Дали заработувате повеќе од партнерот и како е прифатено?

Дискусија во 'Врски' започната од joelle, 21 септември 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.344
    па драги мои сакав да ве прашам дали заработувате повеќе од својот партнер и ако да, дали му пречи тоа?
    еве моојот пример е што јас работам во средина каде што бизнисот е во машкиот свет и на на новава работа заработувам повеќе од мојот вереник. тоа него воопшто не му пречи, но кога ќе треба да се дотерам за на состанок, во сукнја на штикли итн , се појавува проблем демек немало потреба до толку било важно што ке казам и како ќе се покажам, и далечните патувања станаа проблем, мислев дека зивеам со совршен маж кој ме разбира но изгледа ќе си имам проблеми. кои се вашите искуства на оваа тема ?
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.135
    дали заработувате повеќе од партенрот и како е прифатено

    Да, јас заработувам повеќе од мојот партнер. Иако сме во врска неполни 8 месеци, решивме да живееме заедно и воопшто немам никаков проблем. Да не испадне дека се фалам, ама јас плаќам ќирија, градинка за керка ми, сметките дома, а он купува храна бидејќи јас немам време. Некако финансиите воопшто не ги ставаме во прв план. Секој си ја брка својата работа и тоа е тоа. засега функционираме супер, а се надевам дека и така ќе остане.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    дали заработувате повеќе од партенрот и како е прифатено

    со дечко ми сме сеуште студенти и затоа не можам да зборувам од такво искуство ама затоа ќе кажам мое мислење во склоп со околностите.
    во денешно време не е ништо срамота ако жената е на повисока функција или заработува повеќе. можеби порано, во дамнешното општество мажот бил најглавниот во семејството и како таков морал да работи по секоај цена и да заработува за сите...
    денеска е друго време, друг живот.... напреднале сфаќањата. така да, утре здравје кога ќе се омажам не би ми било проблем ако заработувам повеќе од него и да подмирувам сметки, храна , облека.... е па секој со свој труд и среќа :)
    и да, чист пример се моите родители, мајка ми заработува повеќе од татко ми. па не гледам некој проблем кој се појавил во врска со тоа :^)
     
  4. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    дали заработувате повеќе од партенрот и како е прифатено

    моментално дечко ми заработува повише, но се надевам дека за брзо време тоа ке се смени :emo: не сум баш сигурна дека нема да му смета. сите оние сакаат успешни жени, горди се со нив, се прчат у друштво....ама факт е дека колку и да не признаваат, кога би можеле да печалат и да ги задоволат сите потреби на семејството, би сакале домкица жена :lol: арно ама, во какво време живееме, не им преостанува ништо друго,туку да не прифатат дотерани за состанок :lol: ја само би те советувала да разговараш уште сега за можниот проблем во иднина ;)
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.662
    дали заработувате повеќе од партенрот и како е прифатено

    DEcko mi zarabotuva povekje od mene,no sekogas zaedno trosime, ne gi delime parite na -ova jas ke go kupam ti ona, i taka.negovite pari se moi,i moite negovi.i mislam deka vaka najdobro se funkcionira:)
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.104
    дали заработувате повеќе од партенрот и како е прифатено

    Имало моменти кога јас сум заработувала повеќе и тој заработувал повеќе, никојпат не сме имале проблеми, секогаш парите биле НАШИ...
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.344
    дали заработувате повеќе од партенрот и како е прифатено

    се сложувам со вас но зборот не ми беше дали ги делите парите, и ние на пример не правиме разлика јас и кога имав мизерна плата се беше заедничко, она што сакав да го кажам е дали кога жената е деловно поактивна од мажот(мислам на семинари конфернции патувања, долги состаноци итн а и со тоа поголем аплата се разбира ) дали тука настанува проблем, newring86 го долови баш она што сакав да го кажам значи чуствата, не делењето на пари...
     
