1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали жените заборавија да бидат жени, сопруги, мајки?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annath, 27 октомври 2017.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Дали жените во 21 век заборавија да бидат жени, сопруги, мајки?
    Жените денес не се само за дома, денес се изедначуваат рамо до рамо со мажите, работат и т.н машки работи, а покрај тоа, нивни се и најголемиот број обврски во домот и околу децата. Но дали навистина е така?
    Дали жените заборавија да бидат она што е во нивната природа? Дали жената треба да брка кариера и да биде и сопруга и мајка?

    Мое лично мислење - да, сметам дека жената не е само за дома, сметам дека треба да се едуцира и да работи, исто како што треба да биде посветена на домот и семејството. Ако ништо друго, жената треба да работи за да биде финансиски независна и самостојна, пред сè поради непредвидливоста на животот. А секако дека треба и да води грижа за домот и семејството заедно со партнерот.

    Сметам дека секоја жена треба да го одбере она што ја исполнува, дали работа, дали седење дома и посветување на домот и децата, или сето тоа паралелно. Секоја жена си ги знае своите можности и способности. Многу девојки учат, студираат со надеж за подобра иднина, а дел од нив залудно вложиле труд во едукацијата бидејќи не се исполниле на професионален план, т.е не се вработиле во струка, или не се вработиле воопшто, па цел живот го поминуваат дома.
    Имам впечаток дека само кај нас создавањето на нов живот, т.е проширувањето на семејството е пречка за жената да биде успешна на професионален план, имајќи ја предвид дискриминацијата што ја вршат работодавците, особено во приватниот сектор. Би сакала тоа да се промени, и секоја жена да добие шанса да се докаже професионално, а истовремено да може без пречки да оформи семејство.

    Кај нас еден дел од жените работат поради тоа што мораат, една плата плус многу значи, а во исто време на грб им се сите домашни обврски и децата. Во најголемиот број семејства е така, иако гледам дека кај помладите оваа традиција се искоренува и обврските во домот и околу децата се поделени, што ми е многу мило, бидејќи сепак мажот и жената се рамноправни партнери, и двајцата се родители, па нормално е обврските да бидат поделени меѓу нив, секој да заврши тоа што може, кога може.

    Моето прашање, пред сè, до сите жени и девојки на форумов - каде се гледате себеси? Што е она што ве исполнува? Работата и кариерата, грижата за домот и семејството или комбинација од двете? Што би било вашето идеално решение? И дали мислите дека денес, под притисокот на ова потрошувачко општество во кое живееме, ние жените заборавивме да бидеме жени, сопруги, мајки?
     
    На mileystar, cresa-jagoda, kuc и 31 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.197
    Допаѓања:
    235.275
    Убава тема:).
    Седењето дома оваа година и пол ми помогна да сфатам што сакам во животот и во кој правец да се движам. Дефинитивно тоа не е седење дома и домаќинството. Она што ужасно ми фали е работа и тоа не само од финансиски аспект, туку многу повеќе и за напредување и работење.
    Јас имам силна волја да работам и да напредувам, цел ми е да изградам кариера и мислам ако не се остварам во работата, нема да бидам среќна.
    Не се гледам како жена, мајка и домаќинка само, да можам ова би го балансирала и освен улогата на мајка и ете сопруга, сите домашни обврски би ги препиштила на трето лице.
    Знам дека кога ќе добијам шанса да работам, ќе се посветам максимално, што за себе, што да си обезбедам финансиска стабилност.
    Ова е мојот начин на гледање на животот и амбиции. Ретко што сум замислила, а не сум остварила.
     
    На Herrera, mileystar, cresa-jagoda и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Најмногу им се восхитувам на жените кои имаат семејство,се домаќинки,но имаат и изградено кариера. Остварени се на работно поле,но сепак балансираат добро помеѓу работата и домашните обврски. Моментално работам само скратено работно време,но себе не се гледам така и во иднина. Не е лесно да најдам работа овде,па затоа моментално е вака,но се надевам и тоа ќе се смени. Да не бидам погрешно сфатена,немам ништо против жени кои се само домаќинки,тоа не е само 8 часовна работа,туку целодневна дури,но јас ете себе не се гледам само дома.
     
