Форумџика на годината

Дали денешните нови генерации се доволно едуцирани за бременост?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlRose, 23 јануари 2023.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.968
    Инспирана од последните мислења во темата за јавни личности ја отварам темава.
    Лично самата си имам изградено некој став дека од како почна Короната се повеќе се враќа она бременост на 18, 19, 20 години. Иако секој секако сам за себе си одлучува неминовно е прашањето- зошто толку млади?
    Бев запрепастена кога слушнав млади единки со медицинско училиште зад нив да не знаат што се плодни денови, менструација, општо за женскиот репродуктивен систем и секс.
    Иако милиони пати е кажано-едукација е повеќе од потребна.
    Но, доколку сме до ова дереџе кое е причината некој/а да не сака да се добро информира за правење бебе и својот систем пред да е решен/а да има бебе?
    Мое лично мислење е дека возраста за дете е индивидуална. НО, не ја гледам потребата за дете на 18 години. Годините и зрелоста си немаат врска, но дали навистина некоја се осеќа стварно спремна за дете на 18 години?
    Веќе почнувам дека нема непланирана бремност туку неинформираност што е бремност.
    И дечки знам дека ваков тип на теми се доживуваат посебно бурно на форумов, но искрено темава ја отварам строго за дискусија, а не за препукување. :)
     
    На Waverly Raven, Glowy, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.741
    Пол:
    Женски
    Јас мислам општо има генерално напредок за разлика од порано. Читав некаде некоја статистика најнова за Македонија, просечно 27.5 години било за жена и 29.5 години за прв брак и тука некаде и добивање на прво дете. Значи просекот на младината напреднал.
    Порано многу почесто се раѓало на 18-20 години, сега мислам дека веќе тоа станува минато, а сексуални односи се има порано и тоа значи дека сепак и има младина што е едуцирана и свесна што и како прави, знае да има заштитен секс.

    Секако уште имаме неедуцирани луѓе што се впуштаат во сексуални односи без заштита, мажи што не знаат ништо за менструалниот циклус кај жената, плоден ден им е мисловна именка, овулација исто, а имаме и доста жени што бегале од часови по биологија и не знаат основни работи за жал. Но, стануваат се помал процент надежно.
     
    На Waverly Raven, Glowy, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.795
    Пол:
    Женски
    Не е ништо лошо бременост на млади години, ако тоа е планирано и посакувано. Загрижувачки е што непланирано се случуваат бремености па или абортираат или го задржуваат па мора да се мажат иако не планирале и им се менува цел живот, одеднаш нови планови и нова реалност. За едуцираност, очигледно уште не може да речеме дека се едуцирани.
     
    На Sielo❤️ и Glowy им се допаѓа ова.
  4. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.380
    Пол:
    Женски
    Од биолошки аспект идеална возраст е околу 23-та год, другото е индивидуален, општествен фактор, колку некој е спремен и дали во таква средина каде што живее е подготвен на таков чекор.

    А што се однесува до едукација имам впечаток дека се доволно едуцирани и свесни за своите постапки а тоа дали секоја постапка им е правилна е знак прашалник.
     
  5. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    3.609
    Пол:
    Женски
    Овака беше и пред короната, ова не е нешто ново. На рака ги бројам тие што забремениле меѓу 18-20 години, некој веќе на второ дете се.
    Не е проблемот што раѓаат на рани години, пак е нели до самата личност и дали е спремна да стане родител. Но тие што ги знаев бегаа од домашните проблеми и единствено решение за нив било да си отидат во друг дом. Врските што ги имаа беа по неколку месеци долги и веднаш бремена. Дали тој сака/не сака пак мора да ја земе за да не се роди вонбрачно.
    Децава како без љубов ги прават, само мислат да легнат во кревет и да го направат не мислат дали имаат сретства да му обезбедат.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Не мислам дека е од неедуцираност, туку од бес и невнимание.
    Колку луѓе знам што точно знаат како функционира репродуктивниот систем, и упорно практикуваат незаштитени односи, без желба и услови за бебе.
    Да, има и неедуцирани, ама и тоа мислам е нивна грешка, не може некој да те едуцира ако не сакаш да се едуцираш. Во средни 20ти сум, и лично можам да потврдам дека од основно, па до средно сме имале некаков вид на сексуална едукација. Доаѓале со кондоми, нѐ едуцирале за болести, различни видови на контрацепција, бременост етц.. Сепак, најголем дел од мојата “едуцираност” произлегува од тоа што сама сум сакала да го научам и сум истражувала. Сега барем е се достапно.
    Од друга страна, доколку се спремни, зрели и имаат услови, не мислам дека 20години е многу рано.
    Баш напротив, драго ми е што полека изумира “трендот” на 90s и 80s на мажење и раѓање деца стрикно после 30.
    Тоа е една од главните причини што секоја втора жена се бори со неплодност последниве 10 години.
    Од 24-28 години според мене, а и биолошки е најисправна возраст за бременост.
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Повеќето не се ама и да се не ги интересира.