Дали дозволувате да се влегува со чевли во домот?

Дискусија во 'Дом' започната од stilas7, 15 декември 2010.

  1. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Би сакала да слушнам ваши мислења околу оваа тема.Лично јас многу се нервирам кога некој ќе ми влезе со чевли по дома,тогаш на памет ми доаѓаат разни гнасни работи каде што оделе нечии туѓи чевли а истите завршиле по дома и на крај ќе се најдат на секое место во куќата.дали ја оправдувате или преферирате оваа непримерна навика?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Да погодам што те инспирирало да ја отвориш темава ( ах тие турски серии :) )
    Мене па ми е глупаво да терам некој да се соблекува, а не па да ги остави кондурите пред врата, сепак гостите не ми шетаат низ цел стан, се знае, ходник и дневна. Кај мене во соба или во спална нема влегување. Исто само во дневна може да се пуши ( дома сите сме непушачи).
    А кога одам некаде си ги соблекувам чевлите, некаде ќе ми речат не се соблекувај а некаде ќе ми дадат папучки :)
    Каде што има мали деца, мислам дека не е културно да изигравам Кери Бредшо , нели ? Обавезно си се соблекувам.
     
    На Phyramide, girl1985 и Annath им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Да.
    Мајка ми отсекогаш дозволувала. Нормално, ние не седиме со чевли по дома, ама познавам луѓе заборавиле нешто и се враќаат, кај се брзаат значи, во сопствениот дом соблекува чевли :^) па пак ги облекува.

    Ако нешто вистински ме иритира тоа е навиката соблекување чевли пред куќниот праг, земање на истите во рака и дури отпосле влегување дома. :^)
    Добро, за што е измислен тој ходник?
    Ненормално ме живцира оваа појава, дури страшно.

    Јас искрено кога треба да се оди некаде прашувам од старт - а чевли мора да соблекуваме?
    Сега сме отишле на гости, дотерани, ве молам соблечете ги чевлите. :^)
    Да си разгледаме кој какви чорапки носи или да си ги помирисаме, што ли?
    Какво гостопримство.

    Никого не тераме да соблекува чевли, дури им велам - не мора да ги соблекувате чевлите.
    Не се оптеретувам какви бактерии носат луѓето со нив - не копале на нива, па директно кај мене на гости, газеле по истите улици како и јас и моите. Исто е.
    :)
     
    На Elena69221, BoaVista, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    не не, не ме имаат инспирирано турскиве серии ќе ти објаснам.додека бев не мажена пред едно 6 месеци кај нас дома имавме навика сите да си ги оставаме чевлите пред врата е сега од кога сум мажена навиките се други си влегуваат со чевли кој кога сака и оди со чевли каде ќе стигне и јас кога гледам а неможам да поднесам експлодирам во себе :@ ,мислам дали е нормаллно со чевлите каде што газиме кај стигнеме по улици а се знае како се чисти македонските улици,каде има секакви бактерии и притоа кога ќе дојдеме дома да си погазиме со истите чевли ко божем на модна ревија сме а кога ќе се избањаме да си газиме боси на истото место каде што сме си газели со чевли? :^) за мене не е нормално и затоа си отворив тема да слушнам туѓи мислења ако сум единствена во оваа прогласетеме за луда и заклучете ја темата.
     
    На gochhe и esperanca им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.688
    Пол:
    Женски
    И јас нејќам дома со чевли да ми влегуваат, ама па пиштол на глава не ќе им ставам да ги соблечат. Може им е непријатно, може им мирисаат нозете, може им се скинати чорапите... од кај да знам?
    Ама со мали деца, ситуацијата е подруга. Јас ги соблекувам кога одам кај пријатели со мали деца, и очекувам и од нив исто кога и кај нас дома ќе има детенце... а сега, сеедно ми е, иако сум голем фрик за чистота и хигиена.
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Темата си е на место, јас сум многу против по дома шетање со чевли. Се знае каде со нив надвор. Дома папучи. Онака има прашина многу, па уште со чевли внатре, ќе се загушиме :^)
     