    На cresa-jagoda, kuc, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Па тоа е она што прашувам, што ве исполнува, каде се гледате себеси? Знам жени што велат дека ако мажот заработува доволно, не би работеле, туку би седеле дома. Јас искрено, тоа не можам да го сфатам. Седев дома 4 години, целосно посветена на домот и првото дете, и тогаш бев малку депресивна, постојано нерасположена и многу лесно избувнував за ситници. Буквално ми беше скиснато од тоа што бев постојано дома. Да, излегував по потреба, повремено се мешав со луѓе, ама не беше тоа тоа. Откако почнав да работам, поинаку е. Да, не секогаш постигнувам да ги извршам сите домашни обврски што сум ги планирала, ама најголемиот дел од времето кога не сум на работа го посветувам на семејството, и мислам дека не им ускратувам ништо на децата.

    Од друга страна, сметам дека жената мора да е финансиски независна. Затоа што не секој брак успева, не сите имаме хепиенд. Се случуваат икс ситуации во животот, никој не може ништо да предвиди, па пожелно е да се имаат приходи, какви и да се, за да може жената полесно да се справи со промените. Колку само жени останале во несреќни бракови или трпат физичко или вербално малтретирање поради тоа што немаат приходи, немаат каде да одат со децата, зависат од сопругот.
     
    На mileystar, Belgin1, cresa-jagoda и 32 други им се допаѓа ова.
  5. vale038

    vale038 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Хм.... Жените кои се домакинки имаат капацитет да бидат успешни и надвор од опсегот на домакинството. Верувам во тоа, можеби не се свесни ни самите. Воопшто не треба да се плашиме од кариера и успех, ние жените сме семоќни и можеме да балансираме меѓу улогите на сопруга, мајка, кариера и домакинлук. Јас многу често знам да платам за домакинските работи и да се прошетам со семејството и не се срамам од тоа. Сакам секој момент да го поминам со едно годишното синче и сопругот, едноставно тоа ме прави среќна.
    Ние можеме :P(y)
     
  6. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. На почетокот кога не работев воопшто,се чувствував баш така како што напиша,лошо депресивно,едноставно безкорисно некако.Сега се чувствувам исполнета и задоволна.
     
    На Jas!, ninavila и Annath им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Акo женaтa не рaбoти и се грижи зa некoлку децa дoмa, знaчи декa мaжoт требa дoвoлнo дa зaрaбoтувa зa сите. Вo ретки примери тoa мoже дa си гo дoзвoли сo крaткo рaбoтнo време, пoчестo знaчи декa требa дa е излезен oд дoмa oд утрo дo вечер. И нa кoгo и кaкo женaтa ќе биде -женa? Нa мaж штo ќе гo гледa измoрен сaaт или двa вo денoт сo тoa штo ќе му принесе еднo јaдење и чист чaршaв зa спиење? Ќе биде мaјкa стo пoстo пoсветенa нa свoите децa a aкo рaзглoбиме дo ситнo кaкo ќе се oдвивa тoј oднoс сo тек нa време дoдекa децaтa пoрaснaт и излезaт oд дoмoт ќе нaјдеме недoстaтoци мнoгу. Истo и oднoсoт сo пaртнерoт ќе дoживее прoмени, неизбежнo е чувствoтo нa пoдреденa сoстoјбa кaј женaтa зaтoa штo кoгa децaтa ќе пoтпoрaснaт и oбврските oкoлу нив знaчителнo ќе се нaмaлaт, женaтa ќе стaне скoрo бескoриснa. Сaмaтa тaa зa утехa мoже уште дa мисли декa придoнесувa мнoгу сo тoa штo дoмoт и свети и ручек внимaтелнo нaпрaвен секoгaш имa, aмa фaкт е декa престaнaлa сo сoпствен рaзвoј сo секoј ден пoминaт дoмa вo пеглaње нa чoрaпи и дoлен веш.
    Тoчнo е декa не сите рaбoтaт рaбoтa штo ги испoлнувa и сите чекaме викенди, прaзници и oдмoри дa се oпуштиме и релaксирaме, дa прoшетaме фaмилијaрнo, дa згoтвиме нештo убaвo, дa умириме темпo пa дa зaличиме нa жени нежни, смирени, oпуштени, пoсветени нa дoмoт, кaкo штo не ствoрил Бoг нели:D пa мислиме декa сo седењетo дoмa секoгaш тaкa ќе ни е, кo прaзник, викенд, oдмoр. И е нa пoчетoк нo сo тек нa време сите недoстaтoци ќе излезaт нa пoвршинa.
    Немoјте сегa примери oд принцези нa шеици дa ми дaвaте кaде не рaбoтaт и денoт им е фул испoлнет нaдвoр oд дoмa :D Збoриме зa нoрмaлни луѓе сo нoрмaлни примaњa.
    Пoстoи нaчин дa јa зaдржиме женственoстa и дa oдделиме рaбoтa oд дoмa пa кoгa сме дoмa дa нaпрaвиме нaјмнoгу штo мoже зa семејствoтo и зa себе. Тoa вo психaтa ќе си гo бaрaме, не вo неoдењетo нa рaбoтa.
     
