Ова не е многу познат збор (KGOY) ама е нешто шо се користи пост ковид. Опфаќа непостоечка tween фаза (бришење на tween фаза и одење дирек на тинејџерство), или барем поместување на тој дел од детството неколку години порано од претходно и маркетингот кој ги таргетира децата. Пример Сефора девојчињата и грижата да не имаат брчки, па прат 10+ чекори скинќер и си ја горат кожата. Уствари то е причината зошто стигнав до то дека децата сега растат побрзо од претходно. Секогаш збораме дека парентифицирано дете е лошо, зошто крати од детството. Или дете кое мора да се справи со лоша реалност - крати од деството и го „расти“ побрзо. И то е се точно. Ама како влијае tween фазата на детето кога е порано, наспроти покасно, и како влијае скокот од детство во тинејџерство со и без таа tween фаза измеѓу? Вие како родители како се справувате со одредени промени кои ги очекувавте кај дете 13+ години, а сега ги имате промените кај дете 9+ години? И дали имате забележано улогата на полот и како таа tween фаза се одразува на детето? Tween = возраст меѓу дете и тинејџер (9-12год). KGOY = Kids getting older younger. Tween маркетинг starter pack: Ќе пишев, ама сфатив дека со слика е многу полесно да објаснам. Значи преќинват да ги интересираат играчки, туку почнуваат да имат и пошироки интереси, но сеуште многу детски. Како мешавина од дете и тинејџер. Во мое време имаше tween списанија кои беа познати и се шо беше внатре пишано - беше се шо е кул и шо ја управува социјалната хиерархија и правила на училиште. Пример Барби поќе не се кул, сега Брац се кул. Растот на Хелоу Кити, или с и т е кога имавме Тамагочи. Почнува интерес за шминка, ама најчесто само сјајче за уста и некои посебни шнолички, подетално околу шминка е веќе во тинејџерските години. И не случајно сите примери шо ги дадов се типично женски. Не дека машките немаат tween фаза, туку женската tween фаза е под влијание на многу голем маркетинг (особено кога растев јас), за разлика од машката tween фаза. Сега сме во ситуација каде тој скок од дете до тинејџер го нема ова скалило измеѓу и tween фазата скоро и да ја нема. Сега се скока од играчки, во „возрасни“ интереси клизачи. И зато имаше пред некоја година (мислам дека има поќе од година?) тренд каде девојчиња и под 10 години одат и прават ршум во Сефора. Па после пробват доста јаки продукти на себе (продукти шо не се соодветни за детска кожа), за то се да замри и да мислиме дека децата се пак деца. Така? ТАКА? Се дур не видовме дека уствари има деца инфлуенсери со 10+ чекори скинќер, и роденденски забави во Сефора и слични продавници за (возрасна!) козметика. Ова е моментален тренд и зато го кажвам, следно можи да се забележи и низ облеката. Ова вервам на многу ќе ви е познато. Ама ова е tween облеката (од tween списанијата) од рани 2000ти. Тука можи да видите и дека некои Дизни ѕвезди имале некој од овие парчиња. Пример второто ме потсеќа на еден аутфит на Селена Гомез, или третото еден аутфит на Мајли Сајрус итн. За разлика од то, децата денес се облекуваат многу повозрасно (искрено, преубај алишта, ама му фали тој детски „допир“): И ни останва уште да прашаме - зошто? Зошто децата брзаат да пораснат? Зошто децата од деца сакаат да скокнат дирек во тинејџ години/ возрасни години? Па ако ме праша некој и некое мое набљудување ... Па, социјални мрежи, се разбира. Децата се изложени многу порано на социјални мрежи со тоа што добиваат телефон многу порано. Од таму, се изложени на инфлуенсери многу порано. И ако јас како impressionable дете гледам инфлуенсерка како лепи 10+ работи на лице и вели шо порано ретинол то подобро - и јас како 10 годишно дете сакам да почнам од сега пошто знам дека е подобро. Само шо не гледам дека та е 30, јас сум 10. И кога се вели порано се мисли можда 27-8, а не ... 10. Ама јас како дете си врзвам во крпче дека нештото е така и повторувам то шо гледам, уз пат мајка ми и ми купва ретинол оти ведела на Тик Ток (да, имаше проблем околу дете инфлуенсер кое користело ретинол). Или градење навики за исхрана низ get ready with me видеа и what I eat in a day видеа. И знам дека ова се звучи многу возрасно, ама то е и зошто дирек скокаат во овие интереси, зошто се изложени на овие интереси. Често гледам и низ темите се спомнува дека децата личат повозорасно од шо се. Па скокаат неколку години од детството. Во BBC статијата долу пиши дека можи само треба да апдејтираме шо мислиме дека е „созревање“ и дека само зошто дете има возрасни интереси не значи дека е зрело. Јас мислам дека зрелост не е тука точка шо воопшто ја имало, ни па ја има. Деца се деца, и се зрели онолку колку шо можи дете да биди. Изгледот и (форсираните!) интереси немат врска со зрелоста. Детето пак си се развива низ призма и граници по кои би се развивало. Развојните фази се тие, колку и да сакаме да ги скокниме. Јас поќе зборам за „презентацијата“. 1) 2) https://www.bbc.com/worklife/article/20220324-kgoy-kids-getting-older-younger Дали вие мислите дека децата растат побрзо од претходно? Ако да - зошто мислите дека е то така? Ако не - која е различната перспектива зошто постои таква перцепција сега? Дали tween фаза постоела или е маркетиншки трик за преминот од дете во тинејџер? Дали tween фаза сега постои или не? Колку е важна? Дали има врска зрелоста со интересите? Како влијае гледањето на возрасни инфлуенсери и нивните секојдневни навики, со то како детето го организира своето секојдневие? Дали имате слушнато за Сефора девојчиња? Дали оправдувате родители кои купуваат skincare козметика за деца (која можеби и не е наменета за нивна кожа)? Дали е можеби градење здрави навики, или едноставно е нешто кое можи да донеси само штета? Дали имате забележано ваков скок во однесувањето на децата? Како се справувате со тоа? Дали мислите дека можи да се превентира како индивидуи (родители), ако социјалните правила во училиште меѓу пријателите е дека ова е прифатено? Дали мислите дека детските развојни фази остануваат исти?