MATTHEW JOHNSON -професор по психологија на Државниот универзитет во Њујорк има своја теорија која вели :,,Ако саката среќна и долговечна заедница, да прославите златна или бар сребрена свадба-немојте да имате деца,, Тој е против создаваниот мит со години наназад, дека децата се круна на брачната среќа. Цитирам: ,,The birth of a baby changes the family dynamics and the way the couple communicates. Partners usually get away from each other and invest their energy in the baby. Their daily activities are reduced to feeding, swimming, walking or taking a child to kindergarten, park or sports training. And the partnership relationship suffers because the wife becomes a mother, and yesterday's passionate lovers are exhausted with a chronic insomnia, they have less time and will for intimate relationships. Partners who sent each other erotic messages to the birth of a baby, now mostly remind each other that they do not come back from the store without tea for cramps and creams,, Спојлер: Превод Раѓањето на бебето ја менува динамиката на семејството и начинот на кој двојката комуницира. Партнерите обично се оддалечуваат еден од друг и ја вложуваат својата енергија во бебето. Нивните дневни активности се сведени на хранење, капење, шетање бебе или носење на дете во игротека, парк или спортски тренинг. Партнерството страда поради тоа што сопругата ќе стане мајка, довчерашната страсна љубовница има хронична потреба за сон, се помалку и помалку време и склоност да има интимни односи. Партнери, кои си праќале еротски пораки до раѓањето на бебето, сега во голема мера наликуваат еден на друг и од продавница нема да се вратат без чај за грчеви и креми,, Честопати од млади брачни парови ја слушаме истата приказна- дека до доаѓањето на бебето било се во ред, но после се смениле работите на полошо. Која е вистината ?
Хм.. интересна тема, баш би сакал да ги чујам искуствата на другите за темава, моето искуство е исто како и цитатот. Се нема повеќе време за интима, блискост.. можеби е само период но баш ме интересира оние со поголем „стаж“ во бракот да го кажат своето мислење
Текстот е во голема мера вистинит што се однесува на ситуациите опишани. Да, фокусот оди на детето, да, се нема толку време и енергија за односи, да, има повеќе расправии и најчесто за банални работи. Но, комуникацијата помеѓу партнерите е клучна. Јас и маж ми имаме меѓусебно разбирање за сите наведени работи погоре. Секогаш сме отворени и зборуваме за работите. Знаеме и дека периодот кога се толку мали и имаат толку голема потреба од нас е минлив. Двајцата доброволно и со огромна љубов го ставивме фокусот на малечката. И сме среќни со тоа, зборуваме и си се жалиме еден на друг кога сакаме нешто да направиме, а не можеме, интимните моменти гледаме да ги бутнеме каде можеме и кога можеме. Пре би рекла дека децата не влијаат добро на бракот и доаѓа до разидување кога партнерите не се на иста страница, кога едниот го става детето во преден план, другиот тера по старо, кога повеќето обврски паѓаат на едниот и се создава незадоволство, кога комуникацијата затајува... Тоа може да дојде и по некоја година брак, да се тргне по одделен пат, само интересите да се различни, не мора да е дете во прашање.
Рефке, бриши едно „а“ во насловот. Сега на темата - не, не мислам дека децата се причина за разградување или распад на еден брак. Сигурна сум дека повеќето на одредена возраст сме свесни што сакаме од животот. И затоа мислам дека е клучно во брак да се стапи со човек со кој делите исти очекувања кога е во прашање животот, иднината, староста. Барем искуството тоа ми го покажа, а не е некое големо. Во спротивно, со или без деца, бракот е осуден на пропаст. Факт е дека семејството пред и после деца не е исто. Не е исто ни после едно или две, па и три деца, секое едно дете ја менува динамиката на функционирање. Ако двајцата партнери се сложат дека подеднакво треба да се посветат на децата и семејството, односно да ги делат обврските, мислам дека нема да има проблеми во функционирањето. Децата секогаш се на прво место, ама и партнерот заедно со нив. Јас лично не ги делам, сите тројца ми се на прво место, а после доаѓа се друго. После осум години брак и две деца, засега успешно функционираме, понатаму како ќе биде, ќе видиме.
