Дали да продолжам да живеам во Хаг или во Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од cveke123, 25 февруари 2012.

  1. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    632
    Здраво, јас имам 12 години, и почнав да живеам во Холандија, Хаг од 2010, јануари. Таму живее татко ми, истотака, со жена му и синот (мојот полубрат). Во Холандија имам убав живот, со прекрасно образование (учам во интернационално школо, и сум меѓу најдобрите во мојата генерација), но сепак ми фали мајка ми која живее во скопје, во нашиот стан.. Во аеродром (населбата), имам прекрасен живот.. Целата фамилија ми е на куп, сите се таму. Бабите, дедовците, другарките, центарот и исто така спортувам. Во холандија, децата се повоспитани, и не излегуваат само така, туку се е по план, тоа значи дека излегувам само 2 во месецот со другарки, што е многу малку за мене. Имам пасија за македонија, дури ми фалат и ТВ програмите и весниците на македонски јазик. Ми фали МАКЕДОНИЈА, МИ ФАЛАТ МАКЕДОНЦИ. И ако се вратам таму, можам да одам во НОВА, можам да добијам стипендија...
    Денеска, дојде писмо од школото, прашува дали ќе ја продолжам годината во тоа школо, но јас сеуште не сум одлучила дали по 2 години во Холандија, да се вратам во Скопје или не... Оваа недела имам распуст, и, имам време да помислам и да одлучам дали да се вратам во скопје со мајка ми и целата фамилија и другарките, или да останам во Хаг, каде што мојот татко, жена му и брат ми живееме и една добра едукација... Ми треба помош да одлучам, ве молам пишувајте јасно и искрено.. КОлку подобри одговори, толку полесно ќе ми биде! Благодарам... :)
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    85.573
    Јас прво би те прашала - зошто за време на распустот не дојдеш да ја видиш мајка ти?

    А после... размислувај практично.
    На 12 години не би требало излагањето да ти биде проблем. Два пари месечно сосема е доволно. Него, тоа и не е важно.
    Јас би го искористила моментот и приликата да добијам врвно образование.
    Штом си таму две години значи дека си прифатена од семејството на татко ти, а и од соучениците, околината.
    Но пак во контекст на горепоставеното прашање - учи, студирај, дури и работа утре еден ден ако можеш најди си, НО користи ја секоја прилика да бидеш во Македонија со мајка ти .... и останатите.
    Имам уште многу да ти кажам, ама ќе се почекам да ми одговориш :)
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    Да останам во Хаг или во Скопје да си одам

    cveke123 znam deka e tesko da zivees tamu daleku od majka ti,veruvaj mi i jas sum daleku od site moi,znaci sama sum vo italija..ti barem imas nekoj tamu..ama spored mene e podobro da prodolzis da zivees tamu,kako sto rece i si megu najdobrite vo klasot,tamu e druga kultura se e poinaku i ponapred sto jas smetam deka e edna golema osobina za zivot..jas da sum na tvoe mesto ne bi se vratila vo mk,ovde mi e mn tesko ama se boram,moram,mozam da izdrzam mislam na mojata idnina,pozz pa pisi ni sto ke odlucis..se najubavo :)
     
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    632
    знам, не ми е до толку излгуването.. ама одам и на распусти да ја видам мајка ми, секој зимски и секој летен, ама и на скајп, но сепак, треба повекје мајка ми е, а и можеби кје можам во НОВА да одам, да добијам стипендија.
     
