Дали да се биде во врска со некој што пред тоа бил долго време во врска?

Дискусија во 'Врски' започната од BojanaLegija, 9 август 2016.

  1. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    61
    Епа ајде... Не најдов ваква тема.

    Што мислите, како влијае ова на девојката, а како него?
    Дали сака да биде во нова врска само за да ја заборави старата љубов или навистина не е навикнат да биде "слободен"?
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.503
    После долга рска е исто како после развод. Треба бар некое време да помине за да личноста го остави минатото и продолжи. Инаку е тортура и за двајцата.
     
    На PaLaVa, theowndemon, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Semih-Al

    Semih-Al Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Машки
    Треба време да се заборави...Па да се почни се одново,така да ако е забравено минатото зашо да не:)
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.995
    Допаѓања:
    73.904
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има луѓе кои едноставно не знаат или не сакаат да бидат сами, па влегуваат во нови врски со помислата дека клинот со клин се избива. Можеби имаат таков карактер и лесно преболуваат, а можеби има и многу „можеби“ кои се кријат позади таа постапка.
    Мислам дека тоа е индивидуално, не може да се постават остри граници и некој конкретно да се анализира како изолиран случај, па да се ослонуваме на таков пример, затоа што познавам и многумина кои се обратна ситуација и кратко по прекинувањето на некоја подолга врска, се заљубиле во некој нов и склопиле да речам, содржајна врска.

    Познавајќи се себе си, а и од сопствено искуство, секогаш ми требало извесно време за да си дојдам малку при себе и да осознаам многу работи пред да се впуштам во нешто ново. Мислам дека со времето потрошено на одболување сум си помагала да не носам стар товар во нова врска со нов човек.
     
    На Gushkalo, PaLaVa, BojanaLegija и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Дугокоси Швалер

    Дугокоси Швалер Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Машки
    Indivoidualno e. Toa "klin so klin se razbiva" nemora da znaci deka ne e naucen da bide sam tuku dobro doagja za tie sho tesko ja nadminuvaat emotivnata vrzanost od poslednata vrska. Ima nekoi posle dolga so mototo: Nemam jas veke vreme da gubam" na prviot/[tvata so ke naletaat posle mesec, dva op ajde svadba. Nekoi posle dolga vrska stanuvaat potrezveni, porealni i imaat pojasna prestava kakov partner/ka sakaat. Taka da nema nikakvo znacenje za vas, osven ako ne primetite deka licnosta koja sto ste ja zapoznale seuste vo sebe ne e nacisto so starata vrska.
     
    На rose60, fallenangel и Jasminkabibibi им се допаѓа ова.
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.303
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да помине одредено време пред да се впушти личноста во врска.
    Барем ако не нешто друго, да се одвикне од тоа да е со партнерот со кој бил долго време.
    Не разбирам како луѓето се спремни по еден месец од 5 годишна врска со друг/друга да се фатат. Ама секој за себе. Јас не би го направила тоа, би оставила време да се средам со мислите и чувствата пред да влезам во друга врска. Истото се однесува и доколку некој што сакам да сум во врска неодамна раскинал долга врска.
    Да не си ја бараме бељата со сила.
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Дугокоси Швалер

    Дугокоси Швалер Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Машки
    I ti se odvikna li veke? Ili veke si vo druga vrska?
     
  8. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Ne bi rekla deka e potrebno vreme...ako licnosta koja ja imate posle dolga vrska ve pravi srekna ,ve ispolnuva emotivno itn nema potreba da se navrakate na nesto sto pominalo
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Дугокоси Швалер

    Дугокоси Швалер Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Машки
    E ili ne si bila vo dolga vrska ili nesi izlegla od dolga vrska. Potrebno e bar malce vremence dodeka da se smirat vnatresnite buri. Ama ne e zdravo ako svesno se premnogu ceka. A najdravo e od dolga vrska da se skokne vo edna takanarecena "neseriozna". Pa fala bogu na covek mu skisnalo od previse seroznost i bas dobro ke mu dojde edna zabavna kratka vrska. A kako da covek pa i planira i od nego zavisi kolku i kakva ke mu bide slednata.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.303
    Пол:
    Женски
    ???
    Една долга врска имам во животот, и уште сум во неа.
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  11. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Па не.. освен ако ептен било лошо во врската па одвај чекал да искочи од неа... и нема емоции веќе.. тоа се приметува...
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.728
    Допаѓања:
    258.515
    Со ова се сложувам.
    После долга врска не би било пак да се влета во нова сериозна.
    Малку да се ,,одмори,,..да се сумираат резултатите.
     
