Дали дечкото може да ја сака и да биде верен на една девојка која му е прва и имаат долга врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Iggy.A, 16 ноември 2015.

  1. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Што мислите за темава, дали има пример некој за успешна и долга врска каде мажот има сексуално искуство само со една жена , има долга врска и ја крунисуваат со брак ,а потоа си функционираат како и пред брак,со многу љубов,искреност,исполнетост итн. ?
     
    На makedon81 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Ние сме тој пример,односно не сме венчани сеуште.Се знаеме од мали нозе.Заедно ја изгубивме невиноста.Не сум бидена со друг маж или тој со жена (освен во секс во тројка).Сега ми рече во скоро време ке сме се венчале (преку зимава).Досега не сме имале никаква караница,па се надевам и на брак без караница.
    Браво за темава :clap::sun:
     
    На ray-man, alfa83, twilight123 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    846
    Пол:
    Женски
    Да,може тоа да се случи.Јас познавам едни мои поранешни комшии коишто одеа цели 11 години пред да се земат,тој беше една година постар од неа и станаа интимни кога тој имаше 17,а таа 16 години,први интимни партнери си беа еден на друг и верни си беа и така ќе си останат верни еден на друг.Имаше злобни јазици коишто ги озборуваа и ги мразеа,но ништо не можеше да ја скрши нивната љубов!:l:Исто и една моја школска од 13 години имаше врска со еден сограѓанин којшто го запозна на летување,беше три години постар од неа.Одеа шест години пред да се земат,но тие пак, пет години не беа интимни во врската,како и да е први си беа еден на друг.Нивната приказна заврши трагично бидејќи таа на 18 години остана бремена,се земаа,на 19 ја роди единствената ќерка и на 20 веќе остана вдовица бидејќи тој загина во сообраќајка,а таа не бараше друг бидејќи премногу го сакаше и тој и беше единствената љубов!:u:;(Исто и една моја колешка од факултет се фати со дечко и кога таа имаше 14,а тој 18 години,први со беа еден на друг,одеа заедно 10 години пред да се земат и сега си имаат две деца!:l:Велат дека тие што си се први интимни партнери еден на друг повеќе се почитуваат бидејќи нема страв дека ќе бидат споредувани со бившите интимни партнери,но тоа сепак не е пресудно,се завис од карактерот и од воспитувањето на луѓето.Како и да е,ако има љубов,разбирање,почитување и слога меѓу партнерите никој ништо не им може бидејќи нивната среќа никој и ништо не може да ја уништи!:hug::l:
     
    На SnowWhite8, ku4ence, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    102.511
    Пол:
    Женски
    Зависи од човекот, од карактерот пред се. Моите се таков пример, ама се растени во друго време.

    Не секој може да издржи цел живот со еден човек. Факт е дека љубопитството и желбите понекогаш може да бидат посилни од лојалноста спрема првиот и единствен партнер. Размислувањата и желбите не ни се исти на 14, на 24 и на 34 години. Како растеме, зрееме и стекнуваме искуства - нормално е да се менуваме, а со тоа неизбежно доаѓа до промена на приоритетите во животот.
    Ако взаемно се менувате, растете и созревате еден покрај друг и ги прифаќате сите неизбежни промени како што доаѓаат, и притоа успешно се носите со нив, секако дека е можно да се биде со еден партнер цели живот.
    Лично мислам дека таквите искуства се ретки, поретки во денешно време отколку порано.
     
    На Belgin1, crazylady, danichap и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    108.062
    Пол:
    Женски
    Може ... тој што изневерува, изневерува цел живот, без разлика прва, втора, петнаесетта.
     
    На Alisa22, Yeeah, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. machence27

    machence27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Нема врска муабетот дека ако една изневерувал сите ќе ги изневерува. Од лично искуство ти кажувам ;)
     
    На Бисерче95, BoyL, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Ubavo e da se slushnat iskustva I soveti , kolku I da veruva chovek vo nekoj , 1% stalno kopka I jade od vnatre :) Ja otvoriv temata od licno iskustvo, za srekja uste funkcionira super!:inlove:
     
    На SWagger274 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.875
    А зошто само дечкото? Зар жената не може да изневери? Од монотонија, од рутина, престанување на љубовта, љубопитноста за секс со друг. Тоа се се секојдневни работи и подеднакво е за сите јас мислам, и двајцата се луѓе. А долгата врска не мора да значи ништо.
     
    На crazylady, marama, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Moze ,ne vikam ne...Ama od moja gledna tockа,ne sum ni pomislila ne pa da napravam takvo nesto... Imalo I krizi I dr.rab ama koga veke bi zavladeala monotonija,snemuva zelba I strast,podobro e da se prekine poshteno .
     
    На pandelka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaP

    MilaP Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    53.022
    Пол:
    Женски
    Jas i mm pred da se zemime bevme okolu 9god vo vrska,znaci od mali,mi bese i toj mene i jas nego prva.Eve sega sme skoro 5god vo brak,srekni i vljubeni.
     