  5. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    601
    Да останам во Хаг или во Скопје да си одам

    Верувам дека ти е тешко, ама штом имаш услови да останеш таму, остани. На 12 години сфаќам дека ти требаат другарките, мајка ти и Македонија, ама размисли малку дека немаш баш некоја сјајна иднина кај нас. Во Холандија можеш многу повеќе да се изградиш ти, да си формираш кариера и да си имаш мирен и удобен живот.
    И јас сум во Швајцарија и на почетокот ми беше тешко за друштвото, излегувања, ама сега како минува времето сфаќам дека сум всушност многу среќна што ја имам можноста да живеам и учам овде. Другарките на секое слушање ми велат колку е досадно, мртво разочарани се што на свои 20, 21 год немаат 5 денари на страна и бараат од мама и тато за едно кафе во град.
    Мои братучеди завршија факултети, магистрираа и си седат дома. Нема работа, т.е има за оние кои се партиски определени и оние кои имаат врски. Едната дури доаѓаше овде да работи во кујна, да мие садови за да заработи некој денар и да може овде да се запише на магистратура.
    Размилси малку поубаво, ова се многу важни одлуки и немој да се каеш еден ден доколку се вратиш дома. ;)
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.709
    Допаѓања:
    103.840
    Ова се вика,од готово-вересија.
    Кога ќе созрееш,ќе сфатиш која грешка си ја направила.
     
    На booba и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    85.573
    Значи зборуваш 4 јазици, разбираш уште 2-3 (нашиве комшиски :) ), добра ученичка си...

    Јас сега ќе ти кажам како би размислувала и што би ти кажала кога би ми била ќерка, значи ќе ти се обратам како да и зборувам нејзе.

    “Таму си веќе две години. Се радувам на секој успех што го постигна. Ми недостигаш најмногу на свет, но ако можев на 10 години да ти дозволам да одиш, ќе научам да бидам стрплива и да почекам да станеш успешна.
    Се надевам дека еден ден, јас и ти повторно ќе живееме заедно. Сега земи се што животот ти нуди.“

    Колку голема е жртвата на мајка ти ... уффф јас се потресов од самата помисла на тоа да бидам на нејзино место. А токму 10 години има сонцето мое. Голема и храбра жена е. Јас би цвилела секој ден.

    Нова - што знам... Не е баш за споредба :)

    Сега како другарка и реалист ќе ти кажам :) :
    Земи еден лист хартија и пиши ЗА и ПРОТИВ , стави се на кантар.
    Изброј го резултатот.
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. doll.a

    doll.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Да останам во Хаг или во Скопје да си одам

    Според мене најдобро да е да дојдеш тука и да си го завршиш образованието тука чим си била таму најдобра сигруно и овдека ќе бидеш исто така тука е и мајка ти која ќе те подржи во се а и исто така живееш во населба која што е убава и има се ... иако ете во Холандија го имаш татко ти тука како што велиш ти е цела фамилија може тука да дојдеш и да завршиш со школо а ако не ти се допаѓа понатаму ете за работа такви ствари ќе можеш да се вратиш во Холандија но сепак ти си знаеш најдобро како што поздрав :)
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    Оф леле душа :worried:
    Да ти каснат од газето вака мала за вакви одлуки да се думаш...
    Размислувај што е најдобро за тебе, а не кој моментално ти недостига, и ке си бидеш благодарна во иднина.
    Да останеш таму е многу паметна одлука за твојата иднина од секој поглед.
    Немој да се лажеш, каква црна НОВА, ни под разно...
    Па понатаму Боже здравје, и мајка ти ке си ја земеш доколку добро ти оди.
    Жртвата е голема, но вредна, на крај краева родителите секогаш најдобро сакаат за нас не го заборавај тоа.
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    632
    фала многу, еве утре ќе си напишам ливче. навистина ми помогнавте, знам дека ќе направам грешка ако останам во скопје. подобро е и за образование, ќе се потрудам да и кажам на мајка ми за одлуката. Навистина помогнавте :) фала ..
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Egypt

    Egypt Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Едино што те кочи да останеш во странство е фактот што мајка ти е во Скопје.Тешко е без фамилија да се живее... Тоа е тоа,не е се совршено.

    А пак од друга страна,Македонија ко Македонија,не ти бега.Другарките,друштвото ни тоа не ти бега.Постојат начини да останеш во контакт.

