Дали имате или сте имале свој интимен дневник?

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 28 август 2016.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски
    Пишувањето во свој дневник има многу позитивни ефекти, нарочито им се препорачува на анксиозните болни кои на жалост се во драстично зголемување, депресивните и се разбира на сите луѓе.
    Пишувањето ги регулира емоциите, нивниот интензитет, го намалува стравот, се ублажува тагата, се смирува анксиозноста....било што да се пишува, дали сакате секојдневните збиднувања да ги преточите на хартија, да создавате песни или поезија, сето тоа Ви е лек за душа...пишувајќи вие едноставно и насакајќи го пронаоѓате клучниот збор за вашите емоции.
    Порано, пред да се појават компјутерите, многумина пишуваа личен дневник, јас имам пишувано и морам да си признам дека подобро ќе се чувствував откако ке напишев како ми поминал еден ден за да во наредниот бидам спремна за нови неочекувани работи..некако емоциите ми беа одморени, средени...
    Овој форумски личен дневник е само парада на зборови, барање внимание, лајкови, борба за да бидеме интересни, смешни, сакани....
    Што мислите вие за дневникот и дали сте имале искуство со пишување?:)
     
    На sjdgo, biGirl и fallenangel им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    102.423
    Пол:
    Женски
    Да, јас и имав дневник од младоста, испишани се две големи книги, си го чувам и повремено го разлистувам. Не знам дали со самата возраст или сепак целосната промена на нашето изразување и живеење цоопшто, каде и најинтимните моменти ги објавуваме онлајн, онака класично со пенкало во книга рееетко запишувам, повеќе ми стана навика да 'се олеснам' со две три реченици на форумов, без притоа да очекувам лајкови и сл, туку едноставно да споделам, да ме 'слушне' бар некој...
     
    На biGirl и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.952
    Допаѓања:
    55.799
    Пол:
    Женски
    Сум пишувала дневник но секогаш кога една тетратка ќе пополнев ја фрлав и почнував нова. Не зачував ниту еден дневник. Еве и сега имам еден ама не пишувам толку често како порано.
     
    На biGirl и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.496
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се обидов повторно да отворам свој дневник во кој ке пишувам рачно..ма да му се сневиди и на компјутери и на технологија, заборавив како се пишува, ракописот ми станал катаСтрофа(facepalm)(со големоС, мислам на срање) ..и..си купив од Џамбо една убава голема тетратка, шаренка, лична така, па и катанче со клуче си има:clap:, само да ја гледаш;) и..ииииииииииии..дремам така 10-15 мин. имам еден куп тајни што би ги преточила во зборови за да после ги анализирам и да и најдам некое могуЧе решение...ама ништо..конфузија во мозок, неможам да почнам...Ах, од ова форумов се научив само на готови прашања да одговарам:(.......
    Еве повторно сум тука додека не ми текне како да почнам со мојот дневник:?:
     
    На Dadusicka, biGirl, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  5. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    21.976
    Пол:
    Женски
    Имав ко бев помлада,пишував секој ден,и ден денес имам,пишувам од време на време
    Кога нема да пишам,чувствувам некоја празнина,како да ми фали нешто,се затварам во соба и си пишувам:)
    Често знам да си ги земам старите испишани и да си читам,убаво ми е на душата , баш се присеќам на некои битни настани а далечни, без разлика дали биле убави или неубави
     
    На Bozica1980, baba Rada и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    17.613
    Водев еднаш таков дневник и после некое време земав да го прочитам и коа видов што црнила се кријат во него го запалив пред некој друг да го прочита и да се запрепасти :|
     
    На Dadusicka, ♣ Alba Viduam ♣, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.271
    Допаѓања:
    297.779
    Да.Мода беше тоа.
    Си пишував каде сум била, со кого сум се сретнала, па кој ми е симпатија.
    Се беше ОК додека мајка ми не ми го најде па ме исплеска.
     
    На karak, SummerGirl, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  8. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.255
    Пол:
    Женски
    Лелее резил (facepalm) сега гледам шо сум пишувала абее детенце во основнооо сум пишувала 2 неделии ахахахах ќе си го чувам за спомен :rofl:
     
    На Victorian, Aleksandar1212, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    2.224
    Допаѓања:
    23.775
    Пол:
    Женски
    Imav...celi dve nedeli ili mesec dena sum pishuvala:)
    Tatko mi e tarash Mara, nishto ne mu bega od vid. Imav primeteno deka mi tarashkal po fioka ama nemam pojma dali prochital, pretpostavuvam da.
    Go zemav i go frliv vo kumbe. Ottogash nikogash poveke ne mi teknalo da pishuvam.
     
    На Bozica1980, Aleksandar1212, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Angela87

    Angela87 Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Пишував порано кога бев помалечка. Не знам искрено дали сакав и имав потреба или само затоа што сите другарки пишуваа. Понекогаш и досадно ми беше и се нервирав кога „требаше“ да пишувам. Ама уште си ги чувам сите дневници, што знам сега интересно ми е понекогаш да порчитам што сум пишала.
     
    На Aleksandar1212, Tajnaotrovna и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    41.612
    Пол:
    Женски
    Еднаш пробав да пишувам, ама некако ми е глупо подоцна кога го читам. И тај лист што го напишав веднаш го исцепив и повеќе не сум пробувала да пишувам.
     
