1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денешните студенти учат за знаење или диплома?

Дискусија во 'Образование' започната од starbucks, 6 септември 2012.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Пред некој ден на една наша утринска програма ова беше тема на дискусија, па ме потикна да ја отворам и овде темава за да дискутираме. Мислам дека нема ваква.

    Какво е вашето мислење на оваа тема? Ако сте студент дали учете за да стекнете знаење и вештина или за да стекнете диплома? Што ви е поважно?


    Според мене дипломата, иако не секогаш, е пресудна за да добиеме некое работно место, ама она што ќе го зачува истото работно место е знаењето, вештините, способностите кои ги поседуваме.


    ВАЖНО!
    Ве молам не коментирајте само знаење или диплома, потрудете се што поопширно да ви биде мислењето, ваш личен став, коментар. Без партиски, полови, расни препукувања. :!:
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    *Ејј тука може да се стави и анкета.

    А сега... во глобала мислам дека учат за диплома, да. Толку многу дипломирани, буквално ќе си рече некој што образована нација ќе бевме бре. А нема врска. Дипломата со текот на времето почна да си го губи своето значење, со падот на критериумите на факултетите првенствено, а тука се подразбира попустливоста на професорите кои иако строги и стари повеќето, сепак се вклопуваат во новиов систем кој им е наметнат, значи и тие не сакаат да е вака дефинитивно. Потоа правењето на обемните книги во скрипти, мислам кај го имало тоа порано, зборам за државниве универзитети? И ред други работи. Е сега дискутабилна работа е тоа на кој факултет како е и не е сегде исто нормално, ама мање-више како што идат се полабави генерации така и си паѓа критериумов, а тоа не смее да е така. Напротив, за да се стегнат генерацииве кои веќе сите се запишуваат на факултети (сите читај повеќето), мора да се качи критериумот на факултетите и колку и да е нов и современ системов, да се знае ред. Не дека сега не се знае, ама не е тоа-тоа треба многу построго. Многу грешки има во системов, кои мора да се поправаат во образованиево во глобала, и конкретно во високото. Секој гледа што полесно да помине, да се снајде, да препише кај што може, на тепка, на ова-на она ама наместо да си го темпира времето за здраво учење, студентот (зборам просечниот) си го темпира за изнајдување решение за снаоѓање за да пројде на колоквиум или испит. Денес да учиш со професор дома веќе е поим што се подразбира, а порано тоа било непознат поим народе. Дефинитивно образованието порано многу повеќе вредело од она што вреди сега. И порано имало такви што учат за диплома, ама во принцип верувам просечниот студент учел за знаење по она што го слушам од постарите генерации и што го сметам за факт што не е случај со денешните студенти, секоја чест на исклучоците стварно. Ама порано биле државни факултетите, или ќе учиш средно и приемни и ќе можеш да се запишеш на факултет, или ќе си учиш занает. Не можел секој да се запише на факултет, како што може сега со појавата на приватните каде не велам дека нема квалитетни кадри, туку секакви се запишуваат и завршуваат. И на државните има слаби ученици кои на времето не би се запишале на факултет да сме некои 20тина години назад, а сега ги гледаш рамо до рамо со тебе кој си се мачел и трудел да дојдеш дотаму. И потоа некој што не знаел 2+2 ќе ти биде колега и треба да си среќен што е тоа така, и што не ти го зел работното место, што е чест случај на денешницава!

    Да се држам до темава, основната разлика во поранешните и денешниве студенти е во тоа што сметам дека порано повеќе се учело за знаење, а денес повеќе се учи за диплома. Затоа што порано не можел секој да се запише на факултет и да го заврши без да има знаење, а денес може без никакво знаење и да се запише и да заврши, и да се вработи и да има диплома.
    Е сега прашање на време е кога ќе се осети тоа незнаење на работното место, кога ќе се осети потребата за суштинско знаење, аналогно на тоа и потребата за студент поткрепен со знаење, зошто две исти дипломи не тежат исто... тоа е единствената надеж која останува на студентите кои учат за знаење. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Мислам дека е само за диплома, знаењето и искуството се занемарува. Никој денес не сака да волонтира или да сработи нешто без пари, воопшто не помислувајќи дека ќе работи за да стекне некакво искуство, во најмала рака ќе работи во тим и ќе научи како да се однесува, а тоа искуство еден ден ќе му донесе пари. Сега се во состојба да ја платат дипломата и дома на легачење да се препуштат. Мислат дека ако имаат диплома имаат се. Диплома без знаење е исто како да знаеш дека во секое време имаш дома тоалетна хартија :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се поделени. Прост пример.

    -Другарка имам чичко и има приватна фирма која се занимава со сметководство. Таа цел живот е таму, помага, по цело лето врши работа, со еден збор точно знае што и како се работи. Се запиша економски на приватен факултет само за да земе диплома бидејки веке знае сето тоа да го работи и работното место и е загарантирано.

    -Уште една другарка студира Медицина на државен во Скопје. Учи за знаење бидејки со медицината нема итрење, и не се учи механички бидејки се работи за спасување човечки животи.

    Значи, зависи до ситуацијата на студентот, до струката. Колку и да сакам да го избегнам следниот факт, сепак неможам бидејки јасно како ден е дека има и такви кои плаќаат и зимаат диплома бидејки им е ветено работно место од владеачка партија. Тие луге не се оптеретуваат со тоа што не знаат две дефиниции од струката која наводно ја завршила, бидејки штом ке имат работно место со време ке се уходат со работата и ке имаат нешто што дипломиран студент со добар просек го нема- ИСКУСТВО и ПРАКСА. Еднаш реков ке речам пак- На диплома верба се нема.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Има такви кои учат за знаење, има и такви кои учат за диплома.
    Познавам студенти кои навистина сакаат да се образуваат, да се изградат како паметни, интелектуални личности.
    Јас сепак повеќе учам за диплома. Погрешив со изборот на факултет и сега со одбивност учам, затоа што морам, инаку сум трета година. Факултетот ми е таков што не е ограничен изборот на работно место, односно има повеќе опции а не само една, како ште е со ветеринарниот факултет на пример. Така да, откако ќе ја добијам дипломата сепак постои шанса да најдам работа што ќе ми одговара.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.998
    Допаѓања:
    11.117
    Повеќе од пола учат за диплома. Има и луѓе кои на 40 и повеќе години студираат на приватен затоа што на работа им е ветена подобра позиција. Штета е кога гледам какви неспособни работат во администрација, а некој паметен дреме без работа. Во моја бранша има 2-3 колешки кои се професионалци, другиве џабе плата земаат. Мрзливи, постојано доцнат, креативност им е непознат поим. Јас на такви ни работа не би им дала.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Sistemot e takov shto ne tera da uchime za diploma. I da sakash, ne dobivash mozhnost da nauchish neshto plus, da se ispraksirash i da se dokazhesh.