babylove кашички

Дали за љубов би претрпеле сè?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од toxincitylies, 8 октомври 2015.

  1. toxincitylies

    toxincitylies Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    44
    Morav da ja otvoram temava...So NEGO sme zaedno 4 god,a vereni sme 2 god i ziveeme zaedno otkako se verivme. Mozam da kazam deka se razbirame so pogled, me privlekuva, zastitnicki e nastroen kon mene, ljubomoren,a i jas ne vikam ne. Poslednive meseci pocna da pie. Skoro sekoj denar go troshi na alkohol. Koga e pijan ako mu vozvratam za nesto se nervira premnogu duri i ednash za vrat me fati derejki mi se da ne go provociram. Negovite ne znaejki kako da go opraat pocnaa da mi vikaat deka on uste malce ke napolni 30 (27ima)i ke bil star i deka vreme bilo da ragjam(25imam). Jas gledajki go takov skoro sekoj vtor den pocnav da razmisluvam deka ne sme eden za drug. Seuste ne mozam da se narecam domakjinka zatoa sto doma majka mu cisti i gotvi dodeka sum na rabota(ednostavno zenata e precista i domot ne bil dom ako ne sveti).Jas razbiram da cistis ama da stanes rob na kukjata?? Treba da razmisluvame za svadba i cel zivot pred nas. Ne mozeme da se razdelime od zaednica i ponatamu ne znam kako bi ziveele ako negovata plata pretezno ide na alkohol, i kako bi se skroile za hrana i smetki,a nedaj boze i dete vo vakva situacija.Se resiv da si odam i celo vreme odolgovlekuvam mislejki deka ke se bide kako na pocetokot, seuste go sakam,ne mozam da zaspijam ako ne se gushneme...:'( Ljubovta ne e ljubov ako volku boli(ili samo se lazam samata) Bi go napravile li sprotivnoto od mene?Bi pretrpele li se samo za da bidete so toj shto go sakate?
     
  2. kLem23

    kLem23 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Jас да сум на твое место не би го трпела ова би си ги собрала куферите и ќе си одам дома.Како прво велиш љубоморен е тоа не е добро да има љубомора во брак или во врска со тоа ништо не функционира е сега зависи во твојата ситуација каква е љубомората ако е минимална океј ама ако е претерано љубомора е тогаш му е мајката.Како второ велиш дека почнал да пие ја трошел целата плата на тоа како што тргнал да пие и да ги троши неговоите заработени пари на тоа можеби во иднина ќе почне и да се коцка да се враќа доцна дома недај боже да оди со други жени,ќе почне можеби премногу да те малтретира поради алкохолот велиш дека еднаш и те фатил за врат ти се развикал станал агресивен ако тоа еднаш се случило пак ќе се случи алкохолот прави чуда,можеби ќе ви се влоши и финансиската состојба па кризи во бракот ако имате и дете ако тој продолжи така ќе страдате и ти и детето,тогаш дури ќе настанат проблеми.Како трето неговите ти се развикале,кои се тие да ти кажат тебе и на твојот иден сопруг кога да имате деца не сте престареле сега сте по наубавите години кога ќе посакате да имате децата вие тогаш ќе одлучите а не неговите родители бидејки во тој брак сте вие а не тие.
    Можеби ќе престане да пие ќе биде тој што бил пред да почне да пие,најдобро е да си размислиш ти за тоа или пак да седнете заедно со него на маса да разговарате во 4 очи како 2ца нормални луѓе дали ова ќе продолжи или не односно тој да се смени бидејки така не бидува како тој што тргнал по погрешен пат ако не сака да те разбере тогаш мораш да донесеш важна одлука дали остануваш или си одиш,така да размисли си најдобро за подоцна да не ја платиш оваа љубов спрема него мнг скапо :)
     
    На toxincitylies и kjukli им се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Mozes da zboruvas kolku sakas. Ke vetuva do nebesa i po nekolku meseca ista pesna.Brzo ke go odnejkes, idilata vo voda ke propadne.
    Eve bas pred nekoj den zavrsiv edna kniga ( ne e nastanot na balkanot), ista pesna.
    Procita ja Big Little Lies
    [​IMG]pa ke imas edna prestava do kade rabotite moze da otidat i sto e najvazno ke ti se rascisti dali posle vetuvanja, placenja, vratise ....pak ke bide isto.
    Knigata kolku znam e prevedena na Makedonski jazik.
     