    Реални да бидеме,Македонија и животот што си го имала таму,секогаш ќе ти фалат.По мене знам,уште душа ме боли,но се прибрав и сфатив дека овде имам повеќе можности и кога веќе шанса ми се пружила-Зграпчи ја!
    Колку пати сум рекла,ј*беш се,јас се враќам! А бев 1 година поголема од тебе.Детиште полно со носталгија.
    Сега на рани 17 години,сфаќам дека ако се вратев тогаш,се би се упропастило.Доле не гледам иднина.

    Фала Богу,постојат интернет,скајп,телефони...па ќе одржуваш контакт со мајка ти и остали.Не ве знам лично,најверојатно го сака тоа што е најдобро за тебе,повеќе можности имаш таму,подобра иднина.

    Не избрзувај со одлуката,паметна си,процени ја убаво ситуацијата и знај дека чим си успеала со школо и дипломите си ги земеш в рака,враќај си се во Скопје ако сакаш...

    Види мора нешто да се жртвува за да се добие повеќе. Ти си знаеш. Ова е од моја перспектива.
     
  12. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    109
    Ти си знаеш најдобро како ти е во новото семејство. Или доколку навистина сакаш толку многу да живееш во Македонија. Македонија е дома, да, но колку луѓето се реални и вистински околу тебе (мислам на пријатели, другари/ки), не знам. Има и некоја негативност, гушење и здодевност што можеби навистина ја нема во странство. Можеби и не е лошо да одиш дома, да завршиш средно образование, и потоа ако татко ти те поддржува, да завршиш факултет таму, доколку имаш такви амбиции, се разбира. ;) Пиши ми и приватна порака, ако имаш потреба. позз
     
  13. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Јас не би ти кажала да се вратиш тука бидејќи е за никаде :( , ама веќе кога толку си приврзана за оваа држава :!: ,кога целиот живот ти е тука тогаш врати се. ама знаеш што? :!: најдобро е да одлучиш сама. ќе размислиш убаво и ќе одлучиш. да не каже некој погрешно ти сама си знаеш. :)
     
  14. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    504
    Сметам дека попаметно ти е да останеш во Холандија.И самата кажа дека имаш врвно образование и верувај дека таму многу полесно ќе успееш во животот отколку тука.Сите знаеме каква е ситуацијата во Македонија и какви се шансите за просперитет.Те разбирам дека си сеуште мала и дека ти фали мајка ти,но и она треба да те разбере и да сфати дека оваа одалеченост е за твое добро.Имаш распусти така да користи ги нив за да ги посетиш блиските кои се во Македонија.Пред се размисли си со ладна глава зошто од оваа одлука може многу работи да ти зависат.Се најдобро :)
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Се наоѓаш на еден крстопад во кој најбитен дел е твоја одлука да одлучиш по кој пат да појдеш. Ја имаш таа среќа да без мешање и сугерирање од страна на твоите да решиш што ќе правиш во животот.
    Навистина си мала за таква одлука (ако навистина имаш 12 год.) али според постот изгледаш позрело.
    Според мене за сега за тебе е најважно кое место ти нуди подобри услови за школување и каде можеш да напредуваш и да се надоградуваш. Некој ден ќе ти се исплати и ќе бидеш благодарна што си имала таква шанса во животот.
    Би ти кажала да продолжиш таму со школувањето и се вклопиш во тој систем на живот.
    Мајка секогаш ќе ти биде мајка и ќе те чека. Роднините и пријателите се веќе дискутабилни. Таа ќе е најсреќна ако ти си среќна и таму си ја пронајдеш среќата.
    Ќе има распусти, одмори каде заедно ќе ги поминувате а еден ден и неа ќе ја прошеташ во Хаг ;)
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Лелее душичка стварно е тешко на овие години за такви одлуки :(
    Од една страна ти е мајка ти, а од друга татко ти... Најубаво е (според мене) да си останеш таму. Бидејќи во оваа наша држава нема ништо ... Се е тапа. Кога јас на 14 години плачам да се иселам што очекуваш понатаму... Заврши си го образованието таму. Најубаво ќе ти биде. Ако се вратиш сега можеби нема да се каеш ама понатаму сигурно ќе си ја маваш главата од ѕид. Мајка ти ќе биде среќна ако си и ти. :)