Во брак сме скоро 8 години и имаме 3 деца. Животот би го дале за децата, тие ни се на прво место,но ДА најчесто и тие деца се причина за караниците и несогласувањата во бракот. Никогаш не сме дошле до таа точка да размислуваме за развод или заминување дома кај моите или тој кај неговите. Знаеме да се поткараме околу децата, најчесто " Почувај ги да го испијам раат кафето", "Занимавај ги да дремнам малку на кревет", Расчисти и собери ги играчките низ дневна... и сл. ММ оди на работа сменски, ама штом се врати цело време е активен околу децата.Знаеме и тој и јас " фатиме" малку кривина, т.е. да поседиме во ВЦ 10-15 мин, (божем пролив или запек имаме) да излеземе до маркет "брзински" (30 мин.) да пазариме, мора некоја (небитна) работа баш тогаш да се заврши во град ... многу трошам пари и сл. Сево ова свесно/несвесно го правиме колку да се издуваме малку, т.е. да украдеме некоја минута да бидеме раат, т.е. без опкружувањето од децата. Но знам дека ова се банални работи и СЕКОГАШ кога ќе заспијат децата барем час-два одвојуваме за нас. Дали да гледаме некој филм, дали да си помуабетиме, мезиме нешто, или споделуваме интимности. Верувам во нашиот случај за 3-4 години да ни потпораснат децата би имале речиси совршено семејство и совршен брак.
Во темата клучен е моментот што оваа генијална идеја ја добил маж- проф Метју. Мое мислење е дека во заедница каде што мажот и жената ги делат обврските и координирано функционираат нема простор за некој да се чувствува запоставен. Многу голема и опширна е темата за односот меѓу мажот и жената пред и после добивање деца. На кратко ќе кажам дека многу мажи мислам дека се согласуваат со професорот што според мене врска нема од животот. Не сакам некого да навредам ама според мене семејството не е комплетно без деца, децата се алаката која ќе ги поврзува родителите до крајот на животот, не синџирот кој ги држи одвоени. Само незрел и неизживеан маж би можел да помисли дека детето го двои од неговата сопруга, треба да е среќен што има партнерка што е посветена и пожртвувана мајка. Бракот, врските како и животот постојано се менуваат, еволуираат и многу е нормално да влегуваат во нови циклуси со различна динамика. Довербата, заедништвото, попитта и љубовта се тоа што ќе ја одржи врската и тогаш кога физички не можеме да се посветиме на нашиот партнер.
Oд една страна се согласувам со теоријата на професорот,од друга не ја сфаќам поентата на бракот без деца. Ако не сме сакале деца,сме можеле само да живееме во заедница и толку. Точно е дека децата си носат огромен товар и одговорност и најчесто заради тоа доаѓаат кавги и несогласувања во бракот,меѓутоа тие се најголемиот столб на семејството,производот од љубовта меѓу партнерите. Љубовта е клучна.Со неа секоја пречка е минлива.
Секој брак без разлика има падови и подеми.Децата спојуваат повеке не раздвојуваат.Само малку трпение мегу партнерите на почеток треба додека се помали.Но за нежност и интима секогаш се има време ако се сака.Ако опстане љубовта во тие год додека се мали децата кога ке потпораснат станува мн поголема.15 год во брак ,две деца и сеуште секој момент го користиме за нас ,дури и љубовта е поголема
Децата се поентата на бракот и целта на животот. Тој професорот, намерно тера пропаганда, или не доразбрал нешто - од хедонизам не се живее.
Децата се плод на љубовта. Со доволна посветеност, почит и разбирање, бракот ќе цвета макар и со 5 деца. Што им фали на нашите родители, баби и дедовци? Дали нивниот брак се распаднал по раѓањето на децата? Одговорот е НЕ.
Разградување на бракот може да се случи од повеќе клучни аспекти. Брачната заедница е изградена од маж и жена врз основа на зеднички погледи, интереси и потреби. Тоа што некогаш ги соединило партнерите, низ временската рутина може да претрпи неочекувани промени и да биде причина за разделба. Психо-емотивната зрелост има голема улога во одржување на бракот и го вклучува моментот на проширување на семејството. Влијанието на потомството врз брачниот однос не сум го искусила и не можам да коментирам. Меѓу "треба" и реалната слика постои голема подготвеност за компромис и толеранција што не секој е способен да ја разбере и примени.