    На Kitykity, ku4ence, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    27.923
    Пол:
    Женски
    Најискрено ти препорачувам да го оставиш.
    Еве ќе ти кажам мое искуство, пред да се земат моите родители, татко ми пиел алкохол во нормални количини, но потоа откако се земале, бил под влијание на татко му и неговите роднини, па така татко ми почнал да пие многу, ама сега нема ден, а од работа да не се врати пијан, нема да веруваш, но татко ми од одење по кафани и од изигрување Мајка Тереза сега има долг кон банки од 7000 евра, а плус што имаме заостанати сметки за струја, вода, парно.
    Значи со таков човек, не ти препорачувам да основаш семејство, немој да дозволиш да имаш дете со него, после тоа дете невино да страда во животот, немој да си го уништуваш животот.
    Добро е што уште додека не е касно можеш да го оставиш, зашто после ќе ти биде тешко.
     
    На Leo girl, Feather, rose60 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Истото искуство го имам и јас-единствено ние т.е. моите немаат сега заостанати сметки и долгови затоа што кутрата моја мајка успеа некако да ги подмири со голема помош на мојот сега покоен дедо.Јас мислам дека и кога биле млади пиеле исто,а може и повеќе само што тогаш поинаку делува алкохолот во смисла нa:млад е и повеќе може да "искрепи",а кога ќе си ги наполни годините и од една чаша делува како да испил 1 литар.
    Мој совет е да го напуштиш некое време да видиш како ќе реагира,дали ќе се подобри.А дете ни на крај памет да не ти текнало сега да раѓаш.Кога ќе ми текни какво детство имав сега солзи на очи ми идат.
     
    На Feather, toxincitylies, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Човек кој еднаш тргнал по тој пат, не се враќа назад, ќе има можеби периоди кога ќе прекине и ќе обеќа дека никогаш повеќе но на првата препрека во животот тој ќе побара утеха во алкохолот. Собери си ги работите и правец дома, а на дете не ни помислувај. Ако продолжиш со главата во ѕид можеш да створиш само дисфункционално семејтво кое ќе биде малтретирано и психички и физички од пијаниот татко и сопруг.
     
    На Feather, ku4ence, blueberry93 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.768
    Ајдеее... од тие муабети од страна дека било време за раѓање, за женачка/мажачка ми се гади.
    Игнорирај го тој муабет и гледај тебе да ти биде одлично.
    Сега околу главниот проблем.
    Добро бе , зошто воопшто размислуваш за овој проблем кога го знаеш одговорот ?? Размисли дали ти сакаш живот исполнет со стресови, со стравови, дали сакаш таков живот кој на детето кое ќе го имаш после неккој период да се сеќава на трауматичен начин? Дали сакаш твоето дете да нема детство? А дали ти сакаш мирен и спокоен живот во брак или турбулентен ? Не дај боже, ќе се врати пијан ќе те претепа, ќе завршеш во болница со модринки тешејки се дека еден ден ќе се промени?
    Размисли каков живот сакаш, во одговорот на тоа прашање лежи и одговорот на сите останати.
     
    На eloves, cresa-jagoda и kjukli им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    29.745
    Пол:
    Женски
    Како можете одма таков совет да и давате одма да го остави.Заедно се подолго време и се сакаат, убаво им било, нели затоа луѓето се заедно да бидат еден покрај друг и во добро и во лошо.Зар секој брак нема препреки, има ама се решаваат, тие не се во брак, ама планираат штом се верени и жиеат заедно, треба да седнат и да разговараат за проблемот.
    Само што ти многу малку инфо ни даде, како се погодуваш со неговите, дали љубомората е посесивна и голема, дали разговараше со него за тоа што го тера да пие, може има некој проблетм па утеха наоѓа во чашата, негови како реагираат на тоа?
    Мој совет е прво со него да разговараш ако сте толку блиски и сакаш да му помогнеш, зошто јас на твое место би сакала да знам што се случило ако не е таков отсекогаш?
    Ако има проблем и ако сака да го поправи има начини, алхоколизмот се лечи, а и од неколку месеци човек не станува алкохоличар.
    Треба да седнеш и со мајка му да разговараш, ако се земете тоа ќе биде твој дом и ти треба да водиш домаќинство, вајда нема таа цело време над глава да ви виси?Каква жена е таа?
    Кажи нешто повеќе за односот, да знаеме да дадеме подобар совет.
    Зрели сте веќе, но ако сеуште не сакаш деца, нема што да те брза таа, од 27 до 30 има уште три години, не престарел.
     
