1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали имаме право на живот после прекин на брак (развод)?

Дискусија во 'Брак' започната од Daleron, 14 јули 2014.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Можеби темава не е за овде. Модеаторите нека ја преместат каде што треба.
    Од не така одамна сум на форумов и многу ми се допаѓа. Не има од различни профили, тинејџери, адолсценти, девојки, жени во брак и разведени.Сакам да го споделам со вас моето искуство, а и да ги слушнам вашите размилувања и коментари.Дали ние разведените (со деца) имаме право на живот после бракот, или треба да се сведеме на некој сокриен љубовник, за да си ги задоволиме потребите, или пак да останеме осамени без љубов за доброто на децата ,за да не бидат повредени (не физички) од новиот чичко на мама или тетката на тато.Сигурно на форумот има деца на разведени родители, како се чувствуваат тие од новонастаната состојба.Јас сум разведена веќе 14 години, имам ќерка од 15 и врска од 5 години.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    Имаш право да сакаш и да бидеш сакана.Првиот брак пропаднал ,причините ти си ги знаеш ..но животот продолжува.Верувам дека после разводот не е лесно пофторно да му веруваш некому .Сите во животот прават вакви или онакви погрешни избори..ти си избрала погрешен партнер и немој да се казнуваш на осаменост цел живот.Велат при развод децата најмногу страдаат.Јас велам немора така да биде.Родителите остануваат родители и понатаму може без проблем да ги извтшуваат родителските обврски без притоа децата да трпат.Само ако возрасните се однесуваат како такви.Твојата керка како го прифати новиот партнер?инаку сестра ми е исто разведена.Она трпеше 'заради детето' мн лоши ствари во бракот.Никако не можевме да и докажеме дека детето еден ке порасне ке фати друштво,факс,девојка ке си го тера неговиот живот но дека нејзиниот ке остане упропастен.Години поминаа додека собра храброст да го напушти тогашниот сопруг.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Моето размислување е спротивно од на сестра ти. Треба да си жртва за детето но не на начин самиот да си го закопаш животот. Ќерка ми го прифати ,ама неговите деца не ме прифаќаат мене (релативна работа). Многу е потешко кога мајка е во прашање, секое дете ја одбира мајката ,ептен во екстремни случаи. Чисто ја отворив тмава да видам како се размислува за истата.Совет за сестра ти ако прифаќа. Дете како дете ке порасне таа ќе остане сама. Секогаш црвот ќе ја јаде дали ќе и се случи пак истото ама вреди да се проба.Сите заслужувама љубов па макар и 100 години да имаме.

    Да дообјаснам,зошто се разведов. Подобро децата да живеат со еден здрав родител отколку со двајца нездрави. Во каква личност ќе израсне ако постојано живее во средина со расправии и шлаканици. Така се штитат деца , а не по цена на децата да трпиш, покрај тебе и тие.Децата не се оправдување за да останеш во нездрав брак.
     
    На hermosa, Eli23, Petar80 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    137.278
    Пол:
    Женски
    и те како имаш право на срека и нов подобар живот.
    AMA во нашава малограганска средина каде секој туго гајле бере не знам колку би успеала во тоа а да не бидеш на секој чекор оговарана.разводот не би требало да значи крај на животот туку крај на една погрешна одлука.и зошто да не си ја бараш среката на друго место.

    имам пријателка разведена 20 години.мала се омажила ,две деца едно по друго ама мажот никаков.истуркала 5-6 години во брак и се разведе.цел живот го помина во борба да ги изведе децата на пат-ги студираше двете од кои едното во бугарија .работеше крвнички и денје и ноке што ке стигне- повеке работи истовремено.за себе никогаш ништо не одделуваше.жртва невидена.
    пред две години одлучи да се премажи ама не тука туку во грција-керките едната е со неа другата не живее сама.вели дека е срекна ако ништо друго друг гајлето и го бери-ова се нејзини зборови.

    секој има различни желби и баранја од животот и секој различно ја доживува среката.прави си како мислиш дека тебе ти е најубаво.срекно!!
     
    На Petar80 и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Прашањето е исто како онаа темата "Дали ја перете штотуку купената облека?". Зар тоа треба воопшто да се прашува и мисли?
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    А кој го дава правото !? ;) Луѓето оговарале и збореле и пак ќе зборат, против тоа неможеш. Ако ја тепа мажот, туууу демек ќе ја жалат и оговараат што и прави, ако го остави е распуштеница, ако го трпи е глупача. Ако се разведе и си започне врска со друг, пак не е добра и не е добра мајка и не домаќинка. Ако остане цел живот сама, смотана била не нашла некој да се среди.
    Така да гледај си за тебе. Ако ти се насмеала среќата да си најдеш добар човек, немој грбот да и го свртиш. Може да се биде и добар родител и добар партнер во исто време. Децата си растат, ќе ги изведеш на прав пат, ќе си се осамостојат.
    Ако не те прифаќаат неговите со сила неможеш. Остави на времето. Не ја знаеш причината. по мене лошо е само доколку ти си причината што таткото ја оставил нивната мајка, и тогаш тешко дека било кога ќе те прифатат.
     
