1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да прифатам студии во странство

Дискусија во 'Образование' започната од diamonds.in.the.sky, 17 јануари 2013.

  1. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Значи девојки, моите сакаат да студирам Во Швајцарија и тоа не било каде, туку на EPFL...но неможам да го замислам мојот живот без мојот сака, со кој сум во врска една година...
    Тоа е единствената причина за моето двоумење...Ваше мислење?
     
  2. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123

    Извини вака, AMA ТИ ОВА ОЗБИЛНО ??? :o
    Камо јас да добијам ваква понуда, па тоа ти го менува цел живот!
    Оди на студии, заврши ги и среди си го животот. Ако тој те сака ќе те чека и ќе бидете заедно.
    И млада си, немој да мислиш така. Не ти дошло времето за мажење па ако не е тој стара мома да останеш. Ако не е тој, ќе е друг. Некој кој ќе те сфаќа и ќе е горд на твојте успеси.
    Можеш да го живееш сонот на многу млади а ти сакаш се откажеш од тоа поради некој? Немој, ќе ти биде жал еден ден. И се да ти биде погодено кога ќе созрееш ќе сфатиш колку би ти значела таа диплома.
    Ако тој е навистина тој, и ако те сака толку многу како што го сакаш ти него, ќе те сфати. Ќе се чекате, скајп, лето, зима, ова она ќе помине.
    Искрено ми доаѓа да те молам да одиш.
    Немој да ја пропуштиш таа шанса :)
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Се чека само на моето да и да почнам со изучувањето на францускиот...ама некако многу тешко ми паѓа кога ќе помислам дека ќе сум толку далеку од оние коишто ги сакам...А знам дека ако јас отидам, повеќе во Македонија не се враќам (освен на одмор..)..
     
  4. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Девојко :o Ти ова сериозно го мислиш?
    Немој! Не пропуштај ваква шанса...Знам дека е тешко да бидеш далеку од своите сакани,знам дека сега ти е убаво со саканиот твој и дека не сакаш да го напуштиш но тој не е единствен на светот.
    Многу деца би дале се само да можат да студираат во странство. Сите знаеме дека странските дипломи важат скоро секаде во светот,а македонските па да не речам само во Македонија :/
    Па и дечко ти ако те сака ќе те чека...Млада си - размисли си убаво. Ако е и тој студен може да работи во Швајцарија,Германија,Франција па пак на неколку месеци да се гледате.
    Верувај ваква шанса нема никогаш повторно да имаш :)
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Многу ќе се каеш ако не отидеш, имаш шанса за каква други само сонуваат. Кажи да и пакувај се :)
    Никој не гарантира дека ако останеш тука ќе бидеш со дечкот и засекогаш, а ако навистина се сакате ќе бидете заедно на крај, кај и да си ;)
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Не си свесна која привилегија ја имаш душо...ми дојде да се расплачам, искрено. А тој дечко ако е доволно зрел и навистина те сака, треба да ти биде најголема поддршка за да одиш. Ако не, тој бил уште една средношколска врска која требало да ти остане во убави спомени. Здравје Боже и ќе се вратиш оттаму, можеби пак ќе бидете заедно ако требало да биде. Ако не, што да се прави. Имаш once in a lifetime шанса за која ќе ти дојде да си каснеш од бутот ако ја пропуштиш. Колку само сонуваат студии на престижен факултет во странство, не биди будалче.

    Ова е шанса која не се пропушта, не ни размислувај, ах да ги имав море годините твои за факултет, сеа ќе ти речев, ако нејќеш ти, дај јас да одам место тебе :D
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.672
    Допаѓања:
    12.170
    Оди. Моја школска имаше дечко па отиде без размислување иако секој одмор се љубакаа по ходници. Денеска секој си гледа за себе, а во средно не си зрела за да знаеш што е најдобро за тебе. Може за некој месец ќе раскинеш и што после?Си испуштила животна шанса?И школската моја таму се омажи, докторираше сега, па да беше овдека немаше докторат да земе до сега. Ама таму може е боза образовниот систем,повеќе пракса , помалку теорија и се снајде. Каква Македонија, каков дечко, сигурно се смее на смаат себе. Тоа е пат кон подобра живот. На 18 год ништо не знаеме за животот и љубовта иако така мислиме.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.