    На ku4ence, ***nekoja***, anichka94 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    9.198
    Дали си свесна што значи дете да расне со пијаница татко?Дали си размислила дека тоа дете ке се тресе кога татко му ке влага дома(дали тебе ке те тепа,или него ке го тепа)?Мислиш покрај сите трауми и лошотии со таков родител дека тоа дете ке биде ок и нормално?Едно ке ти кажам,не влагај со здрава нога во оган,бегај подалеку од такви луѓе.
     
    На Osamena devojka, rose60, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  10. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    7.611
    Пол:
    Женски
    Јас ќе речам 2 пати да размислиш пред да го оставиш.
    Од причини што: Не е лесно да оставиш се зад себе и да заминеш. 6 години сте поминале заедно, не е мал период.
    Си разговарала со него зошто почна да пие? Да не го мачи нешто што не може да го каже. Проблеми на работа и слично. Пиењето не е решение, се согласувам ама можеби тука наоѓа излез од се и на момент заборава на проблемите. Се се решава со разговор.

    Татко ми, пред да ја запознае мајка ми бил наголем „фраер“ во градот. Само по кафани и поголем дел од времето пијан. Ни работа, ни возачка, ништо.
    Мајка му, мајка ми со очи не сака до ден денес да ја види. После 20 години брак. Да не образложувам како и што, но еве веќе 20 години како една капка алкохол нема ставено во уста и мислам дека нема човек што е толку против алкохолот. Работник со стаж, домаќин човек. Се бори со сите свои сили, за јас и брат ми да станеме луѓе еден ден и длабоко во себе жали за неговото минато. А за сето тоа е заслужна мајка ми. Секако, има вложено труд, но со љубов и разговор постигнала се.

    Но, ако ти не си спремна да решаваш вакви проблеми и да си ја трошиш младоста и времето на тоа, тогаш тргни се и остави го. Дете во никој случај сега, дур не се решат овие проблеми, а за тоа треба малце повеќе време.
    Како и да е, седни, размисли убаво и направи го она што е најдобро за тебе.
    Среќно!

    @1209 За малце ме претрка :)
     
    На ku4ence, toxincitylies, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.630
    Допаѓања:
    4.196
    Пол:
    Женски
    Пред голема дилема си ... обиди се да разговараш со него кога е трезен и кажи му се ... сигурно и тој е свесен за се. Не се замарај што зборуваат неговите, тие барат решение на неговиот проблем во раѓањето дете што можеби и ќе вроди со плод ама можеби и не, а со тоа не се ризикува. Жалосно се сакате очигледно ама ако продолжи тој така дури и со детенце твојата љубов ќе се претвори во омраза и тука тешко има назад и поправка, као снежна топка до лавина оди тоа. Млади сте и се може да се среди само со разговор и наместо да пие со овој оној каде и да оди, секаде одете заедно. Платата на алкохол не е мала работа ... а не заборај и да го посматраш малку, зошто почнал да пие, друштвото го завлекло или има нешто што од внатре го јаде па, на овој начин решил да го "решава" проблемот. Со среќа девојче, се надевам се ќе се среди и ќе биде во најдобар ред.
     
    На toxincitylies му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.824
    Допаѓања:
    195.155
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @1209 и @YoungandBeautiful размисли и анализирај и 100 пати по ред ако треба, но не избрзувај со драстични одлуки.

    Долго време сте заедно, живеете заедно.. бар до сега би требало да научивте да разговарате и сами да си ги решавате проблемите, да правете компромис и да се научевте кој како умее да дише.

    Верувам дека секој брак доживува колапси, пресврати, предизвици и лоши периоди. Кај вас преовладува претпоставувам длабока монотонија која најверојатно дава одлик на сиве ваши проблеми, поврзана со некој посериозен проблем и мака, кој нркој од вас или обострано ја доживувате.

