1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали заработувaат македонските блогери?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од mime87, 28 август 2014.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Девојки долго време следам блогери и знам дека сите заработуваат од блогирањето,знам дека тоа не е едноставно дека треба многу труд и дека дури по извесен период се зема првата заработувачка,многу ме интересира како седат нашите блогери и дали заработуват?....Се надевам дека нашите блогерки на сајтот ќе ни појаснат :)
     
    На ivancekitty, feminium, Viollet и 2 други им се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    баш ме интересира :)
    Имам голема желба да си направам блог не заради заработка туку за нешто како личен дневник на аутфити да речеме , но мислам дека немам доволно време да го одржувам.
    Нејсе баш ме интересира како нашите блогерки приоѓаат кон ова, имаат некаква заработка или воопшто не?
     
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    23.736
    Пол:
    Женски
    Еве ви линк од најпознатата српска блогерка каде зборува за тоа, а пошто ова е Македонија поделете ги шансите за успех со 4.

    http://youtu.be/nnXIjn0k--Y
     
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    senza.parole линкот не се отвора ама претпоставувам за Зорана збориме, го имам гледано тоа видео,и не не се исти условите таа има договор со америчка фирма иако е од балканов нема врска таа со блогерајот тука едноставно има мноогу предости со тоа што има контакти со странство.

    ** ако не е за Зорана се извинувам :)

    Македонија е посена тема тука блоговите се во фаза на развој уште не се до степенот на зорана ни близу но нејсе сепак некоја блогерка би можела поубо да ни објасни
     
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    23.736
    Пол:
    Женски
    ^^
    Линкот се отвара на you tube. Копирај го и во search барот на you tube постирај го.

    Епа тоа и ми беше зборот де, да ја поделиш со 4 можноста за успех. Пошто шансите тука да заработуваш од тоа се мнооогу мали, да не речам никакви.
    Со американска агенција има договор само за you tube каналот. А, другото е со компании кои имаат претставништва во Србија па во однос на тоа колку "следбеници" има, толку и плаќаат. Зорана ја следат милиони на блогот, им се исплаќа 4 пати поголем пазар се од нас.

    Изгледајте го видеото, многу убаво има сè објаснето.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    8.343
    Пол:
    Женски
    Барем според мене, за да се бавиш со ваква професија, и да заработуваш, затоа и викам професија, најпрво треба да си добро поткован.
    Точно дека Зорана иако е од Србија заработува, ама она не започнала со блогов, постирајќи парчиња од кај кинези, или копии. Уште за матурата типкава си имала Версаче чевли што кај нас такво нешто е незамисливо дури и за возрасна вработена жена.
    Да постирала комбинации со најобични парчиња што може ние обичните смртници да си ги дозволиме искрено не знам дали би го постигнала овој успех.
    Она и со блогов и без блогов си има кеш. Истото е и со Тамара Калиниќ. И двете нон стоп ги прозиваат дека постигнале нешто парите на родителите ( кои уз пат ги рачунаат за криминалци и лопови )

    И кај нас има добро облечени девојки, прва на памет ми е Фросина Дамјановска, девојката е прекрасна. Ама на блогот постира парчиња од подостапните брендови, Зара, Манго,Баршка и т.н.
    Ако она не успеа да почне да заработува со таков стил, што останува за другиве девојчиња што имаат блог каде постираат комбинации со парчиња од Певекс?
    Не можам да смислам дека на таква блогерка некој ќе и плаќа за блогирање, ми нема логика.
    Сега за сега блогирањево кај нас е само хоби.

    Многу нормално за некој да ти плати за нешто да му изрекламираш на блогот, прво треба да имаш огромен број на луѓе што те следат. А еве лично мене, до сега не ме зинтересирала некоја блогерка која постира комбинации со парчиња од шутка, пренди или не знам која продавница, па да и се вратам пак на блогот.
    Да привлечеш следачи ем треба да си креативен, да имаш сенс за мода ама и да имаш доста пари за да можеш да си дозволиш поскапа облека. Затоа што блогеркиве со поефтина гаредероба некако ми се губат покрај овие другиве :)

    Не знам можеби грешам ама тоа си е мое мислење :)
     
    На Quuen, mims-89, Mimi123 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Кратко и јасно, не. А и кај нас, блогер ли е тоа, склопила фармерки и најобчна блуза, и мисли топла вода измислила.
     
