Дали е добро да држите дистанца со луѓето?

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 30 мај 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.013
    Допаѓања:
    5.541
    Ова оттуѓување кое се случува со луѓето, има лоша страна, но и добра. Добро е тоа што не мораме веќе со секого да комуницираме, едноставно држиме дистанца, едно „здраво“ е доволно и тоа е тоа. Мене едноставно не ми фалат луѓето кои ми биле блиски пред 10 или 15 години. Сакам нови лица, а и селектирам кој ми е карактерно компатибилен. Мислам дека откако држите дистанца со одредени ликови, откако ќе ги исфрлите негативците, натрапниците, полесно е. Едноставно се фокусирате на она што ви е важно и работите на тоа. Што мислите вие?
     
    На Independent Girl, Принцезичка1, Rada15 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Со сите сум таква ,држам дистанца и колку што е можно помалку откривам за себе си и за мојот живот... бидејќи сум била изневерена од луѓе од кои што сум очекувала безрезервни љубов поддршка и разбирање ( пример мајка ми) кога сум била најранлива ( пубертет ) потоа од дечковци и другарки кои едвај чекале некако да ми наштетат и со сестра ми ми се има случено... И пополека станав тивка и повлечена и дистанцирана од луѓето ,само општи муабети со сите и толку. Може е убаво може не ама тоа е
     
    На Принцезичка1, Rada15, Nightwish11 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Преубаво е.
    Подобро 3-4 или еден вистински одколку да си во друштво со некои што ти прават лице демек те сакаат.
    Денес ти кажуваат се лошо што имаат после 3 дена те прават будала кога сум зборела јас така за Мара Митра Цвета за тебе?
    Или пак индиректно ама на шала да ти кажуваат: Види ја мори каков фустан облекла. Па тука се смеете.
    Кажуваш отвараш душа на некој во доверба приказната завршува со "немој да кажуваш на никој ова од доверба ти кажувам" и тоа се пренесува на 5ти 6 ти човек .
    Подобро да се разговара со некој за по општи теми одколку да си излажан преварен пренесен на сите и така натаму.
    Одбегнувам да се отварам да разговарам со луѓе за длабоки теми бидејќи тоа секогаш во прва прилика е искористено. Жив пример ми е. Седи Митра со мене ми вика види ја мори Мара каква е тоа фустанот тоа шминката каква е а доаѓа Мара и и вика: Леле леле што убава си денеска.
    Од денес се тргам полека полека од Мара. Поминуваат помалце од 3 дена ете ти ги се сакаат сестри биле.. И како можам сеа јас да и се доверам и да и кажам нешто. Никако. Тоа е другарка?! Не!

    Има уште многу за пишување едно ќе кажам.Што потајно тоа потрајно.
     
    На Nightwish11, Ursi, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    Јас и онака држам дистанца од луѓе, не само сега поради вирусот. Добро знам со кого треба а со кого не треба да комуницирам. Имам мал круг на луѓе и ми се доволни, ретко некој да допре до мене, на било каков начин и за било која работа. Не се замарам со луѓе, затоа што се повеќе се лоши, и штетат на сите.
    Кажав секаде а и тука, животните ги сакам повеќе од луѓето и за нив би направила се.
     
    На Nightwish11, Feminka192, MayDiamonds и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    3.251
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не држам дистанца од такви негативни, превртливи, дволични особи. Едноставно таквите ги сечам дирекно од корен, прекинувам секаква комуникација, контакт и блокирам одма и на социјални мрежи и во живо.

    Сум била мал милион пати изневерена од другарки и пријателки, и што ќе си ја мачам јас душата да се нервирам за тоа што ме повредиле па да се дистанцирам, па утре да треба здраво да и кажам на улица, фала не, ни моето здраво не го заслужуваат.
     
    На Feminka192, Nightwish11, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.013
    Допаѓања:
    5.541
    Јас неодамна сретнав пријателка со која се дружевме како тинејџерки, но оти се што и се доверував завршуваше прераскажано пред други, нон стоп правеше сплетки, дури се муваше и со мој бивши дечко за да ме провоцира, и се сретнуваме по 15 години, ми вика „здраво, како си?“. Добра одговарам и вртам грб. Фацата и пребледе. Мислам дека откако ќе држите дистанца со такви ќе ви тргне животот на подобро. Сите токсични луѓе кои ве задушуваат треба да ги исфрлите од животот. Типот кој се муваше со неа за инат, по 15 години, исто ми праќа покана на фб, го додавам од култура, ми пишува и ми вели „ти за мене дали уште имаш мислење како порано“. Не ми се веруваше што читам, се муваше со мојата „другарка“, и со друга една девојка, па дефилираше демек случајно пред мои очи, па смени еден куп лесни девојки, за сега да ме праша дали сум го сменила мислењето за него, да го сменив ама на полошо. И тој го тргнав од фб, оти ме навреди кога му реков дека не размислувам на таа тема.

