Дечки да ве прашам, пред некое време си расчистував низ дома и налетав на некоолку стари тоалетни води на кои што им истекол рокот. Негде имам читано дека на парфемите немаат рок на траење или пак тој е многу долг па но сепак ми е страв да ги користам бидејќи на нив убаво си пишува датум. Однапред ви благодарам
Нема потреба од страв savageu. На парфемите им истекува рокот тогаш кога почнуваат да си ги менуваат мирисните тонови и е тотално неповрзано со датите кои се напишани на пакувањата зошто тоа може да се случи и пред и после истекувањето на рокот, најчесто во зависност од тоа на кој начин се чувани.
Ги користам додека не ги потрошам, не сум ги фрлила поради поминат рок. Никој не си го сменил мирисот за да го фрлам.