    На baba Rada и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  12. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    5.660
    Пол:
    Женски
    Да, во основно :)
    И мислам дека уште ги чувам :)
     
    На baba Rada и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  13. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    7.674
    Пол:
    Машки
    Пишував дневник...од основно па низ средно.Кога тргнав војска прекинав.
    Со доаѓањето на интернетот сите водиме дневници секој ден, така и јас да не сум подолен.
     
    На Dust, baba Rada и КикиМаус им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    54.986
    Пол:
    Женски
    Мислам дека скоро и да нема девојче што за роденден не добило споменар :) Ги памтите оние споменарите со миризливи листови? Половина беа розеви, половина сини. Кориците беа дебели, ама меки, секогаш со некоја убава разнобојна слика. И задолжително имаа катанче (чии клучеви пасуваа на секој друг таков споменар, ама нема врска :D ).
    Од тогаш почнав да водам такви дневници - најпрво со некои љубовни пораки за првите симпатии, а после веќе со целосно преточување на мислите и чувствата што не сакав со никого да ги споделам :)
    Сега имам една кутија споменар во која ги складирам сите работи што мислам дека ми се вредни за чување, вклучително и дневниците. Тие ми се најинтересни „романи“ за читање :D
     
    На Dadusicka, Someonespecial, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    1.416
    Да, веќе некои 17-18 години. Пишувам поретко од порано, но ако го немам тој тевтер, чувствувам голема празнина.
     
    На alexa_dimoska и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.972
    Допаѓања:
    77.229
    Пол:
    Женски
    Имам полна кутија со вакви дневници. Дел од нив беа споменари во различни формати, со миризливи страници и нормално - катанче! Не ми беше потребно многу време а да ја „провлам“ финтата на отварање на тоа бедно катанче со обична црна шнола, па така си ги читав и споменарите на братучетка ми. :wasntme:
    Мислам дека никогаш не примети дека некој и' ровари по текстовите. :lol:
    Потоа ми помина меракот за такви „детски“ споменари, па некаде при крајот на основно школо си бирав тетратки со тврд повез (и нормално, најрозеви и најшарени корици), па си ги пренаменував во дневници. :)
    Во основно еден краток период многу се забавувавме со овие дневници; имавме една многу дебела тетратка и во неа пишувавме 3-4 другарки. Си ја менувавме секој ден, така што, секоја од нас пишуваше внатре сенешто - секојдневни муабети, трач-рубрика, симпатии, поезија, па дури и нешто во стилот на Лајла Грејс (ова бев јас, да - „заљубена“ бев во блогот на Симпл во текот на моето детство, па пишував текстови. :D ) и тука настануваше колективна катарза нели, откако сите ќе се пронајдат во напишаното. :rofl:

    И во средно пишував баш дневници, сè додека не приметив дека мајка ми си ги зајмува моите тетратки и си ги листа - најверојатно онака од претпазливост, но бев во таков период па тоа многу ме лутеше. Ја „насамарив“, така што, наместо да изнапишам вообичаен реферат на исповед за колку ме нервира тоа што симпатијата не ме приметил или тоа што мајка ми не ми дала излез до подоцна за време на викенд, напишав тескт, „За приватните работи: Што е приватност и зошто ми е потребна.“
    Која злоба, ја усрамив жената и не и' текна пак да ровари по мои тетратки.
    Aма навистина бев навредена! Не криев ништо од неа, а она си зема за право да ми го листа дневникот...жолт картон за љубопитните.
    Си правев „мамки“ за да бидам сигурна дека текстовите ми се на сигурно, ама ко за белја, ми спласна еуфоријата за пишување дневници,па се преориентирав кон друг тип на текстови.

    Сега повремено си водам онлајн-дневник, ама не дневник во буквална смисла, туку си пишувам текстови во моменти на инспирација, иако реално, најголем број на вакви „записи“ ми се по тетратки и блокови за скицирање...инспирацијата никогаш не се најавува кога ќе дојде на гости. :)
     
    На Nigredo Odor, Someonespecial, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.303
    Пол:
    Женски
    Не пишувам личен дневник, ниту сум пишувала. Како мала ме мрзеше да пишувам. А сега ми е полесно да пишувам на форумов.
     
  18. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Jas omav dnevnik uste od 5 to odd koga bev pa se dodeka ne napolniv 20 god. Otkako se omaziv go frliv i prestanav da pisuvam.
    Inace ubavo e da se ima dnevnik koga gi vrtev stranicite se cudev niz se sto pominav... se si pisuvav... bi sakala da go imam sega site stranici ke ginprocitav.
     
  19. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    876
    Да! Повеќе од 20 години веќе....што се нема во него напишано - од соништа, до нови цели и планови, до планови за шопинг :) до посебни моменти и чувства.....:inlove:
     
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.118
    Пол:
    Женски
    Да, водев откако научив да пишувам, па се до 25та некаде. Подобро размислувам кога пишувам, зошто таму на тацна ми се зборовите, а зборовите се мисли, а не умеам со секој баш да си ги кажам проблемите. Потоа престанав со таа активност, но сеуште се фаќам самата себеси кога нешто бара анализа или длабоко размислување тоа да го направам преку лист во форма на дневник.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.