Дали и колку го контролирате вашиот дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од Miss-HeLL, 25 мај 2012.

  1. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    Значи сите ги контролираме партнерите.. ама до кој степен?
    Дали после секое негово излегување поставувате милион прашања од типот... Кај беше? Со кого беше? Шо пиеше? итн.. Дали му го проверувате телефонот? Му ги читате смс? Му проверувате емаил? Фејсбук?
     
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    Јас не го контролирам, си излегува кога сака, со кој сака, можам чисто онака да го потпрашам уз муабет кај бил ама тоа не звучи како испрашување и тоа не е првото прашање што му го поставувам кога ќе се видиме или слушнеме :)
    Значи таков ни е односот на двајцата, не работиме со забрани и полициски испрашувања до детали, глупаво е тоа :!:
    А за телефонот, неколку пати му го имав проверено пред подолго време, ама тогаш имав некој сомнеж, инаку не ми е тоа навика.
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    6.725
    Па не би рекла дека го контролирам.
    На памет не ми паднало да му претурам по лични ствари или да се дрзнам да му чепкам во мобилен, мејл и сл.
    Полициските извештаи како метода ми се толку глупави, па ми тераат и накај психо моменти.

    Сакам слобода истото и го давам, ако може така да се каже. Да излезам со друштво без при тоа да висам на телефон цела вечер, да отидам на викенд сама со другарки, на кафе во комшии. Истото треба и тој да го прави, наместо да чека само на мене за да излезе и да си помине убаво.
    Тоа што имам дечко не сакам да значи дека животот и навиките треба да ги сменам од корен, туку дека едноставно дека треба да се прилагодам на плус уште една драга личност во животот.
    Налет ако после се ова треба да прераскажувам до точка што и како било или да ми го извади низ нос тоа што сум била сама негде.

    Моменти на гушење, љубомора и посесивност се работи што со сигурност ме отргнуваат од некој, па ко воли нек изволи :D

    И да, една од работите што премногу ме вади од такт е споделување на туѓи лични тајни со дечковците и девојките. Ако нешто сум кажала во доверба на другар не очекувам во истиот момент да го испее на партнерот, пошто нели они се едно :^)
    Приватноста до одредена мера ми е многу важна, па не сакам на тацна да му го предадам животот на некој. А тоа не значи по дифолт дека кријам нешто од него.
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Контролирањето е резултат на љубомора и на недоверба.
    Неможе да постои контролирање ако не постојат и овие две.
    Зашто би му го прегледувала телефонот ако му верувам?
    Ништо од набројаното погоре не правам. Има речиси целосна доверба и му давам слобода.
    Едно сум научила од искуство, колку повеќе ставаш ланци и катанци, толку повеќе бегаат од нив. Колку повеќе му забрануваш и го контролираш човекот, толку повеќе бега од тебе.
    Нормално е да му поставам прашање кај бил и со кого, повеќе од радозналост, него од контрола.
    Го прашувам стално само како дошол, знаејки дека може да претера со пиењето и му држам лекции дека кога не е способен не треба да вози. Но тоа е грижа според мене, не контрола.
    Ах минатиот пат на излегување не знаеше ни како, ни во колку часот се вратил, ни со кој се вратил. Само му се изнасмеав и му реков значи тоа е знак дека убаво си поминал :lol:
    Затоа ни тој мене не смее милион прашања да ми постави. Како него јас, така и тој мене.
    Слободата во врската дава уште поголемо разбирање и доверба. Нешто без што една љубов неможе да опстои. А колку е цврста една врска токму од овие работи се гледа.
    А контролирањето може да даде само спротивен т.е. негативен ефект врз една врска.
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.752
    Ако имаш доверба во него, нема да се грижиш каде е и со кого е. Ќе веруваш дека само тебе те сака и ти е верен. :)

    По правило, не треба еден со друг да се контролираат, туку без да праша партнерот, самиот да си кажи со кого бил, каде бил и сл. Така со искрени, отворени разговори и `кажувања` за поминатиот ден/вечер, се зацврстува довербата и нема потреба од контролирање.