    На Saricko и esperanca им се допаѓа ова.
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Ретко кој дома ми влегува со се кондури. Обично сите си се културни :D Секако, освен за слава зошто имаме преку 40 гости и не може сите по ред да се соблекуваат, терасата ќе изгледа како продавница за чевли :lol:
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да. И кај мене и кај моите дома секогаш сме дозволувале. Мајка ми секогаш викаше, ма поарно да чистам отколку да луфтирам.
    Плус јас секаде имам паркети, така да не ми е проблем да забришам. Демек па гланц ми е чисто па некој ќе ми внесе две - три бактерии вишок!
    Така ме научиле - гостинот треба да се чуствува опуштено, релаксирано, да посака повторно да се врати, а не како да влегол кај англиската кралица. Уште ми фали да го терам да ја држи шољата за чај со два прсти и да му викам да го исправи грбот!
    Се разбира дека не секој човек знае убаво да се однесува на гости, ама па таквите не ги ни канам, нели :) ама мое е да му дозволам и овозможам на гостинот да се чуствува што најудобно.
    Нормално дека очекувам кога е надвор врнежливо и навистина валкано, самите гости да одлучат дали можат да разнесуваат кал низ станот, ама во глобала навистина немам проблем.
    Истото е и за пушење, имам просторија за тоа, а кај моите дома, мајка ми дури и дозволува да се пуши во дневна...иако самата таа не сака да пуши во дневна, ама за гостите секогаш е дозволено.

    Врти, сучи, како што гледам, од дома сум тргната со такво воспитување. А онаму каде што уште пред влегување во куќа ме следат дали ќе ги собујам кондурите, таму не ни одам на гости толку често :?:
     
    На machorka, girl1985 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Кога одам на гости имам навика да се фатам за кондурите да ги соблекувам. Најчесто инсистираат да не ги соблекуваш или па нудат папучи, ама има и такви каде што МОРАШ да ги соблечеш, ми се случило индиректно да ми кажат уште од врата: Кондурите можеш онде да си го соблечеш :fubar:
    Кога ми доаѓаат гости исто кажувам да не го соблекуваат кондурите или ако ги соблечат им давам папучки. И од причини да не рибам теписи, јас си ги отстранив и сега кој сака како сака нека влегува. Паркетот го гланцам за 5 минути и пак ми е чисто. И гостите среќни и јас задоволна.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Дозволено!Колку што знам и по бон тон е гостинот да влезе облечен.
    А ние домашните ретко,само до ходник,ептен ако облечена,па нешто сум заборавила знам да прошетам и облечена,ама не се притресуваме многу,многу.Се е паркет,лесно се чисти,а килимите кои се минимални често ги четка мајка ми зошто татко ми фаќа некоја алергија.
    Глупост ми е тоа кога ќе отидам на гости и очекуваат да соблечам обувки,а дотерана,па уште ако некоја суќњица,фустанче...како тоа грдо изгледа на боса нога или хулахопка уууаааауууу,а ти за пред народ си се стокмил. :D Ма глупо е како и да го вртиш...а башка што е непријатно ако некој ете ни крив ни должен има смрдливи нозе,го доведуваш во непријатна ситуација.
    Исто ми е и она,ние дома непушиме,па нема ни гостите.Јас лично не сум пушач,ама ваков испад на домаќин ми оди во момент да станам и да си заминам.
     
    На mal.ecka и Phyramide им се допаѓа ова.
  11. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Ма нема шанси!

    Пусто турско 500 години, ништо ли не ве научило :D

    Мала шала! Ако сакаат и со скии нека влезат што се однесува до мене...

    И кога одам и јас на гости никогаш не ги соблекувам чевлите. Некако многу ми е без врска тоа, сега сум се дотерала на пример по фустанче, штикли и да се соблечам како кретен по папучи |(
     
    На enca.69 и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Имало некој што се замара со вакви работи?
    Како сакаат така нека влезат. Ако им се соблака, бујрум. Аке не пак исто. Затоа се гости. Ако сакаш да направиш да му биде удобно, нема да го тераш да се соблекува. Глупости, де.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Ааааау папуча домашна кога ќе ми понудат,со некој кариран дезен,ми оди да се вратам.Па уште и инсистира,ќе ми студело!Дај ми ги моите чевли и нема да ми студи побогу!!!Ајде кај баба некоја да сум,па да не разбере,ама кај другарка некоја кога ќе отидам и тоа кога ќе ми се задеси...
    Мјам,габички,пот од нозе....
    Бљак!