    На Petar80, cresa-jagoda и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Јас не прашувам за себе бидејќи јас си го насочив животот и не патам од тоа кој што ќе каже, едноставно ја отворив темава да се слушнат различни мислења, а и различни животни судбини. Мислам дека на форумов е полесно да се зборува, отколку пред луѓе кои што се прават дека те разбираат , а веднаш штом ќе свртиш грб лаат. Кучињата лаат карванот си врви.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    И јас сум разведена скоро две години. Имам 26 години и керка од 6 годинки. Мислам дека имам право на живот, и ако сеуште немам никој во мојот живот. Но не гледам дека живоот за мене после еден пропаднат брак треба да заврши. Секако дека детето секогаш ке ми биде на прво место, но ако некогаш се појави некој што ке посакам да го делам животот, секако дека ке си го дозволам тоа.
     
    На Petar80, cry26, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Роителите и да се разведени децата го мразат секој нареден партнер се со надеж дека тие некогаш ќе се смират, а кога постои друг партнер шансите се многу мали. Затоа ги разбирам иако и кај мојата постои љубомора и бес не поради татко и поради мене. Мисли дека партнерот ја украл љубовта и вниманието што постојано нејзе треба да и го посветум.Мала е ќе разбере понатаму.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ах македонска жална потреба за себеуништување

    баш такви сме
     
    На Lutka®, Petar80, Vetruska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ах, одреден период поминував низ криза во сопствениот брак и неизбежно беше размислувањево на оваа тема. Немаме деца се`уште, па е малку поразлично од случајот опишан од Далерон.

    Се`уште суптилно живееме во оној “машки свет“ кадешто за иста работа мажот е нашетан и искусен, а жената растурена и распуштена. Не е мал чекор за една жена да продолжи нормално со животот по развод во ваква средина иако постојат силни жени кои го прават тоа да изгледа прелесно. И покрај тоа што многу од овие жени изгледаат кул, самоуверени и препородени, особено ако тоа го направиле по навистина лош брак, мислам дека голем дел од нив вешто ја сокриле внатрешната борба којашто повеќе или помалку успешно ја извојувале. Кога во бракот нема деца, работите се доста поедноставни.

    Кога веќе во бракот има и деца, тоа е веќе покомплицирано. Но поради тоа да се казниш себеси и да се поттисне желбата за љубовна исполнетост поради децата ... хмм. Јас своите деца би ги учела да се стремат кон себеисполнување, кон градење на самите себе, кон љубење на животот со секоја негова доблест и маана, да се борат да не се заборават себеси поради љубовта кон друго битие. А каков пример би им дала за тоа доколку самата заборавам на својот живот и на личните потреби и сништа поради нив? Не, не е лесно како што звучи. Не е најлесниот, но е најправилниот пат според мене.

    И многу ми се глупи предрасудите кон жените само затоа што имаат брак зад нив. Ај разбирам пред сто години такво размислување, кога пред мажачка немале други дечковци девојките, ама денес ...
     
    На Eli23, Petar80 и Daleron им се допаѓа ова.
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Имаш 5 годишна врска,претпоставувам сериозна и тоа што неговите деца не те прифаќаат ти е релативна работа,а те загрижува тоа што општеството не те прифаќа?
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Што ви е со размислувањава? Не е точно дека живееме во заостаната средина кога станува збор за разводи, не знам за вас ама јас знам еден куп разведени луѓе (дури повеќе од што знам во брак :D ) и сите функционираат најнормално, како ергени/моми, сите шетаат, запознаваат луѓе, имаат врски, раскинуваат, пак имаат врски, флертуваат..... Со толкав процент на разводи доста време наназад, не знам кој уште гледа на тоа како на срам, табу тема или пак немање право на живот. Па таман работа, секој може да погреши, зарем тие луѓе да престанат да живеат после разводот? Епа тогаш нека останат во брак, или евентуално нека се утепаат. Бог да чува, не сум верувала дека има некој што размислува вака, ни последниве 20 години а камо ли сега.

    Што станува збор за децата, и тие би биле посреќни во среќна средина и со еден задоволен родител, отколку двајца незадоволни. Секој има право на живот! Една грешка не значи дека треба да ни го ограничи животот, ееее луѓе и по неколку пати се разведуваат. Плус, никогаш не можеш да знаеш дали личноста која ја сакаш ќе остане истата, може ќе се разведеш млад, зарем да останеш сам цел живот? Свашта.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ма воопшто не ме загрижува и би сакала многу личности да се како мене (не се фалам). Низ сите патешествија во животот поминав сама и маж и жена сум ,така да животот ме нучи да бидам цврста.Животот е скала кога мислиш дека си го достигнал врвот , ке те тресне о земја па и малку подолу и пак почнуваш нагоре, а за малограѓанската средина не се замарам. Никој во сиве овие години не дојде да ме праша како сум , а не пак да ми помогне.Ни една врска , а пак ни брак не е серизоен не знаеш што ке ти донесе животот. Главата горе и само напред назад нема.
     