    Јас од бившиот никогаш не сум имала пасворди на фб или меил, ама во еден момент му го најдов заборавен-отворен фб, и секако дека ѕирнав :tmi: , и најдов порака каде флертува со друга женска. :x Навистина, му верував, но имав некое чувство дека ми крие нешто на фб. :^)
     
    На Weird0 и Li..Na им се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Не сум опсесивно љубоморна а под тоа подразбирам да не ти даде причина а да се сомневаш или да бидеш љубоморна. Кога имам причина сум, многу јасно, кој не е? Не сум до толку да му се јавувам по 2099320840385 пати во денот да го контролирам. Му се јавувам само еднаш или тој ми се јавува (ама најчесто јас бидејки сум на претплата) два пати преку сила. Инаку за тоа каде бил со кого и како и што сам си кажува не ни треба да прашам понекогаш и тоа ми се допага кај него. Ми објаснува како си поминал со кого бил кој што рекол смеи шали... За викенд, не излегува без мене (во годината дали само 3-4 пати излегува без мене) бидејки најчесто или петок или сабота е 2 смена на работа и денот кога му е слободен за излегување го троши со мене. До сега со ваквиот режим издржавме 3 години и 9 месеци па не верувам дека нешто ке се смени понатаму. Многу јасно има проблеми како и во секоја врска ама се издржува. :)
     
    На tiny-Minnie-me му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.613
    Не можам да го наречам контролирање, но да сакам да знам каде е и што прави мојот дечко. Порано воопшто не се замарав за такви глупости, но тој самиот си е крив што станав таква личност. Една грешка е доволна за да ја уништи целата доверба и сега.. тешко ќе се врати. Фејсбук му го проверувам иако знам дека да сака може да избрише нешто, но ете си ги знаеме пасвордите и често се уклучувам од неговиот, а и тој од мојот. Се слушаме на секој 2-3 часа бидејќи така се навикнавме и сега ако јас не му се јавам по 2-3 часа се лути, или пак обратно. Се е до навиката. Но сепак и двајцата имаме слобода. Тој си излегува со другарите, јас со другарките, такви проблеми немаме.
    Сето тоа контролирање(ако може така да се нарече) е последица од неговите грешки. :)
     
  8. tiny-Minnie-me

    tiny-Minnie-me Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Јас немам ниту пасворд од неговиот фејсбук профил, ниту од Skype, ниту од што било. Едноставно не ми е тоа потребно, ниту сум побарала да имам и едноставно НИШТО не ме интересира, ако сака нека каже што било, ако не, не мора. Исто така, никогаш не се имам осмелено да му рошкам во мобилен, едноставно глупаво ми е, а плус не ни прави нешто сомнително па за да се сомневам и да рошкам. А, знам да бидам рошкало и тоа големо и да постанам многу посесивна ако нешто ми е сомнително, само што досега тој тоа не го искусил и не го знае. :devil: А, не ни сакам да го искуси тоа, убаво ми е вака. :angel: Да ми е сопруг, е тоа е нешто сосема друго, тука веќе мора и ќе барам, ама сега не. :)

    Како и да е, контрола, големо НЕ! Сакам да излегуваме заедно, ама, не по цена на контрола и посесивна љубомора, најмногу ме иритираат такви парови, едниот да не може да мрдне од другиот и да биде изолиран од целиот свет, а такви ги има многу.
    И да, ако тој излегол сам со другари, секогаш ми кажува, дали пред или после излегување, никогаш не ми сокрил ништо такво, ама ако ми сокрие има да се налутам толку многу што нема да може да ме најде па ако сака и цела земја да ја преврти! Толку многу можам да се налутам, иако се' уште не го знае ова, се надевам и нема. :$ :lol:

    Јас имам доверба во дечко ми и нема потреба да го контролирам, ако нешто треба да дознаам кога-тогаш ќе излезе на виделина, ама нема јас да бидам таа што е крива кога се сум правела правилно, него ќе му тежи. А, мене пак со убаво ќе ми се врати, јас сум била чиста. :)

