според мене најубо е ко ке си сам..но често пати доаѓам во дискусии со одредени личности за ова!вие што мислите..кои се вашите мислења и искуства?
дали да се живее со свекор и свекрва И јас мислам дека најубаво е сам. Поише ќе се сакате ако се глеате поретко , никој нема да ви се меша дали мајка ти или мајка му и што сакате ќе си праите нема да се стегате пред нив
дали да се живее со свекор и свекрва А бе види вака кој несака да биде сам на денешно време без да му се плеткаат низ куќа свекор и свекрва? Ако имаш услови ќе живееш убаво и мирно, ако немаш ќе седиш со свекор и свекрва и ќе ќутиш.
дали да се живее со свекор и свекрва да не се лажеме, утре не би сакала ни со моите ни со неговите....дефинитивно најубаво е свој покрив над глава да си има човек. тоа е мој став, дури и став на дечко ми- дека најубаво е сами да сме си....и многу ми е мило што се сложуваме во тој муабет. Но исто така, утре кога би се земала со дечко ми, дефинитивно кога би требала да го родам првото дете, првите неколку месеци би била кај свекор ми и свекрва ми....од апект на помош,а и она е жена која израснала 2 деца, 2 внучиња. А јас како тазе мамичка сигурно не би се снашла во се од прва. Но велам тоа не би било повеќе од 1 година. ееее сега ептен ако се нема, нема избор
дали да се живее со свекор и свекрва Аууууу никогаш,а не даде Господ.Да живеам со свекор и свекрва не фала. Едноставно нема да се трпиме. Неможам ноостоп да јаслушам како и само нешто требало,само нешто не е како што треба......
дали да се живее со свекор и свекрва Од сами поубаво нема,ако има услови незнам зошто да се пикаат толку луѓе во една куќа. Луѓе од различни семејства ,различни карактери,трн во нога . Не се лажете дека ако сте заедно во иста куќа со свеки дека ќе ви помога ,ќе го чува детето а вие ќе работите ,не 95 % од свекрвите нема да го прават тоа,некои ќе откажат да го чуваат детето а некои ќе го чуваат па после ќе го прекараат тоа . А незнам како ви е вас ако некој нешто ви прекара ама јас се претворам од Кејт Д Грејт во Лоша Кејт, ама не ќе се тепам нели ? Ќе вријам во себе ради мажот така ? И големи се шансите да го разгалат затоа што им е внуче,во градинка најубаво ќе се дружи ќе се социјализира и се .Јас кога ќе се омажам и да дојде ред да живеам со свекор и свекрва нема шанси да ми го чуваат детето вградинка па и нека се 24/7 слободни . Значи не сме во крвно сродство со нив па да ги трпиме ,замислете дома си имате проблеми со мајка ви и татко ви,некогаш знаат да ви цапнат на нерва ами па други луѓе? Штета што ретко кој има услови за така ... Најубаво е сами да си изградите семејство со партнерот ,ти и тој ,на друго место ако се може. Епа не мислеле некои луѓе ајде битно е да се удомам и деца колку што дал Господ...колку семејства ради ова ќе живеат во мизерија.Човече ако немаш услови нема да имаш дете или ќе имаш едно . Значи јас сум За живеење сами :up:
дали да се живее со свекор и свекрва Ако се има можност, најубаво е младите сами да си живеат - пред сè поради добрите односи, макар што одвоеноста не гарантира дека ќе биде супер - најмногу зависи од самите луѓе, поточно од карактерите. Има свекрви и свекори што не знаат да бидат на дистанца и во сè се мешаат дури и кога живеете одвоено од нив, а има и луѓе кои супер функционираат во заедница. Значи, до луѓето е, а не до тоа дали се живее одвоено или не. Сепак праксата покажала дека во 90% од случаите каде младите живеат одвоено имаат подобри односи со родителите на мажот. А што се однесува до помошта - ако сакаат да помагаат, ќе помагаат, само не дозволувајте да ви одмогнат со таа преголема желба да ви се најдат има и луѓе кои па ич не сакаат да помагаат - и подобро е така понекогаш. Ама да не можеш да излезеш на петнаесет минути (а мораш) зашто нема кој да ти го причува детето - мака е.
