1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е можно распаѓање на БиХ и нова војна?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 2 ноември 2021.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.535
    Допаѓања:
    13.867
    БиХ е во непосредна опасност за распад, а постои и многу веројатна можност за избивање на конфликт, предупреди претставникот на меѓународната заедница во Босна Кристијан Шмит во извештајот до Обединетите нации, во кој увид имал британски „Гардијан“.

    Ваше мислење на темава? Дали е можна нова војна? Јас мислам дека државата иако има многу природни убавини, сепак е земја со омраза, нетрпеливост, и ова што сега го имаат како формат според мене не е трајно решение. Босна е држава на апарати. Западот ја живнува повремено, инаку е во кома. Знам луѓе од БиХ, од сите три националности, и реално не се сакаат меѓусебе, колку и да глумат. Секој си влече за своето и така државата не може да опстане, кога нема единство. Како да се заробени во некоја творба која не ја сакаат.
     
  2. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Ne
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.535
    Допаѓања:
    13.867
    https://sdk.mk/index.php/svet/pochi...ogash-ne-gi-pronajde-ostankite-na-svojot-sin/


    Жално, сигурно е многу тешко да се живее со ваков товар. Инаку, многу ме нервираат оние западни пропаганди кои сакаат да прикажат помирување, во смисла „Марко и Рамиз, си живеат во Сребреница, и се никогаш не се скарале и во времето на војната...итн“.
     
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.540
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека нема да има војна , барем не онаква , каква што ја знаеме . Со напредокот на технологијата и сите останати науки , тешко дека некој ќе војува со пушка . Како и се останато , така и војувањето е веќе на следно ниво .

    Големите сили си играат пинг-понг со останатите држави во светот . Не секоја држава може да си дозволи модерно вооружување , така што мислам дека нема воопшто да има војна .

    П . С . Распад на БиХ ? Не верувам дека ќе дојде и до тоа .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.