидеме поблаги спрема себе а некој друг кога би го направил истото, би биле построги во осудувањето. Затоа најдобро анализирај се себе и маката што ја имаш како да анализираш друг и дај си себе совет што би го дала на друг во таа ситуација, сигурна сум дека така ке донесеш најправилна одлука. Сепак колку и да не е убаво тоа што си имала нешто со типот, добро е што не си отишла предалеку.
    Само собери храброст и се` најдобро. :)
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ако има шанси дечкото да не дознае, премолчи...совет од мене како поискусна...

    Да, верноста и искреноста се најбитни за една врска, ама се` зависи од тоа колку си значите еден на друг, колку ви е цврста врската и колку можете да простувате и заборавите.
    И знај дека кога чашата еднаш ќе се скрши, колку и да ја лепиш пак ќе биде скршена.

    Доколку сметаш дека со признавањето ќе го изгубиш, не му кажувај, премолчи и заборави.
    Живеј со таа тајна, чувај ја само за себе и не го повредувај.
    Лесно е да се ослободиш од товарот и да го префрлиш на друг.
    Плус ако добро разбрав само сте се смувале...не сте отишле до крај...е добро де, се случило, ама немој да ти стане навика и никако немој да си се тешиш самата-пијана бев...тоа е најмизерно оправдување...

    Искрено, мене да ме изневери мм подобро никогаш да не дознаам. Тоа што не го знам не може да ме повреди. Може и би му простила, ама се` ќе се смени, се` ќе биде поинаку.
    Еднаш изгубената доверба тешко се враќа.
    Јас сум за да ќутиш.
    А за ваква глупост психолог не се посетува. :!: И ДА- сметам дека е глупост да одиш на психолог затоа што си се смувала со некој и си го изневерила дечкото.