дали да се живее со свекор и свекрва Ние немавме можност за сами, па затоа живееме со свекрва ми. Она е дома се на се 2ч, т.е. се враќа во 22ч навечер, па така или кратко се гледаме или ич не се гледаме. Има денови кога и не доаѓа(спие кај девер ми), па дефинитивно можам да кажам дека има разлика, јас се осеќам многу поопуштено, со маж ми што сакаме прави , што не сакаме оставаме за утре(ова за домашни обврски), додека она кога е треба се да биде завршено вечерта. Со оглед на ова, според мене дефинитивно е најубаво сами да живеат партнерите. Слободата и мирот кога сте сами неможе никој и ништо да ги замени.
дали да се живее со свекор и свекрва Најубаво е сам затоа што свекрвите секогаш за нешто преговараатас е на нив им смета.Малку не го прифакааат денешниот живот сакааат да биде како нивниот и се осекааат како главни и затоа си допуштааат повеке со еден збор кажано не ги разбираа некои работи.
дали да се живее со свекор и свекрва Јас не би сакала да живеам со нив. Не можам сама јас да се поднесам некогаш а не пак да се расправам со уште луѓе... Најубаво и најмирна глава е кога се живее само со сопругот и децата,барем нема да се меша никој од страна и ќе си бидеш слободен да си правиш што сакаш во своја куќа...
Сега за сега уште ми е рано за брак, ама она што тврдам е дека подготвена сум и никогаш да не се омажам само да не живеам со родители (моите или на мажот). Едноставно сакам да си имам приватност, мое право е. А што се однесува на тоа дали би ги викала мамо/тато - НИКОГАШ. Сметам дека доволно ќе е само ако ги почитувам како негови родители, за повеќе не сум должна а и не сакам да правам, и јас треба да си го живеам животот. Фер сум, зарем не?
Не сум за заеднЧко живеење ни со неговите ни со моите,тие се во Мк па ретко се слушаме со свекор ми и свекрва ми,фала му на господ што јас и маж ми сме во странство па си живееме сами и мирна глава,кога сум во МК неможам да ја слушам свекрва ми се се она знае само наредува сака она да е главна ако не е по нејзино па се лути,мада мене сеедно ми е си правиме по наше со маж ми Aууу неможам бе bumbi незнам како кнедла да имам в уста неможам ни да изговорам...!!! не сум за... позз4е
„Ако брзо ја прекинете јазичната бариера и наместо “ало” “еј” “свеки” и други слични извици, и контактирате преку зборот “мамо”, веќе сте направиле чекор кон приближувањето. Во принцип, многу тешко е да наречеш друг човек, освен својата мајка, така, но има свекрви кои навистина со текот на времето ќе го заслужат тој епитет. Користете го овој израз само доколку чувствувате дека треба. Во спротивно, зборот ужасно горчи во устата, и во директна и во преносна смисла.“ Интересно!
НИКОГАШ ама НИКОГАШ ни под разно не би дозволила да стапам у брак и да почнам заеднички живот со партнерот, се додека претходно не обезбедиме наше место за живеење, купено/изградено од наша заработка, а не да должам на некој за каучот, или фасадата да ми ја вади низ нос. Раат живеачка, не да се расправам со сверкви и свекори. Не иде у обзир.
Јас би сакала да живеам во станче големо и убаво сама со партнерот ама сега колку услови се има за тоа да не се лажеме.Ако јас здравје останам со дечко ми и се земеме мислам дека ќе живееме со неговите, на различни спратови секако ама сепак убава средена куќа која татко му ја направил за него нема смисла да остане само на нив двајца.А и од помош е каде каде додека децата се мали, па додека да застанете на нозе како што треба, убаво е да имаш некој кој ќе ти помага.Но се зависи и од луѓето, има такви кои живеат заедно ама исто како да ги нема, а има и луѓе што можат да ти го згорчат животот па ако сакаш и во различни градови седи не само куќа.Така да се е карактер.Јас мислам дека нема да имам проблеми и да живеам со неговите, би сакала сами ама кога веќе не би имало можности за тоа не ми смета, а неговите се луда куќа во позитвна смисла секако, јас ги обожавам уште сега, фини луѓе, забавни и отворени се, па мислам дека нема да се променат и кога ќе станам дел од нив.