    Навистина подобро 2-3 искрени пријатели, отколку 30 никакви.
     
    На Maro87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.693
    Допаѓања:
    50.150
    Пол:
    Женски
    Сум била со сите отворена и се', се' додека не почнаа да шират глупи муабети, повеќето измислиени, и да зборуваат лошо за мене. Е од тогаш, дистанца со сите. Кој еднаш нешто ми згрешил, се оддалечувам. Па уште се чудат зошто сум толку затворена сега.
    Држење дистанца со луѓето е многу паметна работа. :) И во тоа гледам единствено позитивна страна. Кој не е премногу инволвиран во твојот живот, не може никако да ти наштети. Дури и на социјални мрежи не допуштам непознати да имаат контакт со мене и да ми се приближат. :D
    Private life is a happy life. :)
     
    На sierra, Осе и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.617
    Допаѓања:
    19.216
    Пол:
    Женски
    Да држам дистанца.
    Сакам да запознавам многу нови луѓе и секако дека се дружам и си разговарам со сите, само не на сите им дозволувам да дознаат се за мене или да ми навлезат во приватноста.
    А некогаш имам потреба и од блиски да се дистанцирам, пример најдобрата моја другарка учеше 4 год. со мене во клас и секој ден се гледавме и бевме заедно, и за да не си здосадиме за викенди пример не искачавме заедно.Еднаш на 2-3 викенда.
    И таква дистанца знам да направам.
    Или уште еден тип, ако сум со некој нон-стоп и веќе ми е досадно, за да не се скарам (дека таква сум ќе ми пукне филм за нешто), се тргам неколку дена од таа личност да одмориме еден од друг.
     
    На DraganFem и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    10.383
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум држела дистанца и пред вирусот и сега , да запознавам нови луѓе искрено не сакам , отворена сум само до најблиските а пред другите сум ладна и тоа е тоа.
     
    На Herrera и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    19.290
    Пол:
    Женски
    Со сите новокомпонирани пријатели сум на дистанца , и пред и по вирусот . Се изгорев јас убаво во средно , и веќе на никој не верувам . Си имам една другарка што ми е блиска многу , си се дружиме " од пелени " што се вели , ден денес се дружиме , и покрај обврските , знаеме да одвоиме време за нас двете .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    16.976
    Коментариве покажуваат колку само имаме развиено ,,скандинавски синдром" преку отуѓување, aнтипатија, егоцентризам...

    Како колектив секој ден го продлабочуваме амбисот кој требаше да е исполнет патувања, дружби, жар проткаен низ младешко - бунтовничка призма. Самоизолацијата не е живот, туку чиста пропаст и илузија, не се лажете себе.

    Постои битна разлика меѓу ,,не комуницирам со секого" и ,,не комуницирам со никого зошто така ми е боље".
    Со секоја почит, но голем дел од мислењава овде влечат тежина кон второто и покрај обидите за оправдување.

    Универзална емпатија во апсолутен минус.
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На Angie1432, SnowWhite8, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. John Snow

    John Snow Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    49.516
    Пол:
    Машки
    Не знам како може ова да е добро,човекот е социјално и интерактивно суштество. Животот е за да го живееш,да запознаваш луѓе и да се дружиш не да се изолираш и дистанцираш.
     
    На sonuvana и honey.11 им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.901
    Допаѓања:
    113.388
    Јас сум прибирлива, ако некој не ми одговара не продолжвам комуникација и секогаш сум со другарка- две и ако не си одговараме одма вртам нов лист. Со луѓе кои сум блиска, а се бројат на една рака, сум многу блиска ама кога ќе "прегорам" имам потреба малку да бидам со себе. Во поглед дистанца, се смеев баш преѓе дека поќе ми одговара да има полициски час за да имам изговор оти не излегвам.

    Сепак, поќе поштовам интензивна дружба со човек- двајца и тој ист чоек да сфати кога имам потреба да сум сама еден период зошто имам такви периоди него да се форсирам да бидам социјална. Истото го давам и за возврат.
     