    Карма.
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    17.374
    nooooooup :D сериозно воопшто не , на смеа знаам дA му кажам кај ќе одиш , кој знае што ли ќе правиш ...посебно кога оди на фитнес се зезаме за тие работи :lol: ама не ми паѓа на памет да го контролирам, а како што не е таков тип не сака такви работи можам да замислам KAKO би реагирал......Не чувствува таква потреба затоа и не го .
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.973
    Не го контролирам,ниту пак тој мене. Секогаш кога ке е излезен уште од почетокот без јас да му речам ми се јавува и ми кажува со кој ке оди и каде,а дури е излезен ако ми се јави ок,ако не јас не го барам на секоа да го прашам кај е со кој е ,што прај.Исто и тој со мене се однесува ако му звонам дури сум излезена Ок,а ако не кога ке си одам дома ке му звонам и фино лепо ке му кажам како си поминав ,ама никогаш не се испрашуваме еден со друг за детали и не си играме детективи. Во телефонот му чепкам за да си пуштам песни,а во именик и пораки никогаш не сум му чепкала,не ни имам потреба.Ако се сомневам во нешто дирек ке си го прашам и нема да му ја мислам. Не сум опседната со тоа кога е излезен да мислам дали е со другарите како што ми кажал или пак е со некоја типка, бидејки знам дека немам причина да се сомневам во него.
     
  11. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    117
    Ne go kontroliram mnoguu.. :D no postavuvam prasanja od tipot kade bese, so kogo?i znam odvreme na vreme da mu cepkam po telefonot cisto radi da ja nahranam doverbata :) pasword od fb e-mail itn..nitu baram ni da mi bara gledam da zacuvame del od privatnosta za da ne stane dosadno so tek na vreme.Bitno e da ima sloboda i da ''igrate so otvoreni karti'' za da ne se slucvat raboti zad tvoj grb oti zabranetoto e i najslatko neli?(iskustvto zboruva od mene) :D :^) Zatoa vaka opusteno se ke si tece na svoe mesto.
     
  12. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Нема контрола. Сам си кажува кај бил и со кого :) Немам лозинки од фејсбук, твитер, скајп, а го немам ни чепкано неговиот телефон. И он мрази некој кога му чепка по работите. Фала бог не чепка ни тој по моите работи :))
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    61.154
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ме контролираат и не сакам да контролирам. Мобилен, ФБ, мејл си е приватна работа.
    Сакам да знам каде е и со кој е, но тие прашање не ги поставувам ко да мора да ми каже, него онака уз муабет. :wasntme:
     
  14. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    725
    Ниту пак јас имам негова лозинка ниту пак тој. И како што е кажано колку помалку знаеш толку подобро. Или тоа што не го знаеш како да не се случило :)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.022
    Секако дека го контролирам! Која девојка не го контролира својот дечко??? Како може да опстои врска без контролирање??? Несмее да излегува без мене, му знам лозинки секаде, секој месец му ја проверувам сметката каде вртел, ако нешо се сомневам повеќе вадам и листа на пораки што ги праќал. Со другари може да се гледа само ако доаѓаат кај него дома, зошто немам пвоерење кога оди кај нив, може да има некои женски викнато некој и затоа не го дозволувам тоа. Му ја знам дневната рутина и ако прави нешто „невообичаено„ од тоа секогаш ме известува, затоа што многу се лутам ако не ми каже дека ќе ја пере колата на пример или дека отишол да се шиша, од кај ќе знам дали е тоа стварно така и дали можеби во тоа време има закажано и некоја девојка шишање или перење на кола :@ и секогаш му правам друштво секаде.
    Малку повеќе проблем ми прави тоа што на рабтното место има повеќе жени, сите се мажени као демек, ама знам дека им мрда газот и сакаат младо мевце, збеснувам додека е на работа и постојано се слушаме или дреме на скајп цело време. Како капак на се сега му тупнаа во канцеларија и една жена, немам причина да љубоморам бидејќи е стара но што ако дојде внука и да ја посети на работа некој ден, уфф збеснувам од самата помисла. Излегување и дружење со колеги и колешки од работа не дозволувам, ниту прослави, ниту ништо, знам јас како завршуваат тие дружби со колешките :@
    Засега добро го држам, внимавам на секој детал, знам дека малку претерувам и правам да се чувствува како пред истражен судија ама па несакам да ми го украде некоја :(