  8. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.104
    дали заработувате повеќе од партенрот и како е прифатено

    Ако веќе се дискутира општо на темава, а некако не го сфатив така насловот, повеќе го сфатив да ја опишеме ситуацијата во која сме, мислам дека во природата на мажите е тие да се столб на семејството што значи тие да бидат оние кои повеќе заработуваат а со тоа докажат дека може да го издржуваат своето семејство и добро а се грижат за неговата материјална потпора, тоа им е некако особина која им доаѓа природно. Мислам дека што и да кажете дека не им пречи и слично, тие само тоа не сакаат да го изнесат тоа незадоволство на виделина, не дека љубоморат, далеку од тоа, туку од горенаведените причини. Сметам дека не постои маж што не сака да заработува повеќе од својата сопруга, не за да се препукува или покажува нешто, туку за да докаже дека ете може да биде столбот.
     
    На didija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    37.024
    Ние сме тука негде со платите. Јас едно време зимав повеќе од него, но тоа воопшто не беше спорно. Дури и се фалеше со мене. Ама ете сега сме тука негде и нема веќе мое, твое. Наше си е. :)
     
  10. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    ajde da trgneme od samite sebe pred da gi nabljuduvame partnerite. eve na primer: ti si uspesna zena karieristka, pokraj sebe sakas kakov partner?-normalno uspesen. isto e i kaj niv. celata rabota e da nema prefrlanja od tipot jas poveke pridonesuvam i povise se trudam od tebe. tuka vise se razvivaat komleksi sto ne e dobro za vrskata. jas licno smetam deka zenata e stolbot vo semejstvoto, bez razlika kolku finansiski pridonesuva. brakot ne go zamisluvam kako moe-tvoe, tuku kako nase, a toa nase ke bide pod moja kontrola normalno :lol:
    seriozna sum-garantiram deka zenite se podobri ekonomisti od mazite. prost primer: decko mi koga jas mu vodev smeta od platata imase trgnato pari na strana, eve pola godina go ostaviv sam da si ja raspredeluva platata ne mu stiga od prvi do prvi, i do zastedenoto pocna da trosi. i koj ke bide glaven finasov vo semejstvoto :rofl: normalno jas :rofl:
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    391
    Моментално јас заработувам повеќе и колку и да се прави дека му е сеедно, се приметува дека не му е. Мислам дека секој маж се чувствува така. Мене ми е тотално не важно кој колку носи дома, се е заедничко, наше.
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    20.424
    Мене ми е супер ако заработува повеќе , ќе можеме да идеме заедно на Малдиви , ќе купиме џип ...возикаме ..... 8)
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.006
    Засега не работам, ама планирам да заработувам најмалку дупло од партнерот.
    Со ова не сакам да го омаловажувам, потценувам или обезвреднувам, далеку од тоа. Работата ево тоа што знам дека имам перспективна струка која може многу да ми овозможи. Се надевам ќе си ги исполнам соништата... ма сигурна сум :angel:
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.176
    Допаѓања:
    16.571
    Пол:
    Женски
    Како ќе прифати околината? :^) Like I care. Нечија плата нели веќе претставува деловна тајна? Како истражуваат само кој колку зема... :lol: :geek:

    Доста зезање. Тука, најважното е како вие ќе си го прифатите тоа самите. Дали ќе се чувствувате искористено, дали ВАМ ви пречи. Тоа е многу важно да си го ставите до знаење во една врска.

    Инаку јас и мм триста комбинации имавме: еднаш тој земаше повеќе, еднаш јас, еднаш само едниот носеше плата, еднаш само другиот, еднаш Робинзон Крусо и Петко бевме, само праевме комбинации да преживееме, со малку помош од страна и така во круг за кој што сум сигурна дека не е застанат и дека уште триста перипетии ќе ги видиме. Не е социјализам ова па влези еднаш на работа и излагање нема. Принцот лесно станува питач, а и обратното. Токму поради ова никогаш во една врска немојте да се оптеретувате со тие работи. Доколку пак партнерот се оптеретува, со ваши или негови средства кои би ги потрошил и за ваш поубав живот, тогаш дечкото не е ни за вас.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.