    На Petar80 и Дугокоси Швалер им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.423
    Допаѓања:
    46.601
    Пол:
    Женски
    Не гледам причина зошто не би била. Еднаш и бев во врска со некој кој пред само неколку месеци искочил од три годишна врска. На почеток се приметуваше дека сеуште ја нема комплетно преболено, а јас покажував разбирање, сепак е тоа долг период а тој брзо после него се реши за нова врска... Му кажав дека ми е јасно сето тоа но тој одрекуваше (машко ко машко...). Уште од почеток се трудеше околу мене, рече дека толку брзо со никој не се приврзал и навистина ми покажуваше и докажуваше дека вистински ме сака. Се е можно кога има љубов, а новата старата ја брише.
     
    На blueeparadise, BojanaLegija и rose60 им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.900
    Допаѓања:
    92.503
    Пол:
    Женски
    Се' зависи од врската. Каква била во последниот период до прекинот и колку вистински е крај и за двајцата екс партнери. Првиот пат кога мојата долга врска заврши, на глава ако сакаше да застане дечкото со кој почнав да излегувам одма, потоа.. ѕвезди да симнуваше, напразно ќе беше. Претерано долго траеше распадот и претерано грд беше и мачен ама.. за мене не беше завршено.:) Се смиривме некое време потоа и испадна да го извисам дечкото со кој бев во периодот измеѓу. Не ми беше таква намерата,нит сакав да си играм со било кој. Ми се допаѓаше и пробав. Жал ми беше но бидна.
    Година и нешто потоа,долгата врска пукна. Уште погрдо и уште помачно ама, крај беше. Никогаш не се навратив,не ѕвонев, не пишав..и остана така иако тој пишуваше и ѕвонеше потоа. Месец подоцна, запознав некој. Три-четири потоа и почнавме да излегуваме заедно. Ако таа личност се покажеше во поинакво светло, ако беше поедноставно и полесно.. тоа можеше комотно да трае до денес. Имаше чувства.
    Така што..може да се развие таква врска со емоции и да е стабилна доколку претходната врска е стварно прекината,а не само „скарани“ да испадне на крај. Често луѓето не знаеме или едноставно не сме искрени со другите луѓе во врска со тоа пошто и сами се убедуваме дека е крај. Се трудиме да помине,да заборавиме.. а работата испаѓа инаку. И нормално, зависи од другата личност со која човек пробува да почне од почеток, потоа.

    Шизик на ризик.:) Теоретизирање остави за потоа.. засега, пробај и види. Или џа или бу.
    Или па, прескокни го таквиот/таквата. Што да не.
    Јас не би. Особено ако се чувствувам фино и ми е мир покрај личноста. Прави да ми е така.

    Сите имаме некакво минато. Некогаш ќе се зезнеш со некој,некогаш пријатно ќе се изненадиш,некогаш ќе пропуштиш нешто преубаво... :)нема гаранција за ништо.
     
    На 1209, SAMIRA, BojanaLegija и 5 други им се допаѓа ова.
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    А кој е тој период кога е прерано да се влезе повторно во врска?

    Имав скоро две ипол години врска, некаде кусо после 18тиот роденден спонтано се случи. Се приврзав многу, го засакав, ама константно имаше работи што ми шкрипеа и не беа како што сакав. Се обидував да сменам, да поправам, ама почнав себе си да се губам, емоциите пополека почнаа да избледуваат и сфатив дека премногу длабоко сум се закопала и сум оставила се' за него, за нашата врска. Е тука веќе морав да ставам крај, да мислам на себе и да си го средам животот без него. И да, беше пееееколно тешко првите три месеци, направив многу глупави нешта и несфатливи од сегашна гледна точка.