    На cresa-jagoda, Espadrila, Mayyya и 16 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Мене насловот на темата некако не ми е соодветен со првиот пост, ама нема врска.
    Јас пред се мислам дека жените на балканот а посебно во нашата држава се почесто забораваат дека се жени, не жена на некој маж, туку жена, свој човек.
    Се почесто гледам и се сретнувам со жени кои што после мажењето и раѓањето деца се затвораат во некој нивен свет, центар на тој свет е детето и куќата и не гледаат подалеку од тоа.
    Дури и да работи, и да допринесува сепак некако толку многу се преокупираат со своите деца и домашните обрвски, да покрај работата куќата и децата немаат да оделат еден час дневно за нив самите.
    Ќе кажете дека се почесто мајките си ги занемаруваат децата и стануваат модерни но јас искрено не го гледам тоа. Барем не во мојата околина.
    Со мажите е сосема поинаква приказна, тие имаат време и за другари, и за кафеани, и за кафе после работа додека жените свесно си бираат да станат заробеници на својата фамилија.
    Секоја жена си ги сака децата, треба да се посвети на нив и на домот, ама да не заборави дека и таа е живо битие.
    На секој му треба да има време да се среди колку толку, да излезе понекогаш да испие кафе, да има пријателки, да има време за себе. Тоа се поретко го гледам во денешно време а е нешто во кое не сакам да се претворам по ниту една цена.
     
    На mileystar, Belgin1, cresa-jagoda и 20 други им се допаѓа ова.
  9. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Мислaм декa е aпсурднo дa рaзгoвaрaме нa oвaa темa вo 21 век,знaчи вooпштo не требa дa се нaметнувa дискусијa зa тoa дaли женaтa требa дa биде дoмaќинкa.
    Се знaе рaмнoпрaвнoст вo делoвниoт свет и рaмнoпрaвнoст вo извршувaње нa дoмaшни oбврски и чувaње и гледaње нa децa.
     
    На crazylady, la.malparida, BlackAndWhiteSwan и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    По ова прашање многу од жените немаат сопствена воља да одлучат, бидејќи многу од нив живеат сами, односно семејството - мајка, татко, деца ( нели кон тоа се стремат младиве на самостојно живеење), па така се приморани ( колку и да сакаат да градат кариера) да останат дома бидејќи нели нема кој да им ги чува децата. Е тука според мене е најголемиот проблем за оние кои себе си се гледаат и професионално не само домаќински :)
    Друга е приказната за оние кои што имаат услови и самите посакуваат да си седат дома, едноставно не се гледаат себе си во надградување, и не им пречи т.н "тапкање во место" некако ќе му дојде, едноличност, едно те исто...
    За цела среќа моја јас имам обезбеден помош од мајка ми која прифати да го чува малиот, за јас да си ја продолжам кариерата и да не ми биде за џабе вложениот труд до сега. Тоа е навистина за ценење иако не е реткост, но не секој се нафаќа на тоа.
    Што значи јас сум за жената да биде жена исполнета и во домот и професионално, а воедно да не се занемарува ни сама себе.
    Само така (според мене) ќе има убав балансиран начин на живеење кој ќе допринесе за семејна хармонија.
    Значи цело е кога има се, тоа е најдобро ако се може, ако не, се бараат начини да се поправи моменталната ситуација.
     