    Рејнбоу,има и тоа многу...ми се има случено на слава да отидам и тоа да биде побарано од гостите.Полн ходник чевли,во собата мирис на храна и нозе...
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум рекла на некој кој ми доаѓа на гости: Соблечи ги чевлите. Апсолутно никогаш!
    И кај дома мене важи правилото дека гостинот треба да се чувствува комотен.
    Станот ми е во ламинат, така што не е проблем за чистење. Си доаѓаат гостите , си седнуваат во дневната, си ги носат чевлите и се комотни. Замислете да му е скинат чорапот на некој, или хулахопката?? Колку непријатно и за гостинот и за тебе. Зошто да си создавам такви непријатности? :rofl:

    Секако има луѓе што доаѓаат и сакаат да ги соблечат чевлите. За такви имам одбрана колекција влечки, наредена во еден агол од ходникот. Па може да си бираат од плави со крзно, до розеви со туфни. Изборот пак е оставен на гостинот, за негова масксимална комоција. Обично кај мене во соба, има спектар од влечки, зошто кога ќе дојде женското друштво од 9 жени, седат подолго, па како дома си се.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Ќе ти даде домаќинот некои папучи три генерации што поминале :lol: па оди облечи ги.
    Него има некој што доаѓа после работа. Јас лично би му рекла да не ги соблекува чевлите.
    Е затоа поради секакви ситуации му се остава сам да си одлучи :!: Или може да се покаеш што си рекол да се соблечат чевлите. Полесно е да подзачистиш него во зима да луфтираш :)
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Сметам дека треба да не се влегува со чевли во домот, од причина што нормално се знае каде се не се гази надвор, но и имам приметено некои и со чевли шетаат низ дома.Меѓутоа кога некој ќе ми дојде на гости,нормално не го терам човекот да ги соблекува чевлите,можеби на некого не му е пријатно да ги соблече,дали поради скинати чорапи или непријатна миризба на нозете.Сепак тоа си е негов избор :) сега доколку некој влезе со чевли,едноставно зачистувам :D :D
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Да, секогаш гостите кои ни доаѓаат влегуваат со чевли и не ми смета воопшто, дури и покултурно ми е некако. И јас кога одам на слави, родендени каде има многу гости сакам да си влезам со чевли, не ми е згодно да се соблекувам, па да ми мрзнат нозете со тенки чорапи, а и некако ми се губи она што сум го облекла без чевлите. А и замислите на една крштевка што бев (каде ги соблеков чевлите зошто сите ги соблакаа :$ ) имаше многу гости, абе 30 пара чевли пред врата, да неможеш да си ги најдеш кога ќе си појдеш. Е сега ова зборувам кога одиш на ,,посвечени,, гости, а кога одам кај другарки на кафе или онака кај блиски роднини секако дека се соблекувам :)
     
  18. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.876
    Искрено не обожавам некој да ми се мота низ дома по чевли но доколку сака да влезе облечен не правам воопшто проблем има и од тие што ме прашуваат а мојот одговор е сами да одлучат како им е покомотно. Сепак кога одам на гости обично ги соблекувам чевлите освен кога се работи за слава. Мое мислење е дека ова е само дел од домашното воспитување како што прават дома така ќе правиш и ти. :)
     
    На bona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Аааа молам за муабетот за папуча! Папуча рулз! Или онакви пластични влечки од времето на другар Тито! А ти у фустанче, саксии на глава, фризури, дрн дрн и оп - ПАПУЧА на нога! Па ќе ти се закачи не дај Боже новата хулахопка, па тука вриштиш како ќе искачаш сега со скинати хулахопки.... Е не иде. Расизмус! :)
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не можам да се начудам.
    Си пишав јас - од старт прашувам треба ли да соблекуваме чевли?
    Ако е категорично ДА, мојот одговор за таа куќа е најкатегорично НЕ!
    Ќе пиеме кафе надвор, не сакам да им се уништи персискиот ќилим или недај боже да им се пренесе некоја страшна бактерија, леле, леле |(
    А муабетот папуча... тука не постојат доволно зборови за тоа невоспитување.
    Папуча бре! :^)
    Папуча. |(
    Се внесувале бактерии однадвор, а милион луѓе пикнале нозе и чорапи во истите папучи, тоа е хигиенски и на нивоУ?
    No comment.
     
    На enca.69, BoaVista и Phyramide им се допаѓа ова.