    На Eli23 и Petar80 им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Јас вака велам ќе се разведам уште 100 пати ако не е како што треба, по било чија вина иако немам намера повеќе брак на хартија само трошоци да правам :lol:
     
    На Eli23, Petar80 и eloves им се допаѓа ова.
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не се сите луѓе во земјава растени во иста средина и со исти родители. Некои од нив се научени од мали своите и туѓите постапки да не ги гледаат малограѓански и да се чувствуваат виновни за работи кои се нормални во светот, ниту да ги оценуваат луѓето според малограѓанските шаблони, туку според тоа како тие луѓе се поставени спрема нив.

    Поентата ми е, не изгледаат кул и го прават разводот да изгледа прелесно, туку стварно такви се. Сфаќањето за разводот е нешто кое го носат во себе и туѓите мислења се само предмет на гадење, зашто се глупи и ограничувачки.

    На крајот на краиштата, Скопје има скоро милион луѓе на улица секој ден. Во Аеродром, Центар, Карпош има згради со по повеќе од 50 станови и 150-200 души во нив. Ако се преселиш од една во друга населба и не комуницираш со комшиите, никој не може да те оговара, да те гледа попреку и да знае дека си се развела, во Скопје барем е премногу лесно, никој не може да те осуди за нешто за кое нема право да те суди, а дури и да го направи тоа, има толку многу јавни места и нормални луѓе кои нема да те судат и ќе живееш нормално.
    :!:
    Инаку, за разводот, општо... често селендрата знае да каже „абе чим се развела, нешто и` фалело“. Јас разбирам дека народот е исклучително глуп, ама кога некако магично не би бил, би сфатил дека секој човек има различна душа и различни сфаќања и потреби пред сè од себе, а потоа и од партнерот, па на крајот и од околината. И дури и оние муабети „Шо се десило, изгледаа совршени заедно“ се во редот на дното на глупоста, зашто фасадата ја направија минатата година, ама зградата е изградена во 1948 година.

    Секој има право, па дури и должност да ја нарани аждајата која го јаде одвнатре и ако тоа значи развод, тогаш никој не смее да прави таа личност да се чувствува како да греши.
     
    На Cold.E, Goldenwoman, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Браво !

    Поентата ми е, не изгледаат кул и го прават разводот да изгледа прелесно, туку стварно такви се. Сфаќањето за разводот е нешто кое го носат во себе и туѓите мислења се само предмет на гадење, зашто се глупи и ограничувачки.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bihterka

    bihterka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    55
    Разводот не е ништо страшно.Моите родители јас кога бев прво одделение се разведоа,па што сега ќе плачеме.Животот продолжува,секој брак има подеми и падови ако не можат падовите никако повеќе да се направат во подеми разводот е најдобро решение.Ако се случи нешто како изневера и ако истата е случајна треба да се прости,но ако еден од партнерите се заљубил во друг секој има право на свој избор.Зборот ми е не треба никој да се навреди дека е разведен или дека ќе има втор брак,па што се вели пола Скопје е разведено.
     
    На Petar80 и Daleron им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Тотално погрешно си ме сфатил. Јас не реков дека не се самоуверени и препородени и прекрасни, туку дека тоа не се случило магично кај нив со одлуката за развод. Зависи кој како си го сфаќа бракот, но не е тоа плукни-залепи. Ниту една моја познаничка, па и по некој познаник не ми рекол „лесно ми беше.“

    Сте си дале збор со некој, сте створиле дом, спомени, семејство. Секој кој со љубов искрено и несебично пристапил кон тој чин, чувствува загуба, што не го прави глуп, ограничен и штознам каков.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Тотално погрешно си ме сфатил. Јас не реков дека не се самоуверени и препородени и прекрасни, туку дека тоа не се случило магично кај нив со одлуката за развод. Зависи кој како си го сфаќа бракот, но не е тоа плукни-залепи. Ниту една моја познаничка, па и по некој познаник не ми рекол „лесно ми беше.“

    Одлуката е многу тешка, милион прашања.Дали правилно постапувам, детето без татко ли ќе го оставам да живее , како понатаму, ќе бидам осамена и покрај многу луѓе околу себе итн. Вистина е ама кога ќе ставиш на кантар колку ти е мачен животот со личноста покрај тебе се забораваш и грабаш напред.
     
    На Cold.E, Petar80, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.