    На Jas!, Rebecca_R и mami blue им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Не знаев како точно да го формулирам, ако имаш идеја кажи, ќе средат модераторите. Мене ми беше поентата тоа дека жените се изгубија себеси во форсирањето на градење кариера, во смисла дека им ги земаат работните места и на мажите и колку има вистина во тоа, наспроти она што кај нас, поради менталитетот, се наметнува како став, дека жената е за дома откако ќе се омажи и ќе роди деца. Сакав дискусија за тоа дали жената треба да работи или не, и колку треба да биде посветена на приватните, а колку на професионалните обврски.
     
    На cresa-jagoda, mareane, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  12. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Јас не сум мажена, но мислам дека не би можела да седам само дома и највозбудлив настан во денот да ми биде попустот во Кам на пример. Освен тоа, некако ме фаќа депресија да сум затворена дома, заглавена во една иста рутина измеѓу четири ѕида.

    Друго е кога одиш на работа, си земаш парички, да не морам на сопругот 60 денари за влошки да му барам секој месец или за едно карминче, ем ќе се измешаш со луѓе што се вели, ем се чувствуваш корисен за семејството и општеството, ем кога ќе се видиш со сопругот имаш што да си кажеш.

    Но :!:, како што не треба жената да се занемари себеси, според мене не е во ред ни да го занемариме сосем семејството, демек модерни жени, како една што ја познавам, па ајде сеа на работа од јутра до сутра што се вели, а на детето, "што му фали, се што ќе посака му купувам". Е па има работи што со пари не можат да се купат, од што некои го забораваат тоа после парите што ги заработиле ги фрлаат по центри за рехабилитација од дрога, депресија, ADHD и слично.
     
    На cresa-jagoda, crazylady, la.malparida и 2 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    А зошто да се поврзува со кариера или домаќинлак тоа да бидеш жена, да бидеш сопруга, да бидеш мајка.

    Личните преференции кои ги има една жена, или едноставно околностите на кои моментално се прилагодува, за тоа дали е во работен однос или да биде домаќинка зошто да бидат пресудни за тоа каква сопруга е или мајка.

    Топлиот ручек на маса од страна на домаќинка која не е во работен однос не значи дека цела атмосфера и расположение кое владее на трпезара кон сопругот и децата е подобро од сопругата и мајката која на пак накај дома купила чорба од првата кафана.

    И обратно.
    Што ја спречува една професионално исполнета сопруга и мајка да го даде најдоброто од себе и дома?
    Ништо.

    Се е во природата на човекот, на жената и нејзиниот брак.
    Она секако ќе биде и жена и сопруга и мајка. Се потпишала во матично, деца родила.
    Е нели, само прашањето е каква?


    Онаа која е незадоволна од бракот и исфрустрирана од секојдневието или животните избори ќе си остане таква. Сеедно дома седела или тргнала на работа.

    И да, се е можно, успех на сите полиња, но најчесто со моментална стагнација на едното, сеедно професионално или приватно.

    Има примери и за едното и за другото, но тука веќе се многу други факори од типот кога дипломирал, кога се вработил, кога дошло дете, на каква позиција била во тој момент, тајминг за пауза за второ, помош, сеедно родител или ќе си плати...и најважното, партнерот.
    Реално, ретко сите коцки се поклопиле кај многу, за паралелно се да тече, ама има, не дека нема.

    Ама бидејќи не станува збор за супер жена, треба освен љубов да има и поделба на обврските.
    Кога еден се чиствува дека сам на цел грб ја влече цела куќа и фамилија ќе пукне тиквата. Можно е во определени фази едниот целосно да го презеде товарот за финансирање а другиот за домаќинството и децата. Што е сосема ок се додека заеднички ја донеле одлуката.

    Еве јас не одам на работа, дома седам, а и планирам уште неколку години да седам.
    Не дека некогаш не ми било тешко, мачно и не сум се чуствувала капната/изолирана...ама еве, одговорно тврдам дека не сум исфрустрирана :D.
    И не може некој да ме убеди дека сега, во оваа фаза од животот би се чуствувала покорисно и поисполнето со некоја топ позиција во некоја фирма или правејќи било што друго.

    И не мора никој да ме жали:tmi:.
    Мене ме исполнува и ме прави среќна тоа готвење, тоа играње со децата и следење на нивниот развој и развиток, заедничките ручеци или вечери...
    Јас вака се чуствувам корисна, иако сум дома, не се чуствувам ниту запуштено јоту занемарено а со сопругот и те како имаме што да се кажеме.