    Драга.. бракот не е мазење во креветот, тоа сите го умееме, разбудете се и двајцата од сонот во кој живеете, почнете да живеете и да разговарате за вашиот брак и вашата иднина, седни го човекот на само и направете еден приватен разговор, дај му до знаење дека си сериозна околу неговото пијанчење и ако не се смени нема да го трпиш таков, остро засрами го дека како што почнал нема да тера вака до тебе заедно, чукни го по глава да се освести, пробај да реагираш за да спасите нешто од вас двајцата.
    Ако не се менува и понатаму не би ти препорачала да трпиш пијаница покрај себе секако, но сум ЗА да пробаш да разговараш и да пробате да вметнете нови работи во вашиот брак, како што сте полнале ако не се потрудите за дадете нешто од себе ова и нема да ви успее баш.

    Меѓутоа, прашањето ми беше (не на мене да одговориш туку на самата тебе) Ти велиш мајкаму работела се низ дома? А кај си ти во целата заедница овде за помош околку твоите фамилијарни обврски, (иако одиш на работа) ? Зар "мама" ви работи и ви средува се на возрасни луѓе кои речено се веќе во брак?
    Пробај и овде да го бараш проблемот, можеби и ти некаде грешиш во целата приказна.
     
    На Feather, ku4ence, Val-Dim и 4 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    12.048
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со неколку феминки кои кажаа, не е само решение - остави го. Секој човек може некогаш да западне во проблеми, таа како негова вереница и идна жена треба да проба да му помогне, да биде покрај него и да го пребродат периодот заедно. Ако не успее, тогаш нека размислува за оставање. Демек решение, или остави го, или трпи го пијан секој ден... друго чаре нема. Некогаш има, ако човек се потруди. Ако го сакаш ти твојот вереник, ќе пробаш да ги средиш односите, и ќе пробаш да го одвратиш од таа навика.
    А што се згрануваат сите на муабетот од свекрва ти, ништо страшно. Ене ја темата за снаи и свекрви полна е. Секоја свекрва ќе тресне нешто глупаво, таман работа ако се разделувавме на секој глупав збор кажан од свекрвите. Нив тоа им е работа, да ломотат, а работата на снаата е, да не обрнува многу внимание на тоа, оти кај ќе и е крајот.
    Ако се сакате, ќе успеете да се вратите во нормала поради тоаш што ќе сакате да си помогнете еден на друг. Ако пробате и не бива, и тој НЕ САКА да се промени, и си продолжи да пие, тогаш поинаков муабет ќе биде. Сега за сега, биди покрај него, и вложи напор да му помогнеш со неговиот проблем.
    Поздрав, и ти посакувам се да се среди.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.811
    Допаѓања:
    7.037
    постави му ултиматум,или ти или алкохолот.
    Со алкохоличар,пекол ќе ти биди животот.
     
    На kLem23, JustFun, anakonda88 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.886
    Која љубов?
    Зошто си го трошиш времето? Тој пијаница, а одзгора неговите со типичните коментари дека машината за раѓање ќе се расипе ако до 20 не се искористи |(
     
    На Tanjamm, rose60, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. toxincitylies

    toxincitylies Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    44
    Ova prasanje bese bas na mesto. Koga pocnavme zaedno da ziveeme sekoja nedela majka mu po nesto mi kupuvase,a otposle mi priznavase deka se zaduzuvala pa edvaj krpela za da vrati pari. I vikav da prestane da me osipuva so podaroci. Ni sakam nekoj da trosi na mene ni razmazena sum. Negovite se do gusa u krediti i doma go imame naj tazniot frizider sto postoi - prazen. Nie dvajcata davame po nekoj denar za da im olesnime so smetkite. Tatko mu se zali deka nema pari i naednas kupuva kola(na staro), sleden mesec televizor od 30000den,si uplakja livcinja sportska po 20den sekoj den,manjaci po fb profili na mladi devojki celi denovi.Dodeka majka mu raboti sekogas prva smena i posle vrakjanje od rab pie kafe so tatko mu dodeka e on so tel u race.Na rucek tatko mu ke si legne a ona nema so koj da pravi muabet i pocnuva so cistenje za da si go ispolni denot. (Ne saka ni da cita kniga,ni na kafe kaj komshika,ni film da gleda). Jas na pocetokot i pravev drushtvo ama najiskreno ne mozam sekoj den da slusham kako vremevo bilo pekol ili kochan,kako vcera ja bolele koskite,a denes glavata,pa reuma pa sto ti ne.Site sme i vikale da sedne da ne se preopteretuva tolku a ona vika:ama jas takva sum,i jas ne se sakam takva ama nemozam da podnesam edna tocka na ne e na svoeto mesto doma,mora vo sekoja sekunda se da e cakum pakum.koga nekoj pie voda bez razlika kolku da e vo brzanje mora da ja izmie casata... Jas toa vreme dodeka sum doma najmnogu go pominuvam so verenikot i odvojuvam vreme da zacistam ama ne i sekoj den generalka da pravam doma:Pushtanje 2mashini za perenje dnevno, sekoj 2 den pravosmukalka,ednash nedelno perenje zavesi od cela kukja,brishenje prashina 2pati na den... Ednostavno cistam kolku da mi e sredeno,a ne kolku sto imam sila. Spored negovite jas sum trebala da izberam kariera ili semejstvo,i dvete top ne mozelo. Uf se izmoriv od pishuvanje :)
     