    На crazylady, kjukli, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    89.714
    Пол:
    Женски
    Секако дека може!
     
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.789
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека жените повеќе се склони на неверство, зошто секогаш можат да најдат причина за незадоволство кај партнерот. Познавам случај каде што машкото изгубило невиност со девојката со која сега се верени и ќе се земат за брзо. Ниту еднаш не ја изневерил и сметам дека тоа е заради тоа што многу ја сака и е заљубен во неа.
    Нормално дека успеваат ваквите врски и бракови, ете земети ги за пример браковите на вашите баби и дедовци, зошто во нивно време скоро сите си чекале да стапат во брак па после тоа да имаат односи. :)
     
    На SWagger274 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Aaaa vo toa vreme po pecalbi samo Gospod znae :^):D Denes e dr.vreme kade moralot e padnat na nula , sekoja chest na tie sto se uspeshni !
     
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    15.857
    Дека може - може, дека постојат вакви случаи - постојат. Ама дека тоа е природно и нормално, хмм па за мене не е и стојам позади ова.
    Времињата порано и сега се различни и тоа многу. Не дека сега сме многу повеќе еманципирани ама некои работи се сменети од корен и многу табуа се срушени. Сето тоа носи позитивни нешта исто колку и негативни. За разлика од порано сега е нормално да имаш секс пред брак, нормално е и да смениш неколку сексуални партнери и би зборувала за ред други работи на кои реално местото не им е тука ама ке се воздржам.
    Мене лично ми се несфатливи оние средношколки љубови кои опстанале со години завршиле со брак, години си поминале а никој од нив двајцата не добил ниту желба да проба нешто друго. Може не го направиле тоа од почит или од страв ама дека се јавила таква желба сигурна сум. Љубовта сам по себе е прво страст која подоцна со текот на времето преминува во навика, взаемно почитување и еве да ја наречам милост спрема партнерот. Ама физичката привлечност и страст не се нешто кое што го чувствуваме само за една личност за цел живот, може да замижеме пред реалноста, да ме побивате и негирате колку сакате ама сите знаеме дека е така. Верноста денеска не постои, а во тие ретки случаи каде ја има е затоа што немало доволно храброст да се изневери или пак толку многу ја почитуваат личноста до нив па никогаш не би ја повредиле, но со текот на времето се повеќе се фрустрираат за да на крај таквата врска или брак пука.
    Нема логика ниту пак ми е нормално првиот дечко да ти биде и последен а уште помалку ми е веројатно дека има машко кое што имал една и никад не помислил како е тоа да легне со друга. Никогаш нема да знаеш дали имаш добра врска или добар секс се додека не пробаш и со некој друг. Не велам дека треба да станеме промискуитетни, но искуствата си го прават своето за да на крај кога сме доволно зрели можеме да споредиме и да знаеме што всушност бараме од оној со кој сакаме да го делиме животот.
    Едно големо не на темава, и тоа од милион искуства околу мене. Што ми значи верност ако сум свесна дека кога- тогаш ке има желба да легне и со друга, може не одма, може не ни за 3 години ама кога тогаш тврдам дека да.
    Постојат бајки и приказни ама реалноста е друга.
     
    На eloves, crazylady, julie77 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.385
    Допаѓања:
    45.342
    Пол:
    Женски
    Интересни ми се мислења како твоето @manja666, во смисла - кај мене е поинаку и тоа е нормално, а ова другово не е нормално, ова се будали. :D

    Нормално е да смениш сексуални партнери, а овие што остануваат со еден се девијантна појава. :D
    Верност постои само кога некој нема храброст да изневери? That's just wrong!
    Немам намера ни да те негирам ни да те побивам, само нешто да ти кажам: да, постојат случаи каде некој го нашол човекот на својот живот порано. Ете почнало како тинејџерска заљубеност и немало ама баш никаква причина да прекинат. Ниту еднаш. Сакале да бидат еден со друг, се откривале слој по слој и не им дошло желба да бидат нормални како другите. И продолжуваат во брак и се’ уште се еден за друг. Што е тука проблемот? Требало некаде после една година врска да прекинат иако добро им одело, само затоа што тоа нивното не се смета за нормално по некои денешни стандарди? Трае додека е убаво и нема причина да се прекинува од некаков страв дека 'еј овој можеби ќе посака да легне со друга, да си бегам јас'.

    Точно дека искуствата околу нас покажуваат дека овие примери се екстремно ретки, ама ги има. Еве имам три околу мене (се вклучувам и јас), и добро ни оди, фала многу пријатно. Нити имам страв дека ќе посака да легне со друга, нити нашата страст исчезнала. Не знам од каде оваа несигурност во тебе, ако така мислиш за твоите партнери, имаш проблем. Или тоа чувство би требало да исчезне после експериментирањето во светот на нормалното? Верност постои и треба да постои во секоја врска, без разлика кој партнер по ред и без разлика на траењето.