    Секоја фаза од животот си носи своето. Важно е да се наши одлуки и да сме задоволни со истите. И да не заборавиме, немаме сите иста престава за среќа.
     
    На cresa-jagoda, kuc, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Многу добра тема.
    Се сложувам со се што си напишалa @Annath. Сметам дека една жена треба да биде успешна во секое поле од животот, како на професионално ниво, така и во улогата на сопруга и мајка.

    Јас лично, не би се нафатила да бидам само домакинка, без разлика колку мојот сопруг би заработувал. Се надевам дека ќе успеам во мојата струка, и се стремам кон тоа, за да во иднина имам добро работно место и работа која ме исполнува. Идеалното решение би било правилен временски распоред на работите, што во превод би значело дека до одреден период од животот жената би се посветила на образование и градење кариера, а подоцна на формирање на семејство и грижење за истото. Сепак тоа е нели идеалното решение, а не секогаш испаѓа се онака како што замислуваме.
    Во секој случај, лично јас повторно би се трудела да успеам и на двете полиња, бидејќи сметам дека е возможно. Секако грижата за семејството го вклучува и партнерот, поделба на обврските итн.

    Меѓутоа, секоја жена има право на свој избор. Некоја сака да се посвети само на семејството и домот, друга пак се фрустрира од наведената ситуација и ја исполнува успехот, независноста за пари, мешањето со луѓе, така да, се е индивидуално, важно е да се биди задоволен од сопствениот избор.
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Темава е прилично комплексна, барем за нашава држава.

    Во некое идеално општество, жената би можела да бира што сака да направи, дали баланс меѓу работа и мајчинство, дали кариера или целосна посветеност во улогата мајка и домаќинка. Ама ние сме во Македонија, па ај да се вратиме во реалноста.

    Малку е смешно да дискутираме за кариера, бидејќи овде изборот се сведува на работа и добро платена работа. На прсти може да се избројат професиите каде што некоја личност може да напредува и да гради кариера. Јасна ни е и дискриминацијата на жените, можам да констатирам дека за понежниот пол е особено тешко наоѓањето работа, а за задржување не правиме муабет.

    Да се разбереме во старт, работа во администрација не може да се поврзе со кариера, јас би го дефинирала тоа како пристојна плата со пристојно работно време. Во овој контекст, пристојно значи помалку безобразно од работа во приватен сектор.

    Во принцип, жената првин треба да најде работа, да не остане бремена наредните неколку години за да ја задржи истата, откако ќе остане бремена и ќе роди дете, жената треба да планира да се врати на работа и да одреди кој ќе се грижи за детето, дали има место во градинка, дали таа градинка е соодветна, дали работното време може да се усклади со носењето и земањето од градинка и ред други прашања. Со други зборови, жената треба да жонглира меѓу обврските. Жената треба да одлучи која опција е подобра: да работи или да остане дома и да го чува детето бидејќи од финансиски аспект, неретко работењето по цена на воспитување на детето е речиси неисплатливо. А сето ова е сурово.

    Од друга страна пак, финансиите се голем проблем, па нема многу професии кои би можел да ги работи мажот, а тие професии да се добро платени за да жената не мора да работи.

    Гледано од страна, во нашава држава, жените и немаат некој избор за да одлучат дали сакаат да работат или сакаат да се посветат на домаќинството. Финансиите се секогаш пресудни, па и мажот и жената мораат да го прифатат она решение кое е најсоодветно, пред се од финансиски аспект.

    За мене, идеална комбинација е баланс меѓу двете. Работа и семејство, домашни обврски поделени со партнерот. Во иднина, кога обврските околу децата ќе бидат минимални, би можела да се фокусирам на кариерата, но никогаш нема да се форсирам премногу. Целта во животот ми е да имам пари а да не работам премногу. Ќе дадам се од себе за да го остварам тоа.

    Во целата оваа бркотница и планирање на времето, поддршката од партнерот е најбитна.
     
    На cresa-jagoda, Mayyya, Val-Dim и 9 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.197
    Допаѓања:
    235.275
    Спомнавте, во администрација немало можност за градење на кариера?
    Зошто?
    Не сите сектори се само за шалтерски работници и собирање документи. Има ете судови, каде што јавен обвинител или судија е кариера, инспектор е кариера, раководител на сектор е кариера.
    Впрочен некој сака да гради кариера и како продавач или кувар, сеедно. Право на избор.
    Работава е кој каде сака да се остварува.