    На Feather и toogood им се допаѓа ова.
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Jas ne bi mozela vaka da ziveam. Da mi kazuva nekoj da biram semejstvo ili kariera? Pa i da me pritiska da ragjam shto pobrzo. Jas ne sfakjam zoshto si prifatila da ziveesh so negovite, a ste samo vereni. Zoshto malku ne pochekavte, velish rabotite i dvajcata, kolku tolku da si se osamostoite. A eve se javil i problem kaj nego so alkoholot. Zbori, probaj da najdesh nekakov nachin za izlez od situacijata. Ako se sakate dovolno, i se potrudite so zaednichki sili kje najdete reshenie. Shto se odnesuva do negovite, pochituvaj gi, pomagaj kolku mozesh, no nemoj da im prerekuvash kako pravat. Ednostavno taka funkcioniraat lugjeto. Gledaj so verenikot da najdete nekoj izlez od situacijava.
     
    На okcenzi, deskarada, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.824
    Допаѓања:
    195.155
    Пол:
    Женски
    Ти твојот проблем треба да си го решиш со маж ти и да не ги мешаш останатите. Можеби му е некој период во кој преовладува некој проблем што го мачи, можеби има други икс причини зошто посегнал по алкоголот, одговорот барај го кај него. И освен разговор во 4 очи да направите друго чаре не гледам а и не би било полезно се додека не слушнеш одговор од него.

    Неговите постапки дали намерни или немамерни не ги оправдувам никако, но затоа пред да пресечеш било што пробај да го решиш, а ако решение не постои тогаш и добро би било да се тргнеш настрана од таков човек, за да не си го уништиш животот од тој дисфунционален брак.

    Настрана од тоа, свекрвати и самата брка кариера и работа и до ден денешен и незнам како би можела да се дразне да зборува на тебе дека ти си таа што треба да се затвори дома, многу себично размислување.

    Кариера и работа може да се брка и покрај твојот брачен живот, не значи дека ако ти сега си жена и имаш сопруг треба да се зарвориш дома во 4 ѕида и да блуеш ко млада невеста, животот и покрај бракот треба да си го продолжиш и да бидеш на свои нозе, работата не ти е никаква пречка во домаќинлукот се додека како што кажа со ги извршуваш и твоите обврски.

    Да така размисли многу добро пред да пресечеш, ако се има простор за разбирање, компромис и почит за решавање на вашата дадена ситуација тогаш добро, но ако нема и овие поими не постојат тогаш би ти било и подобро да се оттргнеш од таму, од љубов и гушкање не се живее.
     
    На Feather, YoungandBeautiful, toxincitylies и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MIcatastaturica

    MIcatastaturica Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    devojki pomos :'(
    vejke 1 godina sum so deckoto no postojano pocnuva da me navreduva da mi nareduva i sl do dusa nikogas nema krenato raka na mene ali me vrega i omalovazuva ve molam sovet sto mislite deka treba da napravam (inaku imam zboruvano za to i vika ako me sakas ke me slusas se ) shto mislite ?:(:(:(:(:(:(:(:(:(
     
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.476
    Пол:
    Женски
    Zosto be devojcinja dozvoluvate vakvi raboti ? Sto ste dolzni toa da go trpite ?? Ako me prasuvate licno mene jas ne znam sto e dobro ali sigurno znam sto e loso ! Rabotava e kolku da se reci deka "imam decko ne sum sama " . Daj podizleite sami slobodni videte kolku kulturni i vospitani deca ima , sto si go trosite vremeto so vakvi cccc
     
    На Tanjamm, Hristov, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.