    Уште нешто интересно - било нормално за нашите родители, ама сега се други времиња. Тие се супер, ама сега не е возможно. Океј, други времиња се ама некој сепак останал во долгогодишна љубов. Што е тоа толку тешко да се сфати, не знам. Средношколска врска што трае, каков хорор. Ма страшно!

    Постои една реалност поинаква од твојата. Твојот свет е едно, а друг има поинаква приказна. И скроз е нормална. :D
     
    Последна измена: 17 ноември 2015
    На Ana.brojka, crazylady, 1209 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    3.977
    Допаѓања:
    83.068
    Без рaзликa дaли ти е прв или не знaм кoј пo ред, мoже дa се случи, т.е гoлемa е верoјaтнoстa дa се случи дa се јaви привлечнoст кoн некoј друг пoсле гoдини и гoдини врскa и брaк. Oвие млaди кoи тврдaт декa прв им е oд 15 гoдини и желбaтa тaкa ќе oстaне, мoжaм сaмo дa се нaсмеaм пoд мустaќ и ништo другo. Сaми ќе си видите. Дaли ќе смените пaртнер или изневерите е другo, вaшa oдлукa, aмa декa немa дa пoсaкaте друг, мaлo мoрген. Oсвен aкo се зaтвoрите дoмa и единственa кoмуникaцијa сo мaшки свет се некoлку зaеднички пријaтели и рoднини. Рaзликaтa oд oние штo биле сo еден или пoвеќе пред брaк, е штo oние другите oтприликa знaaт дa рaзгрaничaт некoи рaбoти кaкo секс ли е, емoции ли се вo прaшaње или нештo третo. Oние кoи биле сo еден при првите пеперутчињa вo стoмaк знaaт дa нaпрaвaт пoгрешни прoценки. Немa мoј свет, твoј свет, нa сите исти рaбoти претежнo ни се случувaaт, дoлг е живoтoт, се ќе искусиме, рaзликaтa е вo тoa кoј кaкo ќе реaгирa.
     
    На crazylady, julie77, ku4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.385
    Допаѓања:
    45.342
    Пол:
    Женски
    Точно @Bridget, долг е животот и сите ќе искусиме за себе. Не можеме да правиме генерализации и да предвидуваме крај на нечија врска затоа што не бил со други партнери и кога тогаш ќе направи погрешна проценка баш поради тој 'пропуст'. Ваква генерална психологија не работи во пракса. Секој е за себе - шанси за изневерување постојат и кај едните и кај другите. Не можеш еден туѓ случај да оценуваш по сопствено мислење и нешто што си видела наоколу.

    Од кога тоа рецептот за добар брак стана претходно искуство?
     
    На Ana.brojka, galapce и Mishela им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    3.977
    Допаѓања:
    83.068
    Не рекoв декa тoa е рецепт зa дoбaр брaк, сaмo кaжaв кaкви чувствa мoжaт дa се јaвaт нo индивидуaлнo е кoј кaкo ќе реaгирa. А ти, ни никoј друг не мoже дa тврди декa вo еднa тaквa врскa не се јaвилa љубoпитнoст зa друг. Мoжеш сaмo зa себе дa кaжеш, нo не и зa пaртнерoт, уште пoмaлку зa примери други oкoлу тебе. Не знaеме, сaмo претпoстaвувaме нели?
     
    На Abrakadabra, galapce, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.385
    Допаѓања:
    45.342
    Пол:
    Женски
    Да, кажувам само за себе. И немам намера да ја прекинам таа врска од страв дека се јавила или ќе се јави љубопитност. Како во секоја здрава и нормална врска, има сигурност, доверба, љубов, страст... сите состојки што сметате дека треба да постојат.

    Можат да се јават секакви чувства, како и во секоја друга врска без разлика колку долга е истата. Како што ти тврдиш дека има поголеми шанси оваа без искуство 'да се подаде', јас можам да тврдам дека на другата со поголемо искуство и’ е полесно да го направи тоа. Ама не тврдам ништо затоа што не можам да знам за никого.

    Уште нешто што ми е интересно на вакви теми, @Bridget ова не се однесува на тебе зашто не видов таков став во твоето мислење. Во смисла

    Повеќе пати сум сретнала слични ставови низ форумов. Значи еден не е добро, промискуитет исто така не е добро. Заклучокот е дека правилен број на партнери е точно тој што го има тој што си го кажува мислењето. :D

    И тоа е во ред, секој знае што е најдобро за себе. Ама воздржете се од кажувања што е добро за другиот. @manja666, зрелост не се мери по број на партнери. Нема потреба да споредуваш за да знаеш дека сега ти е убаво со човекот со кој што си.
     
    Последна измена: 17 ноември 2015
    На Ana.brojka, theowndemon, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    А зошто па само дечкото/мажот е тој што изневерува по долгогодишна врска, или па брак ?
    Ја знам и жени кои изневеруваат исто така поради монотонија и немање веќе што да си кажат еден на друг со партнерот.
     
    На mila1111, marama, eloves и 2 други им се допаѓа ова.