    На DragonSlayer, Gosh, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто одма се запнувате за Певекс во Битола има модна блогерка која мн ми се допаѓа нејзиниот стил,и има преубави парчиња па ја имам видено во Певекс кај што си купува ако ми треба обична бела маица обична кошула за на факултет и било штошто можам таму да најдам поефтино зошто да не купам од таму |( ?незнам што етолку запнувањето за Певекс не ги дават без пари таму алиштата,а и све можи да се искомбинира со поскапи парчиња ако имаш вкус и пари се разбира.И кај нас има доста богати луѓе и има девојки кој можат да си приуштата мн скапи работи така да,нема потреба од селектирање и темата е не е за тоа...А за Фросина Дамјановска добра е дојката рака на срце има сенс за мода но еднаш во месецот да ставаш пост за мене тоа не е блогирање и луѓето кои веќе те следат го губат интересот според мене треба и доста посветеност...
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    8.343
    Пол:
    Женски
    ^ немам ништо против погрешно ме разбра изгледа. Не се запнав баш напротив, и јас купувам од таму :)
    Не осудив никого зошто купува од таму, Македонија е ова, немаат сите пари да дадат по 2000 за фармерки :) Не е тоа тема на муабетов, дали некој треба или не да купува од таму.

    Муабетот е друг, дека со таква гаредероба не верувам дека ке постигнеш заработка, некој да ти плаќа.

    Не е само таа девојка од Битола пример за блогерка со добар стил а купува ефтина гардероба, ги има илјада ама прашањето е дали можат да заработат од блогот. Ете и самата викаш дека треба да знаеш да искомбинираш ефтино со скапо, значи се согласуваш дека ти требаат и скапи парчиња. Ама кажи ми која блогерка зима пари од блог каде што постира парчиња од Певекс на пр?
    Фросина постира ретко, ама квалитетно :) За да постира секој ден, и требаат рачунај уште три пати повеќе гардероба, која не е ефтина т.е. пак се враќаме на почетокот ти требаат пари ;)

    Прочитај го уште еднаш постот, не си ја сфатила поентата не е само да скокнеш :)
     
    На Quuen и senza.parole им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ^Јас многу добро те саватив убаво го прочитав твојот пост,само што одма го потенцира Певекс, Пренди ова она тоа ми падна во очи, ок се подразбира дека никој нема да постигни успех ниту да привлечи внимание ако се облекува со облека од таму логично е тоа но мене муабетот ми е дека секој можи да си купи едноставни работи кој на секој му требат за помалку париод таму, ти прочитај го мојот пост подобро и што сакам всушност да кажам,а и темата не е за македонските блогери како се облекуват туку DALI ZARABOTUVAT....
     
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    8.343
    Пол:
    Женски
    Според болдов и двете зборуваме за истото, дека ако купуваш од таму тешко дека ќе заработиш на блог.

    А во однос на ова што си го пишала темата не е за македонските блогери како се облекуват туку DALI ZARABOTUVAT.... контрадикторна си :D

    За да заработат и те како е важно каква комбинација ке постираат на блогот. Со што ќе привлечат следачи ако не се впечатливи т.е. ако не се облекуваат убаво? :D

    Второ, си пишала мене муабетот ми е дека секој можи да си купи едноставни работи кој на секој му требат за помалку париод таму а самата викаш дека темава е како да заработиш преку блог, а сега се префрли на тоа дека секој може да си купи од таму ( што нема врска со темава ). купувај си од каде секаш, впрочем колку ти е долга чергата толку ќе ги испружиш нозете ама со таква облека на блог, ти гарантирам дека никој нема да заработи . Освен ако бела маичка од Певекс не ја искомбинира со торба од Прада да речеме, и Шанел балетанки на пример па на тој начин да помине ;)

    А пренди и певекс ги споменав бидејќи тие ми паднаа први на памет како продавници со ефтина роба, не знам зошто баш тоа ти засмета тебе и така ти паднало во очи :^) Не ми беше намерата никого да навредам со тоа што купува таму, ако на тоа мислеше, кажав погоре и јас од таму купувам.
     
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Не заработуваат.
    Како сакате сватете ме ама за да почнеш блог, особено да заработуваш од него- треба да имаш пари и да инвестираш во него т.с во облеката која што ја презентираш.Освен тоа пазарот тука за таа работа е на 0.
    Дека ја споменавте Зорана, треба да видите колку пари само чини една маичка што ја носи а да не ги спомнувам тоа штиклите шо ги носеше во Сараево.Има пари девојката па се што прави е купува облека,се шета...
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Заработуваат, ако имаат некоја работичка на страна.
    Не, не е сарказам, реалност е. Ние можеме до сабајле да разглабуваме за Пренди vs Зара, aли факт е, т.е и лично мое мислење, дека македонскиот блогер ( и тоа не само фешн блогер, него и слични други тралалајки ) се`уште нема услови за било каква заработка. :)
     
    На senza.parole, feminium и Rose96 им се допаѓа ова.
  14. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Тотално се сложувам со анабела.
    Убаво кажа Зорана во видеото ако правиш блог за да заработиш подобро ич не прави. Јас лично од хоби го држам блогот и на самиот почеток не ни мислев на заработка. Е сега за да привлечеш гледачи на блогот не е толку битно што носиш него како го носиш. Повеке купува добра и квалитетна фотографија, локација, шминка и нај нормално добра комбинација.
     