    Ако нешто најмногу ми значи во животов тоа е слободата и ја почитувам туѓата слобода. Нити сакам контролирање нити контролирам, воопшто не го контролирам, има апсолутна слобода да прави што сака, ако не му чинам слободен е да си најде друга, на сила и со контролирање несакам никој покрај себе. Не прашувам ни кај си со кој си, зошто си, зашо не ми се јави, кој ти се јави, кој ти титна, кој ти пиша, која ти е оваа на фб, ова се за мене непотребни прашања, ако сака нешто да каже ќе си каже сам, ќе раскаже како му поминал денот што и како правел и тоа е тоа, нема што да изигравам детектив и да вршам контрола. на прашања со контролирачки притисок и тон не одговарам, нема право едноставно да ме контролира и испрашува, сум рекла, ако не ми веруваш следи ме, дознај, изигравај детектив, само не ме замарај со вакви прашања. Тоа кај мене уништува се, ја убива љубовта и ми се одмилува, несакам некој да ме контролира цел живот. Алоо со тебе сум, до тебе сум, значи ти ми значиш, нема потреба од катанци и ланци! И мала забелешка за воведот во темава НЕ ГИ КОНТРОЛИРАМЕ СИТЕ НАШИТЕ ПАРТНЕРИ!
     
    На crazylady, Trnche, HappilyLoved и 7 други им се допаѓа ова.
  16. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    145
    Воопшто не го контролирам, немам ни потреба. Ми се јавува пред да излегува, a ако оди на брзање некаде, или фудбал и такви глупости понекогаш не ми се ни јавува.. а и нема потреба.
    Немам пасворд од ништо негово а и телефонот не му го чачкам никогаш. Ниту тој се осмелува да ми побара. Имам доверба во него и знам дека каде и да е нема да направи глупост. А и да направи, тогаш ќе се нервирам, не мора од сега да се опседнувам со нервози и црни мисли.
    Ама го знам како човек, и знам што може да се очекува од него а што не. Можеби и затоа размислувам вака, со максимална доверба.
    На бившиот мој редовно му мрдаше газето лево/ десно, на почеток не го контролирав вооптшо ама после сакал нејќел, самата психа те тера. И убаво кај што почнав, 300 сра*а дознав. Не беше он за мене у принцип 8)
    И така.. ако излезе нешто и со срцкава сега ќе се нервирам тогаш кога ќе излезе, сега не.. се губи на лепота :!: :$
     
  17. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    49
    Не изигравам детектив, си знаме пасворд на фб и знам да се најавам од неговиот и тој од моиот но имаме меѓусебна доверба. Башка што е на работа цел немам ни простор за контрола :D ... знам онака на шала да му кажам "чекај да видиме ти со кого си пишуваш смс". Но во принцип не се контролираме... Кога излегувам со другарки ако му се јавам ок, а тој мене не. И потоа му викам зошто не ми се јави? И ми вели па изллезена си со другарки, забавувај се ке се чуеме ние пак. Исто и јас не му досаѓам кога е со другари и сл. ... многу сум среќна што го имам најдобриот дечко на светот, се молам на бога никогаш да не раскинеме зш знам дека нема да најдам подобар од него :)
     
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.384
    мразев да ми води некој контрола и мразев да го контролирам може и затоа имавме толку долга врска,сега откако сме во брак немам време да се замарам поважни работи имам отколку да го контролирам
     
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Повеќе не.Веќе решив воопшто да не се замарам и онака он ме нервира со неговата љубомора па уште јас си фалам да се нервирам.Ниту му проверувам фб веќе ни прашувам кај е што прави...веќе ништо.
     
  20. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    267
    Сите вие што не ги контролирате (не се замарате) завршувате трагично или тоа го знаат сите освен вас... не важи ова за сите ама повекето... не ме свакајте погрешно, и јас несакам контролирање ама се зависи до личноста сепак...
     
    На tigrica92, kristina123456 и Li..Na им се допаѓа ова.