    Но, конечно после тие први три месеци почнав да работам на себе и да се менувам. Започнав многу нови работи, нови луѓе, излегував почесто, почнаа да ме привлекуваат други машки, додека чувствата ми избледеа и ги снемуваше. Немав излезено со никој, мислев дека ќе ми треба навистина многу време за да запознаам некој на кого би можела да му дадам шанса. За после некој месец, и точно шест месеци откако ја прекинав врската во момент кога потполно не очекував и не се надевав запознав прекрасен дечко. Другарка ми во еден момент ми кажа сите твои критериуми и барања и желби, се' исполнува, да го создадеше ваков совршен немаше да успееш. И што, требаше да не му дадам шанса, и да не си дадам себе си шанса затоа што поминале само шест месеци?

    Ама јас бев веќе излечена од сета болка што ја чувствував, немаше останато никаква љубов или други убави чувства во мене. Имаше останато само некој бес и гнев што порано не ставив крај и што сум била толку слепа за толку многу работи.

    И ми се случи најубавото нешто. Не постоеше ни најмала можност да не прифатам да излезам со него и после вториот состанок да започнам врска кога будеше во мене чувства кои што никогаш не сум ги почувствувала претходно. И не, не претерувам кога ќе кажам дека е најдоброто нешто што ми се случило во животот. И повторно би го направила истото.

    Се' зависи од личноста, дали минатото е оставено позади себе и е свртен нов лист, дали чувствата веќе ги нема и се чувствува спремен/а за нова врска. Може и да е само забава, за заборавање на претходната љубов. А може е ист случајот како кај мене. Треба отворен муабет да се направи.

    Јас воопшто немав потреба да ја спомнувам претходната врска. Тоа беше завршено за мене и јас се имав посветено на моментот, на сегашноста. А и тој не ме прашуваше ништо околу моите претходни врски и дечковци. Сите имаме некое минато, но доколку тоа не влијае, не гледам потреба од прашања и размислувања околу тоа.
     
    На blueeparadise, SAMIRA, BojanaLegija и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.995
    Допаѓања:
    73.904
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и сама си го одговори прашањето со постот. :)
    Некому му требаат шест месеци, некому месец дена, а некому една недела. Индивидуално е и на крајот времето покажува што всушност донела таа нова врска.
    Мене некои не ми се воопшто јасни, најверојатно затоа што не сум таков тип и секогаш сум сакала во нова врска да влезам со расчистени односи од претходната и никаква надеж за нејзино повторно воскреснување.

    Половина година (дека веќе го спомна) и не е баш така малку, посебно во ситуација кога знаеш како стојат работите и не оставаш простор за возобновување на таа врска.
    Едноставно, си поминала некое време сама, си ги расчистила нејаснотиите со самата себе, знаеш што сакаш и најважното од сè - кога ти се пружа прилика со некој кој сметаш дека доста ветува, не пропушташ со самообвинувачки мисли од типот: „можеби требаше да помине повеќе време“.
     
    На Дугокоси Швалер му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ? Ако бил долго време во врска, ете да речеме неколку години и ако имале добра причина за да прекинат, нормално е после неколку месеци секој да си продолжи со љубовниот живот.
    Првите неколку месеци се запознавање, после тоа се развиваат чувства. До нас самите е дали ќе не засака или не.
    Јас на пример ако се скарам после долга врска не чекам да поминат години. Ако сака некој да се запознае со мене, а и јас со него излегувам и се запознавам.
     
    На Дугокоси Швалер му/ѝ се допаѓа ова.
  18. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    7.314
    Мене ми треба време не сум таков тип на човек кој од една врска одма оди на друга или мора одма да се излези со некој, не.
    НЕкогаш и да бидеш сам извесно време не е лошо, отколку одма со друг да се оди, без разлика дека чуствата се избледени и личноста е оставена во минатото
     
  19. Дугокоси Швалер

    Дугокоси Швалер Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Машки
    Znaci zatoa ne razbiras kako moze nekoj da se vpusti posle 5 godisna vrska vo nova za "kratko" vreme. Kako da treba nekoja procedura da ima. Vremeto ne e bitno. Nekoj moze posle mesec dena, nekoj nemoze ni posle 2 god da si dozvoli da se vpusti.
     
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.303
    Пол:
    Женски
    Реченицата ми почнува со ЈАС МИСЛАМ. Мое лично и персонално мислење.
    Ми е гајле кој што си прави. Не е мој проблем. Ниту смеам да кажам што е правилно и како треба, а што не.
    Нема потреба да пробваш да ми докажуваш нешто тука. Доволно разбирам и имам видено секакви ситуации, и ова си е мојот заклучок.