    Работа или седење дома повеќе зависи и од самиот човек. Јас си кажувам за себе. Напуштив работа заради син ми. Нормално дека секогаш ќе ми е приоритет. Ама ете мене седењето дома не ме прави среќна. Му се посветив максимално, работам со него и слично, погоре Дани спомна. Ама ете читајќи ја нејзе и во други теми, тоа е тоа. Тоа нејзе ја прави среќна, ама мене не.
    И ова е индивидуално.
    За некому среќа е седењето дома и растењето на деца, на друг работењето.
    Некогаш мораме, негогаш сме принудени, а некогаш е и наш избор.

    Мајка ми со договор со татко ми сами избраа да имаат повеќе деца, татко ми да е отсутен постојано, а таа да не работи. Не дека и беше идеално, ама ниту е исфрустрирана, ниту пак имаат лош брак. Напротив.
    Јас ова нивното никогаш не би го прифатила.
    Затоа велам, до човекот е и до неговите потреби.
     
    На cresa-jagoda, ph.orhideja, Espadrila и 13 други им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.538
    Пол:
    Женски
    најбитно е жената да биде среќна.Дали дома во кругот на блиските или на работа не е битно.Се додека не трпи финансиската ситуација дома ,нека она самата одлучи што ке прави.

    за некого среќа е да биде покрај децата додека се мали,да ги испраќа и дочекува од школо,да ги расте.За друг среќа е станување рано,итање кон работното место,дружба со колегите,напредок на работа и слично.

    малце ми е навредувачки кога се кажува зборот Домакинќа и истиот се поврзува со несредена жена умирисана на манџи.Или жена која оди на работа се рамни со кариеристка и ништо друго како да не е .

    и жената која седи дома може да биде среќна и со исполнето време.Напротив она има повеќе време да отиде на фризер,да направи нокти,да вежба,да чита книга,филм отколку некоја која раб до 4 попладне.Се е до тоа како некој сака и умее да си го живее животот.

    од друга страна жените кои работат често се фрустрирани од работното место,од колегите па идат дома нервозни.Се бркаат со времето и обврските па нервозата им се одразува на друг сегмент од животот.


    различни семејства живеат различен живот па така генерализирањето паѓа во вода
     
    На cresa-jagoda, kuc, ph.orhideja и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    34.250
    Знаете што би ме исполнило?

    Да најдам партнер кој ќе ми помага во домот ПОДЕДНАКВО. Значи, единствена разлика ќе биде во тоа што јас ќе ги родам децата, а не тој. Подеднакво и ќе готвиме и чистиме, исто ќе се грижиме за децата( секако, во зависност и од работата и работните обврски).
    За да можеме и обајцата да работиме, ама и да имаме свој живот, па и да не сме задоволни од работата, домот да ни биде уточиште, а не дополнителна робија.
    И не прифаќам никаков компромис на оваа тема, оти знам дека ќе бидам мизерна и депресивна, и ќе ми страдаат децата, па затоа би ги гледала сама.
    Оти ми има нешто понижувачко во тоа некој да те гледа како мајка, а деца да му имаш родено... Вака барем знам дека морам се сама.

    Исто така, немам ништо против домаќинките кои сами го избрале тој живот, оти ги исполнува домот и грижата за семејството. Ама имам против кога целиот живот им поминал низ прсти, оти така морало, а не сакале .

    Мора само да се умре...
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, ph.orhideja и 21 други им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За таа цел најди некој што служел војска или барем 6 месеци живеел самостојно. Во спротивно, ако го извадиш од родителите, не очекувај да има навики сам да си готви и сам да си пере, чисти, фрла ѓубре.
     
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    34.250
    Да, оти многу аир видоа жениве од муживе со војска.. (fingers)

    Ако некој ме сака и ме почитува, ќе помага во СВОЈОТ дом, за своите деца. Не е глуп, ќе се научи на ред и ќе стекне навика.

    Ако не, слободно може да си се врати кај мајка му.
    Кажав, нема компромис кај мене за тоа.

    Поздрав.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, jovana03 и 9 други им се допаѓа ова.