    На Animali, Gosh, sanja.burgundy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.887
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за оф топик :) Може линк од блогот на Фросина?

    Инаку во нашава Македонија јас не се ни надевам дека некогаш воопшто ќе почнат да заработуваат македонските блогери.
     
  16. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    http://frosinna.blogspot.com/
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.664
    Допаѓања:
    322.556
    Пол:
    Женски
    Зорана ја следам од сам старт.Тоа дека една маица и чини незнам колку е чиста глупост.Она носи облека и од хм,ривер ајсленд,па се до оние глупи ефтини сајтови кои и пракјаат без пари за да ги рекламира.За штиклите ок скапи се повекето но џабе незнае да ги одржува.Иначе мајка и на Зорана е бивша стјуардеса а татко и бизнис тајкун па од тука и толку пари за гардероба.Но дека успеа да направи бренд од своето име и блог -УСПЕА.едноставно девојката ја бива за маркетинг.

    А доказ дека заработуваат ти е ете другарка и на оваа.Тамара од the glam and glitter.
    Она ја напушти работата како дипломиран фармацеут за да се посвети целосно на блогот.Не би го направила тоа ако не и носи блогот пари :)
     
    На gjoker4e, Animali и mime87 им се допаѓа ова.
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    23.736
    Пол:
    Женски
    Ете, тоа ми беше зборот.
    Мора да имаш многу пари и да не мислиш на заработувачката однапред.
    Во превод, тато да има успешна фирма (или тука-таму нешто слично), а јас слободно време на претек.
    Оти искрено, колку прегледи ќе оствари некој со ташна од Шутка (читај: секој може да си ја дозволи), а колку некој со Isabel Marant патики и најновата Yves Saint Laurent ташна во комбинација, пример.
     
    На Quuen, Nausicaa, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Мора јаки финансии за добар моден блог. Да ги тргнеме скапите ташни на страна (ете на некоја да и падне од тераса најновата Yves Saint Laurent ташна и мене да ме тресне по глава, јас нема да знам дека што ташна е, воопшто не ме интересираат брендови), просечната македонка во шкаф има неколку маици, неколку сукњи, 2 пара сандали, 2 ташни и реално, колку комбинации може да извади? Секоја втора комбинација да биде со истите штикли и истата ташна не оди (т.е, да- оди, ама тука збориме за сосем друга проблематика). Обичната смртничка во Мк чиј татица не е Свето Јаневски или Мијалков облека купува неколку пати годишно и тоа вообичаено на попуст, секој месец да купуваш нова облека па макар било тоа и од Певекс и Пренди кај нас е луксуз. Еве јас да земам да правам моден блог, гарантирам дека 80 % од девојките кои ќе ме посетат истата таа облека јас што ја носам на сликите, ја имаат и они. Јаки комбинации ќе бидат тоа- маичка, фармерки и патики / маичка, сукња и сандали, исто ко да си отворил фб кај било која девојка. Најголемиот дел од девојките кај нас купуваат гардероба која може да ја носат и на школо/ работа и на искачање, ретко која може да си дозволи парче кое ќе биде хип и авангардно за да задржи нечие внимание пред монирот а не пак да купува нешто такво за секоја нова комбинација.

    Друг, можеби подеднакво битен момент се локациите. Ете и да е од поголем град, убавите и штосни места за сликање се бројат на прсти а колку би било супер блогерката да има пари да тури бензин, да скокне во кола па да има слики од Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Грција, Србија итн. Не бива секоја втора фотосесија да е во Градскиот Парк, само покрај различни дрва... Едно е да се смееш на слика покрај Вардар а сосем друго е да си на плажа додека ветрот ти ја носи косата а позади се гледаат бранови, или уште поубаво, позади тебе да се наѕира Ајфеловата кула а не статуата на Александар и Тренд кафичот.

    Јас се извинувам за негативноста во постот но сметам дека е сосем невозможно девојка од просечно семејство кај нас да заработува за живот од моден блог.
     
    На Belgin1, eloves, mssuniquee и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Стилот со пари не се купува.

    Има луѓе кои имаат еден куп пари, ама немаат нималку сенс за облека (ниту култура, однесување, ама тоа е друга тема).

    Џабе некоја ако нема вкус да се облече во Зара, кога некоја друга може преодлично да изгледа во нешто од Певекс.

    **

    Јас имам и поскапи парчиња, ама секогаш најмногу комплименти сум добивала за оние поедноставните од Певекс и сл. А, башка што од Певекс си имам купено и некои марки (нели ги има).

    **

    И наместо да коментираме за изгледот, за стилот, ние како жени ќе се караме колку пари е, од кај е, како го платила и слични глупости.