Текстот има поента дека децата можат да придонесат кон распраѓање на бракот ама тоа не е генерално правило тука зависи од тоа како ќе се справат споружниците со новите обврски. Точно е дека жените кога стануваат мајки можат да заборават дека се и сопруги и се да се врти околу детето, мислам секојдневно гледаме на фб како мајки ставаат по 256 слики дневно од децата, зборуваат и пишуваат само за децата , така да јасно се гледа дека сопругот не е на исто рамниште со детето туку неколку подолу, па мислам дека од таму може да започне и почетокот на распраѓање на бракот и разидување на сопружниците. Не го сфаќам текстов како правило и дека мора да е така, ама има поента и може да дојде до тоа што го навел професорот ако не се стави баланс помеѓу улогата мајка/татко и сопруг/сопруга.
Малце иритира фактот што човекот се изразил ко децата да се проблем па затоа бракот повеќе не е во полн сјај. Точно е дека од корен се менува секојдневието и дека страста не е иста ко претходно но првото е нормално кога има уште еден член кој сам не знае да јаде пие спие а второто е сосема нормално и кога се нема деца а сте долги години заедно. Пак ќе кажам не ми се допаѓа тоа-не раѓајте деца за среќни да сте. Бракот т.е. детето треба да е украс на бракот. Да го разубави . А не да звучи како сопка.
Ако гледаме од севкупните проблеми во партнерските односи тогаш децата испаѓаат криви секогаш и за се. А ипак ќе речат возрасните децата што се криви? Се сакале се зеле родиле деца и бракот не е ист. Или се омажила морала останала трудна и пак детето криво. Се е до психата на луѓето. Тоа што се се менува одкако ќе се роди детето не е причина за разидување во бракот. Ако партнерите се емотивно поврзани ниедна нова навика не би ги разделила. И што фајде јас да се омажам и да видам "среќна" ако немам деца?
Кога ќе дојдат децата у бракот, тек тогаш ќе укапираш со кого си зел краставици да садиш...Дали партнерот/ партнерката уопште знаеле шо е тоа и кои се последиците, обврските, жртвите од истиот...Дали уопште се психички зрели и способни да се сносат со истиот... Децата ама баш за ништо не се криви.
Ова е многу точно. Ама важи и за жената и за мажот. Ама во голема мера бракот после децата зависи и од очекувањата на брачните другари. Штом теретот падне на едниот од нив,тогаш почнува незадоволството и расправиите.
Колку што знам, ниту еден брак не се распаднал поради децата. Сеуште не сум чула: децата ни пречат и се отсакавме. А и да нема деца во бракот, ако не го негуваш,ќе се распадне. Ја орворив темава за да чујам и туѓи мислења. Искрено, не очекувам некој да пише пост каде ќе образложи дека децата им го разградиле бракот,зашто е премногу срамно,иако често се случува од кога ќе дојде дете да се заладат односите меѓу партнерите. И нормално е да е така бидејќи целото внимание е посветено на детето и тоа е така додека се вдоми,па и тогаш неговите потреби се пред потребите на родителите. Да не се лажеме дека се е по старо и дека цвета љубовта и страста со бебе меѓу нас.Но, бракот е заедница во која се ствара поколение и секој зрел човек ќе сфати дека животот зема друг тек. Точно е дека ништо веќе нема да е како порано.Може само во ретките слободни мигови да симулираме. Се разградува и се распаѓа бракот меѓу незрели партнери кои несакаат да прифатат обврски.
Не мислам дека децата го разградуваат бракот. Како што и други пред мене споменаа, сметам дека бракот го разградува односот на партнерите по добивањето деца. Одбегнувањето на одговорност, пренасочување на теретот само на една страна (најчесто на мајката), слободата што (најчесто татковците) ја имаат, бидејќи нели, само мајката е родител Сметам дека баш после имањето деца на виделина излегуваат сите маани што партнерот ги има, а за кои претходно се замижувало
Кратко кажано мое мислење: Ако партнерите си наоѓаат " причина " за кавга, ќе ја најдат и со и без деца. Секогаш за се има простор за договор. Мое сфаќање: Која ми е целта на животот ако позади мене не оставам потомство?