    На poenta и Keiner им се допаѓа ова.
  14. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    2.420
    Пол:
    Женски
    Ne mora sekoj da saka da se druzi so sekogo sto zivotot ke mu go nametne na ovaj ili na onaj nacin.(skolo,faks, rabota,krug na prijateli i rodnini).
    Jas lesno se sprajateluvam no ne delam moj privatni raboti i problemi so nikogo,pa duri ni so moite roditeli.
    Nesakam nikogas nikogo da navredam i biram zborovi koga treba da objasnam zosto nestoto ne mi e adekvatno,no toa ne znaci deka na site treba da im e super taka i taka da ziveat!
    Sekoj pominal nekakvo si iskustvo vo trkaloto nareceno zivot,ubavo si gi proucil sopstvenite maani i toa doprinesuva da moze da kalkulira so koj kako treba da razgovara i da se odnesuva.
    Koga nekoj ima 101010 maski ke se razotkrie porano ili podocna,nemoze da trae vecno.
    Mojata najgolema mana e nedoverbata koja ja imam vo lugeto,sekogas mi se site na rezerva nikomu ne veruvam, nitu razmisluvam da go promenam toa.
    Sekoj neka si zivee kako saka i so kogo saka.
    Dali toa me pravi ladna ,losa, zlobna ili nekompatibilen prijatel mozat da odgovorat samo bliskite koi se brojat na 1 raka.
    Ostanatite dali ke mislat ili nema da mislat taka pa i ne e bas mnogu bitno...ili potocno mene ne mi e!
     
    На Nightwish11 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.013
    Допаѓања:
    5.541
    Да, ама ќе бидеш близок со 2-3, не со 20-30 луѓе. Буквално во младоста така теравме, секој со секого се дружи на излегување, секој со секого се зближува и баш со еден мој бивши дечко откако раскинавме, абе она што синоќа го кажал за мене, утре со брзина на светлина доаѓа гласот до мене, надграден и проширен со цел да ме повреди.

    Како минува време, немам некако толеранција за роднини кои навредуваат, се караат за една нива, одат по судови и на крај доаѓаат дома и глумат наивни и невини. Не им викам ништо, само основан комуникација и тоа е тоа. И да сакам, по такви некои бури не можам да не бидам ладна.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.519
    Допаѓања:
    30.376
    Пол:
    Женски
    Новата нормалност не подразбира добар или лош начин на живеење. Околностите ги одредуваат правилата и навиките.
    Изборот е личен, дали и со кого ќе комуницараш без оглед на актуелната ситуација.
    Воспоставените социјални односи обострано се одржуваат пред и во услови на пандемија (поинаква форма).
    Селекцијата е природна исконска потреба, а не наметнат стил на функционирање.
     
    На Nightwish11, Nigredo Odor и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Не може да биде добро.
    Затворени светови неминовно би довеле до тупост.
    Секој човек не обогатува,бидејќи ни открива дел од својата неповторлива вистина и тајна.
    Длабоко верувам дека светот опстојува преку силата на заедниците и нивните разноликости.
    Иако понекогаш помислуваме дека ни е сосема добро кога сме ушушкани во нашиот мал свет,составен од блиски и избрани личности,на подолг период,би било лошо и заглупувачки некако...
     
    На pdb123, tijanana и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Јас сум една од тие што држи дистанца. Не сакам да се зближувам. Здраво како си...и некои општи муабети. Имав другарки со кои бев многу блиска. Со тек на време прекинавме контакти. Искрено...никоја не ми фали. Не сум ни посакала да обновам контакти со нив. Со дел од нив сум само на здраво...другите ги немам видено со години. Така требало да биде.
     
    На Nightwish11 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    35.077
    Пол:
    Женски
    На дистанца сум општо со луѓето, не дека ги мразам туку едноставно многу сум претпазлива и не секој заслужува да ме знае вистинската јас. :)

    Блиски луѓе на кои им верувам имам само 3-4. Додека дошло до таа близина поминало време, сум ги анализирала низ разговор и сум заклучила дека можам да бидам своја покрај нив без да се плашам од осуда.

    Нормално дека секогаш сум отворена за нови пријателства, но не сум толку наивна како порано. Луѓе со кои се дружев од мала ме изневерија, луѓе на кои им ја доверував секоја тајна, луѓе кои се колнеле дека секогаш ќе бидат тука....

    Такви луѓе ми забиле нож в грб, при прва прилика ме баталија за други. А разбрав дека им имаат кажувано дел од работите за кои сум се доверила..
    Оттогаш сум ептен претпазлива кого пуштам во мојот свет.

    Јас па повеќе се плашам од оние што се "пријатели со секого". Не можи едноставно секој да го сакаш и да ти одговара. Скоро целосно сум сигурна дека држат повеќе луѓе до себе ради корист.

    Се држам до правилото: само неколку поблиски луѓе, со другите на одредена дистанца. :)
     
    На Nightwish11, Tanjamm, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    Држам дистанца, затоа што некои личности кои сум ги сметала за блиски, ми покажале дека не треба да се верува на секој..:nod:
     
    На Nightwish11 и Tanjamm им се допаѓа ова.